Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Нешто интересно е?
     
  2. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Пред да ги купат Бетмен и Дамовски заедно, требало во напомена да прочитаат дека муда не идат со нив во пакет!
     
    На mynameislove, softy1, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    За бакнотите нешто се зборело..
     
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    78.106
    Пол:
    Женски
    Го изгледав интервјуто со Бујар Османи. Новинарката многу пати се обиде да го провоцира со незгодни прашања, но тој остана смирен цело време.

    Значи да сумираме. Дуи ги застапува правата и желбите на Албанците во Македонија.
    Желбата им е (на сите 4 партии) да се смени химната (као доколку има разбирање од македонците) за и тие да можат да бидат претставени во неа. За амблемите на војската и полицијата, кај што има 20% и во градот Скопје да бидат и двете застапени. Исто и во судските процеси, да биде и на нивниот јазик.
    Истото важи и за името, тие сакаат влез во НАТО и ЕУ.
    За парите и не го разбрав многу, но муабетот го тераше кон тоа, ако има разбирање, ние сакаме да добиеме се што бараме.
    Рамковниот е потпишан за мир во куќа, сега оваа платформа е заокружување на сите барања од рамковниот. Као од рамките на уставот нема бегање, ама ако се договориме, може и да има.
    Казни од 5000 евра нема да има, не се секирајте.
    Инсистира дека Иванов треба да го даде мандатот и точка.

    Е сега, откако го изгледав интервјуво, сфатив (као да не знаев претходно) дека сите албанци, дали се од оваа или онаа парија, си се држат на своето, да си ги добијат правата.

    дпмне како партија што се претставува како многу патриотска, бранители на Македонија, во претходните 11 години им дадоа многу права на албанците. Си ги тераа бизнисите, ги делеа милионите, крадеа од сегде од кај се може.
    Не им беше гајле за Македонците како народ, дали имаат работа, дали имаат леб да јадат, цело време политиката им беше, ако си со нас, ок е, ако не си, нема ни да живееш, во ендек треба да завршиш, предавник.
    Платите ептен ниски, сметките високи, казни за секакви глупости пишуваат, проплака македонскиот народ од баграва од дпмне.

    Како резултат на тоа, многу се иселија, од западна може и не многу, ама истокот е полу празен. Секоја година се помалку новородени, а околу пола од нив се албански бебиња. Со оглед на фактот дека тие се 1/4 од населението, тоа е поразително за нас.
    дпмне имаше шанса 2006 да ја издигне Македонија над сите соседни држави. Ама не, после 10 години, ние сме најсиромашната држава во Европа, со околу 500 000 иселени лица.

    И пак ќе кажам, мислам дека Зоран Заев има право. Да се направи ''разумен компромис'', да се пикне криминалнава багра во затвор, да се вратат парите, да почне да се оди напред, да се отворат нови работни места, младите да престанат да се иселуваат, затоа што за дваесетина години ќе бидеме 50/50 а може и ние да бидеме малцинство. Е дури тогаш ќе немаме држава.

    Секој муслиман, а албанците особено, секој месец донираат 10% од својата плата за својата држава. Во странство, тоа е барем 120 евра од човек. 500 илјади иселени, по 120 евра на месец се 60 милиони. Тие што останале да можат да имаат по повеќе деца, да им расте бројот. Ако ги има 40% нови закони ќе бараат, веќе над 50% тие ќе бидат газди.
    Е така се сака и се гради својата татковина. А не како нас, трчат на функција само за да крадат од своите.

    И Македонија што ни ја оставија предците, што гинеа за неа, ќе ја прокоцкаме од алчност.
    дпмне се најголемите предавници во историјата на оваа напатена земја.
     
    На mynameislove, AmorFati, Zlatna12345 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Работата е што е потпишано ??
     
  6. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    78.106
    Пол:
    Женски
    Не кажа ова и ова е потпишано, туку цело време го вртеше муабетот, као ке дебатираме, ако има разбирање. Во неколку наврати спомна дека од СДСМ има разбирање на темата и може да се постигне согласност за закон.
    За сега се сите само партии што ништо немаат во свои раце.
    Ништо дефинирано не кажа.

