Е ова не ти требаше. Дал запнал Бранко,дал запнал Грујо,избори кога тогаш ќе се случеа.Дали ќе беа предвремени или на време,не прави разлика Работава Бранко е крив што на комшијата црешите му ги украле децата од мало.
Уф знаев дека смртно ќе погодам некого Па да не беа предвремени уште некое време ќе си проживеевме на раат
да коалицираа помалите парти со СДСМ или тие сами да се здружеа ќе беше поинаку, ама сите инает едни на други водат, така е кога работи егото нека ни е, а ние македончињата кој си можеме и доколку имаме среќа, како кажа ФБИ куферите и ајт си пријатно драга домовино! инаку и да имаше регуларни избори исто ќе ни беше кога сите водат инает, сложна држава мостови гради а вака нема ништо, ќе си трпиме. и да Господ нека и е на помош на Македонија!
Колку ќе беше тоа “уште малку“ ??? Мислам дека не беше доволно. Еднаш не се научивме на работите да гледаме подолгорочно. Па утре моите деца ќе треба да живеат во државава Ако вака продолжи, почнете да си учите албански.......аххх македонски политичари. Ве изиграа и тоа убаво, баваму-натаму, на две-на три, си го сместија они газот на чекор пред целта. Да ве видам дали мирно ќе спиете сега?!
Мразам политика од дното на душата. Политичарите уште повеќе. Едно имам само да кажам, се извинувам ако некој се најди навреден. Кога се затвораат очи и се оправдува крадење на пари, ајде пари се. Кога се затвораат очи и се оправдува лажење, ајде за некој едно е вистина за друг друго. Кога се затвораат очи и се оправдува се поголемата невработенст, ајде работа е ќе се најде друга. Но кога се затвораат очи на убиство?! На човечки живот?! Ова. Се падна на такво ниво, да се бараат оправдувања за убиство... За убиство еј! Ќе се оправда дури и такво нешто само за да се величи политичарот... Читам и не можам да верувам. Не сум разочарана од политичарите, итри се. Спротивна е ситуацијата кај тие што го оправдаа ова од пред некој ден за нив. Немам зборови, не сум изреволтирана... Ова е некоја мешавина на грди чувства, грди како крај на свет да доаѓа.
Јас мислам дека сега Грујо нема паметно да изигра, и ќе се согласи со условите, само да остане на фотеља. А притоа нема да го земе фактот дека и тој има дете, и каква иднина имаме ние? Искрено да имам можност бегам подалеку од тука. Е бе до кај стигнавме, во 2001 ни ги убиваа татковците, сега министри во влада
Овие албанциве немаат памет, абе а да си побараат и државата комплет да им ја дадеме ако не. Ако се будали ВМРО нека им ги исполнат условите, ако не поново на избори, па македончето ќе размисли како и за кого ќе гласа,а овие нашиве нека продолжат да се делат и напаѓаат едни со други.
Му е гајле на Груевски. Сигурно во секој момент може трајно да се исели од државава и да има капитал за функционирање и надвор од неа..........
А што мислиш, ако има пак избори ќе бидат поинакви резултатите? Секој ќе си гласа за истите.. Да се надеваме само дека ќе се договорат некако, би било супер ако има шанса со некоја македонска партија да коалицираат вмро. Абе се, само нивните услови НЕ!
На кратко, си се насанкавме самите себе си и сега ни нема спас. И дури и сега во вакви моменти, посебно ако се разединиме уште повеќе и бараме вина едни во други.. ма има уште полошо да поминеме, пошто да кажам дното го стасавме.. кармата увек е тука да те потсети дека можеш со лажица да загребеш и подлабоко. Малите излегоа сами, пошто уверени ќе добијат свои мандати и така ќе се поголеми, побитни кога ќе се соединат со победителот, па ќе преговараат за битни министерства... еее останаа сами и пропаднаа сами. Оставки на лидери?!? Не ги спасува и без тоа се надвор од парламент што фајде од оставка дури. Големите им ги лапнаа гласовите на сите мали и сега топтан топтан ќе си играат. Дали владата ќе биде ВМРО-ДУИ или СДСМ-ДУИ-ДПА веќе мислам дека нема да е ама ич битно. Ни претстои грд за државава период, многу прашања кои ќе ни р’чнат во раните ќе се решаваат и нема како да се избегнат. Пакувам и јас куферите и одам во Зимбабве.
Зимбабве - болести неизлечиви - животни смртоносни - глад - 50 степени - закон климав сигурна си дека ке идеш? мислиш во другите земји е подобра ситуацијата .... - седи и бори се тука...
во парламент се вмро-дпмне, сдсм, дуи, дпа, и ндп имаат 2 пратеника, со кои помали македонски партии да коалицира? единствени македонски партии во овој парламент ќе бидат сдсм и вмро дпмне
Незнам денес дали гледавте вести, сите чекаат образложение, нешто од премиерот за смртта на детево сепак додека тој славел на плоштад, на неколку метри убиство се случило, тој отвараше ВИРТУЕЛНО СЕЛО незнам дали да се смеам или да плачам.
Јипман ццц еј Зимбабве е мој сектор цц сиромаштии, болести, екологии си се наоѓам јас таму без гајле една од желбите е Шала на страна. Борбата требаше да ја имаме пред избориве за жал. Што е тука е, набрзо ќе видиме што ќе биде. Секако многу толеранција не смее веќе да се дозволи кон никоја влада, ничија гарнитура.
ФБИ, и јас истото го помислив кога ги прочитав условите на Албанците и во каква незгодна положба се наоѓаме сега, си реков, спасот е само во напуштање на државата... А верувајте, до сега никогаш не сум помислила за живот во друга земја, ама ете, тоа беше првата мисла кога го прочитав тоа...
Абе албански партии мора да има. Ако паметите секоја битна работа во државава од конфликтот навака се решава меѓу релевантните партии кои секогаш вклучуваа две партии ДУИ и ДПА, па влезе во игра и Селмани дури.. последно мислам дека беше за Изборниот законик вклучен.
Ај те молам напиши ми 1-5 држави во кој ти го гледаш спасот за бегање од Македонија и живеење во тие држави па утре ке ти пишам одговор ај те молам озбилно да ми напишеш било тука било у лп