Колку треба да ти фале во глава да го ризикуваш животот на сопственото дете знаејќи колку опасни може да бидат протестите
Треба родителите да направат, Меѓаши можат само да апелираат (што веќе неколку пати го направија го направија). Целата одговорност е на родителите, каков родител си ти ако детето го водиш по протести? И да не бидат опасни, галама, бука, полицајци, специјалци... Целото искуство може да биде застрашувачко и трауматично.
Реално нема зашто да се м'кнат деца по протести кои што ајде не ги условуваме како партиски, ама делумно се партиски Истото важи и за Шарената револуција , сега да бидеме реални дека и Васиљ и Зекири си ги мкнеа децата. Колку што беше Непартиска Шарената ( А делумно беше , не дека сите беа ради партија, но имаше удел и тоа) Толку и овој протест е партиски (сигурно и тука се и непартиски луѓе кои се согласуваат со тие мислења за протестов) Ама ни во едниот ни во другиот случај не треба да се плеткаат малолетници, посебно па деца од 8-9-10 години. Мое мислење.
Шарената револуција беа партиски, се разбира имаше дел кои беа таму непартиски, ама со тек на времето тој удел се намалуваше. Исто и со овие, нормално дека не сите кои се присутни таму се партиски определени, некои се таму затоа што навистина веруваат во идејата зад протестот и ја подржуваат. Курир пишуваа за злоупотреба на децата за време на шарената револуција, сега се фалат со злоупотребата на деца. Шарената револуција на неколку пати апелираше да не се носат деца и миленичиња, овие се фалаа со децата, цел протест организираат околу нив. Си ги фрлале децата мечињата, кое дете самоволно ќе фрли играчка? И Васиљ, и Зекири, и сите овде што си ги однеле децата на протест, сите треба да се запрашаат како ова влијае на психата на нивните деца. Дали детето им е помалку битно од нивните политички цели?
^ Тоа ми е муабетот, и двете страни кога истото ќе го направат - Убаво е, за гордост е, а спортивната кога ќе го направи не, лошо е , се расправаат меѓусебно! Објективно треба да гледаме на работите, дека на деца од школска возраст местото им е во парк да играат ластик, а не на Шарена револуција, или пак Протест за Македонија. Неисправно од двете страни, без разлика за кого станува збор.
Da ne gi sporeduvame sarenata i ovoj karneval vi se molam, se osekam navredeno. Partiskata involviranost vo sarenata bese daaaaleku pomala od ovoj karneval. Jas licno se sekavam koga vo obrakanja se spomnuvase imeto na Zaev i tolpa narod izvikuvase "UAAAA" a ne "Takaaa eee". EDIT: Partiskata involviranos vo sarenata vo najgolem broj se sveduvase na simpatizeri na SDSM samo poradi omrazata kon VMRO. Ne postoese partiski fanatizam kako sto postoi kaj lugevo nakloneti kon VMRO.
^ Јас се согласувам дека помалку партиска беше Шарената,тоа и го потенцирав ама не се согласувам со носење на деца по ниеден основ. Сепак тогаш па имаше и турканици, препукувања со полицијата ако ви текнува, и дете да носите во тие услови? Мислам дека не е коректно
Да не се правиме луди сега....и Шарената беше париска, ама далеку помалобројна. Таму неможат членството да го притискаат по разни ,,основи,, како што може владеачката партија.
Точно, да не беше и Шарената револуција партиска, немаше главниот активист Павле Богоев, да стани пратеник од редовите на сдсм. Повеќето луѓе кои одеа на шарената, а не беа партиски вклучени беа разочарани кога видоа кој се е во првите редови таму. И уште поважно, кој се декларираше за херој. Немаше да го знам ова да не бев дел од неа, за краток период. Потоа сфатив дека не сакам да одработувам за никого, без разлика дали е позиција или опозиција.
Тоа е жалната вистина кај нас, врти го сучи го, или едниве или другите ќе имаат корист. Јас мислам доволно им беше на едниве,Малку да се пробаат и другите, па да видиме чисто промена Иначе за сите хејтери, пукнете 'Прдиш ли мирно Талевска Ивона'? Врвот на досетките со ѓаките! Ама јас мислам дека гаќи и прслук станува збор, нАли долен веш тоа се подразбира? знали 250е од парче , скромно е тоа шо се буните па јас не знам??
Поентата беше што тие ние оние што протестиравме во шарената револуција не добивавме пораки и уцени за да протестираме , протестиравме за правда ! Не за одбрана на криминал и да си го спаси газот некој од затвор ! И шарената револуција беше многубројна на улиците за разлика од бранителиве на криминалот , и не беа платени автобуси од други градови туку самоиницијативно , ниту на куртон телевизиите ги даваа шарената револуција , само од негативна страна беа прикажани ! Абе како им дава душата да бранат криминал , зарем не им е криво што едвај крај со крај сврзуваат а некој троши 500 е на гаки ?!
