Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Единствено што жалам во се ова е изгубениот живот на младиот човек, но неговата мајка ни малку не ја жалам. Каква е таа мајка што излезела пред камерата на а1 облечена во бело и викајки дека државата и го убила детето. Па јас да сум мајка и на мое дете тоа да се случе, јас би умрела, би се затворила некаде, а не би се карала пред камера. Ни една солза да пушти, ни трепет во гласот, ништо. Како да се кара со некоја комшика, неможев да поверувам. Единствено нешто што ме теши е дека можеби снимката е монтирана, со оглед на тоа дека беше замаглена. Неговиот татко го дадоа на канал5, човекот се расплака пред камера.

    А, за убиецот, знам дека е од Штип, татко му работи со мојот татко.Заслужува доживотна казна, но се зборува дека бил, таков, откачен по малку.
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Премиеров и цела владина поставица треба сериозно да си обмисли нешто околу нивнион Сектор односи со јавност, очигледно треба конечно да си вработат способни и професионални за тоа луѓе, кои кога тие не се способни за изјави, овие би им ги осмислиле и би ги поднаучиле троа за настапот.
    Ама за жал, партиски трчкаловци вработени, бидејќи умееле очигледно да напишат сепак едно писмо очигледно не им се баш од полза.
    Не знам дали приметуваат тие дека си се закопуваат со секоја изјава, дека нешто не им штима во начинот на говорење, во зборовите што ги употребуваат.
    Горданче, за овој настан требаше да имаш жесток настап за казнување, не да раскажуваш „лалабај“ за мали деца за да се испереш себе си. Имај жесток настап за тие што се одговорни и што забошотиле, бар малку извади се, не бре душо моја да кога сакаш да избегнеш нешто уште повеќе го потенцираш и си го вадиш задникот пред камери.
    Аманте, научете се бре па седнете на прес.
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Криво ти е за таткото зошто молчеше човекот и не обвинуваше, зошто дошле вмровци да му кажат да не зборува за медиумите. А за мајката не ти е криво зошто си ја кажа вистината, кажа нешто против партијата твоја изгледа, па уште и не ти е срам да пишуваш дека била облечена во бело. Па жената само што се вратила од работа кога и кажале.
    Засрамете се малку и подобро не пишувајте, отколку да пишувате глупости.
    Без осет луѓе, тоа е.
     
    На Theodora, Li0ness, Sparks и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kој знае на колку лексилиуми била жената :x :x
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ќе те молам не ми ги вади од контекст речениците. Јас незнам дали, т.е прв пат слушнам дека им збориле да не кажуваат пред камера. Јас после тоа што го видов, помислив дека на жената не и е гајле за синот, незнам како може така без ниту една солза, како да се работи за друг, не за сопствениот син. А и јас не спомнав никаде партија или вмро или сдсм, кој и да го сторил тоа, го обвинувам, било сдсм,било вмро. Зашто кога се работи за живот, јас неможам да гледам политичка припадност. Поправо би одбрала некому да му го спасам животот, отколку да одберам некоја партија.
    А и мене да ми кажале дека син ми е мртов, јас би се онесвестила,а не би излегла да се карам.
     
  6. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Го собирам во себе веќе 2-3 дена. Се изначитав секакви коментари од типот: Си се предал човекот, само се крева беспотребно тензија; Ова е сценарио на сдсм; а сега го слушам Латас кај што вика се случувало во секоја земја зошто полицијата имала и такви надлежности да може да употребува сила, ама во овој случај настапила смрт. Демек, нормално е, што се чудите...?! Па си се прашувам себеси, мислам дека сум најмалце просечно интелигентна академска девојка која има познавања БАРЕМ за основните човекови права... ВО КОЈА ВУКОЈЕБИНА ЖИВЕАМ?????? Уште постојат луѓе кои мислат дека Че Гевара е марка на упаљачи и дека сме европска држава и се' е во ред само заради тоа што по дифолт ручекот ни' е топол а пијалокот ладен... И до кога бре ќе мешате партии во вакви случувања?! Имате ли барем грам мозок и макар најосновно ниво на морал и грижа на совест па шлапате со тоа устите и што е и што не е по телевизии?! До кога на сметка на СМРТ ќе заработувате поени??? (Се однесуваше на политичарите) Ми се гади што живеам овде, ми се превртува во стомакот! При две здрави очи некој се обидува да не' направи слепи. Пробаа да ја заташкаат работата-не им успеа! До кога македончето ќе седи пред ТВ и ќе пука сеири??? Време е да се излезе на улица и да се пушти глас, го допревме дното веќе. И срам и арам да им е на тие што коментираа дека се повикувало на нереди и дека протестантите биле од сорос и сдсм! Протестантите се сите млади луѓе кои го одлепиле фластерот од устата, сите родители чие дете може да биде следно, сите граѓани кои сакаат да живеат слободно, без страв и во ДЕМОКРАТИЈА која за жал ја нема!!!
     
