Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Еве видео од блиску како изгледало внатре во собрание.




    А гледам Грујо почнал да увезува од странство усташи да тепаат. Овие слики кружат по интернет за главните тепачи
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Пецов од Струмица.
    [​IMG]
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    Сега Грујо што не се побуни,дека Хрватите ни се мешаат во државава(facepalm)
    Генералот Стојанче Ангелов,добро кажува на 24 телевизија,вистината ја кажува:clap:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.776
    Пол:
    Женски
    Сега на твитер гледам, се огласила на фб и внуката на насилникот што ја влечеше Шеќеринска. Горда, прегорда на постапката на дедо си.
    Женска особа, млада, околу 20 години, во 21 век, 2017 година - се гордее на дедото што како симнат од планина отишол таму да урла, да руши, да тепа жена.
    Зборувајте за воспитување, почит кон постари и пример што го даваат овие луѓе на своите помлади! :x

    Исто на твитер гледам скриншот од статус на моја професорка што ми има предавано една година, пак со пофалби за истиов, да му се позлателе рацете.
    Повторно жена, професорка во една од најквалитетните гимназии во Скопје, што учи млади личности од 15 до 18 години во развој на своите ставови, ејјјј! :fubar:

    Срамно, жално, револтирачко за секоја чувствителна, мирољубива и цивилизирана личност. Да можам би блокирала секаков извор на информации околу мизерииве! :tmi: :doh:
     
    Последна измена: 28 април 2017
    На sweet-cherry, LivingGlam, Rama и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Изгубени женички од 60-ина години со најлонче лекови в рака, беззаби сенилни старци што влечат жени за коса, психопати, деморализирани платеници кои сплет на околности станале јавни личности, пијандури со повеќе ракија од крв во жилите...

    Тоа ли е тој народ што требаше да влезе в Собрание за да си ја врати државата? Тоа ли е тој народ, што сакаше да убие па тепаше, туркаше полиција и бркаше новинари, фрлаше столови и пцуеше племиња, кршеше и мразеше сè што се појави пред него, а на крај пиеше пиво на собраниските скали како пред селска кооперација?
    Не, тоа не е народот, туку шљамот на општеството.Шљамот што се храни врз грбот на вистинскиот народ кој е питом, чесен и работлив. Ако го оставите овој таканаречен народ сам да води држава, да се организира, придонесува, сам да се прехранува и да функционира во заедништво, уште од вториот ден ќе почне да јаде корења и ќе се испотепа меѓусебе. Оти не е способен за ништо продуктивно, нема професија ни идеологија, нема морал ни чувство за заедништво, одговорност и државотворност.

    Систематски десет години убивавте прекрасна држава, ѝ вадевте орган по орган и со нив создававте франкенштајново дете - монструм кое го расневте со политичка репресија, го доевте со омраза за доручек, ручек и вечера, го воспитувавте со полтронство наместо слободна мисла, со насилство без одговорност, со политички реваншизам и лажен патриотизам, а од она во што прерасна сношти се преплашивте и вие како негови креатори.
    На лошиот експеримент со години предупредуваа сите слободоумни во Македонија и светот. Ги игнориравте, прогласувавте непријатели, плукавте и бркавте амбасадори, затворавте медиуми...
    Бидете среќни што немаше жртви, извинете се и конечно повлечете се. И не ја спасувајте повеќе Македонија, таа ќе преживее и без вашите патриотски тупаници.
     
    На sweet-cherry, LivingGlam, Rama и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.934
    Допаѓања:
    189.312
    Пол:
    Женски
    IMG_3509.JPG
     
    На sweet-cherry, K-a-t-e, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Веќе претходно се имам изјаснето на темава дека гласав за пад на режимот. Но, сега се каам.

