По сите позитивни препораки веќе е извесно дека сепак тие се тие што ќе формираат влада и сега ги разрешува по којзнае кој пат недоумиците и разногласијата што се шират последниов период. Претпоставувам дека една од неговите намери е да каже "друштво, разлаз, крај на журката " на дпмне и нивните пиончиња од улиците. Да ја смири ситуацијата.
@LollySky точно се согласувам со тебе ова што го напиша, но овие на улицат мислиш ќе се смират. Па сега ќе се дигнат до небото...нема шанси да се тргнат од улицата, ќе балегаат предавници бегајте во Албанија и со таа платформа што убиваат веќе две недели
Институциите имаат обврска да го употребуваат Македонскиот јазик и неговото писмо како официјален јазик и имаат обврска да овозможат употреба на албанскиот јазик таму каде што има потреба, на локално ниво, односно во општините каде албанското малцинство е 20%. -Изјава на Заев. Ете ја "двојазичноста" што и до сега постоеше.
Се сложувам, верувам дека идејата на Грујо е кога ќе започне со работа влада/собрание, овие од улица да ја нападнат владата/парламентот со што би предизвикале вонредна ситуација, и Иванов би имал изговор да објави вонредна состојба.
На кратко со инка им тура на оние што секој ден излагаат на улица. И за двојазичност и за се со ред убаво си кажува... Само штета што баш тие што треба да слушнат, не слушаат.
Ми мириса мене на тоа, а и натаму оди работата. Овие сакаат да влезат еве сега и заев ама ќе видиме како ќе испадне...
Кој кого лаже и прави будала дека двојазичноста не постоела, стваарно не знам. Само лажни пропаганди и сеење страв. Федерализации, кантонизации, бакрачи... Абе ајде. За толку стока ли не сметаат? За со толку ниско IQ не рачунаат?! Само што, у право се бе. Све дур има овци, ќе има и вуна за стрижење. Само нешто ја не дозволувам една ваква неспособна багра да ми ја вреѓа интелигенцијата. А, и повеќето млади за среќа го имаат овој став. Кој патриотизам? Кој? Кое залагање за Македонија? Која борба? Колку испрани мозоци има, да не ти се верува. И, арно имаше еден твит: Страв им е низ Чаир да поминат, они Македонија ќе ја бранеле. Абе, иди бегај. Па, познатине ми се врв. Мислам океј Калиопи викаше: Македонија нема да ме види! Оти не отишла на Евровизија, па после тоа отиде дури два патиедно по друго. Кајмаковски нели се пресели во Београд? Таму имал повише могучности? Ептен ербап патриот да ти бил. Кирца и ракометот, јер пречекани ко Богови. Ма... Ми се гади, ми се повраќа. А, не можам да одолеам на искушението да не се испукам!
Boze kakvi lugje so svoi ushi slusaat sto se izjavuvaat albanskite politicari , a oni pak teraat sto rekol Zaev.Koj go shiba na zajko celata rabota e sto velit Ahmeti i Selja
Добро бе каде го научија овој стил на зборување. Ама сите до еден, не само З.З. Тантара, пантара. Абе излези машки и зборувај конкретно. Ако не, кревај пантолоните и деф. Еве кажете дали кажа нешто што не знаевме? Кажа ли што потпишал и зошто? Ај да видиме со прашањава сега....
^намерно не глеам. Немам одвишак нерви. На крај сумирано соопштение во една реченица ќе опише се, гарантирам.
Ја објави програмата на идната влада. Кажа дека програмите и платформите од претходно веќе не се битни. Ја составиле програмата и ја слушнавме, истата ќе биде објавена јавно после негово обраќање. Промена на банкноти и амблеми не е Уставно издржана. Побара оваа програма да биде поддржана за да може да се состави влада. Епа појасно од сега не било.
Кога ДУИ зборуваа дека дпмне све прифатиле и имаат писмени докази, тие "може све да зборат, не е вистина". Сега вели не го слушајте овој, видете од ДУИ што зборуваат Абе капата на која страна ви е Мене толку ми е смачено од политика на тв, на улица, на работа, на форум, секаде. Колку и да мелеме, државава стои во место, не ја бива.
Дали ова значи дека треба да има нови избори? Нова програма... Граѓаните гласаа за некој друга програма. едит: ми смета напоменување дека гласало мнозинството за воља на вистината мнозинството гласови беа за ВМРО Јас би им дала пробен период, да мрднеме од мртва точка. Излезат ли со небулози предвидени од споменатата платформа, црвен картон. Промени и те како треба, но сметам дека СДСМ може да бидат по големи победници, од состојбата во која сами се заплеткаа.
Празна слама е цел муабет на "бранење на Македонија". До сега си велев, нека протестираат, демократско право е, можеби стварно си веруваат дека постои некоја закана, секаков народ има. Сега? Да дојде нова влада, ваквите платеници и газолижачи што за СВОЈ ЛИЧЕН интерес ми се прават патриоти овде гитла од работни места. Да биле способни да се вработеле, а не некој за уши да ги влече по митинзи. Што народ, што мрза ќе беа, само штета на општеството.
Истата програма ја кажува... Ја повторува пошто на многумина не им е јасно што се дешава. Битно е дека нема ништо надвор од уствот. Ни пари, ни униформи нема да бидат двојазични... Тоа е измислица на грујо за да излагаат ПАТРИОТИТЕ на улица. Убаво З. З. си кажува, ама кој да сфати... П. С. За што ќе протесираат сега? Ете нема двојазичност... Како да не речеш дека им се испрани мозоците, ако ги видиш дека пак протестираат после се ова.
Нека дојдат тие патриоти што се прават во Тетово. Вработени во јавни установи 80%албанци.Гимназијалците немаат школо каде да учат,во Шемшево името на школото е сменето.Билборди,патни табли,документација секаде двојазично.Влагаш у бутик да купуваш се прави не те разбира и прво добар ден на албански ти вика.10 год Никола зашто не смени нешто од ова??? Приватизација ова она а сабајле на радио кажуваат намалена невработеност на 20 и нешто %.Па ја нз државни фирми има ли? Што не ги разработаат,странски инвеститори со таа приватизација значи придонеле толку вработени да има (што и не ми е реално) Чукање во гради со туѓи пари,кредити.Покачувања на пензии и нз што.А кога ќе дојде да се вратат ќе нема ни за леб а не пензија.Па ќе даваме ние граѓаните за лекување болни деца во странство за 10 000 евра.Нема толку државата.Нз јас како може некој да биде задоволен од ситуацијава во државава.Па нее влада бе само за Ск.ќе се вртиме сеа низ споменицине низ плоштад,ее колку пари пропаднаа а се околу гето.Патишта со дупки,ски центри за никаде,бањи,училишта болници.Страшно навистина.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/ev...spolni-a-ne-gi-prochita-vo-negovata-programa/ Урлам!! Урлам!! Ама за ваква маса од луѓе и ова е малку.