Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јуле не ми даде никаков одговор ни аргумент. Биди сигурна дека државата нема така да го остави слободно да шета криминалецот... Од кај би знаеле до сега дека тој ќе направи такво нешто, па да не го вработат, а? И кога би вработиле други на нивното место, како ќе бидат сигурни дека тие нема да направат такво нешто во иднина?
    Мислам коментариве ич не ви држат вода, немојте толку непормислено да зборувате.
    Сеедно дали типот имал високо или средно образование, криминаците не се познаваат по образованието, и мислам дека нема причина во случајов да плукате по државата.
    Не оправдувам никого во случајов, ама па и неможеме да ја обвинимие државата за убиството кое се случило. Треба да си или многу револтиран од пораз, или пак малоумен за да за вакво нешто кажеш дека е крива владата, дека е крив грујо или државата...
    Крив е психопатот кој го направил тоа. А не е крив тој што го вработил - тој не можел да знае дека еден ден ќе го швркне во глава да убие некого.
    Боже господе, ниедно убивање не е легално, и не реков такво нешто. Зарем стварно мислиш дека нема да го затворат убиецот? И двете знаеме дека ќе оди во затвор.
     
  2. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Ај па и вие за едно дете, голема работа :fubar: :fubar: :fubar: Искрено многу ми е жал за родителите негови, кој знае како се чувствуваат сега, се згрозувам од ваквите настани, ете затоа што постојат т.н ЛЕГАЛНИ убивања, државава пропаѓа, од вакви мангупи и фраеришта, жално.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    A Maja, одговори ми тогаш како еден дотичен и познат ваш сопартиец, откако усмрти дедо на Партизанска со мотор, не помина ниеден ден во затвор и сега ми се расфрла со пари и флаши по диска, малтретира луѓе и оди по одмори на Малдиви?Дека ми тврдиш дека немало да помине неказнето, затоа ме интересира, кој е криетериумот.
     
    На LittleMissSunshine и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Не ми текнува на случајов, веројатно било одамна, ама сигурна сум дека не поминал неказнето. Можеби не го осудиле на доживотно, може дел одлежал, дел платил... стварно не сум запознаена и незнам за кого станува збор, така што не би знаела да одговорам
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Да, стварно мислам дека нема да иде во затвор.
    Океј, ајде да речеме според твоето: од каде знаеле што ќе направи па да не го вработат. Не е нивна грешка

    Ајде сега да видиме што ќе превземат околу тоа, сега е во нивни раце. Нека се покажат. Да не коментираме предвреме и да се препуцаваме, ќе оставиме на времето да покаже. Ако стварно типот мистер алфа биде праведно казнет ќе ти се извинам што те цитирав и ти идев контра, ќе признаам дека сум била грешка.

    *хинт: веќе почнаа да негираат за вакво претепување, иако има очевидци

    ....да видиме што ќе се дешава понатаму
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    :worried: :worried: :worried: ццц ми се повраќа веќе што не се изначитав!
    абе ние готово, ко Cеверна Kореа, ко Kуба ќе станеме човече :( и не се шалам, одиме натака!
    им се може бре, власта е во нивни раце ќе си прават што сакаат, за наша жал!
    Hо, јас се уште не сфатив зашто тој ненормалниот го тепал детево???
    дали најдовте нешто?
    на вести сигурна сум дека не кажале
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Наредбата на Грујо е "Најди ми 15 гласачи"
    Начинот на кој твојот претпоставен ќе го изведе тоа нема апсолутно никаква врска со Грујо.
    Точка.


    Инаку...
    кажи ми кога имало ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ?
    Паметиш некогаш во историјата на јадна Македонија да се случиле?
    Ова беа само покултурни избори за разлика од некои претходни, за инциденти јас барем не слушнав.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.241
    Допаѓања:
    67.760
    Пол:
    Женски
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Епа дека не знаеш, јас ќе ти кажам зашто знам дека помина СКРОЗ неказнето.Заинтересирај се па побарај, случајот е од 2009, телохранител на Мијалков, да не именувам повеќе.
    И морам да дополнам, имаше дури и група на Фејсбук за поддршка, да не одел во затвор и имае огромен број членови, луѓе што му дадоа поддршка на овој кутар човек да не оди во затвор :fubar:
     
