А на Ванчо Михајлов што му градат споменици, што го викаат "штипскиот монструм", што бил десна рака на Александров (и можеби на крај го убил) и што убил над 1200 македонци. Викаат во неговите мемоари раскажувал за убиствата без грам емоции, како да уживал во нив.
И не само тоа, во втора светска имаат сечено глави на цивили-македонци за кои се сомневале дека ги помагаат партизаните и се сликале со нив окезени од уво до уво (ИСИС before it was cool) а за рекетирањето на локалното население, симнувањето од планина и ограбување на имот, силувањата на жени кои им се свиѓале на манијаците, убиства на оние кои ќе се спротистават на грабежот и насилието, има многу да се каже. Не е случајно што дното од луѓе и денес се членови на орда со такво име, оние кои го напаѓаа собранието се само современа верзија на нивните неславни претци. Малкумината нормални како Ѓорче во редовите на такви структури завршиле лошо но и тоа не е причина тој акроним да постои повеќе, треба да се направи како во Хрватска каде усташките симболи носат казна или во Германија со нацистичката симболика.
Тоа уште повеќе. Сега се правдаат дека Тодор Александров се борел за Македонија, а по првата светска војна се извитоперил па не треба да му го замеруваме тоа. Сите го величаат поради заземањето на Ќустендил, што се случувало понатаму не е битно. А тоа што соблекле двајца војводи голи (Јордан Спасов и Јордан Секулички), ги врзале и намачкале со мед па ги оставиле да ги јадат оси и мравки до смрт, тоа ништо не е. А Михајлов фино соработувал со Хитлер и Мусолини. Ама херој е, херој... Да ти се плукнам во херојот. Усташи ќе ни се херои.
Во Америка не беше ЦРНЕЦ претседател, туку МЕЛЕЗ, бидејќи на Обама татко му е црнец, а мајка му е белкиња, црнец ниту е бил, ниту пак некогаш ќе биде претседател. @DAngel, Иван Михајлов е бугарски херој, а не македонски.
Што има восочна фигура во Музејот на македонската борба и во музејот на ВМРО во Штип? Ако нема, се извинувам, моја грешка.
На Обама татко му е од Кенија, мајка му од Хаваи. Изводот што го даде тој по неколкумесечно инсистирање на Трамп е лажен. Ама на америте тоа не им беше важно. Бугарски херои (според бугарите) се и Гоце Делчев, Јане Сандански и многу други. За што се бореле тие? За Македонците или за Бугарите? Кој е Тодор Александров?
Zosto? Imas nekoe obrazlozenie ili taka ti kazale od stab? Ne ni smeta na nas 60% od gragjanite na RM (makedonci, albanci, srbi, bugari...), kako sto gledas. I, mene koga nesto mi smeta a na mnozinstvoto ne - si kjutam. Demokratija. So ova samata se pobivas sebesi. Ako me razbiras. I ve molam vie najtvrdokornite makedonci, so bugarskite pasosi negde niz svetov, malce potisina!
За жал има, Груевски го отвори тој музеј, ама според мене не треба да има, бидејќи тој како и многу други Словени од Македонија се бореле за бугарските интереси, а не за македонските. Тој е роден во Штип, и се борел за автономна и независна Македонија, ама за него Македонци никогаш не постоеле, тој себеси се декларирал за Бугарин, и сметал дека Словените од Македонија се бугарски Словени а не македонски. Еве интервју со него од 1990-та, таа година тој и умре. Тодор Александров е сличен како него, и тој се декларирал како Бугарин, еве едно писмо кое тој го напишал до царот Фердинанд I. Еве исто така еден разговор со ќерката на Тодор Александров. http://www.promacedonia.org/v_mak/ta/talex1.htm Писмо от Тодор Александров до цар Фердинанд І за трудностите в прехраната на населението и армията, лошото отношение на германците към българската армия и предложения за отстраняване на слабостите. 25 февруари 1917 година. "Мислим, че е необходно (нуждно) да се реагира срещу малките своеволия и посегателства, вършени от германци и турци, за да не се разширяват и земат опасни размери и въобще да се направи сичко възможно, за благополучното завръшване на великото народно дело - обединението на българското племе под скиптъра на Ваше Величество." Не е важно од каде се татко му и мајка му на Обама, важно е дека тој не е црнец, тој е мелез, мешавина од две раси, бидејќи татко му припаѓал на црната, а мајка му на белата раса. Инаку мислам дека тие револуционери кои биле националисти се бореле за бугарските интереси, а останатите за македонските, а објаснив погоре кој е Тодор Александров, иако не споменав дека тој направил голема работа во корист на Македонците кога го потпишал Мајскиот договор, иако подоцна се покајал, ама Бугарите не му го простиле предавството, и затоа го убиле.
Доста трипате партизанство, Ла Пасионариа, борба против фашистичкиот непостоечки непријател и остали дубиози. Народната пљачка што ни ја вршат треба да биде во фокус, немој да трчате по пеперутки и со нив да се расправаме.
