Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас го реков тоа друг пат слободно цитирај ме, радо ќе ти одговорам ;)
    Кој е тука заслепен? Да ти кажам право јас не гласам за ниту една партија, и ова не го користам за да го величам некој друг политичар. Мене ми е криво што невино дете си го однесе. Од кај знаеш ти колку се загрижив јас за детето? Прочитај ги моите постови те молам уште еднаш, ќе видиш дека зад нив нема никаква политичка основа, туку дека ме погоди смртта на детето силно. Мене многу ми е гајле дали другарката Јанкуловска ќе остане таму или некој друг сите се исти. Нека остане, следниот нема да биде подобар. Гарантирам. Значи кога некој е погоден од нечија смрт, одма го користи тоа за да го оцрни Груевки а? О Боже :x

    Ти лично не рече така, ама прочитав "епа може сам си го барал". Најмонструозните убијци, најголемите силувачи, тепачи, психопати не се убиваат никогаш. При нивното апсење се врзуваат на сите можни начини за да не наштетат, но никогаш не се применува физичка сила врз нив, освен ако не пружат отпор. И сам да си го барал, полицаецот е должен да почитува кодекс.

    Криво ми е заради тоа што се труделе да заташкаат. Јасно ми е како и во секој сектор дека има личности кои добро си ја вршат работата и лошо. Не се сите професори, доктори, економисти, правници добри, во секој сектор има некој што не чини. Така и тука се нашол некој кој го злоупотребил пендракот што му бил доделен. Она што ме изиритира е што место да се излезе јасно и гласно да се каже проблемот е решен, убиецот затворен, ова се труди да се заташка. Да не се дознаело. Убиство од прв степен туку така да пројде. Што не се излезе со официјална изјава.

    Ама тоа е, некој ако го погоди нечија смрт, одма сака да му помогне на Бранко против Никола. Јасно, јасно, дежа ву, веќе видено веќе чуено, тој што не е портокалов е плав.

    За постов над мене од кај нашла мајката сила, не ни коментирам, не сакам ни да замислам колку е погодена жената, да не и е никој во кожата. Од кај нашла сила О Боже. Кога има ваква работа од која јас сакам да се издерам целосно на глас, што не знам ни како изгледа момчето од кај нашла мајката сила за да вика за неправдата.
     
    На lolyta777, Mygirl, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Од кај нашла сила?
    Од таму што некој бездушен манијак до смрт и го претепал детето ,без контрола и без посебна причина за тоа!
    Па јас на нејзино место,не на телевизија да зборам,ќе најдам сила да отидам душата да му ја земам!
    Тоа што бил проблематичен и што понекогаш не се враќал дома,е нивен проблем и во тоа нема што кој да им се меша.Па јас имам неколку другари кои знаат да не се враќаат некогаш дома по 2-3 дена,и нивните ако правеле проблем првите 2 пати,више се навикнале,Па така и неговите.

    Тоа што украл некогаш пијачки алкохол го прави криминалец??И тоа ви е причината да го оправдате вистинскиот криминалец во случајов?
    Сам си го барал? :x За да оправдате некоја политичка партија станувате бездушни ,нечовечни!
    Незнам како имате срце само да го кажете тоа.Треба да ви служи на честа.
    Утре вие,ваше дете,ваш брат/сестра ,ќе дојдат во ваква ситуација не дај боже,па дали тогаш ќе кажете сам си го барал или дали ќе ви биде сеедно ако некој ви го каже тоа ;)
    Точно и да бил криминалец,ти немаш право да го удриш бре,а не да го претепаш до смрт,ДА ГО УБИЕШ!

    И дај бе не слушајте вести на Сител ,ви ги перат мозоците.Истите глупости на Ивона и Латас ,тука нас ни ги продавате.
    Ако неќете да слушате некоја од неутралниве телевизии Телма,24часа,Алфа,слушајте барем на Канал 5 или МТВ тие не се толку бездушни за да можат да кажат таква работа!
     
    На Mygirl, julie77, FBI и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кога на вести даваа снимки за изнесувањето на Љубе пред Основен Суд, неговите симпатизери не само што не беа цензурирани туку беа и зумирани, додека новинарката стоеше преку улица, од страната на факултетите (вести А1..незнам како било на другите).
    ...отиде приватноста во неповрат
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Нема потреба да се цензурираат ликовите на симпатизерите. Правилото за заматување на ликот се во следниве случаи:
    -Кога се снима како се апси некој (не се знае дали е виновен или не, па затоа не смее да му се покаже ликот додека судски не се прогласи за виновен)
    -кога се снимаат деца
    -кога тој што го снимаат сака да остане анонимен.
    Мајката претпоставувам сама побарала да не и се покаже ликот.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    26.724
    Знаев дека некој друг ке излезе крив. Мајката била крива што 3 дена не го побарала синот, и што носела бела маица...?? :^)

    Чекам само кога Бранко ќе го обвинат за убиствово.
     