    Не ми се допаѓа изборот на претседател во Собранието, а уште помалку ми се допаѓаше говорот на дотичниот Џафери, во паралела со провокацијата за химната. Ниту порано ми се допаѓаше тогашниот избор на вемерото, за министри за одбрана и образование, но сега со Пиранскава платформа - уште помалку. Да имаше масовни и редовни протести тогаш, пред неколку години кога вемерото беа на власт, а џамиите никнуваа како џимиринки во градина, и почна да се шири шиптарската чума, радо ќе излегував да го покажам својот револт, но немаше. Тогаш денешните патриоти кои клоцаат столици, звучници, и сешто ќе им дојде при рака у Собрание ги болеше уво, додека оние малкуте кои вистински ја сакаа својата држава не верглаа напразно за ова што се случува денес, ама тогаш никој рецка не им мавна. Епа сега, сркај ќече чорба македонче. Зошто имајте едно нешто на ум - Со варварско племе кое бара екстра права во држава која дала преку леб погача, никогаш не може и нема да има соживот!

    Инаку, сега преостана само да ја проследиме играта на тронови, гледајќи како луѓе интелектуалци си го продаваат г'зот за ситна пара. А истовремено да бидеме и сведоци на веќе добро познатата стратешко изведена цел - чистка од хигиеничари до високи функционери, и со заслужени и со незаслужени дипломи. Така да, за тоа дека сиромаштијата сега ќе заора уште подлабоко во сржта на обичниот граѓанин, тврдам и потпишувам.
     
    На samovila.red., Rama, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.248
    Ако овие што вчера упаднаа во Собрание ги нарекуваат народ, тогаш фала многу, не сакам да сум дел од народот.
    Ден потоа, гледајќи ги снимките, дивјациве ми стануваат се поодвратни. Па на лицата како да им пишува дека сите заедно собрани достигнуваат двоцифрен коефициент на интелигенција. Секој којшто ова го оправдува (да, има и такви) или воопшто и не го осудува, секој што остана рамнодушен на оваа катастрофа, за мене не е човек. Не сакам ни да дискутирам со такви.
    Демократијата во жалната наша земја беше погребана. И она што беше останато од демократијата сега го нема.
    Ова е и најголемото злосторство на дпмне, тоа што од самиот почеток луѓето ги делеше на "патриоти" и "предавници". Секој којшто не е со нив е против нив. Жално и срамно. Не знам како човек со барем малку разум, основни познавања и достоинство може и да помисли да го даде гласот за нив.
    Прочитав еден коментар денеска, дека зборот "патриот" повеќе никогаш нема да го има истото значење. Извалкан е со крв. И во мене секогаш ќе побудува такви асоцијации, за жал. Поради овие неандерталци, бричени глави и дебели вратови што вчера најгрозоморно посегнаа по пратениците, легитимно избраните пратеници од народот. Со тоа директно кренаа рака на народот.
    Имам уште многу да зборувам, но ќе запрам тука, зашто сум премногу огорчена.
    Само се надевам дека ќе ги стигне заслужената казна. Правдата можеби е бавна, ама ќе стигне. Се` уште верувам во тоа. Ако ова остане неказнето, Македонија повеќе не е моја земја..
     
    На sweet-cherry, Rama, poenta и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.781
    Пол:
    Женски
    Гледам фотографии и видеа од вчерашните случувања и солзи ми се траклаат по лицето. Каде ли израснав? Ова ли е местото кое засекогаш треба да го сакам и да го нарекувам татковина? Ова ли е местото за кое ќе раскажувам еден ден на моите деца? Што да раскажам? Како да го опишам, кога сите убави спомени кои некогаш сум ги имала во оваа држава, во ова место, сега се срушени? Зарем до тука стигнавме?
    .. И што остана? Пакувај куфери и замини што побргу, што подалеку, а вчерашниот ден остави го тука и не понесувај сеќавања со себе. Толку.
     
    На Rama, elimkd, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Не бе ајде, на Села у близина на Скендербег ќе му подигнеме плоча за народен херој.
    Истиот тој Сеља којшто плукаше по нашиот идентитет, се залагаше за Голема Албанија, и неколкупати низ медиумите потенцираше дека албанците биле коректни кон Македонците. ;)

    За коврџавата Шеќерка и Зајо, стварно ми е жал, затоа што какви и да се, СЕ НАШИ, а ние се дозволивме да стасаме до тоа дереџе, меѓусебно да се варосуваме во крваво руво.
    Пишете ми кога шиптараната ќе кренат раце едни на други, па тогаш ќе правиме муабет.
    Ама нека, ако ни е, АКО!
     
