Толку ми е збоктисано од начинот на владеење на дпмне, од нивните лаги, мачкање очи, криминал, искривување на сите општествено-морални вредности, максимална партизација и поделеност во општеството, што мислам дека и некој еским да стане премиер, ќе биде подобар избор.... И во најголемите кризи, немаштии, воени дејствија, немало толку стегнатост, уплашеност и поделеност. Сами го одбраа насилството како метод на владеење и контрола...сега на истиот начин ќе си одат... и ќе биде подобро за сите...мора да биде подобро
Гласав за СДС и ич не ми е криво. Последниве месеци се некој патриоти околу мене. Сите се лупаат во гради за Македонија и кажуваат колку било убаво до сега а од сега се ќе се растурело. Е баш ме интересира што е тоа што ќе се растури? Само некои работи не можам да ги сфатам... Татко на двајца синови кои се женети и сите живеат под ист покрив ме осудува зошто сум гласала за Заев? А бе бате 21 век е. Цел свет на 18 се одделува од родителите а твоиве не можат стабилна работа да најдат. Ама ај ќе си помолчиш. Патриот голем е дете од 22 години кој со едвај завршено средно го седнале на кожна фотелја во општина и по цел ден се слика за на фб. Ај него можам да го разберам! Патриоти се и сите со бугарски пасоши. Е тоа ми е најчудно. Заминале странство се пишале бугари и сега патриоти ќе глумат и и тие и сета нивна фамилија. Туку да ги прашаш зошто им заминале најблиските? Да ги прашаш што е толку убаво? Одговор никаков. Едноставно не чини државата. Мене лично ако ме прашува некој, потребни беа промени. Друго.... Ова со албанскиов и со албанциве..... Кај беа сите патриоти додека албанците си зборуваа албански во Парламентот и одеше превод? Тоа од вчера е или од денес? Кај беа сите патриоти додека во Струга се спушташе македонското знаме од пред општина а се стави албанското. Или тогаш немаа водичи? И на крај на краиштата едноставно не сакам да гласам за оние кои ги слушав на бомбите и никогаш нема да гласам.
Ako vo amerika crnec bil pretsedatel,ajde nie ke stavime albanec.sekako da bideme kako niv.zatoa sto nie nemame crnec.vas ako ne vi smeta dzaferi za pretsedatel na sobranieto mene ic.dosega ako ne vidovte deka sme im trn vo oko na golemite sili,zalno.so vekovi ne delele.i den denes toa se slucuva.
Не ми е мене никој миленик, а овој предавник Заев, најмалку. Оти Вмро ја прифатиле платформата не држи коментарот. Каде е наводниот документ за истото ?! И ќе се повторам, ако е така како што кажуваш и прифатиле, вам ви е тоа доволна основа да се оправдате со таа грешка и да ја повторите. Не се преседан репликите, ами насилно превземање власт. Па и полошо. По ова кривично се одговара. Да беше ситуацијава во друга држава, Сдсш ќе беше веќе не постоечка партија. Кога едниве можат да прават кривични дела, што би ги оспорило другиве да направат преседан ?! Иако, реплики во не догледно при предавање власт, при правни и законски услови, со мандат амин од Претседател на државата, се по Устав, не се можни. Овде, се тоа изостанува. И јас сакам овој предавник Заев да биде на власт. Иако по лошо на државата, ама ќе види народ за кого и за што гласаше. Касно, ама ќе види. Оти вака со дебатирање ние до утре можеме. Ќе дојде време, делата ќе покажат какво зло од партија се Сдсш.
Заев не сме го виделе како ќе владее, ама другиве сме ги виделе. Јас сметам дека треба шанса да се даде и да не се оди со негативност пред да видиме што ќе се случи. Ти не ги чу бомбите во кои власта се свети на луѓе, неистомисленици, нарачуваат тепање, крадат милијарди, си купуваат луксузни автомобили кога во болници фалат реагенси со месеци за основни испитувања? За тебе ова е ок? Го осуди ли на некој начин? Или побитно ти е да се правиш задоцнет патриот? Во парламент има мнозинство. Небитно кој го сочиниува и дали мене и тебе ни се допаѓа. Демократија така функционира - мнозинството ги носи одлуките. Да беше вмро во оваа ситуација многу убаво знаеме што ќе се случеше, видовме на 24ти декември, кога се гласаше буџет, како се постапува со пратеници кои се опираат. Овие чекаат 4 месеци другиве да се свестат и да ја прифатат реалноста. Е сега, тогаш не беше ок да се дебатира, а сега е ок. Ајде ова нека биде пример за секоја власт, нема давање на власт, ќе се дискутира следните 4 години по една точка, па после пак и така една партија ќе си владее до бескрај. На точка на која треба да се расправа за избор на комисија, се дискутира за платформа и за трајко тоа не е неделовнички, а се друго е против?! Си се наместил на столчето и не станува. Што не дозволи најстариот пратеник да заседава како што била праксата до сега?! Не, него се било со умисла - до крај да се опира.
Заев не бил на власт и неможиме да кажиме дали ќе биде лошо или добро. Ако не пак ќе го смениме на наредни избори тоа е ДЕМОКРАТИЈАТА. Се еден ист владее 10 години па нели ви е доста.