    На Mygirl, julie77, DivineChaos и 2 други им се допаѓа ова.
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    :) Не знам дали го прочитавте текстот што го ставив во спојлер, неколку страни понапред - таму пишива во детаљи за убиецот на момчето, кој припаѓа во редовите на обезбедувањето на глујоо и ова не му е прв пат да се товаРИ ЗА УБИСТВО...СВЕ ВИ Е ТАМУ НАВЕДЕНО, А ПОСЕБНО СЕ ПРАШУВАМ СКОРПИОНКА ДАЛИ ПРОЧИТА, БИДЕЈЌИ ПОВТОРНО СЕ ЈАВУВА СО НЕКОИ НЕБУЛОЗИ
    Коалиција меѓу вмро и СДСМ не може во никој случај, бидејќи мора владејачката партија да коалицира со една од албанските...
    Искрено, ова се ненормални барања од шипциве...Кај мислат дека се наоѓаат? Ако им ги остварат барањава јас си одам од државава...Мое дете ќе учи шиптарски, само преку мене мртва...
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.776
    Допаѓања:
    116.918
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. Никој нема право да ја критикува мајката зашто не била во црно или од каде и е таква сила. Прашајте секоја мајка ќе ви каже дека мајчинството ти дава невидена сила во вакви моменти. Не дај боже мајка ова да го доживее. Тоа каде бил 2 дена да го бараат не е наша работа. Полнолетен бил не бил малолетен па да му водат сметка родителите. Може им најавил дека од таму ќе оди некаде на друго место на неколу дена. Нека му е лесна земјата на дечкото а за сторителот најстрога казна. Греота.
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    MSkorpionka да,смешно е политика да се меша во вакво убиство,бидејќи убиството не беше испланирано туку се должеше на нискиот IQ на алфата, бидејќи нема никакво чувство каде мава и со колкава сила мава.
    Значи автоматски не е способен да размисли колку силата на момчето и желбата за каква и да било одбрана е релативно многу мала во споредба со неговата.
    Точка на муабетот за мерење на ташаци.

    Сега ќе ми ти смешам малку политика.
    Иво Костоски го гледаше на ТВ?
    Ќе ти цитирам, не ги запомнив точните зборови,ама ќе ти ја доловам поентата
    "Јас немам информација за никаков таков случај, до сега во МВР не е ништо пријавено така да не можам да зборувам"
    А, пријавено било уште истата вечер.
    Протестите онака изникнаа..? Од нигде никаде им текнало на група безделничари да излезат да протестираат?
    Што ќе кажеш на тоа? Дека сите што отишле на протест се комуњари?
    Сител се правеа на три и пол, место да кажат за смртта на момчето, нив поважно им е како се читал манифестот.
    Мислам ова е крајно ретардирано.
    И како да не се смеша политика? Ќе ти цитирам еден статус на фејсбук "за жал медиумите одлучуваат која вистина ќе ја знаеш"
    Сега кој е заслепен?

    И без разлика кој е на власт, додека е во негово време секој немил настан или по некој добар ќе се препишува на таа власт.

    Јас незнам колку години имаш,ама не мислам дека си родена од 2000 година па да не ја паметиш а1.
    А1 постоела и во време на Бранко. Едно време го оцрнуваше и него.
    Па после имаше нивни документарец ли беше или шо беше кога изјавија дека името на тв уствари значело "Алах е еден"
    Значи горе-долу од самиот нивни почеток се ширеше антимакедонска пропаганда.
    Е,сега антивмровската пропаганда активно започна да се шири, вклучувајќи ја и причината за глобалното затоплувања да му ја препишат на Грујо,откако Велија е во затвор.
    *порано беше пасивно, сега е активно.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Ц в е т о и

    В Тиквешко негде, в некое село,

    кај в слана тивко венеше цвете,

    убија дете.

    Последна солза од око капна ...

    Кога на ридот есента стапна,

    в крви се изми утрото бело.

    И кога в зраци челикот светна –

    последна мисла ко птица летна:

    „Мајка ми сама остана в село!"

    О, детски очи!

    Криевте в себе небесно катче ...

    Румено крвје, течеше в жили

    в радост без почин ...

    Кај око детско натопи земја

    гороцвет никна, разлиста пролет,

    кај крвта врела растопи слана

    црвена роза закити поле.

