А кога го ставија од вмро да биде министер за одбрана на Македонија тогаш не беше животно? Мора компромис да се прави со сите, и тоа е тоа...
И тогаш беше животно.И тие што го ставија на таа функција беа уште поголеми животни.Не скокај одма, јас најмалку сум за вмро.Ама овие што ќе праат влада сега( ако прават) не треба да се исто животни ко сегашниве. И преку со тој компромис веќе.Малцинство од едвај 15% и едвај 15тина пратеници вкупно да ни диктира правила? Па шубо си кажваме компромис треба , да попуштиме треба.Нека си побарат и премиерско место, али ахмети совршен е за таа позиција.Господ да чува.
Овој лик го видов пред некој ден на улица... Ама е уфилман пустиот. Многу е компетентен да збори како тоа феминистките биле грди Лепотанот на мајка
Ептен, дури неколку пати се свртев да го анализирам... До лепотата е. Инаку гледам сеа Сител, овој ВАЛЕНТИН шо се затнал така у тоа гласот зарипнал цел, да не се дерел многу на протести
Не скокам јас, само ти одговорив убаво Млацинство се ама моментално му даваат поддршка на Заев за да формира влада, па нормлано дека ќе бараат нешто за возврат. ДОсега ти лично нешто осеќаше на своја кожа дека албанец бил министер за одбрана? Не. Па така и сега нема ништо лично никој поединец да осети....Камо среќа да ги зголемат платите, да ја вратат ефтина струја, да укинат екстерно и слични глупости...Па кој кај сакаат нека местат. Битно е кон подобро да тргне државава... Грујо им даде замав нив...им даде министри, пратеници, па не може сега скрос да исчезнат...И тие живеат тука...Тука се родиле, и што може да правиме? Во повеќе држави има разни народи, религии, политички и верски убедувања...Па супер функционираат. Додека не се направи попис, вака ќе се тера....Инаку пак војните...
Овој Зоки е бе Не му кратам на Љепота, арни си се сите...и политичари, и норвинари...нема грди...Само позитивци и негативци
Ваљда УСА, кај децата и бившата жена. Ама можеби планира бегство во Аргентина, еднаш во емисија кажуваше дека сакал да живее таму.
Фирерот на Малта ќе оди. Што па, Џорџ можел да се шета, он ли не може. Го слушам овој Димовски на Топ Тема некни, упорно снимките се сечени, лепени, монтирани, креирани. Овој водителот го прашува едно, тој си вергла друго... На едно прашање не одговори. Како знае баба, така бае. Си кажува тој што си сака, да не е будала да кажува што го прашуваат. Еве, слушам вести на Телма. Мексикански инвеститори се на ред, они ќе не оправаат. Индијците не ги сакаме веќе. Последен пат мексички потенцијален инвеститор во земјава бил 2012та год. Нормално, никогаш повеќе не се вратил.
Каков албанец за претседател на Собрание бре?Мене крајно ме нервираше и сметаше тоа што вмро ставија Албанци на клучни министерски места како одбрана,образование,здравство и не знам што и плукав по вмро и плукам и не можам да ги смислам.Ама и за ова сдсм ќе ги плукам.Ако не и претседател на држава нека е албанец,па шо. Немам ништо против албанците,напротив многу пати сум ги бранела и сум била сведок на соживот.Ама ја претераа. А кој ни е крив, ние сме тие што меѓусебе ќе се испотепаме.Класичен пример,двајца се караат третиот користи.
Ги гледате овие какви блокади прават на седница? Сите пратеници од вмро се јавиле за збор, па на секој збор уште 10 души се јавуваат за реплика Значи страшно. Тој пастирот замина некаде у пм, а на другите им наредил да задржуваат време Ајде опозиција се после 11 год па тешко им е сфатете ги.
Овие не се нормални! Нека им е простено се досега, ама за ова сега што го прават во катран да горат! Небитно која партија се, нелуѓе се и тоа какви нелуѓе! Само да се саботира!
Пастирот да ги врати парите, па после нека крши глава кај сака. Пармалентарни избори ќе има, секако, ама таму некаде 2020. Сега си има мнозинство и како и во секоја демократска држава, следува формирање на влада. Се` што прават е очајничко купување на време. Нормален е стравот од ќорка. А и не можат да се навикнат дека се опозиција. Убаво викам јас дека дпмне е најголемото зло што ја снашло Македонија. Се закачиле како крлежи и не пуштаат бе, никако. Кој има слабо памтење, нека си ги слуша секој ден бомбите, за добро утро. Немаме за леб, трошиме за чоколада.