Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Би ги прашала глујо и гоца... :) АКО ИМАТЕ ГЗ ОДЕТЕ И УАПСЕТЕ ГО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, ДА ВЕ ВИДАМ! :devil:
     
    На Kika30 и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    А, замислете го само новиот Парламент, со две македонски коалиции и плус три албански политички партии од кои едната е на Руфи Османи, еј знаете кој е нели. Мене ми изгледа како лош период да следи, али можеби само на мене ми изгледа, но ништо чудно една политичка криза да настане поради тоа што нема да може да функционира парламентот.
     
    На SunFlower94 и FBI им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Fbi мислам дека не беше 2001 кога ги прибраа албанциве од Kосово, малце порано беше, овој Kиро нели ги прибра, сега не памтам многу многу, ама мислам дека беше за ова со Aркан што си имаа проблеми, со србиве!
    и не требаше да останат тука за секогаш, ама ете им се посреќило!
    .....
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Да Лудо во право си за Косовоарите :) коридорот беше на Кирца предлог и така се реализираше.. ама треваше да е коридор, да се спроведат до Албанија, само место Албанија останаа тука. Од тогаш добивме нагло зголемен број на Косовари во земјава, кои си поднесоа документи за државјанство и повеќето си ги добија. Ама таа друго сакаше да каже, воопшто за правдата што ја спроведуваат други држави кај нас. Пошто некој друг ни диктира како да си ја водиме државата.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Којзнае кој стоел и позади Киро. Сопред мене политиката воопшто не е онаква како што изгледа. Политичариве како јавни фаци се “последната дупка на свиралото“, односно мислам дека вистинските раководители на политиката се некаде во сенка и не сакаат да бидат откриени ;)

    На нашиве сигурно им било кажано:“ за да добиете зелено светло за пристап кон ЕУ, треба да покажете демократија и солидарност“ бла, бла, бла. Дај му државјанство на човекот бре “Натали“, што ако бил у’з пат - што би рекол Џамбазов.
    Потполно си ми ја сфатила поентата на муабетот од претходните постови Жабче ;)
     
    На julie77 и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.786
    Допаѓања:
    116.952
    Пол:
    Женски
    Ја песнава за химна би ја ставила. Таман одговара. :x
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    нема косовари што живеат во земјава... има албанци што се родени тука ти зборам од времето на прадедо ми.. не ги мешајте работите..
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    ФиБИ глеј што им направија на србите со Младиќ. Ги насанкаа. Не дека сум за тоа да не се уапсат оние кои извршиле воени злосторства, сум и за од двете страни на воената линија.
    Ама за Младиќ слушавме цело време, во смисла предајте го, (услов како нас името) пак во ЕУ. И сега што испадна... на Србија и испорачаа цела листа работи како со Младиќ кој се уште треба да се предаде ако сакаат. И со ова, владата на Србија губи пред народот, се потврдува тоа дека е предавник, во очите на оние кои милуваат да ја нарекуваат така, кои протестираа против апсењето.
    И се мислам, кога ќе си го решиме името ние, што ли и од нас ќе бараат плус за да влеземе во ЕУ.

    УоманИнРед. Има албанци кои живеат од поодамна во земјава, да, ова е сосема друго нешто што го збориме. За сосема друго време и сосема други луѓе, не мешаме албанци кои биле тука од времиња и овие дојдени. нема мешање има доволно податоци во МВР да видиш и бројки на оние кои побарале и добиле државјанство.
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Точно е за алфите дека се многу безобразни и дека за поглед може да те срамне со земјата. И јас не верував дека се толку страшни, мислев дека цимерката ми во прва година преувеличува и параноизира кога зборува за нив, ама вистина е, сум била сведок на нивното однесување, се затекнав во ситуација да ме прашуваат нешто за некој, ама човече, со таков тон и поглед, да ти смрзне крвта, најискрено :x Значи ова спрема мене, што фактички бев само случаен минувач, ами тешко на тој што го барале.
    И Најтвокер, се случувало луѓето да се сведоци на многу други работи, буквално на некој да му се случи нешто на сред бел ден тие така да го одминуваат без ништо да преземат, а ти очекуваш некој да реагира кога се во прашање Алфи, па макар и не биле Алфи, туку само неколку набилдани тепачи.
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=76147
    Прванов: Име со географска одредница може да предизвика незадоволство во Бугарија

    Ќе поддржиме било кое компромисно име за Македонија, но потрагата по име со географска одредница може да предизвика граѓанско незадоволство во Бугарија- вака бугарскиот претседател Ѓеорги Прванов вчера го коментираше грчко- македонскиот спор за името на заедничката прес конференција со словенечкиот претседател Данило Турк во Љубљана.