    37Мајската роза и цветот модер

    в миризма молат:

    „Закити, друже, огнена пушка

    со цвеќа млади,

    па напред појди и други деца

    брани со гради."

    В Тиквешко негде, в некое село,

    кај в слана тивко венеше цвете - RIP
     
    На Mygirl, FBI, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    На Kika30, Cia-ra и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.820
    Кога во L.A. (мислам таму беше) пред повеќе години полицијата уби момче, градот стана бојно поле. Кога лани во Грција полицијата застрела момче, знаеме што се случи. Убиството на ова момче е страшна трагедија, да не даде Господ никој да го искуси тоа, а она што мене дополнително ми е (покрај сево ова) морничаво е реакцијата на македонската јавност. Ако ова не е масовна апатија, не знам што е... Тонеме во баруштината и не претаме да си помогнеме. Не сакам да анализирам зошто и како, ама некако ненормално ми е ваков настан вака да помине. На сите им е жал, ама сите од страна само гледаат. Ретки се оние кои би излегле масовно на улица, за да се свести власта (оти и полицијата е дел од неа) дека таа е тука за да му служи на народот, не народот да и служи и слугува неа. Мотото (чинам) на американската полиција е to serve and protect... Кое ли е на нашава? Кое ли мотото на нашиот човек? Наведната глава сабја не сече?!
     
    На tanja6, rossonerka, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  12. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Македонскиот народ жално... меѓутоа е навикнат да биде угнетуван, измачува, физички и психички искористуван...ментално заведуван..така да ова не е ниту прв ниту пак последен настан кој ќе помине неказнет..секој народ добива влада каква што заслужува...нека ги трпат последиците сега. Проблемот е до граѓаните на РМ кои мирно следат што с еслучува и плашејки се за својата безбедност не превземаат ништо..се додека е така ке страда, пати и гине обичниот човек на сметка на " бесмртните"
     
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Македонскиот народ (со исклучоци ) не верува ,не признава и не превзема мерки додека не осети на своја кожа ,за жал. Ама не гледајте така на тоа ,вчера беше Мартин , денес ќе биде некој ваш близок ,утре можеби вие којзнае .
    Се убиваат луѓе а ние си седиме . Утре ако им текне да отворат концентрациони логори и да не убиваат еден по еден ние наместо да се организираме против нив ,ние ќе се скараме за тоа кој е напишан прв на списокот и зошто е тоа така . Жал ми е за нас.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Луѓе бе, па ова го нема никаде. Дури во најнеразвиените земји имаат правда од типот ок за око заб за заб, а кај нас око за клоца, заб за шамар. Катастрофа. Нај интересно е што ако они изгледаат како да се во некој раздор, оди зад “сцена“ каде што е само бизнис во прашање па видете како добро си се слагаат. А ние овде да можеме да се испотепаме и испоудавиме и тоа ќе го направиме. Кога ќе дојде време, народот да се обедини? Бидејќи пред вистината и боговите молчат ама треба едниство, па ќе се види тогаш кој е помоќен. Кога ќе се свестиме? Дали напредна Македонија е само една утопија, од која секој ден не влечат подалеку кон амбис?
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Зошто така зборите? Еве денес пак има протест и треба сите да излеземе, а не тука само да кукаме како македноскиот народ ништо не превзима, вакви сме такви сме. Денес треба масовно да се излезе, за утре да не биде плачење за нашето.
    И ве молам не паѓајте многу лесно на провокации од страна на некој член :)
     
    На nena2010, lolyta777, FBI и 2 други им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Вака оди постапката. Најпрвин треба да се конституира Собранието, зошто Собранието е тоа кое ја избира Владата. По одржувањето на парламентарните избори, во рок од 20 дена Претседателот на Собранието на претходниот состав(во случајот Трајко Велјановски) е должен да свика конститутивна седница за да се конституира парламентот. На таа конститутивна седница се верифицираат мандатите на пратениците, а за да се смеета дека парламентот е конституиран мора да бидат верифицирани 2/3 од пратеничките мандати, тоа би било некаде околу 81 мандат(или 82, поради тоа што сега имаме 123 пратеници во Собранието).

    Откако ќе се конституира Собранието, Претседателот на државата во рок од 10 дена од конституирањето на парламентот, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата што има најмногу гласови т.е мнозинство во парламентот. Мандаторот е должен во рок од 20 дена од доделувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог за состав на Влада.

    Е сега доколку не може да формира влада во овој рок, по истат постапка мандатот се доделува на партијата која е втора по гласови. Доколку и таа не може да формира влада, настапува политичка криза, и во тој случај мислам дека нема да има повторни парламентарни избори, туку ќе се формира техничка влада.

