Тоа што Зајко го направи беше против законот. Ако народот одговара кога не го поштува законот,богами ќе одговара и он.
Министер за одбрана значи министер за одбрана, и кажав дека и тогаш не се согласував и со таа одлука, ама Претседател на Собрание значи дека си втор човек во државата. Патем, пак ќе повторам, дека моментално сакам СДСМ да формира влада, иако на последните избори не гласав за нив, ама не гласав ниту за ВМРО-ДПМНЕ.
Не е тоа жал, бранење или некакви чувства за поддршка кон политичарите, туку вакво варварско однесување што понатаму може и до немири да доведе – нормално е да предизвикува неодобрување и гнев кај секоја цивилизирана личност. Одвратно, да се засрами човек каде живее!
Никој не сака и не се гордее што бивш терорист (а и сегашен) бил министер . Зборот е дека СДСМ народот ги избра за подобра иднина,за криминалците да се таму каде што им е местото почнувајќи од тие што беа криви сите овие години за ситуацијата во државата. А што прават тие одат по стапките на ВМРО. Нека биде претседател на собрание албанец немам против ама од сите баш терорист да се избере.. Море нека се испотепаат таму и едните и другите за фотеља како што се тепа обичниот народ секојдневно за подобра иднина.
И на македонски мора да се обраќа...а тебе па што ти е толку гајле ако зборува во собрание на албански? Ние не сме таму Битно ти е да имаме поголеми плати, да се укинат екстерни тестирања, да се укине скапата струја и да зборуваат на албански во собрание... Или... Да зборуваат на македонски ама во диктатура да живееме?
Работава е да се избере помалото зло, нешто што МВРО-вциве љубеа да го пропагираат. Како ќе дојдеш до власт без албанците? Никако. СДСМ ја немаат таа машинериска пропаганда која ја има Грујо за да им успее да се докопаат до 61 пратеник. И да имаат 61 пратеник, пак треба да коалицираат со албанци. Така што, подобро ова, отколку пак да ни се врати Хитлер, пардон, Грујо на власт.
Нормално дека ми е побитно првиот дел, но ова некако ми е суптилно туркање на мкд јазик во втор план. Би била пресреќна ако сето тоа они што го ветија се оствари, сум за промена на влада доста беа тортури но не би сакала да се стави мкд јазик на втор план или пак да се изедначи со албанскиот. Што знам, некако си стојам на тоа дека во државава треба да се зборува мкд јазик.
Конечно народов реши да не биде пи'ka Ова е многу посериозно од тоа. Не знам колку сфаќате ама сме пред војна. Сериозно не ми се верува дека тоа на вас ви е побитно,од ова. Не е исто да ограбиш човек,и да го убиеш. Just saying.
Ами жртвите од Смилковско? Од Диво Насеље? Јас да не ги убив случајно? Јавна тајна е чии дела се тие.. Just saying де
И тој е човек?, за тебе терористите се луѓе?, па тој како командант на УЧК има наредувано да се убиваат Македонци, а можеби и сам има убивано. Катастрофа се нашите партии, и ВМРО-ДОМНЕ и СДСМ, за власт и сопствената мајка ќе си ја продадат. А за овој циркус во Собрание сега цел свет ќе разбере, и ќе се чуди.
Како што напишав,немам јас проблем да биде албанец за претседател на собрание. И тие живеат во оваа држава и колку што е моја и твоја, толку е и нивна. Има доста паметни и образовани политичари албанци што не се терористи. Инаку далеку сме од војна...изгасете сител ан-на тоа погоре не се однесува на тебе,туку за исплашените за војна дека ќе имало .
Не ме сфаќајте погрешно. Не викам дека ова што сега го направија е човечко. Инаку ако не нападнат за ова сега што се деси,еве не знам. Ние правиме тензија,ќе прават и они. Не разбирате колку е сериозно ова.