Не ми се верува ова...Синојќа на сред град е брутално убиено младо момче, а не се скренува никаква пажња на тоа...Зарем политичките интереси и суети се побитни од прерано згаснатиот живот...??? Јас сум згрозена од све што се случува во оваа скапана држава... Денес пред пазарчето во Тафталиџе имаше неколку луѓе дојдени од некое село и продаваа јагоди во неколку мали гајбички...Дојде полициско комбе и откако им земаа лични податоци и направија записник, почнаа да ги бркаат и навредуваат како да се стока, а не луѓе...Па зар за една гајбичка јагоди, кои патем се сезонско овошје, да изнајмуваат тезга на пазарот...? Еден од нив им вели на полицајците - ја хранам фамилијата со јагодите , а овој му вика гајле ми е ...Живи греотилаци...Ми се плачеше кога гледав, бидејќи тој период правам пауза на работа и одам по јагоди на пазарчето...Каква иронија, каква неправда - невидена...Цела држава се покраде и најдоа да малтретираат кутри луѓе што дошле јаготки да продаваат и да заработат некој денар...Проклета држава...!!! И кога гледам што се случува, искрено да ви кажам страв ме фаќа по малку...Ќе се обидам да ги смирам политичките страсти, барем малку...
Да ти кажам искрено и мене ме фаќа по малку страв од ова секојдневие, и можните казни кои ти стигнуваат заради јавно искажана кририка, а за ова однесување кое им се може на оние кои се мислат семоќни затоа што преку ноќ добиле работа која не ја заслужиле вистински па си ги лечат комплексите за понижувањата на кои подлегнале за да ја добијат, на невини сиромашни и од негрижа на државата упропастени луѓе навистина ме трогна... Греотка навистина...
http://www.youtube.com/watch?v=OZvOBASt-3c Pogledaj dom svoj, andjele, i skini paucinu s ociju, videces prizore potresne, videces nesrecne i bolesne, videces cemer, smrt i jad. Pogledaj stado, andjele, sve sami bogalji i prosjaci, slepi tumaraju u gomili, svima su kicmu polomili, od tebe ocekuju spas. Pogledaj bagru, andjele, njihova dusa je prokleta, svima su stavili amove, sebi sagradili hramove, ruke im ogrezle u krv. Podigni mac svoj, andjele, seti se krstaskih ratova, seti se preklanih vratova, kad dodjes bogu na istinu, nek ti u dusi vlada mir. Uslisi molitve, andjele, dabogda pocrkali dusmani, pa budi andjeo osvete, neka na svojoj kozi osete, sta znaci beda, strah i bol. Се извинувам за латиницата.
Код: http://www.facebook.com/event.php?eid=150018775070149 Драги членови, во петок 10 јуни во 20.00часот, апелираме масовно да се собереме и во мирен протест да запалиме свеќи за Даниел. Секој има право на избор како ќе го живее животот, но никој нема право да ти го одземе она кое што ти го дариле родителите . Овој протест нема никаква политичка позадина, нема верски основи и не буди омраза. Целта негова е пред се НЕ Е за да се покаже револт кон полицијата, туку да се стопира полициското насилство кое е сведочено од сведоците по медиумите и социалните мреќи. Овој мирен протес треба и има задача да го потикне зголемувањето на толеранцијата кон луѓето. Смртта на Даниел беше немил настан, кој не смее така лесно да се заборави и остави. Ама ако бидеме груби и насилни, тогаш не правиме никаква разлика од оние кои го прават спортивното, од оние кои применуваат сила во спроведувањето на постапките. ТОЛЕРАНЦИЈАТА ПРЕД СЕ!
Јанко јаде бурек. Секој стигна кај нас да прави...емисија?!Емисија ли е ова?!Без концепт,без поента.Ми е гајле мене дали го симпатизира Влатко пошо биле другари,значи од прва заклучувам е субјективен,од втора заклучувам дека не треба да има простор во етерот. И трето...као рече Латас,само проститутки и новинари ко мене и тебе се богатат преку ноќ. И после кој го понижувал народот...
Значи на алфа доволно е да го погледнеш накриво и да те срамни со земјата. Сум била сведок на таков случај,каде дете ни криво ни должно јаде еден добар бокс. Човече не сакаат ни да им објасниш, не сакаат да слушнат што било, тие знаат дека тие бицепсите и трицепсите им служат за потешко да те удрат,а главата..само да си ја мазнат бидејќи им е ќелава. НЕ РАЗМИСЛУВААТ! Детето што даваше изјава на а1,кажа дека се' се случувало за помалку од 3 минути. Исто така знам дека човек отишол да пријави,ама Ивцево не знае, Сител не знае,Канал 5 не знае. Зошто не се знае? Е, зошто де.
