Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Уште една точка фали.
    И македонците повторно ќе си се мразат меѓусебно.
     
    На realGirl, Rama, Mari* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    И ќе бидат предавници на својот сој,кодоши,шпиони,нажалост,
    ама за среќа сонцето како-така пак ќе изгрева:sun:.
     
    На samovila.red., Rama и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Која партија сме ние бе смешно типче? Јас не сум член на партија али нездрави идеи како вашите не проаѓаат во ниедно општество во свет. Оди во Германија да кажеш на Германците да учат турски, после отиди во Турција да ги тераш да учат курдски. Првите ќе ти се изнасмеат во фаца, од кај вторите нема да се вратиш.
     
    На samovila.red., realGirl, Tanjamm и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.253
    Допаѓања:
    138.336
    Пол:
    Женски
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    На Rama, AURUA, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Целата на една држава е да ги спреми младите да си заминат од државата!?
    Има смисла!
    Баш убаво, ми се допаѓа како размислуваш!
    И така тука нема иднина!!!
     
    Последна измена: 28 април 2017
    На AmorFati, iloveyou29 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    78.222
    Пол:
    Женски
    Кои комедии сте луѓе, да не беше трагично, ќе беше смешно.
    Успеваат сите да ве насочат кон етнички тензии, а проблемот овде е само криминалот и милијардите украдени.

    Ги изгледав и двајцата на Телма. Едниот паметно збори, другиот уште и се заканува.
    Да во впишат него во ќош така да го тепаат, да го видиме колку е јак. Од женски да проплаче.
    И овие што вели дека неможел да ги контролира.
    Ко шо имаше полиција за шарените, или во Радишани кога протестираа за Смилковско, ко што ги млатеа студентите, и овие вака да ги натиснат, сто мавај еднаш број, да видат како ке ги контролираат.

    Вие само продолжете да кажувате како вака било, онака било.

    Криминалци и ограбувачи на својот народ треба да се во затвор.
    Прават меѓуетничка тензија само да се спасат од затвор.
     
    На sweet-cherry, Zlatna12345, AmorFati и 10 други им се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Пред х време сестрa ми стaвилa нa фб еднa сликa oд децaвa.
    Другaркa кoментирa: нaј убaвaтa сликa
    Сестрa ми: е пo штo е нaјубaвa
    Другaркaтa: епa дa ти ги дaдaм oчиве дa видиш.

    Е тaкa е и сo ушите.
    Секoј си слушa кaкo му чини.
     
    На JuLleE, kravce, Цвет88 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па никој не дава кредити на некој што не бара кредити.
    А сега се земаат кредити за да се вратат претходни кредити.
    Секако со полоши услови на отплата.

    Иако имало и чисто како помош, мислам дека таа била над 3 милијарди евра 1991-2017, имаш градови каде со странски донации се изградени канализации, кровови од школи, патишта, возила за брза помош...

    Каква е моќта на албанската мафија, Албанија и Косово остануваат небитни припиздини со една нога во средниот век.
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    17.799
    Пол:
    Женски
    Не за џабе е речено "Додека има овци за стрижење, ќе има и волна за предење."

    Не ми се верува што сѐ ќе прочита човек, односно што се некој друг разумен човек може да помисли.
    Сериозни сте понекои?

    Па кој прв колицираше со албанците и ги внесе во парламентот? Кој донесе закон за користење на албанскиот јазик како мајчин во градови каде има 20% албанско население? Кој им ги отвори ширум вратите кон врвот на државата?
    И сега истите ќе се вадат на национална карта за некоја двојазичност која истите сами ја започнаа одамна, и за поделба на државата и промена на името кои не постојат. Во обид да ги скријат злосторствата и криминалот кои ги извршиле. Бродот тоне, и спремни се и за сламка да се фатат. Но не може така, човечки животи се во прашање. А превише згаснаа, и некој мора да одговара. Не сакам додека одам на улица да бидам претепана или прегазена.