Ама ај признај си дека и ти беше Титов Пионер ДА НЕ ПРАВИМЕ ПОЛЕМИКИ СЕГА и сите тие вмроци само сега се прават големи патриоти,ама тогаш не смееа да зуцнат и шлус ОД ова ваљда полошо неможе да биде
Заев ако сака на собраниска говорница нека прогласи Илирида, никад више ни со збор нема да ги поддржам лажипатриотите и лопови вмровски. Многу лошо видов у нивно време.
Само кај нас од сите парламентарни демократии во светот, малцинството е тоа што одлучува и што ја кочи работата. Е да, така ми е кога грешам и нашата земја во демократии ја ставам. Иначе, изборот на Џафери беше таков каков што беше бидејќи Трајко неколку пати ги прекрши правилата - прво кога седна на столчето а не е најстар, потоа кога оставаше за се да се збори освен за комисијата, кога остави наместо дискусија химни да се пеат (требаше да го угаси микрофонот на двајцата пејачи), не сакаше да ја стави на дневен ред точката која ја бараа повеќе од 10 пратеници (стои во деловникот и тоа). Така, Трајко последен треба да збори што е правилно. А пратеници да отвораат врата на насилници, заштитата на Собранието да е непостоечка, да се дозволи крв да падне, нема зборови. И да, ај сега после секои избори малцинството да држи 4-5 месеци говори за избор на комисија, па 4-5 за претседател на истата, па едно 6-7 за претседател на Собранието, а во меѓувреме државата лебди? Па таман време за следни избори па наново. Не и де тоа така.
Политичката криза оди полека кон својата разрешница но оа што ме загрижува поделеноста на лугето и крајната исполаризираност не само во општеството туку во самите семејства, се оди дотаму што дури симпатизерите на едните не одат во продавница ако газдата е симпатизер на спротината опција, што буквално ме шокираше оваа информација и ме натера да се запрашам каде одиме ние, дали до толку ни го испраа мозокот за да се закрвиме едни со други... Но она што сега ми се врти во глава со многу прашалници е дали ќе успееме да се вратиме ние лугето на истинскиот колосек, да го гледаме комшијата како човек а не како политички опонент и да го мразиме само затоа што е симпатизер на другата опција.
Скарите ги направија... Празникот заврши... Месото го изедоа, сега се враќаме да кршиме глави. Значи јасно е ко ден, дека на вмро целта им е да фати граѓанска војна за да се спаси пастирот. Викаат не им е целта да има насилство, а пола пратеници од сдсм завршија со скршеници. Провоцираат на сите можни начини. Бараат стари објави, пишуваат лажни вести, а на обичните вмровци толку им треба за одма да скокнат. За среќа од сдсм и албанските партии се разумни и приземни. Нема да им возвратат вака на дивјачки начин со тепање, туку со нешто друго. Не се сите растени во пештера
Во мојот град ги знаат газдите на ноќните клубови и кафичи, кој од која партија е. И сега сипатизериве на сдсм не одат во т.н. вмро(овски) кафич или ноќен клуб и обратно. Македонско лудило. По ова јас го мерам коефициентот на интелигенција.
Девојче Албанците чуваат по минимум 3 деца и со една нога се овде, макар и да живеат во странство, Тука градат, тука се попишуваат, туку гласаат или во странство гласаат на изборите за да одлучуваат и да бидат фактор. Албанците да имаа 5 пратеници добро ќе беше, ама преброј колку се во Собрание со години наназад. Голема Албанија ако некогаш се формира, тоа ќе биде по вина на Србите и на нас предавниците кои се селиме, им продаваме и оставаме чисти територии. Ајде по твоја логика, нека им го даде Америка Делечво да го имаат во Голема Албанија?Ама не може, таму каде ги има и се дебело мнозинство, а Македонците дебело малцинство, тоа е нивно на терен, а само формално правно наше. Видете ги Србите. Кој сега ќе им го даде Косово и ќе им го врати, кога таму немаат народ, скоро и да немаат. За се е крива глупоста наша и тоа што сме предавници. Предавници се оние што се тепаа, оној Мукоски и другиот апаш што ги тргнале пречките во Собрание и Тарчуловски што покажал кај треба да одат.
Зашо сите Албанци ги ставате во ист ќош бе луѓе? Има попаметни и од нас Македонците, ќе те продадат со памет и знаење. Во кое време сте останати? Башка на форумов има Албанци, не ви е глупаво да пишувате дека се во пештера растени? Отсуство од срам. Нула.
Јас познавам многу културни албанци, ама и многу никакви македонци. Секаде има секакви - нема потреба од генерализација.
Последна теорија што ја слушнав на темата инциденти во собрание е: исценирано е, да, али не ради воена состојба, туку за да се покаже дека,колку толку имало држ-не дај, се бореле, бунтувале..али изгубиле. Морале да попуштат само не им било испланирано да чак така ќе се развијат....со толку удри-мавај и ранети.
Вака исто пред диско кога му викаш на обезбедување , го знам газдата па така ај пушти ме мене и овие 3ца онаму што се.