Се бројат последните денови (ако не и часови) на режимот. што би се рекло, последните трзаи на режимот. Ама готово е, мислам дека и фикусот си легна на брашното. Колку дебилно постапија со гнасниот упад во Собранието, не знам дали се свесни. Се покажаа пред цел свет какви примитивци се, се` е снимено, и да имало некаде, некаква минијатурна, најмала надеж дека може да постигнат нешто, сега им е изгубена. Си дадоа автогол, тоа е тоа. Кој на друг гроб копа, сам си паѓа во него, не е за џабе кажано. Јасно е како бел ден дека ќе одговараат сите до еден, и ова на нас да ни биде за памет, вакво зло на Македонија никогаш да не и` се повтори. Уште некој ден и ќе си ја честитаме слободата.
Овие гниди никако не можат да се помират со фактот дека им е дојден крајот и дека ќе платат за се што сторија изминативе десет години, во нивните луди глави сигурно имаат уште сценарија како да се спасат од заслужената казна.
- Албанците се културно и економски тотално поврзани со Косово и Албанија. Се ородуваат, мешаат, дружат. Сега притискаат и инфраструктурно да се поврзат со што уште повеќе ќе им се олесни патот кон федерализација. - Ниту еден Албанец од Македонија не пее на македонски јазик. Никој не слуша македонска музика. Помладите генерации не знаат да зборуваат македонски (одбиваат да научат). На албански свадби се свири исклучиво албанска музика. Ниту едно албанско семејство нема македонско знаме во својата куќа. - На натпреварот помеѓу Албанија и Македонија во Тирана имаше Албанци од Македонија кои присуствуваа на натпреварот. Кога се свиреше македонската химна сите се свртеа на назад. Сите Албанци од Македонија навиваа за Албанија. Кога Албанија се пласираше на европското првенство и кога го постигнаа првиот гол делови на Скопје и на Западна Македонија каде што живеат тие буквално гореа од прослава. Сите фудбалски клубови во МК коишто се албански имаат исклучиво анти-македонски навивачи и публика. - Дали си чул за Призренски договор? Очигледно не штом така лупеташ глупости. - Сите албански партии од Македонија бакнаа рака во Албанија кај Еди Рама. Лојални се на таа држава, а не на Македонија. - Албанците сакаа отцепување во 2001 година, но немаше амин од големите сили. На почетокот на војната тие прогласуваа слободни територии од славомакедонските власти. Не се сеќаваш добро. Подоцна видоа дека немаат поголема подршка од Западот, па таа нивна автономистичка борба ја претворија во борба за поголеми права. - Албанците кога тогаш на еден или друг начин ќе се одделат од МК. За тоа треба повеќе време, пари и лобирање, но ќе се случи. Веќе се случува. Времето работи во нивна полза. - Албанците не можат јавно и отворено да зборуваат за своите планови, туку целта е Македонците да ги претстават како агресори за да имаат алиби и амин да се отцепат. Заев во Дивата Населба само им ги легализираше тие планови. Комплетен идиот. - На Али Ахмети, Зијадин Села, Артан Груби, Харадинај не им требаат куршуми и војна кога од другата страна ги имаат Црна Ружа, ЏолиГрл, Златна. Твоите постови се еквивалент ко на сите што биле во Саранда на одмор и те убедуваат дека Албанците не ги сакале тие од Косово и од МК. Ко тие Албанци од Албанија да имаат кралска крв, па срам им е да се мешаат со овие. Глупости. Сите се за иста цел, а нивните маалски и криминални несогласување ги решаваат со беса. Страшно е тоа што геостратегии и национални интересии ги сведувате на пиење кафе со пар рандом Албанци, пишување на кирилица на ФБ, честитање верски празници. Од каде знаеш тие ликови што мислат позади грб? Глупости. Сите глумат лудило и љубезност по факултети и работни места, а позади грб очи да не си видат. Можам до утре да набројувам, но ме мрзи моментално.
Епа тоа беше и мубаетот де, дека ДПМНЕ ги направи херои. Сега Александров е најголемиот патриот, не гледаш дека од новоформираните бранителски здруженија уште првото се викаше Тодор Александров.
Се кладам дека немаш ниту еден пријател од албанска националност, најмалку од помладите генерации. На форумов еве има неколку Албанки. На кој јазик пишуваат? Да не си прочитал случајно некаде некој пост на албански? Аманте бе луѓе, излезете од таа кутија со размислувањава...
Koga makedonistvoto se meri preku muzikata sto ja slusas i fudbalskiot klub za koj navkvas imas "patriot". Mislis koj znae kakva drzava sme cim "site se potepale da go osvojat ova parce zemja". Ne se precenuvajte lugeee!
Форумот фемина е МАКЕДОНСКИ форум и официјален јазик е МАКЕДОНСКИОТ. На кој јазик очекуваш да пишуваат? Ни јас не сум чист Македонец, па пишувам македонски и си ја сакам и почитувам земјата каде што сум роден. Со сите негативни страни сепак е моја. Тоа не значи дека не треба критички да сме настроени.