И кој сега треба да се подзамисли и излаже-јас? народот? со прекината реченица на Груевски кога кажува го прифативме името без она 'за на референдум'? финти за мали деца... А писмото, па немојте така со извадена реченица или две од цело писмо...па во таа реченица не пишувало за референдум....ок штом баш во тој извадок не пишува тогаш мора да е така...што е битно за цело писмо во целина, која е нејзината суштина...
???? значи според тебе е исто дали рекол референдум или не??? нема никаква разлика??? со зборот референдум културно ги одбива Грците и му објаснува на сите дека не може сам да одлучува за такво суштинско прашање и ред е да се прашаат граѓаните-тоа е фер и демократски.да се знае -со доказ,гласање-дека и народот е против тоа не само еден човек или влада...
Па тој е народот , народот својот мандат му го довери тој е преставник на народот и го има легитимното право . А ако сака да се крие зад народот тоа е веќе друго нешто. Иако неколку пати по ред му сугерираа дека не треба да има референдум. Тогаш нека си даде оставка и народот пак нека одлучи. А со тоа што сака да постигне еве ја се сложувам народот не, што ке подтигнеме ние и каде се оди со таа политика?
Зарем уште постои некој кој верува во патриотизмот на Груевски? Хммммм гледам дека останале и неколку такви ретки примероци Значи пак ќе напишам, не ми е чудно што Груевски се согласил на промена на името. Очекувано беше. Ама она што ме иритира е упорното лажење од негова страна. Еј цели 3 години не гледа во очи и не лаже. Па ај што не лаже, ама барем да си молчи. Ама не, баш напротив. Тој секојдневно обвинуваше овие или оние биле предавници, за да на крајот испадне најголем предавник од сите. И гледам некои од неговите ,,патриоти,, пак го оправдуваат, пак премиерот ни останал недоразбран, пак неговите изјави се извадени од контекст. Сакал референдум, како па да не. Ако сакал што не распишал, туку си отишол човекот фино лепо со однапред спремено име? Само се прашувам што ќе кажеа подржувачите на Груевски, ако ова го направеше Бранко а?!?
skorpionke,а кај реков јас дека ние немаме политичари и експерти,и дека само фуере знае се?никаде не реков нели,така да не ми подметнувај нешто што не сум го пишала,само затоа што тебе ти одговара така секако дека и ние имаме политичари и експерти и познавачи на европското право и закони.ама многу е поголем бројот на лаиците кои немаат врска,а се дрзнуваат да напагаат и критикуваат.а и мегу експертите има такви кои при своите изјави тргнуваат од тоа што им е наредено од партијата да го кажат.впрочем јас не ги напишав постовите за да го бранам или величам фуере,туку да укажам на тоа дека не е во ред тоа што го прават преставници на власта,да напагаат и врегаат странски дипломати и преставници како и кога ке им текне.во една современа држава која има претензии да стане дел од европското семејство такво нешто е незамисливо. и да,нашиве политичари не да се понашаат како мали деца,туку како бебиња,ни ја укакаа државата.неспособни да не мрднат од мртва точка веке 20 години.и други држави минаа низ транзиција па се каде каде пред нас,а ние пропагаме наместо да напредуваме.и се другите ни се криви,странците,комшиите,а ние вина немаме..не велам дека сите политичари се неспособни,сигурно има меѓу нив мудри глави ама неможат да се пробијат од тие неколку души шо ја запоседнале власта груевски,црвенковски итн.и се држат за неа како слеп за стап.а народ наивен и уште им верува и ги гласа. ама како што гледам од твоите постови шкорпионке,ти си од оние на кои партиската припадност им го стеснила видокругот,и не сакаш да погледнеш надвор од тоа.од премиерот си створила идол,така да и точките и запирките и моментот кога земал здив ке му го бараш за да го оправдаш.така да мислам дека дискусијата со тебе ке ми е бесцелна.убаво е да веруваш во нешто,но не треба слепо да веруваш,поготово не во човек,политичар.биди ми поздравена.
Јас стварно не знам што толку му се нафрлија на Фуере. Па човекот секогаш не ословуваше под нашето уставно име - Р.Македонија, во неговиот мандат добивме визна либерализација, Америка не призна под уставно име. Ама сето тоа паѓа во вода затоа што Фуере упатуваше критики на адреса на власта. Епа тоа е проблемот, што некој неможе да трпи критики Еј ти се молам па и Фуере го прогласија сдсмовец
не сум политички припадник на ниту една партија но сум симпатизер на оваа власт. И секој ( а верувај има многу) што ја поддржува оваа влада и е симпатизер-не мора член, не значи дека е припадник на клан, слеп поддржувач, или ствара идоли од неа...чувај си ги етикетите за себе...затоа што моите симпатии не се ради тоа што во моето друштво сите се вмро-вци па ајде и јас...него со следење на неговата работа, и споредба со претходните структури!
да бе да,на претходните структури мислиме,овие сега не процветаа нема шо,уште малце ко швајцарија ке станеме,нема да ни треба ни европска унија ни ништо. ти продолжи да си го следиш,и неговите успеси никој нема против тоа ништо. само дај поретко не замарај нас,или ние не треба да се замараме со твоите портокалово обоени постови. на некој шо е толку занесен,можам да кажам заслепен,као шо си ти по партијата и премиерот,нема шанси да му докажеш нешто. така да како шо реков немам намера да коментирам повторно твој пост.величај го и пофални оди ако сакаш пеј му на премиерот и партијата. остани ми со здравје.