    Ако има некој живци, нека гледа. Може не разбрав се.
    Нервата ме фаќаше кога слушав како тие си тераат кон тоа да добијат што сакаат, а нашите дпмневци, нас иселените не нарекуваат предавници, дека за нас место во МКД нема затоа што не мислиме како нив, неистомислениците кои се во МКД ги малтретираат на секој можен начин...

    Штетата од владеењето на дпмне е направена.
    Да се собереме, да изнајдеме решение.
    Оти за десетина години ќе скокнат на 40%
    Тие си ја купуваат поддршката од Европа и УСА.
    А нас никој не не сака. Колку повеќе не сакаме да се соочиме со реалноста, толку полошо за нас.
     
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    @malerozna малку надвор од темата, ама морам да те прашам.
    Велиш
    Од тие 500,000 иселени, колкав процент се Македонци а колав Албанци? Значи мора да кажам дека работите стојат вака: Албанците и покрај тоа што работат во странство, дел од парите донираат назад во државава. Додека Македонците кои се отселени таму остануваат засекогаш а нивните роднини не гледаат ни еден денар од тие пари. Значи државата виновна што тие се отселиле и веќе не сакаат ни да помислат да се вратат назад.

    Ситуацијата е следна: сегашната влада има направено огромни пропусти. Затоа и не доби целосна поддршка, туку едвај 51 пратеник, така?
    Да се разбереме, мал е процентот на оние кои велат: јас сум незадоволен/незадоволна оти само партиски се вработува. Не, народот е незадоволен што и покрај тие партиски вработувања, платите повторно се ниски. Толку фабрики се изградија а народот повторно работи за мизерни 200 евра.

    Актуелен е проблемот што СДСМ молчи за тоа каков договор постигнале. Го гледав Оливер Спасовски во денешното интервју на Телма и тој рече: Дајте ни го мандатот, па тогаш ќе преговараме околу условите.
    Знаете што значи да потпишеш бланко документ?
     
  8. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    God bless you child!!! :clap::clap::clap:

    @Rebecca_R a deka do sega potpisuvaa i nie "znaevme" sto potpisuvaa, pa eve procvetavme...
     
  9. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Јас гласав за промени , за криминалците да одат во затвор , гласав за поголем стандард , подобар живот ! Да не помисли Сдсм да прифати промена на химна , промена на бакноти и сл .
     
    На Rafafa и MilaP им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    78.106
    Пол:
    Женски
    Македонската дијаспора е поголема отколку што мислите.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Macedonian_diaspora

    Илјадници има во Австралија, САД, Германија, Италија, Швајцарија, насекаде низ Европа и светот. Пари дома праќаме тие што сме иселени во последните десетина години, т.е сеуште имаме родители кои што живеат во МКД. Некој што се иселил пред 40тина години, сигурно нема да финансира роднини, за да се пијанчат низ кафаните. Збориме за финансирање на нивната кауза. Државата, и те како е виновна. Да има пристојни плати, никој нема да се нафати да оди во странство. Зошто за време на Југославија не се иселуваа толку многу? Затоа што имаше работа за сите, кредити за градење куќи, можда не знаеле за повеќе и немале апетити. Ама сега е 21 век, кога гледаш на интернет дека можеш да добиеш работа со која ќе заработуваш 25 000 евра на година, зошто да останеш во МКД и да трчкаш по митинзи за да добиеш работа со плата од 3500 евра на година.

    Изградија фабрики во западна МКД, истокот како што знам нема ни една поголема фабрика изградено. Кавадарци е Дрекселмаер, Битола е Кромберт, како што читав на нет, имаат по околу 5000 луѓе вработено и двете заедно. Да отворат такви фабрики на истокот, Каменица, Делчево, Пехчево, Берово и Виница невработените 70% ќе се вработат. А сега сме сите во странство. А и чувме во бомбите кои бизниси се со фабрикиве. И колку пари за субвенции даваме сите ние за нив.

    СДСМ молчи затоа што и нема што да каже. Скоро се е под диктат на западот. Мислам дека и западот, и бомбите ги притиснаа ДУИ да ги изберат СДСМ за коалиционен партнер.
    Политиката на дпмне е поразителна за сите. Паднаа од власт од таа нивна политика.