Ме изнервира изјавата на еден очевидец. Типот вика : Tој што го тепаше беше висок и корпулентен дечко,па затоа мислев дека е Алфа. Мислам ало,што е со изјавава? Сите високи типци се Алфи? Да не ме сфатите погрешно, воопшто не го оправдувам ова, би ги мачела до крај на живот доколку се Алфи, но изјавава не докажува дека типот бил од Алфите. И не можеме вистината да ја знаеме, можеби дечкото се степал со друг,па така било се? Можеме да шпекулираме. Како и да е,нека почива во мир,и се надевам дека ќе го фатат кривецот,од каде и кој и да е.
Погледнете што има објавено во весникот Вечер. Како бре немаат срам? Каде бре им отиде совеста на луѓето? А каде ви отиде совеста и на некои вас драги форумџики за кои политиката очигледно има поголема вредност од животот? За живот се работи, еј за живот!
Бев сега на протестите на кои се бараше одговор кој е убиец на Даниел. Многу од присутните се сведоци, но им е страв да сведочат заради притисоци и малтретирање од страна на полицијата. Глупаво е да се размислува дека му се слошило и да се лаже народот, и да се шират шпекулации дека сведоците лажно сведочат. А колку за информација, 200-300 луѓе, невооружени кои одевме по улиците, не чуваа оклопни возила и специјалци. ОД ШТО СЕ ПЛАШИ ВЛАСТА? Зошто никој не дава одговор??
СТОП за полициското насилство Za site sto se somnevaa deka e montiran slucajot!!! Ovde na plostadot sega vo momenotov se site drugari na Daniel zaedno da iskazat protest poradi prikrivanjeto na slucajot i mediumskata nezainteresiranost!!! Ne mora TV da vi gi otvara ocite, za informacija koja ja sakate sami ke se izborite! Постот е објавен пред минута. Зар уште постои сомневање дека е монтирано и измислица?
Навистина сум згрозена од медиумиве. Како бе,како им е поважна позитивната оценка за изборите,економските мерки за манифестот, кога кивнал Грујо. Јас искрено се надевам дека на 10ти Јуни протестот ќе биде уште помасовен и дека ќе се приклучат и другите градови. Човек,колку тоа моќно звучи. Драги пртиски новинари и дежурни партиски дркачи освестете се што е можно побрзо идеологијата на вашата партија, никогаш нема да биде повредна од човечки живот! Еден ден може да бидете вие или некој ваш близок.
Oва што се случува е страшно. Наместо некој да се најде да бара некакво решение за тонот проблеми со кои се соочуваме секојдневно, кај вината се префрла од едни на други и се само за подобро да изгледа партијата пред народот и одреден медиум, без разлика што се останува запоставено. Незнам до кога вака, секој ден по нешто ме згрозува и ај како да сакам да останам во државава. А ова со алфите е топтално ван контрола, не им е прв пат да се иживуваат на некого...страшно и осет! ДАНИЕЛ ПОЧИВАЈ ВО МИР...
Имаше креирано неколку страни на фејсбук за мирен простест, и имаше голем одзив, но за жал станите веќе не постојат . Сомнително, многу сомнително.
Групата беше Стоп против полициското насилство и организираше мирен протест,но мислам дека е избришана поради тоа што почнаа партиски да се препукуваат.Којзнае.
страшно е ова луге,страшно!!млад човечки живот е загубен,а се сака да се забошоти целата работа,демек немало пријава,па демек му се слошило на детето,немало знаци на насилство?па има очевидци на настанот бе луге,шо ке направите ке ги заплашите да не сведочат за да се заташка се? во каква држава живееме?држава во која ако имаш грб позади себе,можеш и убиство да направиш и се ке се заташка како да не било?? јас не верувам дека алфата имал намера да го убие детето,најверојатно излегол од контрола,во афект,мегутоа убиство е убиство без разлика на околностите и треба да одговара за тоа а не да помине со некаков укор или суспендирање привремено..и да,алфите и полицијата не се два различни поима алфите се специјална полициска единица и како такви се дел од полицијата..сепак,не треба да се оцрнуваат сите алфи и цела полиција,поради ова...мегутоа она што е за оцрнување и шо е страшно и неверојатно е заташкувањето на целата ситуација,каде е тука редот,законот,одговорноста??зарем стануваме див запад,држава на шерифи и каубојци,каде можеш да убиваш и проагаш неказнето ако си близок до шерифот? и оние коментари ко ги читав,дека се работи за малверзации,зашо не го објавиле со презиме и сл па луге мои загина дете од горче,од наше скопско горче,а не од горче во зимбабве.. колкаво е скопје,колкава е македонија,за 5 минути ке дознаеш дека е вистина..или можеби ке го прогласиме за исмислен лик за да се забошоти вистината..ама пошто неможеме ке објавиме дека му се слошило,а не дека бил претепан..кутрото дете нека му е лесна земја..нашава полиција,нашава влада треба да биде коректна и да го истражи случајот и казни виновникот..во спротивно навистина треба да се запрашаме дали утре истово неможе да се случи на некој ваш близок?дали тогаш ке седите дома пред компјутер и ке велите дека се тоа малверзации?или ке бидете мегу тие што протестираат како блиските на даниел сега?само нажалост созлите тогаш се залудни..
