Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.209
    Допаѓања:
    38.243
    Пол:
    Женски
    Реков јас дека на крај Бранко ќе излезе крив :D Гарант фантомците биле клети комуњари.
    Болесници :x
     
    На galapce, Luna91, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    На вчерашните немири не видов ниеден човек од 20-30 години..што значи дека поддржувачи на режимот се стара генерација на луѓе, а доброто е тоа што младите генерации се посвесни и да се надеваме дека ќе имаме добра иднина.
    Па луѓе мои сите од оние коишто се тепаат одат за нивните синови и ќерки кои се на директорски позиции ширум институциите низ земјата..зошто еве јас не идам да се тепам за нив?
    За тоа што живеев во смрдлив студентски дом со лебарки?
    За некој што не овозможил ништо за мене?
    Можеби наредните нема да бидат подобри никој не знае што ќе се случува..ама време е за промени.
    А тоа што го нарекуваат "тиранска платформа" каде беа да го кажат кога Талат го ставија за министер за одбрана или за што и да беше?
    Во секој случај во овие моменти најдобро е да се остане со мирна глава и да не се шират дезинформации, за сите најпожелно ни е да се смири ситуацијата.
    Сите продолжувања на разгорувања на страстите само ќе ни ја продлабочат сиромаштијата во која и онака сме до гуша.
     
    На galapce, black-angel, Adi888 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.207
    Допаѓања:
    42.085
    Пол:
    Женски
    Македонија си ги доби своите 5 мин. слава во светот.
    Топ тема сме секаде.
     
    На galapce, iloveyou29, Zlatna12345 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.209
    Допаѓања:
    38.243
    Пол:
    Женски
    Јас дури сега разбрав дека Талат на албански зборел т.е прво албански, па македонски, така? Албанска химна имало? Лошо е тоа, многу лошо. Се прашувам што планира Зајко да направи во врска со ситуацијата. Бидејќи сметам дека албанциве ги преминаа сите граници.
    Цело време мисла ми е дека ова сепак е дил меѓу Али и Гвујо. Пајташи се они, не се оставаат туку, така.
     
    На faye, iloveyou29, Zlatna12345 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    По вчерашните случувања се појасно е во кој правец оди Македонија. Тотална анархија, се до конечен распад на државата. Искрено, боли она што се случува овде. Не го оправдувам тепањето на пратеници во никој случај, ама не ми беше сеедно кога слушнав пеење на албанска химна на говорница, како и изјавата на поранешната учка која прво ја даде на албански, па потоа промрмори нешто на македонски. Не сум симпатизер на ниедна партија, само едно знам. Државата од нејзиното осамостојување, па се до денес ни ја водат криминални структури, групирани во кланови. Жално ми е кога гледам луѓе кои слепо ги подржуваат вмро или сдсм, вистината е дека ни едните, ни другите не се борат за интересот на македонците, туку за свој личен. Исто како што студенти беа искористени за време на шарената, тепани и носени во станица, така и симпатизериве на вмро беа ништо повеќе од топовско месо. Македонците се предавани од своите лидери, традицијата си продолжува....
     
    На BayernKa, realGirl, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    Кривичен закон на Р. Македонија

    Член 384
    (1) Тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршење на службено дејствие или на ист начин ќе го присили да изврши службено дејствие, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
    (2) Водачот на толпата, ќе се казни со затвор од една до пет години.
    Учество во толпа што ќе изврши кривично дело

    Член 385
    (1) Тој што ќе учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилства спрема луѓе или ќе оштети или ќе уништи имот од поголема вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
    (2) Ако при дејствувањето на толпата некое лице е лишено од живот или тешко телесно повредено или настапила штета од големи размери, учесникот во толпата за самото учество, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
    (3) Водачот на толпата, ќе се казни со затвор од една до десет години.
     
    На galapce, Luna91, LollySky и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.657
    Допаѓања:
    18.972
    Пол:
    Женски
    аууу шо беше ова синоќа?? бруки, катастрофа!
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Пратеник на ВМРО пееше македонска химна од говорница. Како одговор, излезе некој албанец и пееше албанска.
     
    На theowndemon и An-na им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Кој ви е крив ко си гласавте за вмро или сдсм? Јас ете ги казнив вмро што не ги гласав за тоа што го правеа со години, ама па не им дадов глас ни на сдсм. Кога ги знаете и едните и другите дека се говеда, што не си гласавте, пример за левицата?
    Полошо од ова немаше да биде... Не ни може да биде полошо.
    Ебате народот македонски!!! Море не само политичарите, и ние сме за ќотек
     
    На iloveyou29, Mishela, Quincy и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Погоре прочитав дека немало млади на протестите, епа нема зошто сите си отидоа од државата. А и тие што се останати гледаат кој пат да го фатат. Не ми е гајле за политичарите, гајле ми е што тие што ги сакам се далеку од мене и морам да ги гледам енаш годишно, а до вчера заедно јадевме, спиевме, живеевме.
     
    На galapce, Quincy, Luna91 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    Најубаво можеш да се сокриеш позади лажниот национализам.
     
    На galapce, LollySky, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    Не подржуваме ова!! туку не е праведно полиција да мава со пендраци и да фрла водени топови на мирни средношколци и студенти а мува да не ги лази да си лабават коа 10 батки со фантомки лабаво се шетаат низ Собрание и маваат тепаат ЛУЃЕ (какви такви лопови не лопови) пак се луѓе.
     
