Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Убаво вика татко ми (кој не е член ан ниедна пратија), дека ние како млада сила во државава, како интелектуалци, како луѓе со просперитет, треба сами да си ги отвориме очите. Да ја земеме моќта во наши раце.
    Кога некој ќе почне да мати во државава нешто спротивно на нашите желби и воља- веднаш да го симнеме од тронот. Па не е прв пат да се донесуваат закони спротивно од нашата воља. Ние живееме тука, за нас ги носат законите....

    Да има утре пак избори.....за кого би гласале? Бидете искрени сами со себе, ве молам......само кога би можеле да направиме едно “пу, пу не важи“, за да не бидеме уценувани од Али Ахмети :?:


    Едит: Мајгрл ниту јас никогаш до сега немав помислено за живот надвор од Мк, многу ми е драга оваа наша мала скапаница ;(
     
    На Mygirl и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    И да се надополнам, знаете ли што ми е најмногу криво?
    Што смртта од момчево ќе биде земена за статистика само.
    По изборите 2011 година 1 лице го изгуби животот.
    И толку.
    Статистика.

    А како му е нив дома? Дете, здраво право го родиле, го изгледале толку години, за некој кој има пендрак во рака да го претепа до смрт?

    За убиство ако, за убиство бре еј?!
    Кога се работи секојдневно за да се измислат нови лекови за болестите, кога се прави се за само неколку дена повеќе живот, некој умира од насилство...

    Немам зборови, 5 минути се пулам во монитров и 5 минути немам што да речам.
    Не се политичарите криви, уште еднаш ќе речам. Народот е. Тој гласа. Тој одбира.
     
    На julie77, Cia-ra, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Сите ќе си гласаме исто, надевјаќи се дека оние од спротивната партија ќе сфатат дека згрешиле и ќе го променат мислењето. Зарем не?
     
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ciribiribela неможе да се здружат само македонски партии за формирање влада ако на тоа мислеше.Кога еднашка сме го предале стапот,сега ќе го трпиме по грбот.Друго чаре нема.
    Освен македонскиве партии да се паметни ,ко што не се, па и помаливе да се приклучеа на Сдсм или Вмро ,и да имаа повеќе македонски пратеници во влада,и со тоа да ги потиснат албанците,у смисол многу не има не сте ни баш нешто потребни,па немаше да бидат во можност да условуваат.

    Затоа и сите закључија дека единствени победници на овие избори се ДУИ и никој друг.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Е ФиБИ јас си гласав за малите, празен глас. :) Претходно никогаш не гласав, баш ради тоа „празен глас“, бидејќи нема да се смени ништо со мојот глас, бидејќи секој гласа или за СДСМ или за ВМРО.
    И истово го трубам од кога знам за себе, ама џабе напразно ми е. Ќе си продолжам да си го трубам и ќе се надевам деке ќе станат повеќе трубачи, кои на секоја влада што не им чини ќе пркосат.
    Немам корист од ниту едни, никогаш не сум имала, впрочем од мои пари и пари на мои родители живеат, шетаат и уживаат сите, дали биле СДСМ или ВМРО, ДОМ некаква си или Павле Трајанов... исто ми е, не јас да се клањам пред нив, тие пред мене, пошто јас сум гласач, јас ги бирам, заради мене имаат.
    Тоа е тоа што секој треба да си го има во глава.
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Се согласувам дека се тоа наши пари, напоменав во неколку наврати.
    Токму поради тоа, поради фактот што мене не ми се допаѓаше начинот на кој ќе се трошат нашите пари јас годинава прв пат излегов на избори. До сега ми било сеедно и не сум гласала поради тоа што навистина немав мотив да гласам за никој, но овој пат ми се пројави мотив, знаев на кого да не ја дадам мојата поддршка.
    Треба да си го има секој во глава Жабче, ама оние кои се политички обоени се премногу заслепени :worried:
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Малите партија многу се зезнаа затоа што се осилија и не влегоа со никој во коалиција.
    Не се очекуваше ваква голема излезност на изборите,а со самото тоа големите партии се издигнуваат ,малите потиснуваат, и резултатот е да немаат воопшто пратеници.
    На пример Вмро народна,на избориве имаше 20 000 гласови,и не доби ни еден пратеник.Во минатото собрание имаше мали партии кои со по помалце од 10 000 имаа пратеник во собранието.
    Тоа е тоа,лоши предвидувања...
     
