Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    29.735
    Пол:
    Женски
    После се што се случи малку и да се насмееме.

    IMG_20170428_091449_577.jpg
    IMG_20170428_091727_089.jpg
     
    На VivienLeigh, galapce, black-angel и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Како се третираат толпите кои протестираат против Груевизмот и тие кои подржуваат Груевизам и криминал.
    [​IMG]
    МРШ !!
    [​IMG]


    И бидејќи беа осудени шарените за кршење на кабинетот на иванов , сега што ќе кажат вмровциве за кршење на собранието?
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На galapce, iloveyou29, anel и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    20.212
    Реалноста во Македонија е дека бираме меѓу две зла со цел да го избереме помалото. Работата е здраворазумски да разграничиме што добиваме а што губиме со избраната опција. После тоа од вчера, значењето на поимот „патриот“ никогаш повеќе нема да биде ист, се извалка зборот, се обои во крв.
     
    На galapce, Mishela, Zlatna12345 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.317
    Пол:
    Машки
    Не сум ПАРТИСКИ ОПРЕДЕЛЕН,искрено никогаш не ме интересирала политиката,од секогаш имало Албанци во оваа држава и секогаш ке има тоа е факт,јас имам многу пријатели Албанци со кој живееме,но тие се разбрани луѓе,кој си ја сакаат оваа држава,тука се родени,тука и сакаат на старост да умрат,затоа што се чуствуваат МАКЕДОНЦИ.

    Ставаш терорист трет човек во држава,и прво обраќање му е на албански во МАКЕДОНИЈА?

    Овој терорист кој зави многу фамилии во црно во 2001 година за време на војната,да биде трет човек во Македонија,па уште згора на све одма зимаат сила и пеат ХИМНА на албански во МАКЕДОНСКИ ПАРЛАМЕНТ?

    Идете во некоја друга држава и направете го истово еве како МАКЕДОНЦИ,барајте ги истиве права што ги бараат ТЕРОРИСТИТЕ и правете го истово што го прават сите овие КРИМИНАЛЦИ ОД СДСМ,ВМРО,ДУИ,ДПА и други политички ГНАСОТИИ,за помалце од 30 мин нема да постојте на планетава,и нема никогаш во животот да можете на тоа парче земја да стапнете.

    FB_IMG_1493321494001.jpg
     
    Последна измена: 28 април 2017
    На faye, samovila.red., Silver.E и 14 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Дали сте свесни дека насилството врз пратениците е насилство кон сопствениот народ?Кон сите оние кои се изјасниле за промени на фер и легитимни избори?

    Насилство кон волјата на народот,зошто пратениците се токму тоа,народни избраници.
     
    На galapce, Zlatna12345, LollySky и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Јас сум нај против насилство тепачки и слично. Ова вчера ме потресе ама Заев толку инает терање и силење, така лесно власт никој не дава. Нека имаше уште едни избори и ајде сите нека бркаат работа после.
    Вака никогаш нема да формира Влада, реално да победеше тој на изборите никој немаше да му се меша ама вака, ете до кај стигнавме.
     
    На Lianna Anna, H.VAGA, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.523
    Пол:
    Женски
    Ова вчера не личеше на Македонија строго го осудувам нападот на пратениците во собранието, без разлика од која партија се, сепак тие се пратеници избрани од народот, и уживаат имунитет.Единствен пратеник кој помагаше во сето ова да им се помогне на пратениците од другата партија беше Влатко Ѓорчев.Јас вчера видов протестанти од 60 години па нагоре не видов ниеден млад дечко или жена.И овие старциве од кого ја бранеа државата од својот народ или ги бранеа работните места на своите ќерки, синови, внуци кои се закржлавени седејќи во фотељите.
     
    На galapce, Luna91, LollySky и 8 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.209
    Допаѓања:
    38.243
    Пол:
    Женски
    Тоа што си гласала за Левица, со сегашниот изборен модел, е исто како да си гласала за ВМРО т.е џабе гласови. Друго ќе биде ако се смени изборниот модел, вака за жал останува изборот помеѓу помалото зло.
     
    На Gosh, Zlatna12345, LollySky и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.277
    Шарените кога кршеа, тепаа, било демократски, ама сега кога само ЕДЕН ден имаше ваква вонредна ситуација - народот биле хулигани, недемократи ?
    Колку сте лицемерни вие од Сдс.

    А, каков е вашиот став дека го избраа Талат ? Дали ако однапред вашиот Заев ви кажеше дека албанец ќе е претседател на собрание, ќе го гласавте ?
    Се браните дека Груевски го ставил министер.
    Тоа е грешка.
    Ама нели вие бевте поарни ????
    Зошто правите уште поголема грешка ????
    Нели Дуи беа криминалци со Вмро ? А, сега ставате претседател од Дуи ?
    И тоа оној кој на денешен ден уби наши браќа Македонци ????