    Еве и еден линк каде што уште на 1 јуни прогнозираат техничка влада
    http://daily.mk/cluster3/e9f36507024638 ... 857/757256
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.714
    Допаѓања:
    253.565
    Повика Груевски вестите на А1 да се зимаат со резерва, да не им се верува, и следбениците негови слепо го слушаат, дури и кога се работи за убиство на млад човек за кого полицијата сакаше да го закашка, и да не беше А1 и младите кои излегоа на протест, за оваа немаше ни да се спомне. А1 измислуваа, се дрзнаа да коментираат дека и мајката ја монитира. И на крај видете излезе се како што кажаа на А1. Чудно нели! А1 ја монтираше и аферата со списоци па пак излезе дека е вистина.
    Ајде сега се чека пастирот Никола да излезе со став за убиството за неговите да имаат што да коментираат. Вака збунети се!
    Срам да ви е, за да ја одбранете партијата газите преку човечки живот. Не мешајте политика, нормално дека одговорност ќе се бара кај полицијата и власта, а сега таа е во рацете на ВМРО. Да беше СДСМ на власт тие ќе беа одговорни. Нема простор за политика во овој случај. Ова на секој може да му се случи, сите сме и ќе бидеме родители. Животот е поважен од било која партија!
     
    На Li0ness и FBI им се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Затворена е темата за специјалните единици и полицијата, затоа ќе ви ја пренесам тука изјавата на господичната Јанкуловска, која дополни на еден прес дека убиството не е политички и нема потреба да се бара политичка одговорност.

    Еве ја изјавата
    http://www.moi.gov.mk/ShowAnnouncements ... tabindex=0
    Со битниот цитат
    Осомничениот заедно со полициските службеници Мартин го фатиле под рацете, го пренеле во непосредна близина во тревнатиот дел на паркингот пред Мепсо, каде му укажувале помош обидувајќи се да го реанимираат. Осомничениот заминал од местото и ги оставил полициските службеници да го обезбедуваат и да ја чекаат екипата на брзата помош, каде по нивно пристигнување од страна на доктор кај Мартин, констатирана е смрт.

    Цитат од макфакс
    Од МВР велат дека дополнително ќе се испита одговорноста на полициските службеници кои што не го пријавиле случајот.
    Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, случајот не е политички и според неа нема потреба да се бара политичка одговорност.


    - Ех Јанкуловска, 3 преса имаше МВР во рок од 24 часа со различни изјави, прво немале информација за такво убиство. Второ да има убиство на момче ама немало траги на насилство. А трето дека сепак е истепано момче од специјални служби, каде убиецот кој е твој вработен избегал од местото на злосторот Гордано!!!
    Не се чуствуваш одговорна?
    Па не се чуствуваш, а кажи и дека Спасов е пријател на Урко и има криминално досие.
    Пола специјална служба ви е бивши криминалци кои имаат досие големо, кои ако порано тепале и убивале нелегално сеа сето тоа го прават легално!
    Секоја ти чест што се чуствуваш неодговорна. Само ти продолжи да работиш со вакви убијци и истите тие да не чуваат нас и да го обезбедуваат јавниот ред и мир!
     
    На sanjaeva, ludoto19, SunFlower94 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    ^^Во контекст на ова ќе надополнам само дека излезе со изјава и Алексеј Дума, кој кажа дека обдукцијата била завршена во 12 часот во понеделникот и било констатирано дека момчето починало од насилна смрт. Момчето имало скршен нос, внатрешно крварење во главата и цела лева страна во распаѓање од ударите. Само после неколку часа излегува Иво Котевски да каже дека таков случај не е пријавен и дека секој кој има било каква информација да повели и да го пријави.
    Кога целата ситуација се разјасни, благодарение на сведоците и одредени медиуми, Котевски излегува со изјава дека мислеле дека на момчето му се слошило бидејќи немало видливи траги на насилство?!? немало видливи траги на насилство?!? Па кого лажете бре еј? И како не ви е срам да штитите убијци и насилници?
    И нека не се правда Јанкуловска, државата е соучесник во убиството на Мартин со обидот за прикривање. Ако не беа очевидците, социјалните мрежи и медиумите веројатно ќе останевме на тоа дека на некого му се слошило и си починал.
     
    На tanja6, Li0ness и FBI им се допаѓа ова.
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Срамота!!!
    Ете заради ваквите расветлувања кои некои сакаат да ги прекријат или измонтираат во полза на нивните СТРОГО политички определени уредници А1 треба да постои!