Kako be logikata vi vika deka mandatot treba postojano da se dava na VMRO? za sto postojat tie rokovi togas? Da mu go dade mandatot i neka sedi kaj nego do narednite izbori vo 2020? A nie bez vlada do togas?!?! Vmro NEMA KAPACITET DA FORMIRA VLADA, i kako vi vika logikata deka treba postojano da mu se dodeluva mandatot na nego? Ne mi treba ni ustav ni bukvar za odgovorot, MI TREBA PROSTA LOGIKA. Mislev deka so ova "prasanje" rascistivme.
Што очекувате од кловновски претседател кој не разбира ништо патем е ВМРО и така им го даде мандатот кои без собрани потписи веднаш го земаа и тргнаа да составуват влада. Ама не испадна така до последен момент кога ивонче-милионче кажа дека ја прифаќаат платформата и прават влада, за рок од 5мин се трга објавата и ништо од тоа, ДУИ им заврте грб. Па потоа си кажа кловнот погоре дека бара 61 потпис и ќе даде мандат, тоа СДСМ го направија му ги доставија и чекаа два дена од кловнот кој требаше веднаш уште тој ден да им го додели мандатот. Потоа излава во неговиот циркуски шатор и кажува приказни дека не го дава бидејќи не прифаќа никаква платформа која ќе и наштети на оваа земја. Сето ова сега што се случува за оваа криза главен виновник е кловнот..
Како прво, какво е тоа мнозинство од 51 пратеник? Цитирај ми одредба од Уставот или од било кој друг правен акт каде што 51 пратеник се смета за мнозинство? Нема таква одредба, зашто 51 пратеник не е мнозинство. Членот 90 е јасен и воопшто не е спорен за оние кој што читале право. За оние кој што го прочитале само членот 90, логично е дека нема да им биде јасно, зашто излегува дека е недоречен (ако само се чита само чл.90), а за оние пак што гледаат низ партиски очила членот 90 се толкува како и одговара на партијата. И тука е проблемот. Но, уставот, законите и подзаконските акти јасно и недвосмислено упатуваат на тоа дека Претседателот на државата направи преседан со тоа што не го додели мандатот на партиите кој имаат мнозинство, зашто 67 пратеника се апсолутно мнозинство. Ќе се обидам да објаснам. Р. Македонија е парламентарна демократија. Власта во нашата држава е поделена на законодавна, извршна и судска. Во законодавната власт спаѓа Парламентот, во извршната власт спаѓаат Владата и претседателот на државата, во судската власт спаѓаат судовите. Затоа што сме парламентарна демократија, логично е дека најголеми ингеренции има Парламентот. Зашто? Затоа што меѓу другите надлежности Парламентот ја избира владата со мнозинство пратеници. Парламентот не само што ја избира владата, туку и откако ќе ја избере ја контролира работата на владата преку уставно загарантирани механизми како што се интерпелација, пратеничко прашање, гласање недоверба на влада и можеби најважниот механизам т.н моќ над ќесето односно гласање на буџетот на РМ. Зашто е ова вака? Тука доаѓаме до поимите суверенитет и легитимитет. Пошто неможеме сите еден милион и седумсто гласачи да учествуваме во власта, моделот на парламентарна демократија ни дал за право на слободни избори да избереме народни претставници односно пратеници кои ќе ги застапуваат нашите права и интереси во парламентот. Што значи дека со самото гласање ние посредно учествуваме во власта. Ние им даваме суверенитет и легитимитет на пратениците да изберат Влада. Претседателот има само симболична улога во целата работа, зашто тој нема ингеренции да ја преиспитува одлуката на мнозинството граѓани кој гласале. Напротив, тој има должност да го додели мандатот кога има доказ дека некоја политичка партија има обезбедено мнозинство. Ова како да купиш куќа, да ја исплатиш, да склучиш договор за купопродажба и на крај сопственикот да не сака да ти го даде клучот. Може нема да го добиеш клучот во моментот, но има други механизми и на крај ќе го земеш зашто де факто и де јуре куќата е твоја. Исто и со мандатот. Гласовите си ги освоил, суверенитетот и легитимитетот да формираш влада го имаш ти го дале граѓаните. Де факто и де јуре парламентот има право да избере влада. Толку од важноста на Хорхе во приказнава. Ова што се случува во нашата држава моментално е срам за функцијата Претседател на држава. Недозволиво е Претседателот на државата да си зема за право да одчучува да не даде мандат на мнозинството пратеници, зашто со тоа со става во улога да сам он како единка одлучува кој ќе формира влада или во превод џабе вие гласавте на избори кога гласот на Хорхе е поголем од 650.000 гласови. Нон сенс. И јасно им е дека е нон сенс, ама купуваат на време и се надеваат на чудо.
"Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието" Мнозинство во собранието никако не значи 20 наспрема 19. Мнозинство во собранието значи минимум 61 пратеник. Затоа во Устав, после "..партијата" има запирка, па продолжува со "..односно партиите што имаат мнозинство во собрание." Уставот е јасен, само очигледно кој стигна за своја потреба го истолкува. Ова ме потсетува на онаа изреката " и Ѓаволот ја цитира библијата за свои цели" И да, ако во Устав не пишува што ако првата партија односно партии не успеат да формираат влада, зарем треба само на една те иста партија да се доделува мандатот се додека тие не формираат? Се знае.. после феил, дајте друго дете. Се е многу јасно. Само се е ради пусти милиони и да се спаси гз од решетки. Мене ме интересира некој поупатен да прашам нешто. Сите знаеме дека за да го потпишеме Рамковниот бевме притиснати од Меѓународната заедница. Претседателот тоа време, спомна дека тоа треба да помине преку референдум, ама брзо го замолчеа зошто јасно беше дека тој договор никогаш немаше да помине преку референдум. Тој договор беше молкум, потпишан зад затворени врати.. без јавноста да биде прашана за тоа. Можно ли е договор од таква природа да биде укинат на некој начин?
