Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Детево пред да биде истепано,паднало, бидејќи бегало од овој изгледа, па може крварењето и од тоа да му е...А и плус пијан бил.Тепањево ептен го дотолчило... :worried:
     
  2. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Состојбата е страшна, повеќе пати кажав. Кога пред некој ден пишав дека црно и се пишува на Македонија некои пробаа виц да направат, но тоа е нашата реалност за жал.

    Само еден ден по изборите толку бурни настани се случија.
    Да се обидат да замолчат, да сокријат вакво нешто :x . А на онаа Гордана Бркиќ толку и е мила функцијата па не бил политички случајот, немало потреба од оставка. А јас да не го вработив тој убиец????? Се плашат некој да не им одземе од политичките поени, само на тоа да се мислело. Млад живот одзеде полициски припадник - тие за рејтингот се секираат :puke: . Да не беше а1 и другите онлајн медиуми - ќе беше како ништо да не се случило.
    Некои пак, уште се обидуваат да ја бранат оваа ситуација, демек си заслужил Мартин, си заслужил Љубе. Толку им е битна вмро што дури се спремни да го направат небитен човечкиот живот и вистината само да ја одбранат партијата што им дала работно место :puke: . За среќа има и луѓе на кои не им зависи работното место од п.партија и кои гледаат реално а не низ призмата на вмро.

    Што се однесува до Љубе 99,9% сум сигурна дека му наместија на човекот од одмазда - за сите вистини што ги кажа во текот на кампањата.

    Значи не сум била единствената што мисли на отселување од оваа земја. Некако ми делува без иднина, а и народ како македончето не заслужува да има држава :fubar:
     
    На FBI, JuLleE, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    сега прочитав за еден случај во виница каде исто до смрт бил претепан млад дечко а тројца се бореле за живот, исто така од специјални единици кои упаднале во кафуле и повредиле една девојка удирајќи ја главата од масата и неколку гости во истото кафуле, а гледам никој незнаел го дале случајот во весник еве мене ми е познат, но незнам дека нешто е решен како овој.

    Овој случај е првиот против специјалец кој е речиси решен, а се благодарејќи на медиумите и луѓето кои почнаа да се освестуваат и излегуваат на протести, па гледате како треба да се делува ако сакаме нешто да се среди.

    На протестиве нема потреба од инциденти доволни се негативни скандирања, масовен одзив и медиумски притисок и нема да им биде лесно.
     
  4. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    ^^ Кога веќе се навраќаме на полициската бруталност... Еве ви документација за бруталноста на оние кои би требало да не штитат наместо да не убиваат! Ова е само за последниве 5 години... Бруки!!!

    2006
    "Тигри" претепале момче до смрт, а уште три се во кома
    „Алфи“ претепаа човек, полицијата не реагираше
    „Алфи“ претепале тројца Роми
    „Алфи“ претепале битолчанец поради кафеанска расправија
    Битолските „алфи“ крвнички претепале момче
    „Алфите“ го убиле Трајан Беќиров и го фрлиле во Вардар
    Маскирани полицајци го демолирале ноќниот клуб „Процес“


    2007
    „Алфи“ претепаа камерман на Алсат
    „Алфите“ претепале скопјанец пред очите на сопругата и двегодишниот син


    2009
    „Тигри“ претепале вратар во дискотека
    „Тигар“ претепа крвнички со метална шипка велешанец
    Полициска патрола претепала прилепчанец од Канатларци
    Кумановец претепан од Алфите


    2010
    Полициските Алфи претепаа жител на Ченто
    Брутално тепање на деца Роми од страна на полициската единица Алфи
    Алфите по грешла претепале момче од Велес