  8. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Yipman дај не се напињај толку, како прво, тоа е симболично кажано, сигурно нема јас уште утре да ги спакувам куферите.
    Второ, барем од економски аспект, има не 5, туку 50 држави во кои подобро ќе бидам платена.
    Јас мислиш многу сакам со политика да се занимавам? Ма ич не сакам, ама ме иритираат бре некои работи стварно, не можам да не искоментирам, па стварно е претерано се што се случува, еве починатото дете, пример да кажеме дека не било претепано од Алфи, туку ете, било нешто лично. Па и да е таков случај еве, зар не заслужува бар да се каже збор два за него? Да се спомне барем, да се оддаде сочувство??? Сепак се случило за време на славењето на Вмро, а тој ништо да не спомне, туку како што кажа некој, почна веднаш со отварање на виртуелни села. Во секој случај неговото однесување не е коректно. Замисли славете роденден во кафиќ и за време на славјето некое момче е претепано до смрт, а вие тоа го игнорирате, се правите дека не гледате ништо. Дали е во ред ова сценарио???
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Немојте болката на родителите и најблиските на момчето да ја користите во политички препукувања измеѓу вас. Тој што го сторил тоа ќе си одговара, а вие што барате секаква причина да докажете дека ете сте биле во право, стварно имаме монструозна власт, па ништо друго не се ни очекува...Ги знаеме таквите бледи начини и обиди...Прочитав еден пост како сме правдале убиство (претпоставувам мисли на оние кои ова тревезно го гледаат и не го поврзуваат со политика) бидејќи сме заслепени од нашите партии...кој е тука заслепен? Кој тука глуми лудуло дека е многу загрижен за дечкото а потајно ликува затоа што ова се случува сега и во ресор на Јанкуловска???
    А за дуи и нивните барања-прво не знам дали се точни, поради релевантноста на страната од каде ги прочитав, но и да е така албанските партии од секогаш поставувале услови, откако памтам за себе се бара таа двојазичност и што ли уште не...Отсекогаш со албанците било повуци-потегни...Само тогаш немавте тв од стилот на а1, и огорчена опозиција како сдсм која од мува прави слон...Тогаш немаше огромни случувања како атентати, убиство на претседател...??? Ништо ниту се дозна ниту пак некој јавно имаше муда да го поврзи Б.Ц со овие случувања, а вие сега спомнувате диктатура, фашизам...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    2.473
    тоа што му се случило него, може утре да се случи и на некоја од нас...
     
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Еј, ми текна мене една луда идеа...А што не влезат во коалиција ВМРО и СДСМ :lol: И онака веќе не се знае кои се левица, кои десница :lol: Ама бегај, опасно е така, ќе нема никој во опозиција, па кога ќе земат залет овие двете така здружени, богами и фашизам нема да ни биде рамен :lol:

    Скорпионка, не е во ред да не се каже ниту еден единствен збор за дете кое починало за време на славењето на победата. И да биде казнет виновникот, сепак не е во ред ваквото игнорирање на настанот од страна на владата.
     
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    потполно се сложувам дека не е во ред во никој случај со смрта на детето, но што е со неговите родители, починало во недела вечерта, мајка му денес дознала дека е мртов, од медиуми дознала, кажале дека се викал Даниел и мислела не етој, потоа кога го утврдиле интетитетот тој бил, таа мајка не се запрашала каде е мојот син, да не е тој?? го нема два дена, што се случув асо него???? не ја оправдувам во никој случај ситуацијава, но кој знае со што и тој самиот си го барал (ептен ми е жал, незнам што насилник ќе беше тепачот) но барам одговор како може два дена да не знаеш кај ти е синот???
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    се согласувам до некаде и јас за ова со мајката навистина е така, не се согласувам во тоа дали починатиот сам си го барал или слично, затоа не вреди да се зборува бидејќи како и да е момчето не е помеѓу нас :)
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    :x :x :x
    Се гледа колку ти е жал по болдираното. Самиот си го барал? Дај појаснете ми ви се молам што треба некој да направи за да можеме да кажеме дека самиот си барал да биде убиен на најбрутален можен начин?
    Детето е убиено како животно, па и животно така не се убива. И е фрлено, без да биде повикана медицинска помош. Државните органи два дена се обидуваат да го прикријат случајот, заради тоа што ТЕПАЧОТ бил поранешен обезбедувач на премиерот, а детево пустото сигурно не било син на некој моќник, па што им е гајле на државните органи нели. И како тоа да е малку, па уште без срам отишле да ги молат родителите на детево да молчат и да не кажат ништо. Значи до кое дно може да допре човештвото еј. И во сите овие нелогични работи, ти се занимаваш зошто мајката на детето незнаела каде и е синот два дена, ко тоа да е толку битно.
     