    На samovila.red., faye, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Знаете што.
    Оддалечете се накратко од ситуацијата и пробајте да согледате развојот на настаните и на каде одат.
    Иста ситуација со Косово.
    Колку и да не ни се допаѓа, Груевски го започнал сето ова и што повеќе се држеше за власт подлабоко влегуваше во каша.
    Сега е веќе готово. Ова е почетокот на крајот затоа што Албанците добиваат.
    Може само да го добијат се што бараат и повеќе од што бараат на два начини, или на мирен начин, без жртви, или преку војна. Секако ќе биде по нивно.

    Пак велам, немам јас ништо против нив, живеам помеѓу нив и ок ми е. Ама не е фер моето, нашите права да бидат искористени ради нечие друго право на кои реално ниту поседуваат право.
    Ако ќе зборуваме за генералната, општа желба на сите Албанци, сите се согласуваат со платформи и се. Никој од нив нема да го порекне тоа, се радуваат скришно или јавно, небитно е, се поддржуваат. Растат, напредуваат, добиваат.

    Ама не ми е сеедно, признавам, а дури не сум родена во оваа земја, кога им ги видам регистрациите на колите и каде треба да стои тоа знакчето со МК ознака да е префарбано со креч бела боја, не ми се допаѓаат изјавите дека ова е нивниот град (иако и реалноста зборува тоа), не начинот на кој тоа го зборуваат, не ми се допаѓаат изјавите кои ги читам деновиве по соц. мрежи дека се радуваат и дека следниот чекор им е да се шираат до Ниш.
    Е знаете, бесна сум!
    Ние толеранција, култура, не сме ние дивјаци, ама ова давно требаше да биде пресечено.
    Тој Џахири, или како му беше името, поранешен терорист, дезертер од македонската војска кој преминал во албанските редови да се бори против македонците, кој беше главен за борбите во тетовското, да биде поставен за министерот за одбрана. Ај помилуван, ама и министер!
    Тоа не требаше да се случи.
    И слушајте, можам да разберам гнев на некои од граѓаните, посебно овие тука кои преживеале одблиску воен хаос, можеби и изгубиле некого од семејството и сега повторно уште еден удар! Терористот станува председател во Собранието.

    Ајде бе луѓе, оставете ги настрана партиите, имајте милост, сочувство, разбирање едни спрема други барем, спрема својот народ.
     
    На LivingGlam, Rama, promeneta и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473

    Ти се поклонувам. Еден од најреалните досега прочитани постови на темава, секоја чест!
     
    На Rama, AURUA и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    И јас гласав за сдсм, се со цел да падни диктатурата ама од денешен аспект, си велам подобро да им нацртав еден среден прст на избирачко ливче. Знам дека цело време имаат притисок од европска унија, повеќе да ги инволвираат шипците (незаслужено) и ако веќе мораше албанец да биде спикер, немаше друг освен Чафери, поранешниот терорист?! Рано е да се дискутира ама сдсм на локални или ќе губат гадно, или ќе има слаба излезност или резултатите ќе им бидат 50:50. Значи нема да има целосна покриеност како тие што се надеваа, што воопшто нема да ги подобри работите. Во една статија Фрчко убаво си напиша, можеби е парадоксално ама токму сдсм ќе ја вовлечат државата во поголема криза. Најјакиот дел ми беше: „Победивте диктатура со пенкало, време е да му ставите и јајца на пенкалото.“ Алудираше човекот на предолгото чекање и беше во право. Еве сега имале законски рок од 10 дена за формирање влада. Таман време за диктаторчето Грујо, да ги засука ракавите и излезе со нов план.
     