    2011
    Скопјанец обвинува: Алфите ме претепа
    Специјалец „Тигар“ го уби момчето!
    „Тигар“ претепал момче во Карпош
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ццц кога паднало затоа што бил пијан му дошло на памет да си ја треска главата од земја па така настано крварењето на мозокот изгледа :x
    Само некои оправдувања да се бараат абе :fubar:
    Една од констатираните повреди е скршеница на носот, сигурно од мавнат бокс, а доколку бил во алкохолизирана состојба до толку полошо зашто немал рамнотежа да се созема па тресокот од ударот бил катастрофално силен што било најверојатно причина за смртта :(
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ајде сега јас да ја видам владата! да видам сега што ќе се случи ! жал ми е ама ни отиде државата
    се фрлиле Грујо И бранко од 10 спрат, кој се спасил? па нормално народот ;)
     
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    морам да искоментирам за кометарите од типот како изгледала мајката зашо носела бело зашо не плакала не и било жал за синот изгледа...па која мајка не жали дете бе дете шо го носела у утроба шо го гледала од мрвка месо до зрел човек..како можете да пишувате такви работи..па жената сеуште била во шок..и сигурно кутрата неможе уште да си дојде на себеси..и зарем само солзите се израз на жалост??ако човек не плачи пред сите значи не жали...глупости..секој реагира на свој начин во болката..јас сум од тие луге што не плачат пред другите..на само може и ке си се расплакам некогаш многу ретко ама пред други не..нема шанси солзи не ми течат..баш во најтешките моменти јас сум најсилна и не потклекнувам и не покажувам колку ми е тешко..пред неколку години имавме смртен случај во семејството,на самиот погреб јас не плачев,солзи не ми идат,а душата внатре се корне ли корне ке испука од мака а солзи нема..значи јас не жалев според вашите пресметки?јас може повеке сум жалела од некој шо се истурал од плакање ама едноставно таква сум неможам.. неможам какоо некои да плачам по порачка..а очите знаат да ми се насолзат онака малце на некој романтичен фимл или трагична сторија на тв,ама баш во моменти на животни трагедии и пресврти во мојот живот кај мене солза нема..дури некогаш се терам себеси плачи тањо да ти олесни ама солзи не течат.се извинувам ако е офф топик текстот ама ме изиритира како может лугето и во нечија мака и жалост по чедо да бараат малверзации и пресметки колку жалел..
     
    На Neytiri, nena2010 и FBI им се допаѓа ова.
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Мајката не плачела, мајката носела бело, како така мајката се однесувала.............
    Со тотално право ќе ви речам:“Слушајте деца и не тропајте глупости, за нешто кое не сте го доживеале!!!“
    Зарем мислите ли дека на таа жена и дошло до менување на облеката во тој шок? Таа главата не знае кај и е, не може да се справи со емоциите во неа........
    Се уште била во шок, да не си во нејзина кожа.

    Еве ќе се навратам на погребот на Борис Трајковски. Ви текнува каква беше тогаш неговата фамилија? Не се убиваа од плачење, не ни зборуваа- затоа што беа под дејство на седативи.

    Верувам дека било кој да се најде во нејзина кожа така би реагирал. Би се дерела и јас право во камерите, би мавала и би кршела се пред себе.

    Прашајте ја денес како и е, каква е денес......па да видам после да коментирате....
     
    На Theodora, Phyramide, Blanca и 4 други им се допаѓа ова.
  9. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    СТРАШНО!!! Овие Алфи што глумат Господ треба да се разрешат и сите до еден во притвор, некој на доживотно а некој пак да бидат успиени..бесните кучиња се успиваат. сите се со криминално досие..сите имаат тенденции да убијат, претепаат повторно..они не служат за народот туку нас не третираат како нивни лабараториски заморчиња..испробуваат сила и тренираат на нас.....


