За се се согласувам ама ова со дамката... Нам животите ни врват и ништо арно не видовме,за дамки ке се оптеретуваме. Да гледаме да се средиме за нас,не за комшиите да видат дека сме добри.
Во секој случај пастирот, братучед му и остали чиреви и гнојни рани мора да си одат, по можност на тешка робија. Одлично би било општествениот простор конечно да здивне од кривоногата карикатура со дикција на ментално заболено лице. Но како и да е, не гледам иднина за РМ. Никаква. Сите шанси се пропуштени, сите патишта промашени, сите кредити потрошени. Армија буџетари ќе очекуваат спас за нивниот беден животец од новата власт, пензионерите исто, системскиот правец кој се завлечка овие 11 години не гледам како би бил променет освен со екстремно непопуларни мерки кои политички би ја погребале новата власт на некои наредни избори, па затоа нема да има ништо од коренити промени. Корупцијата, митото, партизацијата, некомпетентоста, глупавоста и подобноста станаа главна содржина на државниот апарат на сите нивоа. А го сјебаа и онака кревкиот приватен сектор. Како од таква дупка со гомна би се испливало е мистерија. А можеби е и подобро да дојде до крај. Неслучајно, на овие простори вирее сензационално глупава и социјално несвесна раја која се одзива на поими како македонец, шип.тар, циган, србин, влав, торбеш, турчин...сето тоа се не особено вредни колективни идентитети кои се заробени во митоманските слики за самите себе и не знаат за ништо повеќе од гол национализам, верско лудило и слепа, кучешка лојалност кон лидерот кој им дели милостина или им дава малку од колачот. А за 10-15 години ќе дојдат за наплата и чисто статистичките параметри, мизерниот наталитет и масовната миграција, кога просечен жител ќе има 67 години и во пензија ќе може да се оди ден после смртта. Исто важи и за комшиските држави, која од која поголемо дно. Кад замиришууууу јорговаааанииииииии Штета...
Од збор до збор се сложувам. Јас гласав за Заев, не затоа што паѓам во несвест по СДСМ, ама затоа што сакам оваа група психопати да си оди од власт. Треба да му се даде шанса, не бил на власт, освен градоначалник и тоа добар градоначалник, не бил министер или премиер. Ако разочара имаме избори, имаме улица да си го кажеме своето. Ова што се случи беше многу опасно и можеше да заврши кобно, трагично, но сепак заврши добро. Гласав за Заев затоа што како граѓанин не сакам секој потрчко на ВМРО кој е никој и ништо да ми се сили и да ми држи предавања на улица, во автобус, или било каде. Лично пред мене на една жена и кажаа дека многу работела и зборела против ВМРО и ја ставиле на црна листа. Човекот што ова и го кажа и денес е пратеник во Собранието. Ако и Заев не разочара има мерки и за него, но не тепање секако, инаку дотогаш на Македонците им треба ЕДИНСТВО: ААА, да не заборавам и еден линк http://meta.mk/albanskata-pratenich...ke-se-bori-za-ilirida-motivirana-od-zakanite/
Ја гледаш пошироката слика на она што се случува и тоа ме радува. Еден напатен македонец, се надева дека кога ќе дојдат сдсм, ќе формираат влада и автоматски сите проблеми ќе бидат решени. Можеби има песимизам во мене, ама 24 години живеам во македонија, искрено, не сум видела некои гламурозни промени. Освен паркови, катни гаражи и споменици. Ми смета ставањето на пиедестал на одредени политички лидери, поистоветување со икони, величање на просечни индивидуи. Голем дел од народов се радува дека Грујо и компанија ќе оделе во затвор. Чисто се сомневам. Според мене, ќе ги влечат четири години по судови, ќе има театар на медиуми за да се задоволи масата и по некои време ќе следи амнестија. Клучните играчи ќе излезат од кашата, обичните слуги ќе добијат некоја година во затвор. За едно 5-6 години, ќе се заборави се. А за тоа време, останати граѓани кои ќе се потресуваат за политика ќе бидат пензионерите. Македонија и Босна се двете најголеми дупки на Балканот, макар што и останатите земји немаат некоја сјајна перспектива. Населението старее и осиромашува и баш заради тоа нема сила да се избори за промени. Политиката е валкана игра, а тоа е посебно изразено на Балканот.