Ми се свиѓа што кај citizens, не е директно во уста, значи сме попаметни од оние над нас, можеме да бираме
Па вие што не кажете дека овој форум е само за оние кои ги подржуваат сдсм. Гледам од претходните коментари постојано се плука по власта и тоа нон стоп од едни исти-боависта, офспринг,ти и уште некои кои ги имам сретнато на многу политички теми каде постојано се пропагира опозицијата...што е во ред, секој си има право-но кога ќе се појави некој со различен став се нафрлуваат со навреди, потсмев,етикети-занесен, заслепен, изгледате смешно затоа што и вие спаѓате во таа категорија... А за тоа дека нема да коментираш мој пост подобро и немој...соговорници како тебе не ми се предизвик
Нешто погрешно си разбрала Скорпионка. На овој форум секој има право да си напише што сака. Форумот ниту ја пропагира опозицијата, ниту власта. Е сега што ти пишуваш нешто, па после незнаеш да си ги одбраниш ставовите, тоа е друга работа. А со тоа дека ти се нафрлуваат сите, ми се чини дека си придаваш малку повеќе важност отколку што е потребно, али ај. Еј ти се молам, покрај стечајците, тутунарите, лекарите, европретставниците, сега и форумот е сдсмовски?!? Кога немаш аргументи и бегаш од реалноста, се што упатува и најмала критика на власта ти личи на сдсмовско. Жалосно.
Стварно веќе немам коментар...ме закопа...ме усрами...стварно не знам да си ги бранам ставовите...докажано и потврдено од тебе...дури и во овој коментар успеа да вметниш пропаганда-тутунари, стечајци...имаш право Жалосно
а кај тоа те молам во моите постови имаш сретнато дека ја пропагирам и подржувам опозицијата?најди ми барем еден таков пост во кој го величам бранко и сдсм?нема да најдеш никаде.напротив ги ставам во ист кош.ако некој пишува пост во кој има критика за некои чекори на владата значи одма е сдсм.свашта. нормално дека ке се критикува тој што е на власт,што ја има мокта и парите во раце,што ги донесува одлуките во државата,што го регулира буџетот,инфлацијата,платите.зошто би ги критикувала сдсм кога тие во моментов се опозиција,немаат мок,законите и без нив се носат во парламентот т.с вмро си прави шо си сака.ако дојдат сдсм на власт и влечат погрешни чекори,нормално дека и нив ке ги критикувам.зошто јас сум човек кој размислува со своја глава,а не онака како што ке ми наложи партијата,па да се правам слепа и глува кога ке морам да подржувам нешто што се коси со моите свакања,само затоа што партијата ми наложила дека така мора. заради таквите вжештени глави како тебе и ги избегавам политичкиве теми,затоа што ги уништуваш,и место дијалог дискусијата преминува во кавга.а ако се сметаш себеси дека си некоја препаметна и преначитана па ние не ти преставуваме предизвик,искрено по постовите па и не ми делуваш баш на таква. а дури и се подготвуваш па бараш по весници за да возвратиш на поставено прашање као претходно за фуере.ако ништо друго мораме да ти дадеме 10 за вложениот труд.
Абе тоа ти е, сите вмровци изгледа се такви. Ако не си со нив, тогаш си сдсм. Како да нема трезвена глава која размислува надвор од дотрајаните ни политичари. Ма фрлам пепел на сите. Сега ќе припремам песничка за да им ја напишам на гласачкото ливче. Ниту еден политичар нема да го добие мојот глас! Ете така! Што се мене тиче, исто ср*ње-различно паковање се сите.
интересни ми се луѓево што не знаат дека постои друга тв освен а1 и тропаат глупости.само никола никогаш нема да ја предаде македонија.си имаме доволно предавници,бранко,фрчко,шеќерка и тие нивните,нема што никола да се меша со опозицијата.и така секако следните избори (ако сдсм има храброст да се појави) се негови. можеби нема да гласам за вмро ама знам дека НИКОГААААШ не би гласала за сдсм,па не ми го испил никој мозокот. и ако сакате да знаете што навистина се случува во мк научете да разликувата претпоставка од факт,оти на сите телевизии покажаа снимка како се зборува за референдум а само а1 измислија дека името е прифатено.позз
Да се радуваме ако влеземе во ЕУ??? Цените на се ке скокнат од денар во евро, платите исти ке си останат и ке си бидеме гладни повеќе од кога и да е. Грујо направи мн работи за нашава државичка, а па и кога ке размислам, Грујо ни малку не диктира што и како ќе се прави, он е само лице на тие што стојат позади него, одговорните за се. Како и да е, Бранко ги затвори сите можни фабрики, во негово време и моите останаа без работа. Што и да се случи не е битно кога народот е гладен. Само 4% од луѓето во Македонија можат да се луксузираат, мал дел од останатите имаат убав живот, а најголем дел едвај преживуваат и крпат крај со крај. Жената на рекламата на тв со панталоните и блузата кои ги носи веќе 30 години?? Се сеќавате? Има многу луѓе како нејзе. Исто ми се фаќа кој е на власт, ако има работа за сите и ако се сите сити. Секое купување на она што не ми е најпотребно, а го купувам кажувам фала што можам да си го дозволам.