    На iloveyou29, Zlatna12345, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.575
    Допаѓања:
    55.568
    Пол:
    Женски
    Не сум патриот,а уште помалку лажен,не бев во првите редови на ниту еден протест од двете партии,не бев принудена на ништо,само бидејќи не зависам од никој,никој ништо не ми ветил или помогнал па јас да му лижам и спасувам задникот.
    Како и повеќето,и јас се изјаснував дека сакам промени,дека доста му е на режимот,дека ќе го изберам помалото зло(ова во наводници)ама кога немавме друга понудена опција чиниш моравме пак во наводници да веруваме во Заев демек колку за промена ;)
    А факт е факт значи,ни едните ни другите не чинат,и едните и другите ја давале и даваат државата на тацна на Албанците,а ние овде си вадиме очи бранејќи го Груевски или Заев кој како има корист.
    Брутално ќе бидам искрена,сакајќи да заврши режимот гласав за негов пад,да,ама сега ич баш ич не се согласувам со се ова што се случува,ама враќање нема,Заев продолжува таму кај што застана Грујо и тоа е.
    А дека сме овци од народ повеќе и од јасно е ,дозволивме во своја држава да изгледаме граѓани од втор ред,дозволивме разни амнестии,аболиции,давања на претерано големи права на "браќата" дозволивме да ни ги срушат темелите на крстот што ќе се градеше во Бутел чинам,дозволивме се до недоглед....
    Несакам да звучам како расист или нацист или незнам ти што,ама утринава солзи ми течеа сами од себе кога гледав како е избран Талат за претседател на собрание,говорот директно го држеше на албански па едвај 30 секунди на македонски,добро бе ич не ви засмета на вас?!штознам не е нормално за свои интереси барем малку од малку да се нема љубов кон предците,јазикот и се што е во основата и сржта Македонска,срце исто ми се кинело секојпат кога македонската химна беше исвиркувана,милион пати албанците изјавуваа не се осеќале пријатно за време на наша химна,ма немој бе ако не се осеќате одете си Албанија...
    И не,не е исто кога беше министер и сега претседател на собрание,чекајте сега на секоја седница обавезно пеење на албанска химна и чаталење само на албански а ние да си молчиме.
    Не е хумано да се посакува лошо на никој,ама ова политичариве сите до еден и ајт да се сварат како сапун!!!!
     
    Последна измена: 28 април 2017
    На Chica.Loca, manja666, moonlight-girl.55 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    сериозно веруваш во ова ....
    сериозно??
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Срамно и жално. Од вчера читам статуси по фб, посакуваат смрт, погреби, ковчези, Ми се повраќа...Значи каква злоба има во народот. Во собранието одамна се зборува на албански со преведувачи, ама кој погледнал седница од оние, никој. Ќе пропатиме за леб, државава ни тоне, неписмен кадар секаде, здравството ужас, децата ни ги чуваат некадарни луѓе. Уште само ова фалеше. Само што, политичарите пак ќе си се спасат и ќе ги полнат џебовите, народот пак гладен и неписмен, Уствари да, со таков народ најлесно се манипулира. Згрозена сум.А оној па оној Богдан, го имам читано одамна, прв плукаше по вмро сега прв патриот. Не сум ни за едни ни за други, јас сум за мирна, стабилна и држава која ќе обезбеди нормалне живот на моите деца.
     
    На galapce, Gosh, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    21.637
    Пол:
    Женски

    Точно, преточно!!!
    За сите политичари кои не доведоа до ова дереџе, и малку им е едно убаво млатење. За сите наместени и скриени убиства, украдени пари, вработувањата на неписмени дебили на клучни функции, доведувајќи го обичниот народ на раб на преживување со единствена цел да си одат од оваа дупка, додека тие купуваат вили, мерцедеси и си ги ставаат парите во швајцарски банки, оправдувам насилство, и многу полошо од ова што беше вчера.

    Ама не онака, партиски.Ќотек за сите, почнувајќи од вмро. Да ги проплукаат сите пари кои ги дрпнале, да испоцркат давејќи се во сопствената мизерија.

    Едните шиптар за министер, другите да не останат покуси, истиот шиптар терорист во 2001 го наместија за спикер на собрание.Албанска химна се пее во Македонско собрание, албанска!!! Ова не е нормално, не е.
     
    Последна измена: 28 април 2017
    На iloveyou29, Gosh, Aquamarine93 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.175
    Допаѓања:
    83.184
    Пол:
    Женски
    Не е вистина ова, има доста лажни информации за да бидат интересни тие што ги објавуваат. Ништо не кажа Иванов... ги повика лидерите на партиите на разговор денес за да донесат мирно решение. Ништо нема потпишано и побарано.
     
    На okcenzi, realGirl и forumce им се допаѓа ова.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    51.199
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат овие албанскиве политичари. Вчера пред да се случе тоа некој албански политичар велеше не му се допаѓало нашето знаме, химна. Ако не ти се свиѓа оди си во Албанија и таму сменувај си што сакаш, а не тука во туѓа држава.
     
    На Chica.Loca, okcenzi, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.639
    Пол:
    Женски
    Далеку се оние патриоти од бранење држава
    Ги бранат решенијата на внуките,керките,синовите
     
    На black-angel, Gosh, Luna91 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Што ќе биде понатаму?
    Во каква држава се разбудувме денес?
     
    На okcenzi, Someonespecial, Ane-Goki1 и 3 други им се допаѓа ова.