Прочитав вест на фб дека стариот кој ја влечел Шеќеринска за коса, имал син починат во Вејце. Знае некој дали е точна информацијава?
Нит сум за еден нит за друг,ама КАКО СТУДЕНТ ако бирам сум за промените кои ги воведе Грујо. Во времето на БЦ да ти објаснам пратиципацијата беше 1500-2400марки значи од 750-1200евра,а сега максимум е 400евра. Студентските беа клозети,сега барем нешто од нешто е реновирано. И бесплатен бус и железнички превоз беше научна фантастика.
Студентските домови уште се клозети. Еве сега пред месец дена ги реновираа зашто изгледа планираа избори. Бесплатен бус и железнички превоз исто сега у полседна год ги воведоа ако не се лажам за бус дури сега од Септември за студенти, така? А претходно главните им беа пензионерите да им бидат заштитени. Да ти кажам дека партиципација за факс не е 400евра ами повеќе? Имаш еден куп давачки, универзитетите ги соголија студентите, де пари за ова, де пари за она, де ова, де она. А да појдеш на флф кофи и кофи распоредени зашто капе од одозгора. На медицински немаме сала со фантоми да вежбаме па мораме на сунгери... И пак истите давачки. Остај ти тоа студентски и не знам ти што сега не ми требаат да ми мачкаат очи. 10години се на власт ништо не мрднаа за студентите. Ништо! Камо пракса квалитетна? Образование на ниво ни е? Камо да е платена пракса? Да се дава избор младите да работат а не при авршување на факс да бараат некои со 10год искуство. Ма ајде бе Не ме дирај за студирање и студентски живот. Болна тема ми е, јер знам како ги поминав тие години. Не ми збори како они направиле нешто. Ништо немаат направено. Ако овие пред нив ништо не направиле овие продужија ништо да не прават.
Не можеш да кажеш за партија која 10 години е на власт, дека барем нешто реновирала. Бесплатниот превоз не е буквално бесплатен, за јсп плаќаш 200 денари. Океј, за времето на Бранко била партиципацијата висока и не можеле сите да студираат. Ама, квалитетот на тие студенти и оној што го има денес - не е ист. Не што не е ист - неспоредлив е. Сега сите се студенти, буџетот се полни јер квотите се прошируваат, квалитет речиси и да нема, факултетот не е ценет како некогаш. Да е ратата 1000 евра, гооолем дел од студентите не би си ја "пробувале" среќата.
А што мислиш тие давачките Гвујо ги воведе или си продолжија од времето на ес-де-ез а? И тогаш имаше давачки плус 1500-2400марки,ама го немаш тоа осетено и затоа денешново исто лошо ти се чини полошо,но верувај за нијанса е по-несиво . Не чинат ни едните ни другите,ама некои придобивки сега менуваат малку,барем малку од малку,додека СДСМ-овците си ги пикаа во џеб сите донации за ресор-ОБРАЗОВАНИЕ.
Да останеше така многу брзо ќе имаше само робовска класа-работници без диплома и експлоататорска класа-богаташи со било каква дали од учење дали купена диплома. И многу порано ќе се истепаше народов во граѓанска војна поради сиромаштија,тогаш не ќе ни беа албанците нит потребни нит криви за се ова.
Грешка си. Студентите кои сакале да учат и имале просек добивале стипендии. И денес оние што имаат пари купуваат дипломи. Проблемот лежи во тоа што денес секој што ќе посака да запише факултет го прави тоа и дипломира. Еве јас познавам личности кои имале завршна матура а сега се дипломирани правници и економисти.
Хехе синоќа беше се по заслуга,не за ѓабе рекле тоа што ќе си посееш.тоа ќе.си жнееш.За се има наградно ама ова богами беше и со гратис па химна шиптарска па незнам што...а наш тоа кај нив да го стори нема жив да се врати. Тој Зијадин Села на програма тв нова кога јадеше го*на дека македонците не постоеле, кај сака да не е тепан?? Ете му барем да знае од кого е тепан и дека постојат македонци!
LadyInTheDark ај ти каЌо тврдокорна маЌедонка ќе та мољам да си го опрајш правописот па после да се смејш што имаше крвопролевање вчера. Гледам ти смета шиптарскиот ама не си нешто многу ни по македонскиот. Фино вака што вчерашните вести ти пренесоа позитивна енергија... Тргни се од темава јер тука ние пренесуваме негативна енергија.