    [Прванов: Име со географска одредница може да предизвика незадоволство во Бугарија]

    Одговарајќи на прашање на словенечки новинари Прванов рекол: „Ќе повторам дека ќе поддржиме компромисно име, но морам да предупредам дека тоа може да предизвика тензии и меѓу граѓаните во Бугарија, бидејќи име со географска одредница може да влијае на некој дел од нашата држава. Ќе дадам пример за тоа што се слуша деновиве- име како Северна или Горна Македонија мора да земе во обѕир дека во Северна или Горна Македонија спаѓа и Пиринска Македонија, која е на бугарска територија. Се појавува прашање како ќе се викаат граѓаните од тој дел на Бугарија? Но да ги оставиме нашите пријатели да најдат заемно прифатливо име тогаш ние Бугарите ќе најдеме начин да ја изразиме нашата конструктивна позиција, рекол бугарскиот претседател Прванов.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да да, јас сфатив што сакаше FBI да каже, ама видов дека годината и беше згрешена, затоа се надоврзав со тој дел :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Епа дур не сватиме дека политикава моментална не не води никаде,и дека без ЕУ и Нато неможеме да егзистираме и да го оддржиме легитимитетот на државата,
    сите вака ќе не еб*т.И Грците и Бугарите и Албанците и Србите и сите.
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    мене не ми е јасно што толку сите сакате да влезете во нато и еу.. и онака овие две ке се распаднат во скоро време а и големи и силни земји како швајцарија и турција не се нато и еу па многу силни земји се..

    уште малце и еу и нато нема ни да постојат
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.093
    Допаѓања:
    26.744
    Карактеристики на фашистичките режими
    Др. Lawrence Britt е политички научник кој ги проучувал фашистичките режими на Хитлер, Мусолини, Франко, Сухарто и во уште некои Латиноамерикански држави. Тој дошол до следната листа од 14 карактеристики кои се заеднички за сите нив:
    Mоќен национализам - фашистичките режими тежнеат кон употреба на патриотски мотоа, слогани, симболи и слична иконографија. Знамиња има насекаде, исто како што има симболи на знамиња на облеката на луѓето и на јавните места.
    Селективни човекови права - Поради стравот од непријателите и потребата за безбедност, луѓето во фашистички режим сметаат дека игнорирањето на основните човекови права во некои случаи е оправдано поради „потреба“. Луѓето во некои случаи не реагираат или дури и го одобруваат тортурата, убиствата, долгите држења во притвор итн.
    Промовирањето на непријателите како обединувачка фактор - луѓето го градат заедништвото преку заеднички патриотски занес артикулиран во потребата да се елиминира заедничкиот непријател или закана: расните, етнички или религиозни малцинства; либералите, комунистите, социјалистите итн.
    Надмоќ на вооружените сили - дури и кога постојат раширени и сериозни домашни проблеми, на луѓето со оружје им се дава непропорционална владина поддршка. Вооружените сили и служењето во тие сили се гламуризираат.
    Полово-сексуална дискриминација - владите во фашистичките земји се речиси целосно составени од мажи. Под фашистички режим традиционалните полови улоги стануваат по ригидни. Разводите, абортусот и хомосексуалноста се потиснуваат, а државата се наметнува како краен браник на семејната институција.
    Контролирани масовни медиуми - понекогаш медиумите се директно контролирани од државата, но во други случаи медиумите се индиректно контролирани со владини регулативи или новинари и директори блиски до владата. Цензурата, особено за време на војна, е честа.
    Опседнатост со националната безбедност - стравот се користи како мотиватор на народот.
    Верата и државните работи се испреплетуваат - владите во фашистичките нации ја користат најраширената религија како средство за манипулирање со народот. Религиозната реторика и терминологија е вообичаена меѓу водачите, дури и кога религиозната доктрина е во спротивност со фактичките постапки и политики на владата.
    Корпоративната моќ е заштитена - бизнис аристократите во фашистичката земја се обично оние бизнисмени кои ја поддржуваат владата, при тоа создавајќи обострано корисна спрега влада/бизнис и креирајќи моќна бизнис елита.
    Работничките движења се пригушуваат - бидејќи организираната сила на работниците е единствената реална закана за фашистичките режими, работничките движења или се уништуваат или се потиснуваат.
    Омаловажување на интелектуалците и уметниците - фашистичките земји тежнеат кон толерирање на отворено непријателство кон високото образование и академскиот слој. Не е невообичаено академски граѓани да бидат омаловажувани, цензурирани или дури уапсени. Слободнот академски и уметнички израз отворено се напаѓа.
    Опсесија со криминал и казнување - во фашистичките режими, на полицијата и се дава речиси неограничена моќ да го спроведува законот. Граѓаните често ги превидуваат надминувањето на овластувањата на полицијата во име на патриотизмот. Моќна полиција е карактеристика на фашистичките земји.
    Раширена корупција и непотизам - фашистичките режими речиси секогаш се во рацете на групи на пријатели и соработници кои меѓусебно си ги доделуваат позициите, а ја користат владината моќ и овластувањта за меѓусебно да се заштитат од одговорност. Вообичаено во фашистичите земји е луѓето на власт слободно да ги користат националните ресурси па дури и пари од државните каси за свои потреби.
    Изборни неправилности - понекогаш, изборите во фашистичките земји се комплетно наместени. Во други случаи, изборните резултати се манипулирани со матни кампањи, употреба на политичката моќ за контрола на бројот на гласачи, границите на изборните региони и манипулации низ медиумите. Фашистичите влади типично ја користат и судската власт за да ги манипулираат или контролираат изборите.


