Настрадаа невини новинари. Еве макар тие да се единствените невини во случајот. Талат бепе награден со министер за одбрана за тоа што уби наши браќа, роднини и татковци. Не сфаќата дека се е провокации? Ќе се испотепаме меѓу себе додека и едните и другите се борат за фотелја. Никој од народот не добива ништо добро. Без разлика кои и да се на власт... Викаат од 2 зла, избери го она што не си го пробал. И да, имам право да те враќам, кај си бил да видиш како се живее годиниве во Македонија? 16 години? Детиште, ај порасни па расправај политика. Уште ни лебот сам не си го вадиш.
А зошто Груевски не побара од тие три албански партии да ja повлечат платформата? Од нив, нивна е, тие ja потпишале. И реков, главниот проблем е криминалот на дпмне и узурпациjaта на државава од мафиjaта. Тоа што се ситиш на обид за линч те прави лешинар, ништо друго.
Години и презиме на интернет јавно никаде точно не сум кажал колку имам од безбедносни причини и моја заштита и не треба тоа никого да интересира. Во друга тема кажав дека сум член на Тврдокорни и дека заедно со неколку членови одам на протести за мене и за Македонија, одам на протест а не на хулиганство да повторам. Ако поединци биле хулигани не ги ставај сите во една корпа.
Не ги оправдувам ни тие ни тие. Инаку викаат од 2 зла избериго помалото ако веќе нема друг избор. Незнам ти колку имаш тука се е анонимно па не треба да те интересира колку имам ниту мене колку имаш па ќе си расправаме политика тоа е наше право демократија е нели секој е слободен. И лебот сам си го вадам побарај низ темите имам пишано бидејќи гледам ве интересира мојот приватен живот.
Ах бе дете... барем во мојата остра меморија верувам https://forum.femina.mk/threads/Да-се-запознаеме.46/page-213#post-2930964 Не знам дали за стариве луѓе да се чудам или дека и млади со вакви ставови постојат... Во секој случај се срамам од... вас.
Грев е да вршиш насилство врз некој со кого си делала леб заради интересите на манипулатори, тоа веќе не е национализам, тоа е фашизам. Што те интересира тебе за муслиманските земји или колкав прираст имале? Географската големина нивна не е малку поголема од нашата или..? Имаш наведено како македонски девојки се либерализам со шипци, првенствено која си ти да осудуваш? Ајде малку разгледај од друга страна, камите, сирија, авганистан и останати земји што се збришани од мапата на светот нели и они се луѓе? Се декларираш како најрелигиозна личност, а го слушаш пророштвото од баба ванѓа дека исламот ќе завладее нели во библијата се забранети лажни идоли и гатачки..хммм.. ова алудираше на мене нели: Само монструм може да остане ладен на ова што се случи, или човек кој не припаѓа никаде, некој кој не му значи ни вера, ни нација, ни држава, ништо. Ајде да ти појаснам малку за нација - ги делам луѓето само на добри и лоши, не верувам во ништо напишано од рака на човек, измислени граници, држави од х луѓе на кои им оди во полза тоа , да не разделат, да се застреламе едни со други заради што? ЗА МОЌ, а и гледам супер им оди дојде и македонија на ред жално е што толку лесно си изманипулирана, а за мене барем сум горда што не припаѓам во таа пропаганда. Замисли само колку поубав ќе беше светот да ги немаше овие работи.
Ја читам темава подолго време и така се воздржував ни збор да не пишам ама после настанот во Собрание од пред некој ден можам да кажам дека ми е срам да кажам од кај сум..Дно дна стануваме луѓе!Место да се караме и препуцаваме за етнички групи и политики на форуми треба да превземеме нешто, но не со насилство како пред некој ден.Срамота што е тоа влегување во Собрание мислиш дома влагаат.Мајко му стара ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА е тоа.После сме сакале ЕУ.Дур не си решиме самите ни еврокомесари ни ЕУ ништо не помага.До народот е сите политичари гледаат да ја фатат највисоката фотеља а народот нека се коље и расправа.Не вреди луѓе верујте.Секој гледа за себе и својот џеб никому не му е гајле дали некое семејство ќе води борба за егзистенција дали НЛБ е опљачкана дали е некој лажно обвинет или некој слободно се шета.