     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.768
    Допаѓања:
    116.888
    Пол:
    Женски
    Мене едно ми боде очи. Каде е госпожа министерка Јанкуловска да оди да изрази сочуство?? Каде е да се појави пред таа мајка на која детето и било убиено од нејзин вработен додека бил на должност?? Во секоја фирма доколку се случи смртен случај на вработен на работно место оди претпоставениот, а не оваа ни продава басми дека не била нејзина одговорност. Нејзина е одговорноста кој го вработува за да биде во полиција, нејзина е одговорноста да процени дали е психички способен да има контакт со луѓе. Нека не ми се прави преподобна геновева дека нема одговорност. Има, само кај нас никој не сака да каже дека е крив и да си ја изгуби својата фотеља и власт.
     
  11. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Оф лелел која црна Јанкуловска таа врска си нема од животот..мислиш она вработува или знае нешто...Миајалков и Грујо они двајца палат гасат во македонија а другиве се само фигуративно..марионети
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.768
    Допаѓања:
    116.888
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго, она ја држи функцијата Министер за внатрешни и треба да си ја почитува.
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Своевремено, кога Илинден потона и бугарите загинаа, Јанакиевски, министерот за транспорт и врски даде оставка зашто знаеше дека нема да му ја прифати Коле.
    Арно ама, како сега би дала оставка Јанкуловска, кога владата е пред распуштање, а неа и претстои опасност од неименување на министерска функција во новата влада? Не дека на некој од нив му е гајле за оставката, случајот и слично, ама чисто ради јавност би ја тргнале од видик и уште повеќе заради мачкање очи дека владата е на страна на демосот.

    Миракула.
    Трошка совест да имаат, цело МВР ќе си даде неотповиклива оставка.

    Министерката не чувствува одговорност, зашто ја нема. И тоа е човечка особина. Некои без неа се раѓаат.
    СВР Скопје, не знаеше за случајот, повеќе му одговараше да го скрие. Што очекувате повеќе?
     
    На BoaVista, JuLleE и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Не сакам никого да бранам, едноставно пишувам онака како што мислам.Можел тој тн. тигар да бил сосем нормален и пак да дошло до ова ! Можеше и да нема избори, и прослави и пак да дојдеше до ваков случај ! Ве молам...не евиновен ни Јанкулоска ниту Груевски ниту никој што дошло до ваков случај бидејќи сигурна сум дека никој не сакал да дојде до ова ! Единствениот виновник овде е самиот убиец.Мајката изјавуваше на тв. дека државата е крива, ама и е гајле сега на неа и Јанкулоска и Господ да слезе сочуство да и даде ништо не вреди бре луѓе мајка изгубила чедо ! ... :(
    И е гајле неа за политичките настани сега и кој и како дошол на власт.Што очекувате да слушнете од родител што го загубил својот син ,дека ќе излезе на тв. и ќе каже Нема проблем само нека го осудат убиецот ....Страшна работа сме ние луѓево кои сме само во улога на коментатори и посматрачи ! :x
    Си вадиме вистини, невистини трачеви какви ни одговараат нас, а не какви што се.Мислам дека треба подитно да се преиспита и да се смени тој кадар што работи во полицијата а убиецот...и доживотно да биде осуден пак малку е ! Само едно ми е сомнително мнооогу...Ги помнам изјавите од СДСМ за време на митинзите кога кажуваа ќе има крвопролевање само да ги изгубат изборите ! :puke: Неслучајно се збореше за убиство на едно дете, па после излезе дека било друго...А, помисли ли некој да не е ова се наместена работа ?! Многу можно...многу можно да било сценарио однапред изрежирано од страна на господата на СДСМ. Само не велам дека така било со сигурност...Криво ми е што на грбот на една ожалостена фамилија, на една трагедија, сдсм-овците направија политичка хајка, да плукаат по власта !
    За Брат Љубе воопшто и не вреди да се коментира и птиците на гранка веќе знаат што човек излезе тој ! Ден после излегувањето од затвор јас бев лично да го слушам..одма почна против власта ниту ден не издржа! Зошто?! Немаше ни 24 часа откако Г-дин Груевски го чекаше на аеродром со раширени раце ! ...Толку брзо ли успеа да му наштети? Или тоа да не беше монтирана снимка, што збореше ? :D
    Остави за него, такви селанчишта не заслужуваат ништо подобро! Зборува за јахти, за становите на Груевски како милуваше тој да го нарекува диктаторче, лопатар..и сл. други навреди кои можеш да ги слушнеш само од сељак, а син му за една вечер што троши 12.000 ден. ?!?! :o Јас ни плата месечно не земам толку ! Сега тој ќе зборува за тоа кој пере пари ? Башка, ова е од сигурни извори дечки што лично со него имаат излагано ми кажуваа. ;) Затоа..остави не вреди да се збори...Многу ми е жал за детево што беше убиено на таков крволочен начин, за неговото семејство, за мајка му... :sweat:
    Но, уште повеќе ми е жал што токму смртта на ова младо момче се користи за добивање на политички поени кај опозицијата, и што сведоците прво отишле во А1 а не во МВР да го пријават настанот !!!
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Знам дека долгите текстови изгледаат сувопарно и досадно, ама сите кои дискутирате за политика, би ве замолила да ја прочитате оваа колумна што е во спојлер ставена...Многу работи кажува и за убиството на детето и за апсењето на Љубе и трошење на пари во изборните кампањи...Мене лично оваа колумна многу ми се допаѓа...