    Текстот е преведен според овој оригинален текст на англиски јазик.
     
    На BoaVista, shiningstar, tanja6 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Епа ние не сме силни,тоа е проблемот.
    Кога ќе се распадне EУ и НАТО?За 50 -100 години?Кога ние веќе ако продолжиме вака за 20 години нема да постоиме.Кој како сака не зафркава,на кој што му се ќејфне да си земе од државава нивно си е,и ради тоа неможе Македонија да влезе во ЕУ/Нато дур не ни го даде.
    А па која војна сила ја имаме да не збора,ако не нападне некој,отидовме јабана.
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    МисИндепендент
    Па работата е што за да влеземе треба да решиме проблем со името, за да решиме проблем со името треба да им удоволиме и на Грците... а и на Бугарите.
    Бугарија не од сега шуми за нејзината позиција во спорот :) од поодамна, само малку по така ко со пола уста. Кај и да е ќе се засилат и они.
    Спорот инаку не е од сега, ако бил толку лесен за решавање ќе го решеле на времето, кога ни ја лепнале привремената референца, место привремена нека да била за навека и без тоа така испадна да не викаат.
     
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Тоа е, состојбата кај нас, во добри 90% од текстот опишана.... :x
    И ајде некој нека рече дека во МК има демократија.....цццц...
    Еве и на писмено, и на долго и на широко, симптомите се тие...
     
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ни мене не ми е јасен делот со НАТО и со ЕУ (особено со ЕУ). Тоа е толку нестабилен политички проект кој во секој момент може да се распадне. А ние ќе си ги продадеме сите обележја кои ги поседуваме како народ, самите ќе се помножиме со 0 за нешто што еден ден ќе исчезне и на крај ќе завршиме како никој и ништо.

    А во врска со тоа дека нема косовари во македонија не се согласувам. Знам дека има Албанци кои се староседелци, тие се токму оние кои не поттикнуваат раздор и насилство. Тие се навикнати и воспитани да живеат во заедништво со Македонците.

    И еве Лудото ме корегираше во врска со годината кога ни надојдоа бегалците. На пола, ако не и на повеќе од нив им дадовме државјанство, значи тие се во Македонија и можам слободно да кажам дека тие се оние кои се понашаат како газди и шерифи. Поттикнуваат немир и недоразбирања помеѓу сите.

    Крвни одмазди, матни бизниси.....пред тоа ги немаше овие случки во толкав интензитет.
     
  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Текстот погоре на КуклучкаСк зборува многу.
    Мене ми е чудно зошто не се открива идентитетот на починатото момче?
     
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    А што е „најинтересно“, испадна дека не е никој си таму Даниел од Ѓорче Петров, неговите родители за џабе се извадиле од памет... Ај што се брза со радикални мерки и осудување, туку и се греши во процесот... Ете што ме нервира кај нас како народ, што избрзуваме во многу одлуки... Епа потоа ќе не’ стрижат, не ВМРО, не СДСМ, туку најобични нет-медиуми кои во тепачката да се први и ексклузивни си пишале име, населба и настан од тепка. :@
     
    На Mygirl, Abeja, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.