^ Точно е тоа дека обичните граѓани што искочија никаква корист немаа, тоа е општо познато дека од ќеиф искочија, збориме за тие на врвовите, ете Зекири го ставија и во собрание ако не се лажам, Секој има корист некаква. Не дека и Заев јас го сакам 100 пати сум го кажала на форумов, ама сметам дека заслужува една шанса, сепак е редно да дојде до промена и да се докаже и покаже колку може, ако може се е тоа под знак ? Муабетот за двата протеста беше за децата, никогаш и за ниеден протест без разлика дали е Партиски, Непартиски, Сдсм/Вмро/други ... не би поддржувала мкнења на деца малолетни. Тоа мислам дека не е во ред.
Тоа со децата и сами кажавте дека се деца на функционери, според мене нив влакно нема да им фали. Дојдени се тука да ги сликнат неколку пати и ајде дома. Ме заинтригира за тоа со Заев, со многу луѓе кои се членови на сдсм го имам правено истиот муабет и сите имаат ист став. Заев не е способен да се справи со ситуацијава, ја нема таа решителност на Бранко да оди до крај. По самите изјави кои што ги дава делува како е да малку подуплашен. Го нема политичкото искуство на Бране и да си бидиме реални, од кога настана политичкава криза, па се досега ништо се нема решено. Не ја бранам криминалнава банда од вмро, ама ако сме себекритични треба да ги кажеме недостатоците и од наша страна.
Многу многу разлика има меѓу Шарената револуција и овој циркуз што се случува денеска. Шарената револуција првично почна со онлајн повик на незадоволни и гневни граѓани да излезат и да го изразат својот револт против партизираната држава и кој неочекувано доби голема поддршка. Со тоа што стана делумно партиска кога Сдсм јавно го поддржа настанот и се приклучи кон неговото организирање. На главниот протест, имаа излагање тотално независни лица и се збореше за унапредување на општеството и барање правда, никој не мешаше ниту спомнуваше да се поддржи одредена партија. На крајот им се остави простор на сдсм да кажат збор-два и верувајте повеќе од пола дојдени си заминавме кога политиката почна да "збори". На страна секојдневните апели, да не се носат деца и миленици со нас на протестите секој ден во 6. Ова што денес се случува е апсолутно партизирано, нема апсолутно независен елемент, додека вемеро се оградува од неговото организирање. Што е небулоза сама по себе. Целата оваа шарада од распеани славејчиња, игри и танци без граници е далеку од спонтана и независна од партија, која нема муда јавно тоа да го признае. А најголемата разлика, шарените бараа правда и слобода, а денеска овие бараат диктатура и тоталитаризам. Ние се боревме за слобода на мисла и говор, за слободни институции, за непартиски вработувања, за пад на режим, а овие се борат за слобода на 10 луѓе кои треба да си лежат. И тука нема споредба. Ниту компромис.
Aj па и ти, тие за викенд и се,така за посвечено вака за преку недела нешто од 100че,скромно поевтино...
Овие од власта се си присвојуваат дури и технолошките достигнувања на Новатв ги слушам "кога СДСМ беше на власт граѓаните во 2005 имаa само 4GB месечен интернет traffic, со поспора интернет брзина од денес. Во време на СДСМ само 27,5% имаa компјутер/лаптоп пред себе денес тоа е 87.9%, Во време на СДСМ постоеше само Телеком и Космофон, денес Vip, One, Телекабел, во време на СДСМ граѓаните немаа сите кабловска телевизија, денес сите имаат" ?!?!? Еве ПАРОДИЈА: Иво Ивановски: Kога дојдовме на власт во 2006 беше Windows Vista сега е Windows 10 http://www.kozanostra.net/ivo-ivano...oft-koga-dojde-beshe-vista-sega-e-vindous-10/
Нема споредба помеѓу Шарената револуција и лудилото што се случува сега. Шарената револуција ја поддржаа слободоумни граѓани што се бореа против криминалот и диктатурата, а сега имаме изманупулирани индивидуи, послушници со сомнителен коефициент на интелигенција што излегуваат од штабовите за да си го бранат вождот што им е потонат до гуша во криминал. И тој во овие заблудени луѓе ја гледа последната сламка на спасот. Тој игра на картата на национализам и лажен патриотизам знаејќи дека простиот народ на тоа најлесно се пали. Провоцираат за да предизвикаат конфликти и немири зашто поинаку паторот нема шанси да си го спаси газот. Мислам дека сите ја знаеме разликата. Грев е да се споредува едното и другото.