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674

    нема ни да сватиш бидејќи како бива секогаш, работата ќе се заташка или ќе му измилсат лесно криминално однесување за да се оправда делото, а у краен случај нема ни да истражат ќе кажат само сомнителни околности.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.199
    Допаѓања:
    258.493
    Маја не ми е јасно какви аргументи ми бараш кога се работи убиство од страна на алфите, за кој одговорните велат дека кај телото не се пронајдени знаци на насилство и се обидуваат да закашкаат како што е случај со многу други случаеви. За образованието е потребно соодветно, неможе некоја батка со мускули да врши ваква одговорна работа. И може да се знае за каква личност се работи преда да се вработат. Постојат различни начини и тестови за да се утврди тоа, а не да се зберат од улица и да се стават на вакви работни места.
    И уште еднаш ќе потенцирам дека мене воопшто не ме погоди поразот, јас ништо не изгубив, јас не зависам од партијата, мене ми е многу убаво, но еве уште денес се гледа на кому му е лошо и што се следува ако вака се продолжи. И после 1 година, јас ако се случи ваков настан пак ќе го пишам истото, и ако дојдат и другиве на власт пак ќе го пишам истото.
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Значи ми се гади веќе искрено од демократијава во која се претепуваат луѓе до смрт поради бруталноста на оние кои треба да се грижат за нашата безбедност. И што е најстрашно во доба на толку многу горили, лавови, тигри и цело животинско царство кои наводно треба да нудат одредена сигурност паѓаат човечки жртви токму од нивна рака, малолетници се бодат по училишта, странски туристи го губат својот живот.
    И не нема вина никаква актуелната ситуација во земјава виновни се самите психопати, па како пред едно 20 год. немаше вакви случувања или пак исто како со индиго децата и овие психопати се раѓаат етапно и некоја мрачна сила ги поставува на позиции на кои ќе им дојде до израз способноста?!
    Некако во глава почна да ми се врти еден постар хит од 80-тите лајснс ту кил!!!
    Барем избориве потврдија која е цената на животот во Македонија - меѓу 500 денари и 50 евра.

    Едит - Нека почива момчето во мир, тешко семејството.
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Луѓе кај читате за детево? Дајте линк
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.199
    Допаѓања:
    258.493
    За истиот пост мислам ме цитираш неколку пати.
    Не знам која ти поентата, инситираш дека Грујо не е грив ама тој ја дал наредбата. :?:
    Јас предлагам да ја затвориме дискусијата, мислам дека се разбравме.
    Е ќе бидеме јадни и бедни се додека се тешиме дека сите вака прават, и дека оваа е нормално.
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Што се дешава со Љубе Бошкоски???Што е работава?????????
     