    На faye, Rama, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Секое чудо за три дена. Така и ова. ќе мине, ќе се заборави. Како што се заборави дека терористите ви седнаа во собрание, ви седнаа во влада, ви земаа битни места... така ќе заборавите и дека ќе имате терориста претседател на собрание и ќе учите Албански. Тогаш нема да е тиранска платформа, ќе е рамкове, надграден и дограден. Ќе ви текнува само кога соседот на запад ќе повикува на обединување на сите Албанци во една држава... ама, малку ќе се нервирате, малку ќе пцуете и па ќе си заќутите. Пардон, ќе заќутиме. Оти, еве, не ми смета Ром утре да е претседател на собрание, не ми смета ни Бошњак, нити ми смета ако е марсовец-многубожец, ама, мајќе ми, ми смета и ќе ми сметаат клети националисти, па сакаш биле Македонци,сакаш биле Албанци. Не знам зашто треба да го плукам тој дедото, а да не ги плукам овие другиве? Јас радо би сите да ги плукнам. Радо би да видам овие партии да се распаднат. Ама, мало сутра со цела маса задоени ве-ме-ро-вци, ес-де-со-вци.....
     
    На manja666, LivingGlam, faye и 13 други им се допаѓа ова.
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Ај малку да се насмееме. Коментар што го прочитав на фејс.
    Дали на стариот дркул што тепаше жена можеби Гвујо му ветил бесплатен градски превоз секој ден не само во Вторник и петок ?!?
    :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Моќта на противникот му ја даваш кога ќе изгубиш самоконтрола на цивилизирано однесување и вршиш кривично дело-напад. Значи пишав веќе не оправдувам насилство. Она од вчера лошо се одразува врз имиџот на некои од ВМРО кои имаат искрен патриотизам и љубов кон државава без толку интереси за разлика од СДСМ. СДСМ први ја преземаа раководната палка врз независна Р.Македонија и имаа прилика да ја направат земјава рај-оаза на мирот ко што ја веле некогаш странциве. Ама БЦ и компанија(зз со мало,итн друга банда) си увртеја бизнис планови од нестабилност,криза потреба за оружје,страв меѓу народот за полесно пара преку народната леба без мотика. Испозатворија фабрики,покрадоа се државно,станаа преку ноќ квазибогаташи опинци до вчера што занеја дека е единствена обувка. Срамотилоци. Младите сите избегаа и сега останаа пензионерите да ги тепаат. ЈБГ karma is a bitch.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.321
    Допаѓања:
    55.370
    Пол:
    Женски
    @zhap4e @Sky-butterfly, така се бара. Умерено и сосема точно.
    Браво!
     
    На Sky-butterfly, AURUA и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Машки
    Мене ми смета албанец а не ми смета ром.
    Албанците имаат имале и ке имаат територијални претензии
     
    На samovila.red., Rama, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  18. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Значи делимично ти држи вода коментаров,ама другото ти е ветер и мгла. Па ги видовме и другите ''патриоти'' добри 15-16години до кое дереџе не доведоа. Според нив уште со Србија ќе бевме заедно,со оние што не етикетираат како јужна бановина. Не чинат ни тие ни овие,народот,реланиот народ што од страв дома се крие или тој со куфери уште денес што спрашти кај јужен сосед треба да се освести,со разум да се избори за своето и само за својата химна во собрание,химна на сиот МАКЕДОНСКИ НАРОД(И РОМСКИ И АЛБАНСКИ И ТУРСКИ ВО Р.М. Е МАКЕДОНСКИ НАРОД,А ТАМУ ОД КАЈ ДОШЛЕ ИЛИ ПОТЕКНУВААТ ТАМУ НЕКА СИ ПЕЈАТ КАКВА САКААТ Химна,и нека се понашаат како им чини).
     
    На samovila.red., Rama и Jean-Baptiste им се допаѓа ова.
  19. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    :clap::bow:секоја чест на пишаново!
     
  20. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Ако не беше ездесем, сега Груевски ќе си беше комотно на власт.
     
    На Rama и anaja1 им се допаѓа ова.