Шо им се тресете вие,нека си ги вадат очите.Камо секој ден ќутек да паѓа и нека ја задржат атмосферата таму,у собрание.Време беше да ги кренат крадливите канџи од народот и да ги насочат едни према други.
Ова на сите ќе ни се удри од глава. Не е наивно и лесно. Немаме институции. Влада нема, ќе се чекаат социјални трансфери, многу луѓе ќе чекаат плати, а плати дали и ќе има. И ние да не се трескаме?
Мојата плата е од приватен сектор, ама и приватниот добива финансиски инекции од државата и од државните институции. Ако соработуваме и наплатуваме, а кога нема кој да ни плати, што правиме?Субвенции нема, фармерите најавуваат блокади. Каде одиме ние?Во погрешна насока, многу погрешна. Сите кои не гласаа на избори или па гласаа за тиранија ако имаат мозок нека мислат дали имаат идел во ова што ни се случува?
Чил.Без причина плачеш и тонеш во мрачни сценарија.Нема смисла да се вознемируваш,така психофизички се оболуваш.Барем имаш работа,гледај од таа страна.Некој 10 години не може да ја најде,некој е 20 год стечаец.Не биди паничарка,не си сама у оваа држава.
Човекот убаво рече само со мирни протести и дијалог може да се реши новонастаната ситуација и секоја ескалација во насилство оди против агендата на вмро. Револт не е по дефиниција насилство,туку изразување на незадоволство,дали вербално,дали со молчење и излегување од дома на протест,тоа како одговара на народот. Зошто на крај на краиштата држава=народ а не е држава колаиција на партија од желни за власт по секоја цена и партија желна за распад на државаа за остварување велепредавна програма-голама албанија. Остевстете се што вели Гвујо. Нит он не е нај нај,ама сака државата да ја одбрани. Убаво рече кај Чомо кантонизација на земја на Балкан значи нејзин распад за неколку месеци или години. Не сме ние Швајцарија,ЕУ.
Само да потсетам, главниот проблем се криминалите на дпмне и узурпациjaта на државата. Се друго е секундарен дефокус. Ова што го гледавме покажува само до каде може да одат за да избегнат затвор. Завчера беше нивниот климакс, последни трзаи на чудовишниот режим. Ама готово е, толку беше
Оф,ти изгледа слабо ги пратеше изјавите пред интервјуто на пастирот. Доста величаш обичен криминалец кој манипулира со народот и го користи ко пиун. Ги разгоре ко млади мајмуни и сега, сите тие будали кои тепаа, фино лепо ќе си платат, и он ќе остави да си платат. До вчера, со истите седеше во фотеља и ок му беше. Десет години братска дружина... и за лошо и за арно. Само себе се брани и спасува. И никој друг. И крај краева, 10 години државата беше фамилијата.Кога тоа стана народот, еве, не знам. едит: па и ова величањево на „преживеаните“ (опозицијата) кои биле спремни да бидат убиени за една нова Македонија, оф. НоваТв.
Vo vakvi situacii site sme zasegnati i tesko e da se ostane priseben, ama ovie sto kolnat i upatuvaat raznorazni navredi, pa i posakuvanje necija smrt, imaat li deca... Sigurno se istite kvazi vernici sto za veligden zapalija sveka vo crkva. Se zaprepastuvam koga toa go gledam od mladi i od zeni koi treba da se prisebni, dostojni na epitetot zena, a ne da plukaat kaj ke stignat. Se prasuvam kako samo si gi vospituvaat decata. Se izvinuvam za latinica od mobilen sum.
Еј Тања, како така шириш негативна енергија овде. Па наместо да целиме кон поразвиените, ние треба патриотски цврсто да се држиме за она македонското примитивното античко тапшање по раме со зборовите "ќути-трај, има и полошо". Немој случајно да излеземе од 14ти век. Немој случајно да гледаме напред, ние треба да се споредуваме и тешиме исклучиво со тие што се побетер од нас. Како, комшијата што е без работа, Уганда и Палестина. Тие сме тие. (Note my sarcasm here) Секоја чест на Груевски вчера. Паметен е он. Во прав момент се појави на друга телевизија освен на неговите миленици. И направи шоу. Престава чоече. Оној што договараше уставни промени преку телефон, од плажа на Халкидики, без да трепне збореше како уствари други сакале да ја разнебитат Македонија. Оној што без трунка совест последниве месеци јавно повикуваше да не се седи дома, вчера збореше како тој тоа никогаш не го рекол. Богот на криминалот, со мерцедес од 600.000€ (вториот во Европа, после оној на Меркел), челникот на најбогатата влада на најсиромашната земја во Европа збореше за криминал на луѓе што 11 год. се опозиција. Оној што земјава ја направи приватна сопственост и партизира се што можеше да се партизира, се дрзна да збори за "другите", и збореше... збореше... збореше... Чом, имаше шанса да го закопа со сите информации што ги поседуваат, за сиот криминал на вемерото последниве години, но наместо тоа, тој одлучи да го помилува. И го минуваше цело интервју. Во мои очи Чом го изгуби кредибилитетот на новинар и од вчера е во ист кош со провладините пиончиња. Не покажа никаква новинарска љубопитност ниту волја за конфронтирање аргументи. Имаше историска шанса да направи политичка салата, наместо тоа, тој бркаше муви. Чом друже, мрш!
Осетливи и наивни,јер жени.Плачат за пратениците во собранието и не се срамат да признаат.Ја гласав за сдсм ама ич не ми чуе дали ги тепа некој.4 месеци ги чекам да формираат влада и уште бројам.
Хулигани го уништија Собранието, со наши пари е правено! Насилници без срам, крвнички, со крв ни со извалкаа Собранието, нашите бранители полицајци ги тепаа! Срам!
Добро,ајде. Ко што дисертација му направивме ете на револтот како ненасилен... во право си. Тоа што го посочуваш како некој кој сака да ја одбрани државата, не е величање на криминалец.
Приведените за насилство и напад во Собранитето на РМ на 27.04.2017, се ослободени, а на студентот Борјан Ефтимов му беше даден домашен притвор од неколку месеци заради протести во Шарена револуција. Правдата на Грујо, Зврле, Димитриев и соучесниците.
Тоа што ги ослободија не им направија некоја голема услуга. Албанците ќе сакаат освета за Села, посебно сега кога и на многу од нив им го објавија идентитетот.
Имаат среќа што само кршеле, тепале и пробале да убијат човек. Да крадеа ќебапи доживотен затвор ќе им следеше...
Баш за дечково на мм му зборував вчера. Не ми текнуваше име. Знам и на испит не го пуштаа да оди. Голем криминалец беше