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Не, не е нормално.
    Како што кажав претходно.
    Политичарите се производ на општеството.
    Менталитетот е таков. Народот е таков.
    Не го криви политичарот за твојата состојба, не водат кон пропаст затоа што ние им даваме право.
    Kaжи ми која е таа логика еден човек да одлучува за останати 1 999 999 луѓе?
    Епа нема логика.
    Тоа и за во минатото важи.
    Едноставно народната пасивност не е кривица на некој политичар.
    Сам тој сигурно не се прогласи за премиер.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.199
    Допаѓања:
    258.493
    Се согласувам со тебе, и мислам дека пишав дека народот си избира и народот си трпи.
    И да не бидам грешно сфатена воопшто не ги кривам политичарите за мојата состојба која инаку е добра и затоа не се залужни тие. Мене само ме разочарува начинот до кој се доаѓа до власт и моќ. Но за тоа си е крив само народот.
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Ako земам да ве цитирам сите една по една, треба да се скарам со пола форум! А искрено не сакам |(
    Ама вие сте биле ептен безобразни, и веројатно една што се пронајде во еден мојот пост била целосно во право! Вие си живеете живот единствено во вашето мило големо метрополско Скопје, па си земате за право да коментирате како да станува збор за цела Македонија. Е па, Македонија е многу повеќе од Скопје, и ако сте вие напатени од олошот кој ви се смести фино лепо таму, фала богу и го исчисти останатиот дел од „провинциите“, никој не ви дава за право да ги делите граѓаните на Републикава на ВМРО-гнаси, говеда, необразовани, селани, привинцијалци, простаци, неизмиени, некултурни....што ти не...што ти не..., и СДСМ-бисерите на МК со високо образование, паметни, културни, фини, а бе стапалата мед да лижеш! |(
    Еве во некои мои постови видовте било каква навреда за вас?
    Еве бе, јас имам наклонетост кон ВМРО, признавам, видов алови од нив, видов доста добри работи, местото каде што живеам е задоволно од нивната политика, кажав и вчера, некни што мислам, ама во ниеден случај не кажав дека „ништо не разбирате“ дека сте неписмени, само затоа што на вас оваа политика не ви одговара и сметате дека Црвенковски и останата СДСМ фела се поподобни за МК?
    Енца, извини, ама морам да те прозивам, многу те сакам и поштувам, ама малце се подзамислив после твоите постови: треба ли сега да те мразам затоа што не ја сакаш ВМРО и Груевски? Ти кон тоа целиш гледам, свесно или несвесно, не навлагам, ама веќе доволно навредливи зборови употреби кон оние кои исто како тебе со мака си го заработуваат лебот, ама ете, од друга страна?! :)
    Кукличке, треба ли да свеќи да запалиме, само затоа што ти мислиш дека Македонија пропаѓа?
    За вас синоним за успешна комуникација е истомисленост? Не треба да биде! И досега се обидувавме сите заедно да го зачуваме форумов како добро место за тепање време и по некој добар совет.
    Тука нема газолижачи, нема глупаци, има само жени и по некој добар момак, кој си си кажуваат свој став, и ви кажуваат како ним им се чини добро. Багувче веројатно добро знае како е да се чувствува како што јас кажав во еден мој претходен пост, па нормално е да си брани и кажува како таа ги гледа работите. Никој на никому не му врши притисок, ниту им се заканува, јас не знам зошто воопшто на телевизиите кај нас им е дозволено пренесување на информации и дезинформации за време на вакси настани, кога ја знаеме нивната независнот, професионалност, и желба за надмоќ и што повеќе гледаност! Угнетувањето успева кај одредени луѓе, да, и го има, постои, ама во никој случај не кај целиот македонски народ, напротив, еден мал дел, кој не е само кај нас, такви има и во најразвиените држави, па крај краева не сме сите МЕНСА и Доналд Трамп! И секој си одговара за себе, за своите постапки, и своите мислења!

    Иначе, избориве, јас мислам поминаа во најдобар ред, ниту на една телевизија немаше страшни поплаки, ете дури ни А1(како покритички настроена) не извади нешто што вчера било причина за неред и срам.
    Резулатите се тие што се, и во овој момент не вреди да се прави муабет што би било кад би било. Ниту Шеќеринска, ниту било кој друг не доби премиерско место, доби Груевски, со онолку гласови колку што требаше за да добие, и незнам колку целосно следите, очекуваните прогнози се исполнија. Сега на ред е човечноста и добрата мисла да ги надминат предрасудите и партиски кавги и поделби, па старо-новата влада да продолжи да работи-подобро секако :)
    Имавте своја прилика, ја искористивте.
    Јас искрено сакам да им честитам не неколкуте албански партии кои овој пат ја извршија својата должност максимално фер и поштено, значи сепак македонскиот, албанскиот, турскиот народ(сите малцинства)-граѓанин на РМ не е неписмен, сите сме доволно паметни да си го дадеме својот глас за оној кој ни одговара.

    А за брат Љубе, како мислеа дека ја плаќа својата позиција? Како така еден паметен, образован човек наеднаш од ден во ден менува мислење, социјална положба, пари, коли, партии, речник? Испран мозок-од кого допрва ќе се види!

    И не ми е жал што ОМ и ВМРО-НП не добија ниту еден пратеник. Љупчо Георгиевски доцна се сети да жали што ја препушти партијата на млад кадар, со сопствена замисла, нека оди да си живее во Благоевград во вилата од 300 квадрати, и нека не се сили сега да не однесе на прав пат.
    Жал ми е за Манасиевски, а гледам и повеќето од вас мислат исто, ама човекот не си го погази своето достоинство, и фер постапи кон членовите на својата партија. Прав политичар, колку и да бил маргинален во одлуките на партиите.

    И да, жално е што во Македонија сеуште постојат Алфи, ама невините граѓани си го добиваат дебелиот стап кој и да е на власт. За полицијата и безбедносните сили во МК треба доооообра реформа и здрав човек!
     
    На Rozich, Abeja, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    На А1 кажаа за детево, на Сител мислам дека не, а Котевски изјави дека не се запознаени со ваков случај е ајде сега, како е ова можно ?
    Зошто случајов не е пријавен , родителите на детето би седеле со скрстени раце?