    Си велам

    Проклети да сте

    Ерол Ризаов

    Убиството на Мартин Нешковски е последица на режим

    Проклети да сте.... ми го убивте детето. Овој стравотен лелек и тешка клетва на мајката на 22-годишниот Мартин Нешковски, кого го уби полицијата на Градскиот плоштад за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на изборната победа, до болка ја открива трагедијата на македонската демократија. Момчето што сакало да ја слави победата на својата партија и сакало да се качи непоканет на бината, за тоа морало да плати со глава. Револуционерната партија почна да ги јаде своите деца.

    Еве ја анатомијата на ова злосторство:

    Убиството на Мартин Нешковски и особено она што се случуваше по грозоморниот чин е последица на владеењето на еден режим својствен на диктатури. Ароганцијата на власта и злоупотребата на полицијата и во овој случај ја покажува немоќта да се контролира партиска полиција, која не работи според професионални стандарди, туку според потребите на политичката олигархија. Во таков случај кога е важна само врхушката на власта, а се' друго е раја, може за најбанална работа да го загубите животот. А во посреќна околност да завршите в затвор. Се разбира, и во демократски земји се случува полицијата да ги пречекори своите овластувања и да употреби прекумерна сила. Но, два дена полицијата преку својот лажго да ја лаже најбезобѕирно целата држава дека не знаат што се случило, дека момчето го нашле мртво, дека се злоупотребува еден несреќен случај во политички цели итн, итн. Е, тоа не може да помине неказнето. Ако се случи таков обид за забошотување на најтешко злосторство, убиство на човек, тогаш сите во синџирот на хиерархијата што лажат, молчат и го кријат убиството, стануваат соучесници во злосторството. Откако јавноста дозна за тоа, неминовни се оставки, почнувајќи од првиот претпоставен на убиецот, преку неговиот началник, па оној лажго што секоја вечер изигрува недоветен, се' знае и ништо не знае, до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која срамно молчеше до вчера за убиството прифаќајќи со тоа соучесништвото. Срамно молчи и премиерот Никола Груевски. Ако му требаат три дена да изрази жалење за убиството на член на неговата партија, ако не смее да и' погледа в лице на мајката на Мартин, која со радост само неколку часа претходно ги пребројуваше гласовите за него, тогаш како може да очекуваме Груевски да бара политичка и секоја друга одговорност кон оние што го извршиле убиството и оние што сакаа да го забошотат. Груевски не може да поведе таква истрага бидејќи ќе се открие дека тоа се последици на неговото владеење, на неговиот недостиг од демократски капацитет.