Ех, шо убаво е да не си јавна администрација па да не ти зависи работата од тоа која партија е на власт. Малку поразлично ги гледаш работите тогаш. Јас само еден проблем имам - здравството. Затоа што можеш се на светот да имаш - ама ако немаш здравје ти си пропаднат човек. А здравството ни го достигна дното. Затоа ќе гласам за било кој друг, само да ги тргнам психопатите од власта. Затоа што имам ебани 25 години и став ми е да посакам да имам дете.
Дури и да се претпостави 100% добра намера од новата власт - нема како да се направи нешто, нема начин повеќе. Иако овој пат ќе мора да се стави пастирот во затвор, едноставно немаат друг избор. Се друго ќе биде сигнал да се остане по старо. Некои земји склони кон корупција имаат извори на средства, некаде е нафта, некаде е меѓународна позиција и стратешко значење, некаде е огромна маса народ...тука нема ништо од тоа и затоа ќе следи побрза пропаст отколку некаде на друго место.
И јас мислам дека ДУИ учествуваа во инцидентот. Цел им беше да настанат немири,Џорџе да прогласи воена состојба и да распишат нови избори. Арно ама,ги притиснаа Америка и Запад па не им се оствари намерата. Сега после посетава на американскион преставник,ооооп се повлече Хорхе, ќе дадам мандат,ама да ми гарантираар дека ќе го задржат државниот суверенитет и интегритет,а претходно викаше додека сум претседател на РМ на Заев не му давам мандат! Изгубен случај! Второ како може да се сменат основните обележја на една држава од страна на едно лице. Му текнало на Заев од денес нема да бидеме Макдонија,ќе бидеме Чкљ Република. Па за тоа треба двотретинско мнозинство,треба референдум,така е тоа...... Сега ,Мојата чудесна земја им носел вода,не влегол да тепа,Дурловски не сум крив,влегов да смирувам,Богданчо такоџе..... Не знаат кај тераат!
Најмногу ми е катастрофа што освен образованието (што зборев досега за професорката), и уметноста ја извалкаа. Луѓе кои уживале почит како домашни претставници во уметноста (музика, глума) да бидат вмешани во ова, за мене е дно дна Смешни им се изговорите, и оној прогласот од народот за амнестија... На фб и твитер денеска се шири некое видео don't call me FYROM, call me Ilirida што уствари е oд 2009, па и некоја слика од албански хулигани со пушки што била уствари од некојси инстаграм профил од пред 2 години, а пишале наслов дека е од вчера во Тетово... А, да, уште и ова нека стои тука Не ми се верува бе со што сè си играат, лажат и потпалуваат испровоцираност
Имаш доказ дека е од 2009? И јас видов ама се посомневав дека е навистина од вчера, како што читав по медиуми.
Целта беше албанците да наседнат на провокација, што за среќа не успеа... Ако некој веќе требаше да е истепан, тоа требаше да биде пратеникот што почнал да ја интонира албанската химна... Ама тоа не се случи, бидејќи се е договорено и смислено само да остане дпмне на власт... И ако сакате да ја разберете политиката, има една серија House of cards се вика, гледајте ја,многу ќе научите
Amerika i zapadot nalagaat.ke dojde zaev na vlast.ke gi stavi na celo na drzavata albancite. Tie sto go glasaat da ne mislat deka vednas ke gi stavi na rabota.ehee dodeka gi iznaredi albancite vreme ke pomine. Imal pravo covekot.zivi luge ke jade. Nema smisla poveke da se diskutira na temata.
Значи порталиве мора да дигаат тензии со лажни вести и за слики од пред 10 години да пишуваат дека денес се случува тоа. Не треба ли некој да одговара за тоа.???? http://arena.mk/anti-makedonski-transparenti-se-veeja-denes-vo-tetovo/
Македонија никогаш нема да биде правна држава со Заев. Очекувам насилно носење Закони кои кршат Устав. Во најлош случај ќе не прогласат за протекторат. Ако можат на не легален начин да изберат Претседател на Собрание, што би ги спречило утре да променат Устав ?! Блазе нам. Сега можеме да славиме. Под раката на големите сили и Заев, Македонија никогаш нема да има просперитетна демократија. Барем не во наша корист.