Добро и дното го одминавме со ова, па каде бе овие се замараат со протести се собрале си уживаат и сигурно велат нека не има по тв ама многу ни е гајле што се слулува таму. Што велам ако им е убаво нека се вратат овде и нека протестираат а не таму..има дно или не????? И во која дупка да се скријам да не го гледам и читам овој срам Јас неможам повеќе..
Каракмишева им предаваше на мои колеги, сите до еден се жалеа дека лечи фрустрации врз нив. Не е добар професор. Тогаш уште не беше експонирана во политика. Беше од партијата на Тупурковски, имаше муабети дека е "бутната" малце за да стане професор. Фрчко ги има едни од најдобрите предавања на Правен. Тоа може секој да го потврди. Тупанчевски исто. Бучко е добар. Камбовски е досаден. Иванов не знам како бил, он предаваше на Политички.
Ги има многу одлични професори на правен:Тупанчески, Силјановска, Узунов, Десковски и Десковска, Бачоска, Ѓоргиевски... Од подмладокот ги имаш Доковски, Ристовски, Шапкова, Прешова... и секако Кртолица <3 Поентата ми е дека дури и да имаш врски (што се сомневам дека во 90тите имала) треба да си квалитетен за да останеш. Јас лично а и еден куп други колеги имаме супер искуство со Каракамишева. Жената супер предава и е ептен коректна со студентите, нема врска тоа дека лечи фрустрации. Со неа можеш отворено да дебатираш и воопшто нема да ти замери (unlike некои други со ептен набилдано его). Кажав и ќе кажам уште еднаш не се согласувам и не ги поддржувам нејзините ставови и искрено ми пречи што е премногу експонирана во јавноста (и многу често за теми што не се од нејзината област) АМА како професор за нејзините предмети супер предава
Кртолица е асистент на политички систем (баш на Каракамишева предметот ) 4-5 пати по ред е избран за најдобар асистент на правен Да ти е ќеф да му одиш на предавање! Човекот е капацитет, а попринципиелен, поскромен, покоректен и пофин од него нема! Буквално на неговите предавања те тера да мислиш дека дури и ти како поединец можеш да промениш нешто во државата/светот ! Се надевам дека некој ден ќе го видам на некоја висока позиција во државата, заслужува! Го испофалив ама го заслужува секој збор!
Eve koj dakal da bide premier na vlada na R.M Samo so kriminalci se druzi , de Caus , Veruseski ovoj onoj koj ti ne
Јас колку што чув на бомбите цела влада била/е полна криминалци. Еднаш не те чув да кажеш за нив - лелеле украле милијарди со Кинезите, премиер сака да биде. Како бе вака селективно ги "мерите" политичарите. Не е за оправдување овој на сликава, ама да ми простиш и криминалите на тие што ги браниш не се за потценување.
Бидејќи немаше двојазичност низ цела Македонија Да ги објавам сликите на Булеварко Следува брза реакција од патриотите
Грујо криминалец Јанкуловска криминалец јанакиевски криминалец Сеад Кочан криминалец и љубител на старлетите Сораја и Станија ( неиживеана работа) И кога ке се сликаат сите заедно на една слика , излегува тешка криминална банда !!!
Точно така, сите овие се криминалци, но барем дополни ја листата со уште едно 50 тина души барем...убаво ќе беше за оваа наша држава само овие 4 ица да правеа криминална банда
http://a1on.mk/archives/716868 https://www.facebook.com/a1onmk/videos/1276055459136715/ Грујо изјавува "Мерката притвор се изрекува често.Тоа е препорака на европските судови. Вие сакате да извршите притисок врз Владата, да таа врши притисок врз судот за да не се изреќе мерка притвор за Велија и А1“ п.с. не му го прави на другиот она што не сакаш тебе да ти го прават. шифра „оној што вози сеат“
Е па нели Зајко ветува искоренување на криминалот Па како да му веруваме после сите негови фотки со другарите со криминално досие! За ваква ли демократија се борите отепајте се ако мислите дека ова е според вас Океј ( Добро)
А бе мене гајле ми е за Зајко, како да ти кажам. Јас за народов кој мисли ко тебе сум запрепастена. Како бе може да не те тангира криминал за кој јасно и гласно си чула дека постои?! Како може да не те засега "независно" судство по тефтерче на Гордана?! Како може при очи слеп,а да си? Тоа не ми е јасно, жими се! Што е битно дали е Заев или Грујо? Што е битно од која партија е? Албанец, македонец, турчин, сиромав, богат?! Криминалец е криминалец, независно од партија, независно од политички убедувања. Со ваков народ, криминалците се сигурни во државава. Едит. Со цела жустрина со која го "судиш" Заев, треба да удриш и по другиот.
Во овие 100 години на власт барем едно прифатилиште за улични кучиња да направеа... Ем нови работни места ќе се отвореа, ем ќе можевме слободно по улици да одиме. По илјадници напади на ден има од скитници. Најнова вест сабајле нападната жена во Струшко од скитиници... Пред малку 4 год. дете почина од скитници... И уште едно дете нападнато ама пуштено е дома. Ама зошто да прават прифатилиште кога не осетиле на свој грб како боли... Мора шмизли по улици да има и пензионерите да шетаат на викенди бесплатно. Епа нека му останат во земјава само споменици и пензионери... Едно нешто не направи арно за младиве. За во здравството да не коментарам... Пред некој ден починаа двајца од Кочани (или не знам од каде) пошто им се расипала болничката кола додека ги носеле во Ск... Сега читам животот на дете од Охрид бил загрозен пошто исто се расипала болничката кола на пат кон Ск Ејјј во кој свет живееме? Болнички коли на сред пат се расипуваат, пи болници бубашваби шетаат, за доручек една кришка со молци им даваат... Племе во Африка не ни е рамно... Па се буните за Европа... Ма каква Европа со вакви дегени. Одете на улица протестирајте.