    Македонија мора да оди напред, мора да се живее во мултиетничко општество, како што реков една нацистичка Германија прими 1.5 милиони бегалци, имаат купишта проблеми со нив. Ама мораат.
    Така да мораме и ние. Ќе има и закон за ЛГБТ, целиот систем на западњачки живот мора да го прифатиме.
    Или ќе не нема од картата. Истото важи и за сите републики од Екс Ју

    Со политиката на дпмне, до 2050 ќе бидеме малцинство. Кој чека ќе начека.
     
    На sanjaeva, Mari-Ja и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    78.106
    Пол:
    Женски
    Промени ќе има со СДСМ, мислам дека им дојде умот ним. Видовме дпмне како владее. И на кој пат сме со нив. Доведени сме до просјачки стап. Шо фајде што до сега не го смениле името, химната или парите, кога наместо да не водат напред во времето, тие ја вратија Македонија 30 години назад. Перат мозок со турски серии. Платите минимални, уцени на секој чекор. Народот е сиромашен. И со пари и со образование. Не си ги ни знаеме човековите права.

    Или ќе ни дојде умот, да се средиме на време, или патот што ни го одбра дпмне е поразителен за нас Македонците. Албанците тоа и го чекаа, многу години.
    Гледам и бугарите имаат некои ''педерски'' аспирации кон Македонија. И тие чекаат можност.
    Како држава која не е ни во НАТО ни во ЕУ... Да им текне догодина, можат да не прегазат за 5 саати и да не поделат.
    И ни братска Русија, ни Америка, ни Кина, никој нема да ни помогне.

    Ни дадоа држава, не знаеме да ја водиме, само ги провоцираме комшиите, амбасадорите ги ставија на некролози, крстови на Заев... Не се нормални. Па и сега собраа илјадници да им протестираат да ги бранат.
     
    На mynameislove, Adi888, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  12. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    епа ти го зедоа гласот и си направија к++ашак со него. па ти повели пак нејки ме......слободно
     
  13. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Среќе 8-ми Март :f::*:
     
    Последна измена: 8 март 2017
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Вие сите што се борите против криминал, кажете ми дали се борите и за државата???
    мирно ли спаваш македонски народе
    до каде со овие муабети мислат оти ќе одат, и со оваа сила покажување
     
    На joy1, Abeja, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски

    Борбата против криминалот е борба ЗА државата, додека борбата за националните чувства е за лично его на поединецот или групата и не може никакво добро да донесе никому, само лична сатисфакција.

    Сите мали, и пред се сиромашни народи, патат од синдромот на пониска вредност, па така и Македонците и Албанците генерално. Многу е лесно да продадеш национализам каде што вирее сиромаштија, а многу е тешко да подигнеш свест за решавање на вистинските прблеми и фокусирање на причините за истите.

    Национализмот е тешка болест, која единствено први од човекот едно нехумано, егоистично и злобно створење од кое никој аир не гледа.
     
    На oblace1, theowndemon, malerozna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Уф браво, ти од кај си вака ако може да знам.
     
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.144
    Пол:
    Женски
    Ne se opteretuvaj so forumov, ova ovde sto go citas ne e bas narodot, zs mn od sdsm ne se slozuvaat so ova. A na forumov samo moze da citas kako e loso I pogubno, a da ne zboruvam glupavo od tvoja strana da si nacionalist. Uste malku kje te obvinat I za potkrevanje tenzii za vojna zs tvoeto parce zemja sto go imas ne go davas na tacna, so eden potpis se ona so stradni maki I zrtvi steknato. Ajde, kako gospod nikoj ne e, kje go nadmineme I ova, I kje izlezeme posilni kako narod I poedinstveni.
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Овие луѓе дали сакаат да не натераат да се срамиме што си ја сакаме државата, и сакаме да ни остане цела.
     
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    70.692
    А вие што се борите за државата свесни сте дека се борите за сиромаштија?
    Со самото тоа што не се формира влада, се зголемува економската криза во државава, нели гледате дека пак се задолжија?
    Нема тендери, нема работа. Се отпуштаат луѓе. И како тече времето ќе биде полошо. Што мислите, зарем толку ни беа потребни банкнотите од 200 и 2000 ден? Не, нивната намена е да прикријат инфлација, за брзо 2000 ќе бидат новото 1000.
    Немам леб да јадам ама битно патриота сум.
     
    На mynameislove, Zlatna12345, Anne.B и 2 други им се допаѓа ова.
  20. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Што има врска од кај сум, тоа ли ќе ти ги реши дилемите околу моите ставови?
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.