    Она што се обидува Груевски да го направи деновиве е да се приближи до семејството погодено од страшната трагедија, ама и таму не смее да појде храбро и да изрази сочуство, туку праќа емисари, стравувајќи да не биде избркан. Сака со купување индулгенции да го испере и својот грев и гревот на своите најблиски соработници, кои ја ставија полицијата во улога на заштита само на одбраните. Обидот да се забошоти случајот преку контрола на медиумите блиски до власта, беше трагикомичен. Сите како папагали ги повторуваа зборовите на оној лажго од полицијата дека е тоа несреќен случај, дека е тоа лична и туѓа трагедија. Дека се злоупотребува во политички цели од опонетите на власта, дека се сака да се намали значењето на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и слични гадости. Која туѓа трагедија црни новинари. Тоа е наша трагедија. Па кој го злоупотребува убиството на Мартин за политички цели, тие што го убија, што ги окрвавија рацете, тие што сакаа да го забошотат, да го прикријат убиството или тие што пишуваат дека е убиен млад човек на сто метри од бината каде што ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата.

    Сиве овие небулози на пропагандистите и апологетите на власта ги однесе како меури од сапуница експлозијата на социјалните мрежи. Да живее интернетот. Контролата на медиумите отиде во аут за еден час. Дечките покрај своите компјутери ја покажаа силата и својата огромна моќ. Македонската демократија е во нивни раце. Почнува ли вистинската македонска пролет или ќе попричекаме до следното убиство? Ерупцијата како од вулкан се шири на скопските плоштади. Младиот Мартин Нешковски, невина жртва на режимот, станува симбол на борбата за демократија. Неговите другари и младите не само од скопските училишта, туку од целата земја бараат одговорност за убиството, бараат укинување на злогласните партиски полициски одреди, бараат демократија. По 6 јуни, Македонија не може да биде иста. Младите, конечно, гласно го побараа тоа што одамна го имаат нивните врсници во цела Европа. Бараат слобода и демократија. Тоа не е политика и партиска ујдурма. Тоа се насушен леб и вода за живот, кислород за слободно дишење. Досега во тоа не успеавме целосно. Младите ќе успеат. Чинам дека овој пат нема да дозволат да бидат изманипулирани Мартин Нешковски да биде уште една залудна жртва.

    Вака почнаа работите и во Тунис кога полицијата понижи едно момче, продавач на овошје, со завршен факултет, кое се самозапали. Таа неправда ја покрена масата во целиот арапски свет каде што се прелеа чашата од репресиите на режимите и диктатурите избрани на демократски избори. Доста беше страв, крикнаа социјалните мрежи. Се наполнија плоштадите. Народот дојде по своето. Конечно, и кај нас мора широко да се отворат вратите на слободата и на демократијата.

    Својот прв ден по победата, демократски избраните го почнаа со убиство и со спектакуларни апсења. Можеби постојат сто причини да му се суди на Љубе Бошкоски. Но, трансформацијата на Брат Љубе од национален јунак и херој, од македонски маченик, икона на македонштината, до предавник и подмитилив гангстер, јасно ја покажуваат улогата на македонската партиска полиција и на демократската власт. Додека Брат Љубе беше со власта беше опејуван во народни песни, авионите летаа во Хаг повеќе отколку на аџилак во Ерусалим. Секоја средба со хашкиот паталец носеше политички поени дома. Бакнуваше Брат Љубе македонска почва, гушкајќи се со Никола Груевски. Се' беше ОК до моментот кога Љубе кажа - сакам и јас власт и висока функција. Е, оттогаш почнува голготата. Му прати полицијата на Брат Љубе финансиска помош преку Јуда и го пикнаа в затвор. За исто дело некој може да помине со парична казна, а некој може да оди пет години в затвор. А ако во името на народот позајмите 220 милиони евра и злоупотребите дел од тие пари за изборна кампања, тогаш тоа е демократија. А несреќен случај е кога ќе убиете 22-годишно момче до бината каде што славите изборна победа и два дена ќе молчите и ќе ја лажете и јавноста и неговите родители и ќе се обидете да го скриете убиството.
     