    На lolyta777, JuLleE, Li0ness и 8 други им се допаѓа ова.
  15. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    како тоа самиот си го барал? Па во македонија не постои смртна казна ниту од судот не па еден полицаец да ја изрече. Тоа се вика диктатура а инаку го криеа идентитетот на полицаецот затоа што тој е од обезбедувањето на груевски.
     
    На Cia-ra и FBI им се допаѓа ова.
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    2.473
    ако детето направило нешто недозволиво со закон потребно е да го донесат во станица, а не да го претепуваат на улица..
    сега слушнав украл не знам 2-3 чаши алкохол...
    се ограбуваат банки, па случјано или не знам како тие луѓе секогаш успеваат да и избегаат на полицијата.. а они за некои 500 можеби го усмртиа :x :x
     
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    не верувам дека вмро така лесно ке се откаже од власта..нормално дека ке коалицира со дуи и ставен во мат позиција ке мора да ги прифати нивните услови..е сеа сигурно ке се преговара за условите повуци-потегни што да се прифати а што не..ама дуи се и те како свесни дека ги имаат во рака, дека без нив не може да се формира влада,така да нема да попуштаат..и нема што да ве изненади ако од септември децата во училиште учат и албански,ако се обракате во некоја институција а не можете да ги разберете пошто дотичната вработена ви се обрака на албански,и на вашата замерка дека не разбирате,ви се обрака и ви вели-државен јазик е,научете..ако "борците" од Oна добијат пензии,а на нашите бранители кои биле повредени во конфликтот државата им ги бараше парите назад..е тое ви е..баравте-гледајте баш...сите сме криви ..и вмро и сдсм зашто неможат да најдат заеднички јазик,во болната желба за власт,и помаливе партии што отидоа сами на избори преценувајки се,а најмногу народот затоа што живее и гласа по инерција без размислување,или пак не гласа воопшто,затоа што нема храброст и движечка сила во него,седи дома и пцуе пред телевизор наместо да промени и да се избори за нешто,затоа што за да дојде до работа би гласал и за гаволот,како што пиша една форумџика претходно..затоа што колку и да прави грешки партијата за која гласа,тој упорно ке кути пред нив и ке ги оправдува во страв да не биде прогласен за десидент и прејде во немилост..затоа што сме такви безкичмењаци ако ни е,и малце ни е..
     
    На lolyta777, Estelle, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Можда ќе звучи глупо и бесмислено, но забележав еден ситен детал: на снимката од А1, мајката беше прикажана заматено (ЗОШТО!?) кога веќе се знае кое е детето, се знае која е мајката (нормално), па доколку сака некој да ја уапси или да и наштети на друг начин, секако може да се стори тоа. Зошто заматено? Исто така, во ова наше поднебје е познато дека луѓето кои одат на погреб или жалаат некого, се облечени во црно. Со мајката на детето не беше случај. Знам дека звучи глупо, ама малку ми е замачкана целава работа. И да, иако некои викаат „а ти се замараш оти мајката не знаела кај и е синот“, фала богу дека ќе се замарам! Па и откажан да и е, кога 2 дена по тв се труби дека некое дете е убиено и не се знае идентитетот, ваљда ќе се запраша „а бе да! син ми, кај е!?“.
    Целава работа мириса неубо уште од 3 км. Не оправдувам никој и не осудувам никој. Сеуште е рано. Само давам претпоставки. И не почнувајте одма со вреѓања и чуда, затоа што во претходниве постови гледам еден куп меѓусебна омраза. Потребна е сложност при вакви ситуации, а не разединување (без разлика на која основа). Толку.
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Не е поради тоа заматен ликот на мајката. И на Љубе секој од нас му го знае ликот, па му ставија цензура на снимката. И во новинарството постои определен етички кодекс кој што треба да се почитува.
    Се работи за принципи, за морал :|

    Боа, ти си упатен правник. Би сакала да те прашам: дали постои опција за повторни избори??? Имам учено малку право во средно, се ми оди во глава дека доколку во рок од 90 дена не се формира влада ќе се прегласува :?: :?: (може и се бламирам)
     
  20. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Жално е што смртта на едно дете се користи за политички препукувања. Па овие А1 веќе немаат никаков срам. Кога некоја девојка на А1 даваше изјава, и оваа новинарката а Груевски беше таму? А беше Груевски таму? Да бе беше сите знаат дека во тој момент беше прославата. И оваа мајката на детево не дај боже да се случи такво нешто на некој, ама од кај најде сила да излезе и да се дере на улица како да имала кавга со некој од комшииве а не... Како и да е желно и потресно и виновникот мора да одговара, што не е доволно еден млад човечки живот е загубен, ама сите ние сме луѓе со свои карактери со свој памет и како може Владата да е крива за тоа што некој бездушник го убил детево.