И се' само Грујо и компанија да спасат глава Новинарката на 24 вести со плачење известува, а баш е силна жена
Really?! Нели сте патриоти бре! Па ги згазивте бранителите од 2001 со тоа што го поставивте за министер за одбрана. Знаеш ли ти воопшто што значи министер за одбрана? М?
Груевски нема ниту храброст, ниту лице. Кој сака нека е на власт, ако Груевски повторно стане премиер, јавно кажувам дека ќе си заминам од земјава. Иднина нема.
@ludoto19 не е баш облеан со крв, не му е ништо, една мала сутура па дали и тоа треба. Далеку од облеан е. Не преувеличувајте
Вас ви е жал за политичарите таму? Мене воопшто не. Нека удрат и по другите. Доста тие удираа по нас.
Замислете како им е на семејствата на пратениците што се внатре. Секој момент очекуваат некој нивен близок да излезе со пукната глава ко Заев на пример.
Ќе си одговара секој што е вмешан во ова...директно или индиректно.... само жал ми е за оние четворица што го изедоа на скалите... Претепани пратеници од стадо....ова го нема ни во Африка...
Оф леле, добро има капка крв Значи не знаев како да се изразам, облеан ми беше најприкладно затоа, не дека умира чоекот
Нормално дека ми беше гајле, и тогаш не се согласував, ама сепак, за разлика од претседателот на Собранието, министерот за одбрана не е втор човек во државата. И никого не бранам јас, сакам СДСМ да формира влада, ама не се согласувам со овој избор за претседател на Собрание.
Сам си е крив Заев за тоа, апсолутно сами си се криви Сдсм и коалиција , прво 2 ипол години криза не научи како работат вмровците, второ очекува дека ќе донесе претседател на собрание и дека овие нема да влезат, мислам хелоу, каде тоа мисли дека живее. И ептен ми е жал што некоја стока необразована и насилничка може да се шета низ собрание а јас имав желба да се прошетам толку години....
Еве ги тврдокорните од Лисиче кинисаја накај собрание Ги слушам со колите свират ли свират. Пу, празноглавци!
Пред некое време ме правевте будала кога кажував дека ова ќе се деси. Да не добиеше толку гласови сеа ќе седеше дома,а немаше да собира муда и да се спротиставува на народот.
Emy867 абе дај немој на мене “срам да ви е“ не ми испревртувај тука муабети! Само поправив тука јер стварно зборот не беше на место. Не се замарај со мене у иднина ке те молам.
Епа и албанците имаат барања. Ако сака Заев да формира влада тогаш мора и нивни луѓе да става на поважни функции. Инаку нема врска што е албанец претседател на собрание... Секако ние никаква промена нема да сетиме, исто ко беше и министер. Сега викаш е втор човек во државата, а тогаш беше ТАТКО на безбедноста во земјава... Министер за одбрана... Можеше кога сака да ја уништи земјава... Можеше да пушти туѓи војски да ја нападнат земјава и слични работи. Ама не се случи ништо. И тој е човек.
Да, треба да ти се срам, а не да скокаш па дури. Не бил облеан, преувеличување било... Така се почнува, небитно колку капки се...
За мене има затоа што на албански ке се обраќа. Не го сакам тоа. Македонија е ова со македонски јазик. Мене тоа ме нервира и не го сакам, убаво што паднаа овие ама албански да ми се збори само? Следен чекор кој е? :/