Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Мене ич не ми иде дискусијава на темата, некако кога ги побиеш со факти тврдокорните како @H.VAGA немаат намера да ти одговорат на прашањето :(
     
    На Zlatna12345, anaja1, kim.k и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Мене па сите тврдокорни ми се на игнор ставени и не гледам кога ме цитираат.
    Сега случајно притиснав да ми се покаже игнорираната содржина и видов дека сум цитирана.

    Нема да вратам ништо... Всушност што да вратам на цитат дека: Сите албанци се растени во пештера, кога имам колеги Албаници попаметни од сите овде ние заедно... Културно се понашаат и на кафе, и на факултет, а и по социјалните мрежи користат КИРИЛИЦА кога зборуваат со Македонец.

    Единствено што знаат некои луѓе на темава е само да провоцираат, па и самите како да те влечат со нив за и ти да почнеш да провоцираш.

    На игнор сте ми и џабе ме цитирате... Несериозно губите време пошто не ми стигнуваат известувања.
    Лет ит го.
     
    На black-angel, doubleg, MG3 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    На Rama, galapce, JollyGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Сироти тој, ја бранел...а ние мислиме дека ја кубеше ]:)
     
    На black-angel, sweet-cherry, kim.k и 13 други им се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    Абе ајдеее,за тоа и скрши врат;)
     
    На Rama, JollyGirl, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    78.222
    Пол:
    Женски
    Намерата им беше да влезат во собрание и да тепаат. И тепаа. Овие со фантомките беа полицајци. Носеа мали чантички, т.е. педерки за радио станиците. А под фантомката слушалка. Се беше контролирано од некој од страна.
    Пратеници ги отворија портите. Повеќето тепачи се веќе осудени и помилувани криминалци и убијци. Нормален човек е свесен дека упад во собрание е казниво со закон. Рестото беа пензионери кои беа таму заради гужва да се створи. Изманипулирани.
    Намерата беше, влегуваат во собрание, тепаат, СДСМ и ДУИ излегуваат да ги бранат своите пратеници, луѓе на улица, тепачки кој по кој стигне, еве вонредна состојба. И баграва да гидне некаде. Како што избега претседателот на Украина пред некоја година.
    Не за џабе Џафери звонел на неговите што тргнале веќе да одат у штаб на СДСМ и да не подлегнуваат на провокации. Оти ќе беше крв до колена.

    Не знам зошто никој не излезе со инфо од болница кои се повредените? Како се повредени? Од што?

    Истрпете луѓе.
    Уште само две недели и готово е се.
     
    На sweet-cherry, doubleg, Yipman2 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.776
    Пол:
    Женски
    :o :o :o Дал је могуче бе? :rofl:
    Колку треба да си слеп од 1 до тоа да поверуваш во ова толкување на сценава? (facepalm)
    Оу ем џи... :x
     
    На sweet-cherry, kim.k, Tan4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  8. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.523
    Пол:
    Женски
    AAAAAAA затоа таа носи околувратник епа дедо извини незнаевме ама камера снима све па ти сега види што си сакал да направиш
     
    На Rama, JollyGirl, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    20.212
    „Дојди мори ваму...да те спасам!“

    Сериозно, колку мислат дека сме мутави како народ за да поверуваме во приказниве?
     
    На kim.k, Tan4ence, Читател и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    На ДУИ и слични творби не им одговара никаква голема Албанија.
    Замисли ете утре бидне таква Албанија. Ќе има еден претседател, еден парламент, една власт....и Аљи и друштво кој ќе ги гласа во таа голема Албанија? Никој, ќе бидат ништо, нема тендери, нема пари, нема моќ, во Тирана не ги знае никој, нула.
    За нив и нивните оф-шор сметки, живот во луксуз и пари без работа најдобра опција која било кога ќе ја имаат е РМ да биде унитарна. Нивната цел во 2001 не беше никаква голема Албанија туку делење на колачот на власта, моќта и парите, да земат што поголем дел. И како што гледаме, успеаа.:)
     
    На Rama, daylight, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    На прво место би требало да се забрани и избрише од историјата срамната кратенка ВМРО која во митовите била некаква си револуционерна организација која се борела за слобода на рајата а во реалноста збирштина на дно од луѓе, фашизоидна структура која соработувала со усташите, секогаш на располагање на бугарите а на крај дури и на Хитлер. Имаат убиено повеќе македонци од србите, шип.птарите и бугарите сметани заедно :)

    Готово е со тие прикаски, Талат е легитимиран од претставниците на македонскиот народ, амнестиран и ослободен од кривично гонење, нема повеќе враќање. На народот тоа не му сметаше воопшто, because сендвич и работно место помошник на наплатна на паркинг за 250 евра.
    Не може едно општество да се движи напред со луѓе кои се продаваат за толку ниска цена.

    И ќе си биде легитимен претставник на РМ и ќе го слушаат што ќе каже :)
     
    На black-angel, Rama, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  13. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    78.222
    Пол:
    Женски
    Според сигурни извори на Алсат, кои имале увид во снимките од внатрешните камери во Собранието, вратите на Собранието ги отвараат двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, без воопшто да бидат спречени од обезбедувањето на Собранието па ни од малкутемина полицајци кои се наоѓаат на влезот на законодавниот дом.

    По упадот во просториите на Собрание, голема група демонстранти е во пленарната сала, каде слават заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а друга група добивајќи насоки од пратеникот Јохан Тарчуловски, кој од Хашкиот трибунал беше осуден за воени злосторства, и од началникот на обезбедувањето на Парламентот и на спикерот Вељановски, Александар Јанковиќ, се упатува кон кон салата за прес-конференции, за да ги најдат пратениците на новото мнозинство.


