А кога го убиле ? Кажаа на вести или и вие почнавте со НЕофицијални информации , или се што се сучува сега негативно се поврзува со политика само дека така некому одговара.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id= ... tegorija=1 http://www.plusinfo.mk/vest/4285/Gragja ... to-momche- Браво за ставовиве ! Искрено ви се воодушевувам.. Величењето на партијата се поважни од животот на млад човек... Само не знаете каде може да удрат следно. Затоа не бидете сигурно дека следни, не дај боже нема да бидете вие или некој ваш близок... пс. ЛУКС, а како не е поврзано со политика, кога АЛФИТЕ кои од ДРЖАВАТА се поставени да те бранат, ТЕ УБИВААТ????
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id= ... tegorija=1 КУкличка Само јас не гледав вести, фатив сосема малку од алфа, но не слушнав ништо. Како бе никој ова не го дава, се запнале со изборите и со глупости а ова а оваа? И тоа сега баш брат ми ми кажа и седнав да барам за дечково, пошто изгледа никој не кажал на вести, а баш тоа ме праша дали кажале некои од лудиве. Не бе тоа тестови за психички колку се стабилни треба да направат на сите до еден од сите тие алфи, алфоси и лудоси, обезбедувачи. Кај бре на луди бе оружје даваш власт бре. Ле се изнервирав страшно.Пред некое време тука кај нас имаше еден шо пукаше у куче, абе абееее Уф!
Не е важно што го убиле детето. Важно е што е Груевски пак премиер и што ке останат сите вработени во државна администрација. И плус, од кај сеа државата е виновна за ова??
Никој не се заебава со тоа! Незнам колку е веродостојна информацијата затоа не коментирам додека официјално не е соопштено. Жално е ако се случило тоа навистина, но тој што го направил тоа секако дека ќе биде казнет, без разлика дали е вмровец, сдсмовец или што и да е. Не мешајте баби и жаби, за вакви работи не е битно сторителот дали е поддржувач на една или друга партија, што може тука владата да направи кога се работи за дела на поединци, и СДСМ да беа на власт, сигурно дека полицајците ќе си останеа тие што се, и би се случило тоа што се случи. Ама да, и мене татко ми да ме истепа ќе речете после Вмровец бил, затоа ... Свашта
се сложувам за сите вработени особено во државните институции а и оние кои допрваа конкурираат треба да има спроведено и психолошки тестови на кој и каков начин тоа од владата треба да одлучат и да се види кој се е способен за со луѓе да работи. Еве јас сум сведок на лудачки испади на еминенти луѓе вработени во државните органи, ама како што икс работи не функционираат овде па и тоа. само знам дека психолошки тестови се спроведуваат за пилоти.
Зошто да бидам следна јас или некој друг ? Мислиш мене можеш да ми внесеш страв за слободно да се движам како што го имаш ти? Ако се плашите да излегувате надвор чекајќи нешто да се случи тоа е ваша работа, не го поврзувајте тоа со политика. И величењето на политика секако дека не е поважно од НИЧИЈ живот, ние не ја увеличуваме политиката, ама ако е поважен животот на младото момче, зошто тој немил настан, го поврзувате одма со Никола и алфите ? Очигледно дека тука има нешто, не може сите да наседнат на вакви монтирани измами (а богами баскерфест за сценарио убаво им се нашол) Како што читам на линковите што си ги објавила настанот се случил (ако е вистина) на Баскер фест и жално е тоа што се случило, ама никој не може да ме убеди дека тоа било наредено од некого (освен наредба да се исценира и да се направи приказна). Очевидци, дајте снимка ако не од настанот од очевидецот како ја раскажува ситуацијата, или од друга страна, платени се од некој влаодмразач за вака да пишвуаат, ова им е дел веројатно од планот што го смислуваа за изборите, кога не можеа да ги направат нерегуларни, ќе прават нерегуларности самите и ќе ја криват владата дека не било безбедно. Зошто во другите градови немало друго нешто вакво слично?
Ова со тестовите незнам колку ќе биде успешно, ако се сеќавате обично за таквите убијци сите кои ги познаваат викаат дека се мирни, фини луѓе. Нензма кај видовте тука само вина во владата бе? Од кај знае владата некој дека може на ваков начин да убие некого? Никој не е виновен за ваквите настани освен самиот сторител. Нензам што мешате политика, затоа што бил полицаец? Можел да биде и билдер, и келнер, и што и да е. И тогаш владата ќе беше крива? Не. Епа исто е. Интересна не ти се обраќам лично во вториот пасус иако те цитирав
Епа ќе се случуваат вакви работи кога во алфите се вработени болно пореметени луѓе, кои немаат завршено средно образование и кои најчесто се исфрутсрирани и прости типови со мускули. А се знае кој ги вработува и кој им е учителот! Згрозена сум од настанот. Ќе преземе ли конечно некој одговорност или ќе се обидат да го нашминкат и овој настан, па дури и од полиција ќе изјавуваат дека немало знаци на насилство. Оние што виделе, ќорави се бе. Или биле пијани од победата!