    Зошто НИЕДЕН сдсомовец не го осуди изборот на Талат ?????????????

    И додека траеше изборот во една хулиганска атмосфера, дно на дното, Заев и Шекеринска и грото Македонци седеа настрана и се смешкаа. Албанците како посилни ја превзедоа работата во свои раце да изберат спикер. После, Заев бил херој.

    Заев бил херој - што го бранеа со пиштол. На лицето му се чита страв и кукавичлок. Ама мора да издржи, зошто во спротивно ќе го ликвидираат Алб. Во маката се држи како давеник за змија.

    Го осудувам кубењето на коса на Шекеринска, ама кога видов како се смееше кога ја пееше алб.химна пратеникот - си реков, и малку ти е, предавничке една. (иако таа е докажан предавник).
    Таа впрочем и прва му даде аплауз на Талат. Погледајте видеа.

    На крајот, народот беше и доста смирен и прибран. Да беа во друга држава, предавници како нив ќе беа осудени или протерани. А, Села со неговиот гнасен речник кон македонскиот народ немаше ни да постои.

    Пак ќе повторам, бидете против Груевски. Но, да го подржувате предавникот Заев и цела банда која ја уништи Македонија додека беа на власт..!?!?
     
    На faye, samovila.red., Chica.Loca и 9 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Јас прво не кажав за кој гласав... Реков ПРИМЕР левица. Второ, се ќе си извртите само сдсм да се прави. Кое помало зло? Нема помало зло, јасно ви е? Злото ви е подеднакво... Така само си се тешите.
    Поздрав
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Се изначитав коментари по социјални мрежи, далеку од тоа дека сум партиски определена... најмногу што се згрозив од целава ситуација е тоа каков вулгарен речник поседуваме, со какви погрдни имиња се нарекуваат сите со спротивставени ставови иако не се познаваат меѓусебно... кај отиде културата? И многу неписмен народ сме биле, нејќев да верувам до вчера :sweat:
    Исто така и насилството не го поддржувам ... не велам дека немало провокации и слично, но во секој случај сметам дека се' би се решило на мирен начин... можеби грешам (и нема да навредам никого доколку има спротивно мислење од моето).
     
    На Luna91, sweet-cherry, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Шарените не смееја да се доближат од полицијата посебно до упориштето на моќта на вмро,желките одеа кон нас,не туркаа иако бевме жени.Не знам дали знаете како се влечеа студенти од библиотеки?
    И не е исто,барем јас не можам да се ставам во ист кош со оние од вчера.

    И Да,ќе гласав и пак ќе гласам за Заев,ќе гласам за секој оној кој ќе обезбеди нормална и демократска држава.Ќе гласам за оној кој ќе ми ги подобри животните стандарди во секое поле,оној кој ќе ги смести криминалците во затвор,оној кој ќе успее да ги задржи младите овде,оној кој ќе ја врати демократијата,па ако сака и мандарински нека зборува,се додека обезбедува мир,демократија и нормален живот,ќе гласам.Јас си ја сакам земјата и сакам децата да ми останат овде,да продолжат да го развиваат она што овде сме го создале ние и генерациите пред нас.

    Што ве прави вас, патриоти,поголеми македонци од мене?
     
    На galapce, butterfly6223, anel и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор, се согласувам со се што имаш напишано. Искрено, се радувам кога ќе видам некој со здраворазумно мислење и личен став. Мразам партиски полтрони, со копирани изјави директно излезени од нивниот штаб. Да се вратиме историски назад, кај македонецот никогаш немало изградено национално чуство. Македонец против македонец се борел за време на балканските војни, буквално брат против брат. Вчера беше само едно оркестрирано повторување на историјата. Македонци се борат меѓусебе, за да изберат шипац, претседател на собрание. Го пишувам ова и морници ми лазат. До каде дојдовме? Зарем можевме и ова да си го дозволиме. Каде е здравиот разум?
    Станувам денес, се логирам на фб и кога ќе видам симпатизер на сдсм објавил статус: „Денес се раѓа новото сонце на слободата?“ Се прашувам себе си, дали се толку наивни, со низок коефициент на интелигенција или обични партиски газолижачи. Денес, не се роди сонце на слободата, се роди орел над нашето небо. За волја на вистината од 2001 па се до денес, си беше присутен ама во сенка. Од денес па се натаму, ќе си имаме собраниски спикер кој што ќе зборува, да потенцирам: прво на албански, а дури потоа на некој приучен македонски. Ако не им текнално до сега, се надевам ќе им текни од сега дека мнозинството пратеници се ништо друго, освен слуги на албанците.
    Фала ви вмро и сдсм што ни ја продадовте државата!
     
