Тие старци се нечии родители, баби, дедовци. Истите тие старци, се луѓе кои во 90-те останаа без работа, стечајци, технолошки вишок. Старцине зимаат редовна пензија. Тоа се старци кои не се ниту прости, ниту неписмени. Па и да се. Пеглале кај што уште не сме переле. Тоа што имаат поинаков став, е нивна работа. Тие се убедени дека државата ни е на продажба и по големо насилство за нив во моментов нема. Тоа што се стари, не се помалку луѓе. Да не е сценарио и да полицијата го спречеше влезот во собрание, немаше да дојде до ова. Да функционираше системот, немаше некој си Ферид да прогласува претседател, како да сме во Таџикистан. Абе ние што седиме и јадеме вафли од дома сме најлошите. Мудрости еден куп.
Не смее Хорхе да зуцне ни збор, оти одма ќе му го отепаат детето. И на него не му е лесно луѓе, само он и Маја си знаат...
И јас сум израснала со комшии албанци и сум научила дека и кај нив и има нелуѓе, но и прекрасни личности како и кај нас. Мразам генерализации. Ако еден Албанец кажал дека ќе ги избркаат Македонците, ете избркани се.. . Ако некој каже смрт за клетите шиптари јас тоа не го мислам. Одвратни ми е да посакам на некој смрт. Не сум така воспитана. Кога преку ноќ се сменија повеќето имиња на училиштата во Чаир и Тетово (а претпоставувам и во др. градови од западна Македонија) молчешкум, кога се вееја албански знамиња по цело Тетово, нигде ве немаше патриотите. Сега ви смета од ко го дадовте веќе гзот. Друг ви е крив.
Епа јас просто се срамам од нив. Секој што подржува и извршува насилство срам да му е. Па уште и да биде горд дека со тоа ја брани државата. Што сакаат војна? После тие ќе бидат првите што се кријат кај стигнале. Подобро од дома вафли ке јадам отколку да одам и да подржувам пред собрание ваков СРАМ!
Кога она старчето, што до гуша е на оној свет се дрзна да тегне жена за коса безмилосно, не ве тера ли да се запрашате дека истото тоа треба да преставува мудрост за секое бело влакно од косата што го има?? И татко ми покоен остана без работа, стечаец со 29 год. работен стаж, во времето на сдсм, влезе во гинис додека беше дел од најдолгиот протест некогаш случен.. па не се дрзнал да тегне нечии коси. Нема оправдување за крената рака. НЕ МА! Лудаци!
Морници ме полазаа кога го гледав видеото каде што го тепаат Заев и ја влечат Рада Нема врска на чија страна си. Човечки ли е бре ова?Срамота Каде ке ви оди душата луѓе Каков пример му давате на вашите деца,внуци ? А па типов што се фали дека го тепал Села Какви коментари доби Бравос мајсторе така требало Патриоту наш Нека се засрамат сите!!
Ако мислиш на Ал Џезеира Балканс, таму е нормално да бидеме, пошто они редовно ги пренасаат случувањата во сите екс-ЈУ земји, а за BBC не знам, пошто ја немам на кабелската, ама не има на нивниот сајт. http://www.bbc.com/news/world-europe-39738865 Патем и Вучиќ многу се загрижил. http://www.blic.rs/vesti/politika/a...nce-da-probleme-resavaju-mirnim-putem/hmhmk2n
И добро еве колку и да има проблеми државава. Што е решението војна ли ? Да се фаниме сите за коси и да се тепаме. Тоа ли е ? Каде е човечноста? Вака ли се кажуваат патриоти, а немаат ни Ч од човек во нив. Ма не ги оправдувам, најголема казна за тие денеска што го направија оваа.
Гледам сите ви е жал за политичарите а за народот ако нека страда , свестетесе малце , стариот шеќеринска е нападнал чудни ми ти чуда , а шекеринска нека си краде нека купува станови, или ако женско е простено и е за се .
Така ако гледаме сите крадат (политичари) . Ајде да фаниме сите да одиме да ги натепаме , што викаш на тоа?
Ејј па они се сега во чудо најдени. Филмаат, додаваат, одземаат, како кој. Да прекинат сега кога им е дешавка? Нема шанси.
Не се зборува за крадење туку за начинот и тоа што се случи....нечовечно кој да е..крај краишта ако е вистина дека власта има 900 фирми со државни пари треба да ги сецкаме на плошдат?тоа не е решение.