Сигурна.си дека е до правописот? А не е дека пишувам од тел а?? ма не сум.со.намера.да се замарам со глупости Ќао!!
БЦ и компанија што ја опустошија и пропаднаа државата, ја пропаднаа и тоа безмилосно, 70% стечајци да останат и без леб на улица што се вика, државјанство на кој стигнаа даваа ако немате стечаец дома прашајте некој, сдс брда и долини да им ветува нема шанси да ги гласаат пак. Грујо само го продолжи пустошот ама на пософистициран начин со фасада од надвор, а реално ништо не подобри во трулава држава, кредит на кредит а стопанство 0, кога ќе дојде денот да се враќаат тие кредити ќе се чешаме бетер и од бранково време ќе дојде. За намалување на партиципацијата е една од подобрите мерки на оваа влада, не сте сериозно дека подобро било со партиципации од 700-800 е, колку и да се спуштени критериумите сега уште има природна селекција, на потешките факултети пола се откажуваат од старт, квалитетот мање више тој е, истите професори се и тогаш и сега, на правен на пример е потешко сега со овој систем него тој од пред 10 год, новоотворените факултети се само на штета на студентите од таму, во државни рамки сеуште е највредна дипломата од УКИМ...дека го уништија вмро основното, па и средното образование со пикање секаков кадар, кембриџ и остали дебилни реформи е точно, ама универзитите сеуште имаат некаква автономија.
Требаше да се испотепаме за да светот дознае за нас Какви спинови удираш тоа е чудо. Зошто студентите коишто студирале пред 30-40 години не направија Швајцарија од Македонија? Нели толку се утепуваат колку порано образованието било поквалитетно од денешното? Ниту тогаш, а ниту денес образованието е квалитетно. Патем преку глава ми е од тој збор „образование“. Деца треба од 14-15 години да се учат нешто да работат, некој занает, струка, професија каде ќе се пронајде, а не да киснат по 15 години во образовни установи со илјадници непотребни книги и глупости од коишто 95% никогаш нема ни да сеќава, а ниту ќе му требаат.
Џабе образование, џабе факултет.. Факултетот и без пари да е после кога немаш иднина во државава, немаш надеж дека ќе се вработиш ако не си во партија, си заминуваш. Кој млад човек сака да седи тука без пари и да гледа циркузи, споменици и лажни ветувања? Никој
И не само што е максимум 400 евра, туку аплауз за Грујо што отвори факултети на секој чекор во секое место и местенце. А зошто е тоа така? Ако порано половина средношколци и тоа оние нај солидни се запишуваа на факултет, сега секој кој има малку повеќе слободно време се запишува на факултет.А тоа се речиси 99% од средношколците. И факултет завршуваат по лесно отколку средно.И таа бројка се вбројува во студенти а не во невработени под заводот па така е "намалена" и невработеноста. Друго, откако двојкаши и секакви студенти завршуваат, на работа се пикаат знаеме кои нели.Активисти од штаб и синови и ќерки блиски на големците од власта. Другите кои вредат со фрустрации заминуваат од Мк, а најчесто тие кои остануваат работат и по маркети, бутици , и сл. Затоа денес имаме тиквари на одговорни работни места, ништо не чини од здравство до полиција,и цела Македонија стана држава со хендикеп баш поради овие факултетлии. Секој втор магистерска има.Најголемиот апсурд.Порано се знаеше кој има магистратура.Сега има кој сака, само малку пари и време да се има. Колку "доктори" на науки излегоа.Незнам дали е тажно или смешно.Купуваат дипломи за докторат како смоки од продавница. Е тоа е зошто ја намалија партиципацијата.И не е само 400 евра , има и за 100 евра година на Угд на дисперзирани студии.Мизерија.
За инфо само...претседателот на вмро од струшко и неговата десна рака...средно биле подолу од просек...фскултет запишаа битола во таканареченото фармерско...на предавање не се одеше...се одеше секоја 2 недела со пастрмки и јагули во гепекот...нормално дека тие учените ќе бегаат.
Појди од себе. Ти занаетчија си? Не верувам, јер да си, немаше сега да штракаш по тастатура јер рацете би те болеле од работа. Сигурно си административец или работиш приватно ама нешто лагано. Ама затоа ти твоите деца научи ги така јер има многу стари занаети во изумирање.