Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Кој народ излегол на улица?тој пп своја волја или овој што го хледаме секој ден? Седам на кафе во 4 и 30 кај пола маса стига порака во 5 часот ѕаму и таму од штаб!!! Тука не гледам народ со волја туку стрижење.до 4 сите се на раб...брзо кафе па порака за на улица...
     
    На butterfly6223, ludoto19, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Писмото што го пратил Хорхе немало никаков ефект;(;(

    Тешко дека ќе има ефект кога сите држави надвор од Македонија знаат каква црна дупка владее тука...Само ние уште тука се лажеме дека све е ок...

    (Исто така ме изненадува фактот како ветрушка успева така лесно да си најде акаунти да спамира на форумов, мислам секоја чест на упорноста:?:.)
     
    На butterfly6223, galapce, softy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Како вие од сдс што верглате едно исто на секоја страна, така и девојчето си кажува свое мислење. Или она нема право да се повтори а сите вие поддржувачи на сдс имате?
    Да ја преименуваме темава-само за поддржувачи на сдс тогаш.
     
    На Lianna Anna, H.VAGA и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  4. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Во ред е , кој за кој сака нека си гласа , доста е бистрење политика!
     
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Не ме цитирај мене кога имаш намера да генерализираш. Појма немаш дали сум за сдсм.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Ти ја цитираше без она да те означи или цитира па и јас ќе те цитирам тебе. А тоа за кои си е повеќе од јасно иако продолжуваш со исто темпо на верглање. Сите што имаат спротивно мислење од твоето не заслужуваат да пишуваат на форумов, нели? Исто и за другите поддржувачи на сдс. Затоа ќе предложам, потпишете петиција и пратете ја на Реин, нека ви ја преименува темата во-муабетите на поддржувачите на сдс и секој кој не мисли како вас а напишал во темава нека добива траен бан, дека вас тоа ве задоволува.
     
    На Outlook, baba Rada, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Брејкинг њуз: не сите кои се против дпмне автоматски се за сдсм ;)
     
    На butterfly6223, galapce, LivingGlam и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Озбилно ?!
    Епа ај тогаш не идеме веќе на избори, оти граѓанската мнозинска волја што е важна ?! Може така ?! Нека си собираат партииве меѓу нив потписи за состав на Влада, надвор од уставни рокови и така натаму. Народот нека нема право на глас. Ич нека нема владини програми, пази боже па на народ да му се пред очи. Па и Устав што ќе ни е ?! И онака секој како сака си го толкува. Не дај боже да го почитува.
    Па гласајте си со консензус геноцид врз албанското население. Нешто што воопшто не треба да биде на политичка маса како точка на разгледување. Па ни од страна на Вмро. Тоа е историско прашање. Смешно е. Заблагодарувајте се јавно во сопствената држава оти ви дозволиле да зборувате на сопствениот македонски јазик во дебатна емисија. Ова не е смешно, туку трагично е. Кај не знаете мнозинство што е, не дај боже да броите, уште и за двојазичност на државно и локално ниво не знаете разлика да направите. Не дај боже па да ви стане јасно оти верификација на Влада и изборна граѓанска волја се два различни поими.
    Ситуацијата е многу покомплицирана од што сите сте си замислиле. Не објаснувам повеќе. Го имате месијата од Муртино кој беше црпнат да не просветли нас заблудените. Освен тоа, главен математичар и ептен експерт за Уставот. Секоја чест за него. Далеку стигнавме.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.720
    Na Alsat Zaev zbori
    Dosta nadezno.Energicno.

    Nikogas ne mi se razjasni ZOSTO Gruevski ne izleze na duel-debata so Zaev:wasntme:
     
    На ludoto19, theowndemon, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Слободно цитирај ме ако имаш намера да ми се обратиш мене лично или да коментираш за некој мој став, а не за генерализации од типот "вие од сдс вака и вака". Не мора да драматизираш толку и да глумиш жртвено јагне "нас на форумот не не сакаат, само од сдсм ги сакаат", итн. Баш напротив, форумот е отворен за секакви и сечии дебати, дискусии и ставови, а тоа што немате аргументи па преоѓате на лични навреди и вулгарности е исклучиво ваш проблем, и тука навистина не можам да ти помогнам.
     