    На samovila.red., Rama и toogood им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.275
    Допаѓања:
    205.766
    Пол:
    Женски
    Не се обраќам на членови на форумот, туку на оние што синоќа влегоа во Собрание, насилниците кои не размислуваат со своја глава, туку се водат по туѓи наредби.

    Сите вие што ја браневте Македонија од предавници синоќа, каде бевте во 2001? Сите вие бели во косите, сигурно пред 16 години сте биле способни и пушка во рака да држите да ја одбраните Македонија. Каде бевте тогаш? Каде бевте кога гинеа млади војници? Каде бевте кога човек од МВР ги предаде оние 8 души кои на вчерашен ден загинаа предадени од сопствена крв? Скриени во глувчешка дупка, дозволивте да дојде до ова што се случи синоќа... е па касно е, ама ви гори јајцето на газот, гинете за Грујо и компанија. Каде бевте да протестирате кога терористите станаа дел од власта? Молчевте сите овие години додека се случуваше албанизацијата, зошто тогаш не се буневте?
     
    На galapce, black-angel, manako1 и 29 други им се допаѓа ова.
  15. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    ти нормална си шо пишуваш? како можеш да споредиш насилство напад на споменик или зграда или канцеларија и крвав напад врз ЛУЃЕ
    иначе сите ги нарекуваа шарена револуција хулигани мирно продолжи си го денот ...
    ама ако они беа хулигани што ги боеа спомениците со црвена боја нз што се оние вчера што ги боеа луѓето со црвена боја односно КРВ ..бљак ми се гади
     
    На Gosh, Mishela, Luna91 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Гледам тв, читам на нет, ги слушам граѓаните во контактни програми, осудување на насилството, и јас сум за да се осуди насилството, но зошто ретко кој коментира зошто се пее албанската химна во нашето собрание, како тоа како на улица си избраа нов претседател на собранието, ало застанете во која држава живеете. Не сум политички активна не застапувам нитуедна страна но лично мене, ми смета да живеам во држава во која млцинставата имаат такви права што речиси и да не се приметува дека се млци ство. Д застанеме сите и да си ја одбрниме нашата татковина, без оглед на партијата.
     
    На samovila.red., okcenzi, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Не го сакам Талат баш ич, ама зошто сега му се вадат УЧК корени на нашиот почитуван поранешен министер за одбрана? МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА ДРЖАВАТА во владата на најпатриотскиот премиер што постои на планетета Земја! Каде беа толпиве тогаш да кубат коси?
    И како тоа нови избори ќе решат било што? Што ако и тогаш ситуацијата биде слична? Хорхе ќе го даде тогаш мандатот зошто тие избори би биле ПОизбори од овие? Како Грујо ако случано пак освои 51 би нашол коалиционен партнер од Албанците? Дали со Талат ќе влезе во коалиција? Зијадин Села сигурно едвај го дочекал повикот за лидерска средба.
    Она што вчера се случи е ужас. Сакал некој или не, ДПМНЕ мора да оди во опозиција. Може и другите да не ги бива, ама овие веќе се покажаа.
     
    На galapce, Gosh, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  18. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Јас па мислам дека ова личеше баш на Македонија. Во подобро светло неможело да се долови.
    Сето тоа што не се покажуваше конечно исплива на површина јавно каков безобразлук е народот. Ако ништо друго вчера немаше политика. Секој си ја покажа вистинската страна без маска.
    Сега и џихадистите имаат конкуренција.
    Бетер Ирак и Иран сме. Ќе гледаат сеа цел свет каков прост народ сме ние. Епа нека гледаат има и што да видат!
    Брука...
     
    Последна измена: 28 април 2017
    На mareane, butterfly6223, Zlatna12345 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.523
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали размислуваш со своја глава или со туќа ало, ова вчера на што ти личеше,не го подржувам никого но шарената истураше бои врз згради и споменици а при тоа не беше загрозен ничии човечки живот,а посебно не на пратеник.Ада те прашам колку време албанските пратеници зборат во собранието на албански јазик и ги водат дебатите на албански и сигурно не им го овозможив јас тоа, него некој друг.
     
    На Gosh, Luna91, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Нарачани тепачки и намештаљки/сплетки/недоразбирања кој е вистинскиот нарачател, лол, ме потсеќа на една турска серија :D

    Што ако раководството на дпмне е навлечено на турски серии и од таму црпат идеи?
    [​IMG]
     
    На Luna91, LivingGlam, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.