Додека на е објавено ова на уште една телевизија, било која значи, нема да бидам сигурна дека ова се случило. Знаеме дека се мизерни А1, и искрено знаејќи колку се креативни, се надевам и дека ова е уште една од многуте нивни нереални приказни Ќе видиме
Се согласувам, Тито им е спасот, бар се знаеше ред, мир и почит кон предодредениот се имаше-секако заслужена
Патем, реторско прашање: Тој, севажниот сведок, кој го сведочел целиот настан и неговиот расплет, па дури и гледал додека го носеле кутрото момче, зошто стоел како нем и здрвен, а не викнал брза помош/полиција!? Сомнително, многу сомнително... :/ Едит: И каков е тој идентитет, 23-годишниот Даниел од Ѓорче Петров!? Па ваљда дечкото има(л) семејно презиме!?
Оф топик по втор пат, бришете ме ако сакате. Нека се јави една мајка, што не би се зачленила во партија(било која) која би и понудила работа, за да не ја погази својата 'гордост' додека детето дома и седи гладно. Нема смисла да се зборува за патриотизам во време кога државата ни е буквално бојно поле на кое секој бара начин како да преживее. Јас не гласав и би била многу среќна кога на мои скоро 20 год. би била лишена од било каква политика, ама едноставно тоа не е можно. Нема потреба од препирки, секој си гледа за себе, да не се правиме светици.
Па Алфа го тепал, а потоа околу него имало полицајци кои го набљуднувале додека решат што да прават... И во оваа приказна ли барате политички малверзации. Аман човечки живот на наш сограѓанин е изгубен, беспомошно на улица си ја демонстрирал стручноста и силата која треба да ни служи на сите во одбрана на Државата
Од вчера до денес -Уапсен Љубе Бошковски http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=76124 -23годишен дечко претепан до смрт http://tocka.com.mk/index12.php?ID=43047 -Ѓунер Исмаил (публицист и аналитичар инаку подржувач на СДСМ) избркан од станот. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139027 -Поскапување на дизелот http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=76119 Епа тражили сте,гледајте
Ама битно другите горе ми требаа така? Ај сеа на тоа вадете се ако не?ЦЦЦ Све ова треба да го прескокнеме ,мислам тоа што убиле дете е небитно,ама сеа сварно ова со дизелот не ми требаше. Фала многу,молАААААм.
Алфа и полиција се два сосема различни поими, а алфи биле апсени ОД полицијата. Никаде не посочив на политички малверзации, доколку посочив, упати ме. Значи, гледаш како 5-10 минути пред тебе има „крвава“ драма, што ти доаѓа прво на памет!? Да повикаш полиција/брза помош, нели? А на момчето, како и да загинало, нека му е лесна земјата.
За другите веке дискутиравме си ги кажавме мислењата, али, ете, за секакви глупости се фаќате, па дури и за бензинот бе што се сменил. Работава е, завршија изборите, победија ВМРО, дизелот поскап за 1 денар... уааааууу, голема промена, досега нешто невидено, срам да и е на владата. Прашај ги твоите дома , ќе ти кажат дека цената на бензинот се менува на 2 недели, во зависност од курсот на доларот.
Јас мислам дека баш е добро што победија ВМРО, заради тоа што последиците од глупостите што ги правеа во изминатите 6-7 години тек сега почнуваат да се чувствуваат. Огромниот буџетски дефицит,како и огромниот долг на државата кон странство а и многу други „реформи“ што ги преземаа ВМРО, сега почнуваат да ја наплаќаат својата камата. Но, обичниот народ тоа не го знае, ретко кој е научен да размислува долгорочно, па ако победеше друга партија неправедно ќе го сносеше товарот од политиките на ВМРО, заради тоа што народот секогаш ќе смета дека тој што е моментално на власт, тој е крив за моменталната криза и тешкотии, ретко некој да помисли дека тоа се последици од претходното владеење. Така да, вистинскиот виновник е повторно на власт за да си го добие заслуженото. Ќе истрпиме уште неколку години, абре Македонче, научено е да трпи, барем ВМРО ќе си ги сноси последиците. Дури и да се опаметат сега и да почнат да преземаат мерки за поправање на штетите, пак нема да биде доволно ни тоа. Не може за толку малку време да се исправат сите грешки. Инаку мене не ми е јасно зошто Велија е сеуште во затвор??? Сведоци сме на случаи од развиени земји каде приватни компании направиле доста поголем криминал од прикривањето данок, па крајната пресуда им е да исплатат парична штета и до месец - два казна затвор. Башка, што со другите криминалци? Зошто и нив не ги гонат кривично, туку само оние кои можат и ја критикуваат власта. Па и ова со Љубе сега не им требаше...Толку е проѕирно и очигледно. Некако ми изгледа како порака од премиерот до сите оние ки ќе се осмелат јавно да го критикуваат. Па не се само овие двајца криминалци и измамници, премногу идиотски им е ова што го направија. Барем да почекаа малку или пак да уапсат и некој од вистинските криминалци, па да добијат ваквите апсења малку кредибилитет.
Знам многу добро дека Алфите и Полицијата се сосема различни ПОИМИ Првото нешто што го видел сведокот како што кажа е потерата по него од страна на Алфата, и прво нешто што на секој НОРМАЛЕН би му паднало на памет е дека се работи за потера по криминалец. Второто за кое што сведочи и следело е бруталниот ќотек, а тогаш кај секоја нормална индивидуа би се почуствувал СТРАВ и природен рефлексен инстинкт да стои понастрана од опасноста. Третото што го видел биле насобраните полицајци-зошто би викал полиција А на политички сомнежи и малверзации посочи во моментот кога го постави РЕТОРСКОТО ПРАШАЊЕ кое изгледа тебе ти дошло прво напамет откако си ја слушнал оваа "крвава" драма според тебе.
Чудно само на некој во Македонија може да му смета спроведување на законите во државата и борба со криминалот.Затоа сме уникантна нација и уште светлосни годнини ни требаат за да не бидне конечно некогаш.
Ни смета тоа што веќе и не може да се познае дали е политички искреирана или не. А тој што си е криминалец кога тогаш ќе се најде кај што припаѓа без разлика дали е од немоќна политичка партија или е од оние на врвот.