    Насилниците, според изворите на Алсат-М, имаат задача да стигнат до пратениците на СДСМ и до лидерот на Алијансата, Зијадин Села.

    Дека нивна мета биле само пратениците на СДСМ, сведочат и многуте снимки кои кружат на социјалните мрежи. Една од нив покажува дека демонстрантите го пропуштаат пратеникот на ДУИ Артан Груби. Дури еден од нив, комуницира и се поздравува со Груби, тапкајќи се меѓусебно по рамењата.

    Во слична ситуација се снимени и пратениците Џеват Адеми и Весел Мемеди, кои недопрени поминуваат покрај демонстраните додека зад нив се одвива атакот врз нивните колеги.

    Дел од сценариото, според извори на Алсат-М е и случајот со Влатко Ѓорчев, кој според снимките што беа емитувани им помага на пратениците, но нашите извори велат дека неговите чекори се дел од обидот да се релативизара улогата на ВМРО-ДПМНЕ во оркестрирањето на насилството.

    Извадок од Либертас е ова.
     
    На Rama, MG3, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Талат е рамноправен граганин на Македониja благодарение на амнестиjaта од дпмне ;)
    На дел од членството на дпмне му текна дека е топовско месо, тие одат по протести а раководството и пратениците не мрдаат со прст, само с'скаат. Дури и бетмен и другите организатори си искулираа, бетмен пишал дека нема зошто да го апсат, не тепал и не кршел. Фино ве пуштиja во вода а вие вечер бидете идиоти до краj и пак одете на протест.
    (Овоj пат Филип Петровски и Тарчуловски се организатори, ке носеле овци и од други градови)
     
    На Yipman2, Rama, BoaVista и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.438
    Пол:
    Женски
    Како може јавно да навредувате албанци,како така генерализирате,а македонци растени во пештера нема? Оние што тепаа во собрание и што остававте фамилии 60 дена за да штититат прљав гз,кај се растени? Во септичка јама!
    Алоооо 21 ви век,како може да сте толку огорчени спрема определена нација? Ако во една држава има раздор и судир помеѓу нации,религии и сл нема напредок на таа држава !
    Јас не велам да сравиме претседатл на држава албанец,бидејќи мнозинство се македонци,но не можеш да ги занемариш. Кој ни е крив што ние раѓаме по едно дете,а за второ сто пати ќе размислиш,а тие раѓаат по 5/6? Ние фаќаме магла за странство и назат никогаш повеќе,а тие заработуваат прават куќи ,дуќани и се враќаат назат во Македонија цела фамилија. Македонец оди во странстви,заработува ама пари на брат сестра никако праќање, како да не ја ќе работам,тој/таа нека лежи и пари ќе праќам никако! А тие се солидарни прават куќи заедно,кој нема пари му помага и.т.н.. Затоа ги бива повеќе како народ,ние очи исповаѓавме за партии,луѓево се мразат еден со друг,изгубени се сите вредности,во нништо се нема доверба,секој гледа да те наседне,се е од корист,комшија со комшија не живее,брат со брат очи вадат за 50 квадрата земја ееее затоа не не бива!
     
    На Yipman2, Rose96, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Интересен е феноменот на омраза и потценување на "оние другите" на балканот.
    А во случајов и двата колективни идентитети се дно во Европа, немаат што да понудат на светот а немаат ни што да понудат на самите себе.

    Би требало да се обожаваат меѓу себе македонци и албанци, јас не знам како е можно две толку комплементарни групи да се мразат :) Ама тоа е, изгледа сите се плашат да ја нарушат замислената слика за себе...
     
    На Yipman2 и sjdgo им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.932
    Допаѓања:
    189.281
    Пол:
    Женски
    Ако Талат е избран нелегитимно и неделовнички, зошто вемерото не оди во институции за таа намена да го спори тој избор, туку само седат и зборат за истото?
    #прашањакоимемачат

    Албанците доблесно се дистанцираа од криминалот на дуи и потпаѓање на провокации од страна на вемерото. Македонците сеуште се спремни да гинат за криминалите на вемерото.

    Вие со тезите "после мвро потоп" и "без вемеро за нас нема иднина", да погледневте малку наоколу и на кратко бар да престанете да го идеализирате вемерото, може и ќе прогледате за промена.
     
    На black-angel, sweet-cherry, Yipman2 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.523
    Пол:
    Женски
    ЕЕЕЕЕЕ да си ми жива и здрава за муабетот истото е и со форумов кога ќе видиш некој ќе ти даде убав совет а некој ќе те испровоцира затоа што денот му е утнат.Така и со албанците е кај нив нема брат за брат сирење за пари знам зашто работам со нив имам колеги албанци.
     
  19. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    Дпмне-овските пратеници го запоседнале кабинетот на Претседателот на собранието... :lol:
    Сега треба како они што правеа на " црниот понеделник " , за врат и на клоци надвор...
     
    На Yipman2, Rama, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Убивале се што им се најде пред очи, под изговор дека едните се бугарофили, другите србофили итн. Тој Тодор Александров можеби е најгадното суштество кое постои, нарачател на огромен број на убиства во редовите на ВМРО (како на Ѓорче Петров на пример). И сега и двајцата се херои, ќе го ставиме едниот на коњ во К.В, другиот во Ѓорче.
    Викаат Тодор Александров убил повеќе илинденци од колку што умреле во самото востание.

     
    На Yipman2, Rama, Anaxandra и 5 други им се допаѓа ова.