    Факт е дека албанците се дел од нашето општесто и сме приморани на соживот. Ама проблем е тоа што се внесени во управата на државата, и покрај тоа што ова е Македонија. Но тоа се случи одамна, кога некој друг направи сѐ за да остане на власт и не размислуваше на последиците подоцна, и е касно веќе. Па зошто тогаш никој не влезе на седница во парламентот и не спречи донесување на тие одлуки?

    И како може некој да ја спореди "Шарената револуција" со овој циркус што се одвива сега. Па овие сега не знаат за што протестираат, а неколтурата и непознавањето им ескалираат со наслилство.
    Уствари знаат, за да спасат свои работини позиции и на најблиските, пошто се вработени со партиска книшка. Па некој "оп", тие "скок".

    Ситуацијата е катастрофална, па нема потреба и народот да си извади очи меѓу себе.
     
    На sweet-cherry, eliesaab, Feminka22 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    78.222
    Пол:
    Женски
    Да не се редактирам.
    Заев изјави дека нивното членство, а и членството на ДУИ биле спремни, некои групи веќе биле тргнати накај собрание да се соочат со тврдокорните. Биле запрени на време.
    Не ни сакате да знаете што можело да се деси, посебно со членството на ДУИ кои имаат купишта оружје, да дојдеа пред собрание, кланица ќе беше премалку да се опише. Посебно како што немаше полиција скоро 2 саати.

    Ова беше намерно иницирање на граѓанска војна. Среќа за сите е што ќотекот го изедоа само пратениците од СДСМ.

    Гледајќи ги дпмне како геноцидно се однесуваат кон Македонскиот си народ, којзнае како се однесувале со Албанците во минатото.
     
    На eliesaab, JuLleE, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.336
    Да го доведеш законот во ред преку насилство, дивеење, физички пресметки значи било подостоинтвено отколку истиот да го прекршиш
    Кажав, пак ќе кажам...
    Не ги заболе никогаш за катастрофата во здравството, во кое оперираа пијани доктори, умираа здрави луѓе..
    Не ги заболе за иднината на младите и уништеното образование...
    Не ги заболе за Фросина и Младенов чии убијци добро успеаја да ги заштитат...

    Ниту пак се побунија кога Талат кој како што викаат сите бил поранешен терорист го ставија министер за одбрана...повторувам - за одбрана...

    Сега некој им ја повреди гордоста, сега некој им покажал во каков циркуз живееме, сега се кренале да ја бранат татковината, да изигруваат патриоти...да се убиваат едни со други..

    Нека ја спасат државата...тие такозвани патриоти преку дивеење нека ја спасат
    Ама...
    Што ќе ми е патриотизам и достоинство ако се плашам да му дозволам на доктор мене и најобична инфузија да ми стави?
    Што ќе ми значи тоа што наводно ми го сочувале јазикот, ако утре планирам да си одам од мизеријава и да побарам подобар живот?
    Што ќе ми значи тоа што некој пробал да го сочува интегритетот на државата, ако се плашам што ќе биде утре со мене како поединец овде?

    Истите тие кои вчера беа насилни, очигледно не осетиле на своја кожа ниедно од наведеново.
    За иднината на децата нели?
    Прашање е дали тие деца воопшто ќе останат тука.
    Очигледно не знаат дека на некого приоритетите му се само пристоен живот како човек.и да може да верува на институциите.

    Живот ми треба, иднина ми треба, а не лицемерен патриотизам.
     
    На sweet-cherry, kim.k, single.girl и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Се ќе им се врати. Во животот како правиш така дупло ти се враќа...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Нит Еу,нит Сад не се согласуваат со тебе. Никој не ги сака,само се бават со криминал со бело робје,оружје и дрога,и коли и прават бељи со закоравеното око за око заб за заб,затоа на големите сили им одговара небитниве нас да ни седат дома и да ни прават бељи.
     
    На Tinushka, realGirl, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Бaш.
    Дaј им се тaму кaде штo се, зoштo нa еу и сaд не и требaaт.
     
