Народот не упадна во собранието на РМ туку беше пуштено да влезе !!! Срам за полицијата . Кога мирно протестираа студентите километар жив ѕид од полиција, денес за демонстрантиве и хулиганиве 5 полицајци. Како бе?
ДА, затоа што кажав дека не оправдувам никакво насилство особено не врз жени. Затоа што одраз на култура е, а и се фативте за рамноправноста ко слепи за стап - рамноправност и било каков облик на насилство се две дијаметрално различни нешта. Никакво насилство не треба да биде оправдано, без разлика дали била Бонева во прашање, Стојанка или баба Томаида од втори кат. А ти ако сакаш искрши ги од мавање, тоа зборува за тебе и е друга тема на муабет.
Кажав порано некаде...титулата "народот и "граѓаните'' сами си ја ставија...тоа ако беше народот тогаш ние останатите што сакаме нормален живот сме говеда... Не може една партија да е народот а другите милион и пол да се нешто друго...или може?
По ослободувањето на Харадинај и поставувањето на села на најбитното место, проектот за голема шпунија започна. Честитки. Се моли Севрна Кореа да фрли две нуклеарки кај нас.
Јас не посакувам смрт, далеку од тоа, и не си измислувајте некои работи. Cакам барем еднаш да се најдат во кожата на народот.Знаете како викаат, се се враќа, се се плаќа. Ама, подобро да ми удрат еден шамар, отколку да гледам како роднини и другари си заминуваат,да гледам како едвај крај со крај преживувам, да го гледам мм на скајп со месеци. Тоа боле повеќе. И не ми ги превртувајте мислењата и читате што ви одговара. Не осеќам никаков жал за нив, политичарите, наречете ме како сакате, само немојте да ги бранете оние кои ја уништија цела држава.
Чекај малце сеа, полицијава ги носи за рачиња двајца по двајца како забавачиња платенициве со фантомките у Собрание, за овие да го (у)тепаат Зајко, и неговиот телохранител бил крив што извадил пиштол за да го одбрани т.е. си ја вршел работата (за разлика од полицијава), со што го испровоцирал целиот ,, инцидент ,, ?! Па као прво, не погоди ниту пак утепа некој, јес да имало истрели, кои најверојатно ги испукал како предупредување , и као второ, он беше еден од малкуте у крв облеан цел, така да не продавајте м*да за бубрези...
Ама ми преврте муабет сега, браво. Пишав дека не оправдувам Исто така пишав дека ако сестра ми ви (на народот) пере мозок со патарини месечни од 12000 еур ќе ја искубам прво јас дома. И тетка ми ќе ја искубам ако ви (на народот) продава бонбона бизнис. Ама тоа што читаш како што ти одговара, да, навистина е друг муабет.
Среќна да бидам на туѓа несреќа?НЕ! Затоа што ако е така значи не сум ништо поразлична од нив (политичарите) .
Истокот си оди, Бугарскиот пасош во рака и пут под ноге за Западна Европа. Вие продолжете да се тепате и едни на други очите да си ги вадите. Прва задача на новата влада предводена од СДСМ да биде попис. Ама онака сите до еден кај се, без криење. И да се преброиме колку сме предавници со странски пасоши. Што ги извадивме ''на време'' за да не мораме едни други да се тепаме за корка леб. Најискрено, ве жалам колку можеа да ви го исперат мозокот. Доведени сте до дереџе да скокаате на ќотек на грешните особи. Овие што ве пратија, ве закопаа пред време. Ве пратија во пеколот, а вие едвај чекате да стигнете таму. Браните туѓи интереси, украдоа милијарди, а вас ве изманипулираа да ги браните со ваша крв. И овие што застанале таму да ги тепаат, стојат оти го сакаат ова парче земја. Стојат и трпат за вас. За ваше подобро утре. За да имате утре. Преголема жртва даваат за народ што не заслужува. На сила можеш да земеш, не можеш да дадеш.
Сестра, тетка, не знам кој - насилство е насилство и во двата случаи има насилник и „жртва“. Нема поделба на „ќотеци наменети за сестра ми што краде“ или „ќотеци за некоја од онаму“ што прави далавери. Не гледам разлика, ќотек е ќотек. Тоа сакав да ти го кажам. Јас не би, а ти како сакаш - не е моја работа.
Исплашени се од од затвор фамилијата па ова им е очаен крик за спас. Страшно е ова што се деси денес. Гнасно. Жените дома да си ги тепате така, ма да не ме чуди да ви е тоа океј вам коа сте научени дека така е правилното. Патриотизам!!!! Не сакам да сум наивна и да верувам дека ќе одат во затвор ама народот никогаш поише не сакал да се деси тоа. Не само за упадот, за Тамара, за Мартин, за Младенов за сите милиони кои завршија во нивни џебови. Им нема спас дечки, усрани се. Јас знам дека кај и да е ќе гледам да со одам од тука ама кај и да бидам секогаш ќе се надевам дека #Ж и фамилијата ќе лежат. Ќе навивам за тоа.
Навистина нехумано. Требаше писмо да му пратат преку пошта и да го замолат уредно да го напушти собранието. Плус црвен тепих за да се чуствува орловски и холивудски. Тој Зијадин Села 100 пати ја навредува твојата држава (ако е твоја), твојата националност, отворено се бори за Голема Албанија. Не се ни труди тоа лицемерно да го крие. Во нормална и средена држава тој одамна ќе беше ликвидиран и фрлен во некој контејнер од страна на безбедносните служби. Еве ти видео од Струга пред 25 години да видиш дека градот бил доминантно македонски. Денес градот изгледа како Призрен или Прешево. Твоите срцекршачки пораки немаат реален поглед на ситуацијата.