Каде е тој документ на ДУИ со којшто тврдат дека и Вмро-Дпмне потпишале се што трите албански партии побарале? Не постои, спин е на ДУИ и СДСМ за да го вадат од гомна СДСМ, а за возврат СДСМ и СЈО да молчат за криминалите на Ахмети и компанија. Го имаат СДСМ своето лево партиско крило наречено СЈО со подршка од Запад. Можат сите да ги осудат од ВМРО. Ако им докажат криминал (секоја власт и опозиција имаат свои нелегални бизниси, привилегии и криминали) нека си одговараат. Заев тргува со круцијални македонски национални интереси за да ја добие подршката на албанските партии (СДСМ плукаше на времето по ДУИ) и западниот фактор. СДСМ во својата партија го прибра целиот криминален албански олош да им лобира по селата. Од познати дилери до рекетари.
Ако веке мене ме цитираш, коментираj за тоа што сум го пишала, не ми држи политички говор коj нема благе везе.
Од безбедносни причини ниту презиме ниту слика ниту години кажувам јавно на интернет. Но еве штом толку те интересира да толку имам, сега 16. По делата се суди на човекот а не по староста или по полот. Засрамисе ти, претпоставувам дека си постара а имаш мислења како за 10 гонишна. Чуди се ти за кој сакаш. Една рака има 5 прсти кои не се исти, па така и со луѓето не се сите исти, немаат сите исти ставови дури и да се во исто друштво.
Да неонацист сум, 16 годишен. Како само сте расположени за карање тоа чудо. Среќа што имам живци и трпам провокации или влечење за јазик. Ако сум подржувал тепање на Шекеринска не значи дека подржувам тепање на сите жени. Таа жена пак има уништено многу животи и не гледам зошто би ја поштедил.
Очекуваш женско да те поддржи за дигање рака врз жена?И тоа на женски форум?Ахахахајајј се дур не осетите на свој грб ќе млатите празна слама да.
Неможе да ме шие бидејќи нејзините мислења не влијаат на мене воопшто. Не гледам причина да читам нешто што не ме интересира, зошто би ги читал сите нејзините мислења кои се светлосни години различни од моите?
Кои, чии? Ај те молам најди го хирургот што го уби братучед ми и убиј го и него. Оној гинекологот што уништил фамилии колку сакаш, оној што ја згази Тамара, оние од Смилковско, од Монструм. Те молам најди ги сите и убиј ги. Пошо тие не уништиле животи, нели? Убиецот на Мартин Нешковски? Оној од протестите што го спомнаа што убил двајца на пивофест и силувал девојка? Ај те молам на следниот протест удри го пошо уништил животи.
Страшно е да помисли човек дека на такво дивјаштво присуствувал некој на 16 години. Јас сум прва што не суди по години, но токму од такви како тебе треба да се биде загрижен за младината. Да, 4 години сум постара од тебе и да те знам лично, би се потрудила голема лекција да ти оддржам. И петиција потпишав денес против една професорка што ми предаваше една година и што на фб ликуваше на насилството кон Шекеринска. Затоа што сум исклучиво против насилство, особено спрема жена, и ни постар ни помлад тоа не може никогаш да го промени, а најмалку па да направи да се засрамам
Уште пред да пишам знаев дека е една од трите членки која ќе ми се спротивстави. Немам што да правам моментално инаку не губам многу време тука.
Од поштовање на пример?На форумов има стотици различни мислења од моите.Но ги читам.Можда не се согласувам со сите ама ги читам.Дома ме научиле што е поштовање.Ти реков да ги прочиташ пошто судиш како размислувала..од 1 мислење?Ужас.