    На Theodora, elcezelce, Li0ness и 8 други им се допаѓа ова.
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    А Латас не кажа дека овој имбецил - убиец е обезбедување на премиерот(рамо до рамо со Урко) и не кажа дека ова не му е прво убиство...Телохранителот на Мијалков е на слобода, а уби човек...И со овој сега ќе ја заташкаат работата... :)
     
    На Kika30 и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Па добро бе девојко ,зарем никогаш во животот не си видела човек кој е во шок . Доколку не еве ти вчера си видела. МАЈКАТА вчера некој саат пред да ја снимат дознала за смтртта на својот син и тоа не обична туку ѕверски предизвикана смрт. Замисли некој се дрзнал и и го претепал синот до смрт!!!Таа Мајка вчера во целиот тој шок можеше и да почне да пее и тогаш ќе ја прогласеше за луда и безчувствитела И навистина не разбирам каква врска има тоа што носела бело ,а не носела црно ,па црното како боја повеќе жали од белото? Гардеробата не жали !!! Таа Мајка доживотно ќе има рана на срцето ,празнина во душата и замисли за нејзе животот е завршен ;( Таа Мајка секоја вечер ќе заспива плачејќи и ќе се буди во солзи ;(
    Морам да напоменам дека твојов пост ме погоди мене не како човек туку како мајка
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да да, затоа еден куп слики и снимки се изнагледав од сиротата жена, и нивната фамилија!
    целите се испотресени не знаат каде се!
    Tоа вчера во акт на нервоза, беснило, жената се трудеше да биде силна пред камерите!
    A денес, кога и го спуштија синот под земја, кој знае како и било :( :( :( да не сте им во кожа!
    милки кој поштар?
    Aјде повеќе информации
    кога како каде кој?
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Секој различно се справува со болка. Некој се затвара во себе, некој преку бес....неможеш така да судиш каква болка претрпува некој. И нормално дека жената е сега на хемии и уште не е свесна шо се дешава, сигурно е огорчена и бесна, па се истура на било каков начин

    Јас на еден глуп испит ќе паднам па се нервирам и сите ми се криви, а не во ваков случај. Мислам дека ќе ги убијам сите по ред ако вакво нешто се деси на мое семејство

    А убиецот од секогаш бил тепач, а со тигриве всушност - легален насилник
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Не можам да поверувам какви луѓе имало во оваа наша мала држава, да ви кажам искрено мене веќе почнува да ми биде страв... Немаат ни грам човечност, ни жал, ни обзир, ни ништо. Читам и не можам да се изначудам.... Како можеш да помислиш такво нешто а не па да кажеш, не ја жалам мајка му, каква била таа мајка да носи бело, да се кара, па не да се карам ќе отидам сите ќе ги испоубијам таму... Го родила, го чувала, му се радувала, за да некој лудак и психопат да и го убие со ќотек...Срамота, за да кажеш нешто такво треба да си без чувства.
     
    На Li0ness и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    те погоди мојот пост, а не тоа што мајката не пушти ни солза.Е мене обратно, многу ме погоди однесувањето на мајката, и не ја жалам поради тоа што рекла,туку поради однесувањето спрема мртвиот син.
     
  13. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    А од кај па знаеш како и било однесувањето жити се?
    Од тоа што ја виде 1 минута на телевизија ,ти се процени.
    А да ни кажеш и ручек дали му правела?
    Боже боже,читам и не ми се верува.Жената беше во шок,снимката беше после само саат-два од како дозна за смртта на својот син,би било чудно ако воопшто и текнало да се пресоблекува во црно!
    Како второ,нејзиниот син не умрел од природна смрт,туку бил претепан од полицаец,сосема е нормално да се јави револт кај родителите.Се јавува кај секој нормален човек кога ќе чуе за ваков настан,кој што има барем малку човечност во себе,а не па неговите родители.
    Немате никакво ,ама баш никакво право да ги осудувате неговите родители!
     
    На Li0ness, FBI, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Е значи неможам да се изначудам, ти јавуваат дека ти го УБИЛЕ синот, и ти трчаш да се прособлечеш |( Сеа пак им е СДСМ крива? :puke: До кога бе вака бе? Кој менталитет сме, кој народ, тоа чудо! :puke:
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Кажувам која беше мојата прва помисла додека го гледав видеото, не напаѓајте одма. И без разлика КОЈ го сторил тоа, заслужува голема казна.
    И ве молам не правите офтопици од моето мислење.
     
  16. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Убиениот син, во центарот на градот,од страна на обезбедувањето на претставниците од нашата влада, кои во тие мигови кога детето било тепано и молело, славеле победа.
    Во врска со мајката, тоа што носи бела маица нема никаква врска, не значи дека ако носиш црнина дека навистина жалиш некого, да треба да се носи, не сум против тоа, но вистинскиот жал е во душата, а верувај ми дека нејзе душата и е изгорена. И да за тоа што се карала исто така ти кажав ја ќе ги испоубијам не да се карам...
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Оваа тема не ја посетувам повеќе,но кога видов дека за убиеното момче се зборува, решив да пишам што мислам и како јас би се однесувала.Вие одма ме нападнавте. Можеби и јас не се согласувам со некои мислења, па пак не ги напаѓам корисниците.
    Толку!
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Официјалните наоди од обдукцијата сведочат дека момчето починало од крварење во мозокот поради удари во глават :(
    Страшно е ова, новите сознанија говорат дека убиецот бил обучен за борба со антитероризам и високо ризични операции, но со усмена наредба му било наредено да обезбедува мир на плоштадот за време на ВМРО-вското славје :o
    Како е можно да го пуштат овој на народен собир за обезбедување мир може да го обезбеди и обична цивилка...
    Ги тестирале ли овие менталните способности и степенот на трпение и провокаци на дотичниот кој си замислил дека ја спасува цела држава од сериски бомбаш самоубиец :fubar:
     
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    немам коментар ....страшно е ова што се случува ;( ;(
     
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Дечки, колку и да полемизираме на оваа тема со убиеното момче, нема да го вратиме...Како и све остало во земјава, па така и овој случај се сведе на партиски препукувања...Жално е многу, боли многу ама Мартин веќе го нема...Нам ни останува да следиме што ќе се случува со тој монструм полицаец, поточно дали ќе биде осуден и колку ќе биде осуден...Искрено се надевам дека нема да се заташка и заобиколи целата работа...