    На Kika30, tanja6, Blanca и 5 други им се допаѓа ова.
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    - Сакам да го изразам моето згрозување од она што го прави А1, Време, Шпиц и СДСМ со своите прес-конференции обидувајќи се од еден ваков трагичен и немилен настан да извлечат максимум политички цели и да ги оцрнат оние кои што на некој начин им се политички противници. Мислам дека покажуваат оти не извлекоа поука од изборите, дека на таков начин со интриги и манипулации, со клевети и измислување дека некој за нешто е виновен и кога не е, покажуваат дека навистина не извлекле поука од изборите и продолжуваат со истиот метод на валкана политичка борба како што правеа до изборите. Тоа е лошо за нив како партија бидејќи ќе дојде време кога сето ова ќе се рачисти и ќе се види дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Никола Груевски, ниту Владата, ниту МВР имале инволвираност во ваквата работа. Начинот на кој СДСМ и медиумите во „Пајажина“ го прават ова и се обидуваат да си поигруваат со чувствата на илјадници граѓани во Македонија е прилично валкана работа, рече Груевски.
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сведоците прво во Нетпрес биле, тоа е новинска агенција, затоа и немаше простор за сомнеж дека е убиено или не детето, проблемот беше околу различните верзии за како умрело детето. Дали пошле да пријават во полиција не знам, но и мене би ми било страв да појдам ако видам дека цел тим полицајци пред очи на јавност забошотува убиство нечие.
    Зашто веднаш не го фатиле тие што дошле полицајците, доволно виделе децата за да знаат дека не треба да идат во полиција, како што реков НИ ЈАС НЕМАШЕ ДА ОТИДАМ.
    Случајот бил заведен во полиција како најдено детето во таква состојба, барем по она јас што имам слушнато, значи цел тим кој бил таму забошотил, сите што ги виделе децата сега треба да бидат еден по еден препознаени и на сите да им се суди барабар со убиецот, барабар со главниот.
    Затоа и Иво ја изјавил онаа глупост, пошто они имале во МВР информација за најдено мртво дете, ама дека било убиено за време на Баскер фест, донесено дека било кај обезбедувањето. (што е глупаво и смешно)
    Како и да е, случајов џабе веќе да се коментира според мене, напразно е. Јас да бев Јанкуловска ќе осеќав лична одговорност, прво ќе расчистев се, ќе имав жестока изјава, а не она што го чув од неа, да бев Груевски исто, ама не сум јас тоа, политичарите си се други карактери. Добро ќе беше бар да одглумеа дека сакаат да дадат оставка па демек ги разубедува Груевски. Ама ни тоа не го направија.
    Немаше да е прв министер Јанкуловска што ќе биде спасен од својот лидер, како битен за министерството кадар.
    Чистка во специјалните единици и крај !
    Не 2-3 години затвор за свирепо убиство, не!
    Нека си се преиспитаат, пошто од овие неколку дена колку повеќе ги слушам, толку повеќе ми се крева притисокот од нив, ми иде да појдам и да ги рашамарам ко мали деца, од што се недоделкани да водат политика.
    А, сдсм... тоа нејќам ни да зборам. Битни ми се овие пошто за нив мнозинството гласаше, тие првенствено ќе формираат влада, опозицијата секогаш ќе е таму да користи нешто за да плукне врз владата, ако очекуваат мед и млеко да им тече, нема потреба да формираат нова влада.
    Впрочем тоа е политика издржи ако си способен, истрај и оправдај ја довербата што ти ја дале граѓаните, ако не умееш оди си, има и други.
     
