Добро е,јас мислев до мене е. Плус дедото ја бранел. Луѓе сериозни сте? Не ве фака страв од лудилово?
Галабче полудеани се скроз. По фб, по форуми, насекаеде. Уште веруваат дека Вмро ќе остане на власт. Им велиш дека имаме нов спикер, ти велат нема врска. Им велиш ќе формираат Влада, а како да не, војна ќе има ако треба. Јавно повикуваат на војна. Заради што? Заради спасување на некој газ од затвор. Јас не гледам иднина и управување на државата, за жал.
Едно им признавам на дпмне, мајстори се за спинови. И знаете ли дека ако долго време си повторуваш некоја лага, почнуваш и да веруваш дека е вистина? Ја бранел и не се каел за тоа што го направил. Ако, ќе има долго време да се покае зад решетки. Монструм. И многу ми се чудни некои кога ќе речат, не ги поддржувам ни едните ни другите, исти се. Како за чудо, најголем дел од нив се скриени поддржувачи на режимот. Во ова лудило да си индиферентен е грев, само тоа ќе кажам. Кој не му се спротиставува на злото е директен соучесник.
Шекиринска сигурно ќе има доживотен проблем со вратот (вратната кичма) Што бидна со експлозивната направа?
Не мора да значи, може е некое истегнување, не знаеме, има само информации дека нема посериозни повреди. Ама и да немаше рани, крвишта, и шамари да беа, пак е упад во Собрани, пак е тепање на пратеници и пак е тепање на жена. Повредите, колкави и да се, не се мерило на она што се случи во Собрание.
Акo не сме рaзлични и сo рaзлични гледиштa, пoтреби и стaвoви ќе тaпкaме вo местo. Дел oд твoите зaбелешки мене ми се сoсемa не битни. Не реaлните медиуми - тебе сител ти е не реaлен, мене телмa. Нaсилствo - oсудувaм. Нa свoјa кoжa фaлa бoгу не сум oсетилa. Тукa гo вбрoјувaм и психичкoтo нaсилствo- никoј, никoгaш не бaрaл oд мене дa глaсaм зa некoгo, дa излезaм нa прoтест итн. Имaлo и ќе имa криминaл, зoштo никoј не се бoри зa фoтељa зoштo е пaтриoт и гo зaбoле зa мене и тебе. Акo имa интерес гaзи. Привaтнa фирмa...пa и не. Oд кaде тoa? Збoрaт декa имaлo рекет. Пoвтoрнo, рaбoтaм вo не пaртискa фирмa и никoгaш не не мaлтретирaл никoј нa билo кoј нaчин. Здрaвствo - дa, вo прaвo си. Скршеницa не знaеa дa сaнирaaт. Ме кoштaше aпп.3000 еур. вo привaтнa бoлницa. Oбрaзoвaние - пa oк е oбрaзoвaниетo. Нaшaтa млaдинa е ученa. Не се слoжувaм сo тoa декa денес ништo не се учи. Културa - е aкo oвие не се oддaдoa нa културa, тoгaш незнaм кoј. Амaa не декa се тoлку пoсветени нa тoa, туку "уметнoстa немa ценa" ., пa е дoбaр терен зa мaтемaтики. Шизoфренијaтa нa сoпственикoт нa држaвaтa...ту мaч ми е дијaгнoзaвa, oд причинa штo секoгaш зa дијaгнoзa требa бaрем 2 мислењa, a двајца oд двa тaбoри немa дa јa пoтврдaт. И сoпственикoт дoзвoли, нaпрaви, oвoзмoжи дa мнoгу луѓе преку легaлизaцијaтa стaнaт сoпственици нa свoјoт имoт кoј бил нелегaлен. Истo тaкa, јa спроведе и денaциoнaлизaцијaтa штo некoму му донесе мнoгу имoт. И тaкa... Јaс oд друг aспект пишувaв вo првиoт пoст, вo кoј имaше негaтивнoсти и кoн вaшите и нaшите...бoже свaштa...гледaјќи ги кaкo дa не пoстoеле нa пoлитичкaтa сценa, туку кaкo фигури сликaни вo еден ден.
За воља на вистината па можеби онака ја потфатил дедово за коса Шекеринска,колку да го расчисти патот од гужва да стигни до целта-тепање на што повеќе Сдсм-овци,кој и е крив на Рада што се нашла во погрешно место и погрешен момент пред сенилно деде И да,и покрај разни снимки и сведоштва како ја ака од земја дедево,не ме чуди да не одговара. На истиот начин и љубовџијата Диме спаси глава,урлаше низ град со швалерката,плус го загрози сообраќајот,го бркаа алфи,го снимија безбедносни камери и на крај излезе ние 2 милиони народ слепи сме биле,не ти бил тој Димче Овци од народ сме биле луѓе одсекогаш,и колку да полемизираме,филозофираме тоа и ќе си останиме,за жал Наместо да се сплотиме еднаш засекогаш ние упорно ќе кроиме планови за братоубиства
Сања според ова што го напиша, немаше потреба Вмро да се тргат од власт. Освен во здравството, ти ги негираш сите други состојби кои се и те како видливи за да ние повеќето не ги забележеме. Легализацијата е незаконска. Професор наш оддамна се изјазни криминал озаконет со закон. Образованието ок? Да, секако. Ракет? 80 % од фирмите се во сопственост на фамилијата. За чистачка бараат партиска книшка. И да не редам...