    На galapce, LivingGlam, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    Иако мислам дека прашањето ти е реторичко, ќе кажам дека за дебата се потребни аргументи, а не спинови. Груевски го достигна дното и политички и морално, не верувам дека има лице да излезе на дебата. :)
     
    На softy1, ludoto19, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna еве да ти поедноставам и упростам. Што дека вемеро освои највеќе гласови на избори, кога мнозинството во собранието го носат сите останати, односно во случајов оние кои под претпоставка ќе коалицираат заедно, затоа што гласовите на вемеро не му извадија 61 мандат, па за да го добие потребното и неопходно мнозинство во собрание, преговараше со дуи.

    За останатото немам коментар. Ништо од тоа јас не кажав. Тоа се само твои зборови, обидувајќи се моите да ги извадиш од контекст, и промашувајќи ја целата поента. Намерно или не, само ти си знаеш.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Па те цитирав дека ти се обратив тебе лично, како што ти ја цитираше @Lianna Anna и со тоа извежбаното генерализирање (вие испраните мозоци, овци, грујовисти и сл.)немате поима од ништо сеа дада Лоли ќе ти каже дека си глупа. Ај олади/те малку, секој има право да пишува што сака и колку сака и ако сака ќе вергла како што верглате и вие што сте за сдс. Или мораше ти да се уфрлиш и да и кажеш што смее а што не?
    И олади со тие демоде финти како ние сме се жалеле сме биле жртвени јагниња. Не звучи смешно, туку патетично, добро што не се уморивте со тие фразички, често се читаат на темава. И вие ќе ми зборите за дискусија. Абе вриете од факти, аргументи па зашто другите не биле со аргументи. На исто ниво сме у "дискусијата".
     
    На Outlook, H.VAGA, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.610
    Вака кога го слушам, мислам дека ќе направи нешто. Ама некако сум со резерва. И ќе бидам, се додека не видам дела.

    @Abeja вечно си дискриминирана:rofl:. Виде, на Кочан притвор му одредија8-|.
    Аирлија, како шо велат твоине:P.
    Следечи:emo:.
     
    На galapce, malerozna, Zlatna12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски

    Како, како?????
    На погрешен човек се обраќаш. Ако на нешто внимавам, не само на форумов туку и општо во животот, тоа е да не навредувам никого и да не лепам етикети, така да на погрешен човек се обраќаш. Впрочем, ако некој, па еве и ти, се чувствува навреден, пријави го постот, јас ли да те учам :)

    Ако си ја имаш мувата на капата па се пронаоѓаш во сечиј пост или коментар тоа е твој проблем. Не мора да изигруваш дрвен адвокат.

    Ама сосема ти ја разбирам нервозата, си знаете вие дека ако падне еден, паѓате сите, тежок ви е периодов, така да и паранојата, и агресијата ти се сосема разбирливи.
     
    На galapce, LivingGlam, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    А што ако Заев го оствари тоа мнозинство кога е истото надвор од Уставен рок и со постизборна програма ?! Како тоа ќе се реши побогу ?! Останатиот дел од мојот пост, не се мои зборови, него на месијата. И не. Ич не беше намерно. Поздрав.
     
  17. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    До коа на полувреме најдам на која бројка е забутана Алсат, интервјуто заврши. На крај го фатив.
    Не знам зашто и од каде ама по она постојано мавтање со раце, говор на тело и однесување ме потсети на енергичниот Сашо-Фактор Икс. Можеби и тебе исто те потсетил, па и од таму впечатокот за премногу енергија (https://www.facebook.com/sasofaktorx/videos/vb.854218744673087/1320255104736113/?type=2&theater)
    И што вика, кога новата влада?:D
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Па нели гледаш бе дека цела држава ни паѓа, странци да наредуваат што и како да правиш, мечката ни игра околу границите, безбедноста ситуација ни е алармантна.... а тебе демек не ти е тежок периодов и не те мава параноја?????
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Ајде и тебе да те прашам бидејки @zoran43m.k не одговори, што мислиш што треба да се прави сега со мандатот?
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    А што ако има избори? Што ако Груевски освои најмногу гласови, кога никој нејќе да коалицира со него за да има мнозинство во парламент за да формира влада? Што сега? Ќе се вртиме во круг?

    Хорхе мандат не даде. Институцијата претседател го прекрши Уставот и излезе од сите рокови. Партиите на време го исполнија условот за добивање мандат.
    Поздрав