    На Estelle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115


    milki candy ...има многу работи што се вистинити во оваа статија, само еве овој пат ќе бидам кратка...ќе повторам...Да немаше избори ? Истово можеше да се случи, нели ? Истово, само што немаше да придаде толку политичка важност..и во цела ситуација ме нервира што убиецот никој не го спомнува, само Груевски им е крив, Јанкулоска им е крива...демек тие му рекоја оди и уби крволочно едно младо момче кое ќе прославува вечерва :x ???? Сакам само убиецот да плати минимум 10 години затворска казна, ако го помилуваат и пуштат на слобода без разлика што сум симпатизер на ВМРО ќе кажам дека грешат ! Не значи дека поддржувам се што они прават, само ме нервираат медиумите од типот на А1 што шират дезинформации ! И никој не молчи 2 дена за настанот, бидејќи како што знаете, се работеше за погрешно момче.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Леле неќам ни да коментирам некои ликови,кои само зборат нешто од свој памет и како зомби ги следат и повторуваат Груевски,Латас и Ивона.

    СДСМ наместило некој агресивен манијак , некогашен телохранител на Груевски , на прославата на Вмро да претепа да смрт дете ,член и симпатизер на Вмро,кое се обидувало да се качи на бината.
    И сега истите тие Сдсм со А1 го разоткриваат случајот и не оставаат да остане заташка,далеку од очите на јавноста.
    :clap:
    Прав трилер.Стивен Спилберг не ви е рамен.

    Искорисување на трагедија за политички поени се вакви измислици,и обиди да се сврти топката на опозициските партии,кои немаат тронка одговорност.
    Не е искористување на трагедија кога ја обвинуваш власта зошто вработен во МВР,припадник на специјалните сили убива дете,а притоа власта го КРИЕ делото цели два дена,се прави дека нема појма дека такво нешто постои,во обид да го прикрие. ;)
    Па сеедно која партија е на власт ,дали е СДСМ или ВМРО.
     
  20. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    doll не ми с еверува како може да помислиш дека убиството било во режија на сдсм :o лицето кое го уби Мартин е лично обезбедување на Груевски кое на денот на убиството бил задолжен за безбедноста на премиерот.
    Spasov Igor vikan Spase, brutalen ubiec na mladiot Martin Neškovski, vo krvaviot slaveničko postizboren pir na VMRO DPMNE e člen na obezbeduvanjeto na premierot Nikola Gruevski. Ubiecot Spasov e roden vo Štip. Se raboti za istiot (ne)čovek ...koj go ubi vo namestena "akcija" i Dime Poštarot. Spasov e so bogato kriminalno dosie i kako takov e čest narušuvac na JRM. Važi za mnogu blizok i doverliv "igrač" vo timot na famozniot URKO LUPUS...

    Spasov e eks pripadnik na potesnata ekipa obezbeduvači na Ljupčo Georgievski. Dolgi godini e vo obezbeduvanjeto na premieri i funkcioneri od DPMNE, zaedno so ušte 50 propadnici na specijalnata edinica na MVR i na Alfite. Vo moment na ubistvoto v nedela navečer se naodjal na lice mesto na zadača obezbeduvanje na pobedničkoto slavje na DPMNE, za negvo "kolegi".

    Denes vo MVR trae celodnevna strategiska rasprava i podgotovka na javnosta preku nivni bliski mediumi da se "progolta teškata i bolna vistina", vo režija na tim na načalnici po sektori. Site do eden, šefovite po sektori predvodeni od direktorite i ministerkata pravat strategija kako ubistvoto da se prikaze kako izolirano za da se prikrijat ostanatite ucesnici vo incidentot, kolegi na Igor Spasov. Slučajot sakaat da go prikažat kako izoliran, kako Spasev na lice mesto da bil privatno. Ne soborliva vistina e deka Igor Spasov e člen na VMRO DPMNE, vraboten vo MVR so preporaka od ovaa partija. So godini e koristen isklučivo za vakvi valkani "operacii". No, problem ovde e što UBISTVOTO NA NEŠKOVSKI E KLASIČNO DRŽAVNO UBISTVO!!!