Груевски со телефонска сметка од 3000 евра, сигурно пробувал на соговорникот да му каже: На врх брда мрда врба. Твит
Партиските административци тукушто добиja наредба под итно да одат пред Собрание. Вероjaтно насилно ке влегуваат внатре. Избегнуваjте го тоj реон.
Ех... Луѓево низ светот нови раси и нови планети откриваат, а ние што правиме. Абе може онака ги викаат за на протест ко секој ден, или баш со тие зборови кажаа дека таа глупост ќе ја прават? И што кога ќе влезат? Грујо ќе им обеси орден...
Сега читам на некои портали: ВАЖНО ВАЖНО! Сите во 5 саат пред Собрание... Додека се групираат вака, државава не може да мрдне од мртва точка. За сите овие месеци што задржуваат време и додека го бранат криминалецот Н. Г., новата влада можеше да пушти стипендии, да ја укине скапата струја, да укине екстерно и да почне да ја зголемува платата. Па ако не им се свиѓа работата на новата влада, тогаш пак ќе има избори и ќе ги смениме сдсм... Овие ни шанса не им даваат. Протестираат зошто за претседател на собрание ќе го ставиле истиот човек што тие го ставија министер за одбрана Логика слабо. Ама кој да размисли. Закржлавени мозоци.
Во мегувреме си преперуваат парички, купуваат фирми со крадени пари, да се намести уште некоj тендер, целава гужва е ради парите и бизнисите на фамилиjата и тие околу нив. Ама на коj да му текне. На тврдокорнине патриоти на позив сигурно дека не им текнува.
NASILNO ke se IZBIRAL prtsedatelot na sobranie. Dali e do mene ili pridavkite od zborovite "nasilstvo" i "izbor" ne odat zaedno vo ista recenica?!
Jas mozam da priznaam deka veke nisto ne mi e ni jasno. T.e. aktuelnava pozicija poveke voopsto mi nema smisla so svoite biseri na mudrost i dela. Dali ke saka nekoj ljubezen vmrovec da se najde i da mi objasni koj e aktuelniot stav na vmro, osven deka sakaat izbori? Sto so tie izbori? Sto mislat deka ke pridobijat i kon sto celat, osven da izbegaat od drzavava? I uste pobitno sto so sjo i negoviot mandat?
Ситуацијава е змија да те апне или магаре да ти го бапне. Или докажани лопови да владеат или овие предавници на нацијата да владеат. И да, да нема заблуди, да прифатиш ваква платформа, после избори, што ја поткопува позицијата на македонците во сопствената држава, е еднакво на предавство. Следно, немам сумња, одма ќе го сменат името. Ќе им прифатат какво сакаш име. Јас им давам предлог Апсурдистан. Нема подобро.
Си слушнал за референдум? Како ќе сменат име на држава, кога име се менува ако гласаат мнозинството народ? Стварно не знаете како се менува име на ДРЖАВА? Вие мислите така е тоа... Му текнува на некој човек преку ноќ и ајде ќе го менуваме името. Плус платформата е прифатена од вмро прво, па сега и сдсм мора по истите стапки да оди, инаку нема поддршка од албанците за да формира влада... Значи го почнаа орото вмровците и нема назад. П. С. Едно исто се врти и по форуми и по тв и насекаде... Не знам како не сфативте досега.
А од името не го даваме стоиме во мртва точка со години. И што ако го смениме. Еве објаснете ми, што вас лично ќе ви смени тоа? Не го разбирам тоа удирање во гради ко мислиш којзнае кое државиште сме, па името не го даваме. Туф туф.
Што да слушнам за референдум бе златна, правник сум, знам како се менува - со двотретинско мнозинство, не со референдум. Референдум ветуваше Грујо колку да не биде на негов грб одговорноста за таа одлука. Не е законски услов за промена на името.
Токму така. Јас не знам ни зошто држава имаме? Сите тие илинденци комити партизани бранители од 2001 изгледа биле најголеми празноглавци. Стотици загинати и ранети за што за државичево па и за имево јакото име и јаката држава. *WARNING ИРОНИЈА* Дефинитивно најголем проблем во државата е нискиот степен на национална свест. Ако немаш почит за својата нација и држава немаш почит ни за себе. Во ред, од друга страна не се знае со кого зборувам од другата страна. Можеби со некој потомок на колаборационисти од втора светска војна, доушници на турците или едноставно со некој што не е Македонец.
Без народот ништо не може да направи... Устав како ќе променат така лесно преку ноќ. Не е можно тоа. Одма народот ќе го сменат и зајко и рајко. Додуша убаво членката погоре вика... Што ако го сменат името? Јаките патриоти и јакото нешто ќе го пазиме. Што ќе осетиме ние на своја кожа ако се вика Северна или Јужна? Може само ќе мрднеме малку.
1. Објасни ми како ја добивме референцата ФИРОМ? Дали не беше преку ноќ и дали некој беше прашан? Па не беше тоа така одамна да заборавите. 2. Ова се само шпекулации а и да е така никој не го обврзува СДС да продолжи на некакво наводно оро. Од друга страна дакт е дека Заев пред избори во Швајцарија ветуваше надградба на рамковниот, двојазичност, поголеми ингеренции за општините и тн. Тоа беше уште пред да се објави оваа т.н. платформа. Ако мислиш дека ова е се случајно тогаш немаш сенс за политика.