Страв ми е да помислам во каква држава ќе живеам наредните неколку години. Какви давачки ќе трпиме, каква беда..... Да се разбереме, јас мислам дека сите крадат, ама буквално сите до еден од политичарите. Работата е да се краде со усул (не дека е го оправдувам крадењето, ама веќе кога не знаат на друг начин ). Замислете што ќе се случи со нашата мила и мала државичка, штом му оставивме(те) на Грујо простор за континуирано крадење од 8 години. Државата ја краде ќе речат некои (пак ќе речам неписмени), а уствари го краде цел народ. Па, ние бре луѓе ја полниме државата со пари! Мака ми е и тешко ми е за Македонија. Јас, искрено не можам да замислам постојано иселување од земјава. Јас сум навикната да функционирам и да живеам во неа, тоа што и го прават ме револтира. Ќе биде потешко за мене и за тие што ќе останат. Некаде прочитав процес на приватизација, менување на името...... Процесот на приватизација е процес кој морал да се случи. Кога Македонија била дел од машинеријата која работела точно како швајцарски саат (СФРЈ) е тогаш се било плански. Во Македонија имало фабрики со голем капацитет, не поради друго, туку поради фактот што се произведувало за цела СФРЈ и пласманот бил обезбеден. Државава ни се осамостоила без никакви девизни резерви и со многу мал буџет (оскуден). Политиката била префектно водена, одржуван е стабилен курс на денарот, немало голема задолженост на земјата и и одржувана е стабилна и предвидилива економска клима.......за сметка на овие поволности морало да настане состојбата на повисок процент на невработеност. Ако се форсирала ниска невработеност, ќе се појавела нестабилност кај националната валута. Значи, никој не го признава процесот на осамосојување како добро и стабилно дело. Прочитајте, информирајте се, за тоа сме добиле и меѓународни пофалби. Приватизацијата била неизбежен момент. Оваа мала држава нема буџет за да финансира и да одржува фабрики со капацитет кој ги задоволувал потребите на цела Југославија. Каде ќе оделе тие производи??? Сме биле под ембарго (повторно смислена сцена од меѓународниот фактор). Еве една компарација од моја страна. Зар вие би правеле пита иако нема кој да ја јаде??? Секако дека би ја продале. Да бидеме искрени и да тргнеме од логиката- така е. Од осамостојувањето до денес (а богами и пред тоа во рамки на СФРЈ) сакале да не уништат. Овие “амбасадорчиња“ кои ни ги носат во државава, според мене не се ништо добро. Ембарга, забрани, се случи и 2001- ни ги донесоа 300000 косовари а ние си молчевме. Јас, не го сакам Љубе Бошковски, ама и да ги колел и да ги убивал и да давал наредби за нивно убивање- го оправдувам. Беа крвнички убиени и многу македонци кои се бореа, па тоа никој од странциве не го сметаше за злодело . Кои беа тие (борци на ОНА) да дојдат и да бараат права, онаму каде што ги немаат!? Се разбира беа поддржани од западњаците, кои мислат дека се најпаметни и дека знаат се’. Кои прават се’ според некоја однапред умислена тактика за менување на мапата на Балканот, како што нив им одговара. И сега Али Ахмети, седи во фотеља во нашето собрание. Вчера крвнички убиваше наши сограѓани, а денес Грујо прави коалиција со него . Тоа е исто како да му дозволеа на Бин Ладен да стане член на сенатот..............НИКОГАШ немаше да му дозволат! Замислите на западњаците почнуваат да даваат резултати! Албанци насекаде по државни институции. Западна Македонија е скоро 90% населена со Шиптари. Должни сте во сопствена држава да ги трпите како шљапаат глупости со тоа муцките и изиграваат шерифи. Раздорот помеѓу народот е се’ поголем, нема повеќе братство и сложност. Ама тоа е затоа што убаво не уконтале и не пресметале какви сме како народ. Продадена душа за ситна паричка.............. И можеби малку забегав ама многу работи сакав да кажам.