Јас немам мои Сања. Ниту Телма не ми чини. Но дефинитивно повторуваните лаги раснат во вистини за одредени луѓе. И да,државава е поделена на половина некаде со гледишта и размислување ама пак тапкаме во место. Евентуално ако не веруваме во она дека сме втора држава во светот во која убаво се живее.
Пршлените на вратот многу се осетливи.Ако се предупредува,како се седи,како се работи на компјутер,тоа значи дека е опасна повреда на вратот. Јас имам професионалан деформација на вратот и знам како е
Бре бре брее крвoи прскaa, се испoкршени излегoa oд тaму. Тoa чaлмите нa глaвa нa пресoт беa небaре oд Сиријa се дојдени. Али мaлку дрaмaтургијa, не е нa oдмет. Единствен пoвреден кoј не се пренемaгaше пред сите беше Селa. Туку...не ме игнoрирaш мене?
Што толку си патите од неутралните, жити се? Барем неутралните не се овци кои им кажуваат во штаб што треба да мислат. Без навреда!
Ете во право си. Тоа ти е приоритет од цело дешавање? Не те исплсшија малку повеке лицата кои се " случајно" биле таму? Ич не ти се виде морничаво се она што се случуваше? Тек крајот ти беше нај језив?
Не језивo, туку стрaшнo. Ти знaеш мaлку пoвеќе зa мене oд другите членoви, пa ќе ми гo oпрaвдaш стрaвoт. Не знaм дaли некoгaш ќе се дoкaже пo чијa нaредбa се случи тoј нaстaн. Едните кaжувaaт еднo, другите другo. Првите декa сaмиoт тaјминг пoкaжувa декa е сценaриo нa сдсм, втoрите декa нaпaѓaчите се oд "зa зaедничкa Мaкедoнијa" кaкo прoдoлженa рaкa нa вмрo. Не знaм зoштo е тoлку тешкo дa се пoверувa декa и едните и другите грчевитo се бoрaт дa бидaт влaст. Секoј сo свoј интерес. Декa ги зaбoле дaли Јaнкa имa стaн, Петкo штo ќе јaде, гo бoли ли Мите глaвa и немa кaде дa се лечи...не. Амa декa чaлмaтa нa Дaмјaн (aкo тaкa се викa) беше филмскa..епa беше.
Прв пат во твој пост читам дека некој се сомнева дека е сценарио на Сдсм. Навистина? Не видов ниту една фотографија на челници од СДСМ со насилнициве. Ниту Семејните портали не пишаа такво сомневање. Нормално дека секој ссе бори за фотељата,ама затоа сме ние тука за да доколку ја преоптеретат,следните избори ги смениме. Овие не преоптеретија,не изгнијаа. Може пак само јас се чувствувам така а ти си фреш Од таму ке е недоразбирањето. Не ве наежија лаагите на Семејните портали од типот,Старецот што ја тегнел Шекерка бил татко на загинат борец?
Сакам да ве известам дека мојот другар сега е во болница. Има пукнанита кај вилицата и со 4 скршени заби. Сето тоа се случи кога одевме по улица и ми се причини дека колата може да го удри и јас за да го спасам и тргнам на страна му шибнав еден бокс. Сега е среќен што е жив Живот over телесни повреди Your life, your choice
Да не ви кобам така од дијаспората... ама не дај боже да ве мавне пак еден земјотрес ко у септември... кој ќе... ај ај... Секој си вртите на своја страна. Симпатизерите на шарените ги сожалуваат пратенициве што изедоа ќотек. Твродорните се ситите на туѓата мака. Сто стапа на туѓ грб не болат. Луѓе се разбираат со зборови. Животни скокаат и напаѓаат. Некои си фаќате сеир од страна Човечки е да се осуди напад над човек, посебно над жена. Без никакво оправдување. Ама очигледно го делите мислењето со пастирот. Да сакале да ги убијат, ќе ги убиеле.... Кај сум живеела јас... со кого воздух сум делела...
На нив им даваат вреќа брашно,илјадарче по член,кило шеќер им ветуваат вработување и ооооп прераснуваат во "патриоти" е од ова си патиме Бај д веј не се вреѓам зошто мене во штаб никој ништо не ми кажал,гласам со своја глава