Не е важно што го убиле детето. Важно е што е Груевски пак премиер и што ке останат сите вработени во државна администрација. И плус, од кај сеа државата е виновна за ова?? Ова нема врска со партија, политика, нема врска со Груевски и не е поважно Груевски што победил, ТУКУ МОМЧЕ ШТО ПОЧИНАЛО Кукличка, ова има врска со начинот на кои што луѓе се поставуваат на работни позиции на кои не им е местото, на луѓе на кои им се дава оружје. Ако имаат отповеќе мускули и сало околу нив не ги прави способни за работата што ја вршат ако саде сало им е мозокот на ваквите. А, вакви не се од сега, вакви се од поодамна луѓе на места на кои не треба да се. Да не се правиме едните од СДСМ се цвеќиња и супер, другиве се силеџии. Ај Очигледно некој во државата треба да се свести дека нешто не е во ред со селективните за избор на лица кои се вработуваат на вакви места. И не мешајте со вработени во администрација обични службеници, оти како тргнавте со кревање паники... ќе стасате до експериментот „мозочен удар“ поточне перење мозоци. А, мене баш ми е поважен еден човек него кој бил премиер и кои ќе биле во администрација вработени.
Абе тоа за Љубе стварно а Јас уште на почетокот на кампањата се чудев од кај на човекот толку пари, штотуку излезен од затвор па и преку ноќ му текна партија да прави која стана една од најгласните... Се гледа со какви луѓе дружел таму уствари какви што и има во затвор Ај да видиме само сеа и ова да не испадне политички монтирано
Точно, да ги нема луѓево, зошто би ни биле тогаш и премиери и држава така ? Луѓето се најбитни и тие ја сочинуваат државата. И каква и да била причина за тоа што му го направиле на момчето, е сосема НЕЧОВЕЧКИ и од која сака партија нека биде ОДМА ТРЕБА ДА ЛЕТА ОД РАБОТА . Значи, мене не ме загрижува толку политикава и несогласувања помеѓу партииве, колку меѓучовечкиве односи кои ни се на лошо ниво, можеше и да биде полошо (да се чукнам во дрво), ама не треба само ради нечиј инает или ќеф, да преувеличуваме или да правиме да ни биде лошо, без разлика кој владее.
Да три месеци се водела истрага за него - Љубе. Човекот дури и свои луѓе си имал платено, набилдани батки да стојат на избирачки места.. за кои секој дал поприлично голема сума... ракетари тако звани.
Во одбраната на омилената политичка партија ве молам да не се откажувате од вашата човечност! Тоа што си го болдирала токму тоа ги опишува ваквите типови, и за жал овој случај не е прв ваков случај, и место власта да ги санкционира и да се обиде да промени нешто, да ги смени и на нивното работно место да вработи лица кои го имаат соодветното образование за оваа работаа, таа ги уште брани и прикрива. И не се фаќајте одма што ќе направеше да беше опозицијата. Тоа не е оправување. Што ќе направеше неможеме да знаеме, а ако и она доколку е на власт прави вакви работи, сигурно дека нема да ја бранам. Се работи за млад човечки живот!
Се согласувам дека човечкиот живот е најважен и затоа ме иритираат коментари од типот Шпекулации... Ај нека докажат... Па што има власта со тоа? , како и слепо следење на една партија и замижување пред фактот дека алфите се предводени од МВР и дека во секоја нормална земја, вакви работи скоро и да не се случуваат, а ако се случат, Министерот за внатрешни работи дава оставка. А кај нас, не се објавува на вести, кадешто хит тема е апсењето на големите криминалци, додека оние кои треба да те бранат, на улица те убиваат безмилосно.
Колку сте жива мизерија,се држат за фстанот на Грујо и партијата и се изолираат,ма што има везе бе,пребиен е до смрт некој си шо јас не го знам,ама фино ми е кога јадам леб од ваши пари зошо моите се за вмро и јас по инерција.Ете затоа смрдена е цела таа партија која ја чинат вакви говеда! Еве вакви кретени се вработени преку партија!Ете вакви!И овие ваквиве ти се закануваат со песници и пендреци додека прават што им е ќејф!Еве еден ваков копук го имам у маало. Жалосно за момчево...прежалосно.Па што и да направил,сигурно не го чинело живот и дивјачки ќотек.Мангупот пресудил,ептен силен и јак!Идиотизам!Згрозена сум и расочарана зошто се повеќе гледам нелуѓе,себични и без достоинство.
seriosly? ќе го суспендираат од работа 2 недели, во кран случај. А ко што гледам работава упорно се заташкува. Тврдат дека кај детето немало знаци на насилство. Многу ми е жал, секој од нас би можел да биде синоќе на негово место, некој кретен да си игра "каубојци и индијанци" со човечки живот И сдсм ќе вработеле такви луѓе, ама сега врмо е на чело. Тие одговараат за постапките на нивните луѓе. Кога ќе е обратно, тогаш ќе биде стапот по другите. Татко ти не е поставен директно од државата да го заштитува самиот народ, ти мешаш баби и жаби. Алфите се тука за нас, не пртив нас Какво е ова ЛЕГАЛНО убивање?