На фб кружи видео кое претходно беше избришано,а на него јасно се гледа како Артан Груби фино лепо си поминува т.е бега насред цела толпа што ги тепа нашите пратеници,односно каде што македонец со македонец се тепа ејјјј!!! Всушност целта беше баш Сеља да е истепан за да се подгреат фитлите на албанците за да бараат освета за неговата крв Па овој Груби се сили само на фб,денес пишал статус дека никој ништо не им може и дека за него претседател валиден е учкашот Џафери ако е толку јак што не остана да трпи ќотек не да бега ко п..ка
Може да пратиш линк од видеото, баш ме интересира. Инаку, Груби е продадена душа, не е ни со сдсм ни со вмро, мислам дека тој беше радосен што гледа како македонците се тепаат меѓусебно.
Прв пат сега гледам Фчерашни. Значи обавезно гледајте ја вечерашнава епизода. Особено делот со Грујо. Незнаеш дали да се смееш или да плачеш. Точна слика за целата ситуација во собранието.
Така и jac чув @Rama, наjкрвнички претепан е токму Села за да се испровоцираат Албанците, кои би дошле пред Собрание и би имало судир, заради коj би се прогласила воена состоjба. Во Чаир се насобрале многу Албанци но од албанските партии толпата била смирена и спречена. Откако се увидело дека пропаднал планот бил прекинат линчот во Собрание и дури тогаш ги извлекле пратениците.
А што да речеме за тие луѓе што измислија цела приказна, за тој стариот што ја откорна Шеќеринска, дека е татко на загинат борец (измешани емоции). Па по фб кружеше некоја слика од загинат млад наводно негов син....Значи се превртува во гроб момчето. Баш таа слика е од момче од Куманово и се вика Бобан. Овој старецот е од Струмица и се вика Димитар Пецев/Пецов, и сограѓаниете добро го познаваат кој е....Нема ни роднинска и пријателски врска со НИКОЈ од загинатите, а не па син да му бил. Од загинатите нема НИЕДЕН со презиме ко овој старец. Друго што ќе измислат...Дека и тој се борел, загинал ама воскреснал сега за да и се одмазди на Шеќеринска? Ете и да се нашол некој од роднините на загинатите, што им е крива бе баш Шеќеринска? Што не го фатат Али Ахмети или Талат Џафери да ги корнат? Нели тие се терористи? Заборавите? Види колку манипулираат со емоции. Прво како не им е срам туѓа слика да ставаат? Се запрашале ли како ќе им биде на вистинските родители на момчето кога ќе ја видат сликата под која пишува дека е син на некој сенилен старец? Од кога е дното поминато ехеее, туку ајде баш да видиме до каде ќе оди. Уште колку тепачки ќе има не сте свесни. КОга ќе формираат влада, па кога ќе го прогласуваат Заев за премиер, па кога ќе почнат со седници на чело со Џафери...Се тоа рачунајте дека со тепачки ќе биде п.с. Башка што друг од напаѓачите бил од Прилеп, и штотуку излегол од затвор поради убиство на мајка и дете...Па едно излагање, тргнал да се тепа во собрание, а вие му се восхитувате Тепачи, убијци, силувачи...Штотуку излезени од затвор...Ете такви беа луѓето што насилно влегоа во собрание.
^Еве ги попрецизно сите идентификувани напаѓачи, баш читав прееска и мислев линк да ставам. http://novatv.mk/video-koi-se-napagachite-kriminaltsi-vraboteni-vo-institutsii-mvr-i-arm/ Тешки криминалци осудени за убиства (од кои едниот и на дете!) и силувања, а еден носи и усташки симболи. И, секако – ,,непознати“ и ,,неопределени“. Ете на такви луѓе поприлично голема маса народ им се восхитуваат, ликуваат за нивното насилство и ги нарекуваат патриоти, а нас што се гадиме од нив предавници. Чисто за информација
Претседателе, Ние народот бараме да ги ослободите силувачите, убијците и тепачите за пак да можеме утре да пукаме глави низ собрание и да корнеме жени. Вашиот (болен) народ!
Знам дека стои во одлични односи и со Муса Џафери. На една од бомбите му испорачуваше услуги, фин, лабав и пријателски разговор. Тука не ја сфаќам логиката на тврдокорниве. Политичариве од вмро се длабоко и криминогено поврзани со претставници од дуи, повеќето поранешни учки. Од партија ги праќаат да тепаат пратеници, со јасен нагласок да не ги допираат нивните. Тодоров и Ѓорчев не беа ни допрени, ама забораваат едно нешто, да ги потсетат дека треба да го прекријат лицето оти во спротивно ќе бидат идентификувани затоа што во собранието има видео надзор. Освен тоа, прават селфиња во собрание со компромитирачки натписи, пак заборавајќи дека ќе бидат лесно идентификувани. Што да речам, IQ на дождовен црв. ПС Не верувам дека ќе завладее разумот, затоа што и сдсм сега шурува со учките. 25 години исто срање, паметот на луѓето никако да им дојде.
Нема логика, не бранат идеологиja. Битно им е да остане дпмне на власт за да им продолжат бизнисите на раат.
Ако некој знае, дали може граѓани да направат онлајн петиција за активирање на санкции и замрзнување на имот на овие битанги од власта?
На видеото се гледа дека Ѓорчев доби еден удар, и од сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, само тој и Тодоров се покажале како луѓе и се обидувале да ги спречат насилниците, тоа го кажа Заев во петокот кога гостуваше на Топ Тема на Телма, останатите не мрднале со прст.
Да му се смачи на човек. Апсат по 4 дена и тоа само 7 лица за таков скандал, терор каков Европа не видела. Унаказија генерации и генерации. Трауматизираат цела нација 10 психопати.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Албанците и ДУИ никогаш не биле толку скротени како јагниња. Им даваше Грујчо по некое тендерче да лапнат и да испукаат по некој куршум по тие селата, но сите круцијални инвестиции, фабрики, инфраструктура ги туркаше во 100% македонски средини. МПЦ ја возобнови, дијаспората ја вклучи во македонската политика. Сите пари од буџетот ги буткаше во македонски општини. МВР и АРМ имаа неколку многу успешни акции против качаците. Албанската дрога ја намали во македонските населби. Какво национално велепредавство Груевски сторил кон Македонија? Освен Хашките случаи што ќе му останат црна дамка. Груевски не е никаков русофил, туку човек на Западот што покажува дека одлично играл на меѓународно поле. Македонија не беше во никаква внатрешна и надворешна криза за време на неговото владеење.
Да не знае човек што да мисли, прочитав дека Ѓорчев и Тодоров всушност одиграле така за да ја релативизираат вмешаноста на дпмне. Алсат-М го открива сценариото: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги насочувале насилниците во Собранието