Или уште почудно, што ако има избори и на тие излезе сличен резултат? Што ако Грујо пак неможе да формира влада? Пак нема да се даде мандатот на оној што има мнозинство пратеници? Значи надвор од секоја логика. Абе овие стварно веруваат во ова?
Не е ни за дискутирање прашањево за национализам, унитарност и сл.глупости затоа што тоа се вештачки наметнати теми со единствена цел дефокусирање на вниманието од криминалите на дпмне. И толку. И да не сте се дрзнале уште еднаш вие од дпмне да си го присвојувате патриотизмот и љубовта кон државата! Сите што не се со вас биле предавници, ма немој! Ние повеќе од вас си ја сакаме државата затоа што сакаме таа да напредува и да се исчисти од криминал, непотизам и партизација, а не да тапка во место како изминативе години, или уште полошо да се враќа во среден век со вашите фашистички заговори. Да не спомнувам и дека барем пола од вас имаат и бугарски пасош во џеб. Ние немаме резервна држава!
Гермaнијa, Фрaнцијa, Великa Бритaнијa, Америкa и ЕУ сите имaaт ист стaв. Плус Нoрвешкa кoјa не знaм дaли е у ЕУ
Па и јас тоа се прашувам. Ако памтиш лани, Груевски исто распушти собрание за да се оди на избори, но не доби поддршка од никој. Па изборите се одржаа во декември кога се создадоа услови и кворум за истите. Мене не ми е јасно со кого тој сега сака да оди на избори? Сите му завртија грб. Избори не се на маса во моментов. Или и изборите се само фиктива и дефокус од последните очајнички обиди да се кидне во Мексико. Норвешка не е во ЕУ.
Еј. Поздрав тука. Не, јас ич не сум го прочитала само член 90. Тоа што го објаснуваш, јас многу убаво го знам. Немам многу време, па ќе реплицирам на кратко. Мандатот се доверува на партијата што има мнозинство во Собрание, добиени мандати согласно гласањето на народот. Ако 51 е помалку од 49, тогаш јас не знам да бројам. Тие 650 000 кои упорно се бројат како вкупен резултат на сметка на Сдс, се вкупниот број гласови од сите останати партии, исклучок Вмро. Во Македонија не се гласа, ниту така се гласало. Не знам за вакво нешто ниту во било која друга држава. Ок. Да се вратиме на Уставот. Од правен аспект, и реално, во членот не постои алтернатива, туку само се објаснува начинот за формирање Влада. Затоа, мислењата се поделени. Преседан беше направен од Глигоров и дел правници сметаат дека треба истото да се следи. Во членот не се објаснува ништо за враќање мандат, ниту се предвидува втор итн.итн. Јас сум на мислење дека овој член дефинитивно треба да се прецизира, оти е отворен за еден куп правни импровизации. Еве, поради ваква ситуација како денешнава, да речеме. Иванов се повика на член од кривичен законик. Тоа право не може никој да му го оспори. Апсолутно нигде не се изјаснив дека мандатот треба вечно да биде кај Вмро, ниту дека треба само ним да им се доверува. Само ја потенцирав народната изборна волја, а таа беше 51 наспроти 49. Толку од мене за ова сега. Во друга прилика кога ќе имам повеќе време, радо би дебатираме за истово. Поздрав.
@Lianna Anna епа еве објасни ни што е мнозинство? 51 пратеник ќе се смета за мнозинство ако Собранието има вкупно 100 пратеника. Нашето има 120. И сега по твојата логика 51 е мнозинство, а 69 се малцинство? Еве незнам
mnozinstvo e nbajveke glasovi vo sobranieto , partiite vo koalicijata sto gi predvodi vmro-dpmne ima mnozinstvo (vo ustavot ne e precizirano dali prosto , od 61 pratenik od 120-te ili apsolutno 81 od 120-te) i zatoa PO USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJA , USTAVNA OSNOVA IMA DA SE DADE MANDATOT SAMO NA KOALICIJATA STO JA PREDVODI VMRO-DPMNE i toa vo prvite 10 dena od konstituiranjeto na sobranieto ... ako predsedatelot go cekal zaev 2 meseci da napravi mnozinstvo , zosto ne bi pocekal uste nekolku vreme za da napravi na primer DPA mnozinstvo?
@Lianna Anna Колку што уставот не предвидува давање мандат на друга партија, не предвидува ни нови избори. Зошто? Уставот вели дека мандатот се дава на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собрание. Зошто се спомнува партии ако не станува збор за парламентарно мнозинство? Јас мислам дека без разлика колку сакаме ние различно да го толкуваме и скројуваме уставот во наша или нечија полза, тој е многу мнооогу едноставен. Уставот не предвидува што се случува ако мандаторот не успее да собере 61 пратеник, затоа што мандатот се дава на тој што веќе има парламентарно мнозинство. И тука е точката. Тука е крајот. Па и да не сум правник, мислам дека ова е барем јасно. Или не Да ја прифатеа дпмне платформата, немаше да биде исто што се случува и сега на улиците, затоа што на протестот моментално излегуваат партиските послушници и партиските вработени. Да не си мачкаме очи. Тоа барем денес ми е чисто и кристално јасно.
tocno se znae zosto , CIA i EU ja nametnaa albanskata platforma da ja unistat makedonija preku albanskoto malcinstvo i dokazani kriminalci ,a gruevski ne saka da bide del od toa , tuku da se sprotivstavi na predavnicite , a toa i se slucuva .