    На H.VAGA и AURUA им се допаѓа ова.
  16. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Сега ја догледав репризата. Баш знае што зборува,сите години истото го зборува. Е ега дал си верува на кажаното или глуми лице пред народот тоа има политички аналитичари ако се непристрасни ќе си направат експертиза,ќе обзананат. Одговори на се. Проблемот е што Чомо е нетрпелив и бомбардира со прашања а Грујо паметно запишуваше и одговараше. Е на моменти 2 можда заобиколи прашање со повишен тон пр.кога ние сме подржувале насилство? Чомо требаше да му рече за Мартин Нешковски случката ама пропушти,а може и нејќеше да го иритира дека се знае за Грујо ако не му е по ќеиф експлодира. Нејќе дуел со Заев,реално па и нема што да со кажат,одама отидени се и едните и другите за никаде. Кутар народ,на кое дереџе не доведоа,до кантонизација и распад за некое време.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Едно нешто заклучив од она што вчера го гледав на тв.
    Да сакавме да не биде,ќе не бидеше.
    Да сакавме да одговаравме за криминалот,ќе одговаравме.
    Да имавме барем малку малку доблест да понесеме одговорност,ќе одговаравме
    Единствено сме сакале да си се спасиме самите себеси и тоа си го правиме.
     
    На Zlatna12345, JuLleE, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Јас сепак си стојам на мислењето дека имаме тотално неспособни политичари, кои во никој момент не се спремни за компромис. Не е битно дали станува збор за вмро, сдсм или помалите партии, приказната е секаде иста. Слаби, некомпетентни лидери, дојдени на чело на партијата преку манипулации и матна позадина. Пред некоја година, кога имав некоја надеж дека сдсм ќе најдат излез од кризата, очите ми се отворија кога се правеа листи за пратеници, единствено голем впечаток ми остави Софија Куновска. Јавно изјави дека не и се допаѓа начинот на избор и дека со таквиот сдсм нема да обезбедат гласови. Освен тоа, знам дека си даде оставка од некоја функција во партијата. За мене тоа е за почит, покажа дека не е полтрон и дека има свое јас. Проблемов во “демократијава“ во македонија лежи многу одамна и има многу за кажување. Едино би додала дека омразата на македонците, доведе до ова. Во секоја нормална земја, ако ниедна партија нема доволно пратеници се прави заедничка коалиција помеѓу двете најголеми партии. Ама заради омраза, гордост и суета и едните и другите без исклучок се спремни се да продадат само да дојдат до функција. И еве го крајниот резултат. Само едно сакам, населениево да продолжи со масовното иселување, па да видам дали ќе им остани некој за манипулирање. Ако нема кој да плаќа даноци, автоматски нема ни влада, ни држава.
     
    На eliesaab, iloveyou29, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.005
    Допаѓања:
    14.655
    НАТО и ЕУ треба сега да одговорат според мене со санкции за поединци, замрзнување имоти, одземање на статус кандидат на Македонија. Го гледав видеото со вознемирувачка содржина и плачев. До кај дотеравме?До кое дереџе?Само Влатко Ѓорчев испадна човек од сите вмроОВЦИ. Го слушнавте ли снимателот како го моли тој копук, му вика „Немој деца имам, немој те молам“. Гајле им е на стоките ретардирани за децата на некој Македонец, а и тие се Македонци. Прост народ. Народ со национална свест до минус бесконечност. Само не видов Села кога го зграбија, тоа никаде го нема?
     
    На iloveyou29, Rama, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Груевски: Никогаш не повикав на насилство, само на изразување револт.

    револт
    Вид збор: Именка, машки род
    Бунтување против нешто, негодување.
    Англиски: revolt
    Употреба: Општество Примери:
    Глас на револт.

    Кога е толку умен и имал предвид за некаква ненасилна нијанса на бунтување,можеби требало да тој и неговите бидат појасни во изјавите. Да му се објасни на народот... дека сакал, пример, револтот да го изразат со фрлање цвеќиња.
    Лудости.

    http://novatv.mk/video-koj-e-stsenaristot-koj-go-zapali-fitilot-i-se-krie-zad-narodot/
     
    Последна измена: 29 април 2017
    На Tinushka, galapce, iloveyou29 и 7 други им се допаѓа ова.