Кога беше за одбрана можеше кого сака да пушта во земјава и што сака да прави....Да уништи се живо и двио...Се беше под негова команда. Како не е исто? Нели и тогаш беше терорист? А го ставија за одбрана? Логика нема. Што ќе ни прави на нас обичните луѓе овој Џафери? Сите министри албанци ги поставија од вмро, им дадоа се што сакаат и сега Заев е крив.
Ти па со таа пеглата. Зеди листај огласи, високоплатена работа од инвестициине ќе си најдеш и сама ќе си ја купиш. Туку, со тоа за Хорхе цар ме пресмеа, вриштев од смев буквално. Ама ние пак поданичиња, нели?
Ако сакаат да направат нереди, да видиш како може да го скокне и претседателот и спикерот. И, едно се ингеренциите на хартија, друго е реалноста. А реалноста е следна: во државава најважен е премиерот. За жал.
Секоја чест на Влато Ѓорчев...Застана пред Шеќерка и Шилегов, и ги бранеше. Е тој е ЧОВЕК!!! Нема врска дека е од вмро...ЧОВЕК Е!
И Арапите се дел од Франција, па кои круцијални функции држат и контролираат тие во Франција? Најбитните државни функции во РМ мора да се контролираат од Македонци. Се друго е чин на малоумност и предавство.
Значи стварно му се поклонувам на човеков и зборови не се доволни за тоа колку се согласувам со него. Секоја чест!!!
Ок, сфативме министер за одбрана е небитна функција во државава. Без ингеренции, само така, колку да ја има, не дека е нешто важно.
Светот напред оди ние се пукаме со патриотизам. Предавник. не можам да сум патриот колку бетмен или оние со фантомките.
Како бе не е битно? Па рамковниот, вработувањата, двојазичноста зошто е? Зошто бе да не можам на пр јас или некој свој со знаење да ми се вработи, зошто морало шпун да седи кој пумпа проценти и се прави над 25% а?
Не можам бе да сфатам како се ситат на насилствово. Сега само што го видов видеото каде го тепаа Заев и ја кубеа Шеќеринска, па ми дојдоа солзи на очи. Од каде олкава омраза, во кој век живееме? Срамота. Без разлика дали се од ДПМНЕ, СДСМ, насилство и крвопролевање не се оправдува! Па овие се фашисти, примитивци, неписмена орда! Само Хитлер се гордее со нив моментално од пеколот, каде и тие ќе одат. А и полицијата за никаде. Тепаше студенти, а овие слободно ги пушта да урлаат, дивеат и тепаат во собрание. Абе браво! Гледа Господ, има да ги стигне правдата!
Некаде прочитав дека: во држава каде што примањата се под 500 евра граѓаните се занимаваат со патриотизам, од 500 до 1000 со шопинг, а над 1000 ништо не ги интересира. Не знам дали ова беше вака кажано како што го преставив, не се сеќавам, ама за да ја доловам поентата дека сме толку утепани и намерно не држат да бидеме такви за да не трујат со глупости со кои што нормалниот свет одамна престанал да се занимава.
@okcenzi па што не направија Дпмне попис? 10години се на власт. Имаше некој смешен обид ама не им одговараа резултатите и ги поништија? Или мораа да седат мадро за да не им кинат ДУИ од коалиција?Заев е крив што немало попис?
Нема да има никаква војна. Нека не ве плашат со глупости тролови по ФБ и Твитер. За војна треба ненормални пари, лоби и инфраструктура. Прошетајте каде што живеете и ќе видите дека се функционира нормално.
Јасно ми е каква е ситуацијата, дека сите помалку или повеќе сме со вжештени глави, но ве молам дискусијата да продолжи без навреди и во рамките на правилата на форумот. Благодарам.
ваков коментар од тебе не очекував искрено на неколку теми те читав и ми изгледаше како мила смирена добра девојка ама со ова одобрување на насилство мн ме разочара ... :/ се надевам дека не го мислиш озбилно и дека е кажано во афект само ...