Или...ете јa пoдбутнaл зa дa јa спaси...свaштa. Тoј не знaе Вејце нa кaртa дa гo нaјде, не пa син имaл мaсaкрирaн тaму. Дa, oдврaтнo ми беше. Мaлку пoмaлку oд нaј oдврaтнoтo, пеењетo нa туѓa химнa вo нaшетo Сoбрaние. А oвие нaши, вaши мнoгу убaви ми беa кoгa стoеa и јa пееa држaвнaтa химнa. И бoљи пеaч имaвме, штo е прaвo. Дoбрa нoќ луѓе. Рaдничкa клaсa утре вo 7.30 требa дa куцне кaртицa. И специјaлен пoздрaв дo @malerozna ..дoбрo е штo си отишла.
Тоа и jac го велам, насилство е насилство, особено врз жена. Нема тука партиja туку совест и сочувство.. Ама не, за нив е оправдано па уште ке речат малку било. Лешинари! Сигурно и дома ги млатат па им викаат дека си го барале. Да кажам уште нешто, ако сме против дпмне, т.е. криминалите, не значи веднаш дека сме за сдсм. Едноставно сакаме чесност и напредок на државата. И немоjте по себе да судите за сите дека се гребат во штаб за работа.
Само без она наши ваши,ако сакаш само во прво лице употребувај,јас никого за твој не одредив. Јас единствено што е мое е во собава. И баш заради него сакам промени,и пак ке повторам. Ако треба по четири години пак за промени ке гласам. А околу албанските работи низ дажавава,не гледам еден чист.
@sanjaeva дали навистина веруваш дека младинава сега е учена? И дали навистина веруваш дека се стекнува со знање после завршување на студиите?! Можеш да замислиш како им е на првооделенчињата кога полагаат ектерно? Или на матурнатите кога им е споено со полагање државна матура и екстерно и приемен испит на некои факултети? Вмро не направија ништо освен тотално уништен образовен систем! За условите во домовите да не зборам ич. Се ежам на секоја помисла и слика. Не е учена зошто се гледа да помине низ прсти, да се напишат домашни, семинарски, проекти, истражувања... И еден куп глупости. Топови хартија за во канта.
Не е нормално да се оправдува насилство. Еве иако не ги сакам дпмне, ама ич, да ја истепаа Силванева Бонева, исто ке реагирав. Или Јанкуловска. Иако чувме се на снимките и ги знам какви се, немаше да оправдам насилство. Греота е жена од метар ипол и 50тина кг да биде така брутално тепана од битанги, да ја удрат со триножец од десетина кг и влечена за коса. Ако застранат и СДСМ ко оваа баграва, пак протести ќе има. Тогаш ќе купам карта и наместо да терам одмор во Мексико, ќе протестирам на улица и јас Образованието е катастрофа. Се тежнее кон тоа да нема образовани за да не се бунтуваат многу. Не дека и на западот им цвета, ама барем не рмбаат за 150 евра плата. И да им е ср*ње образованието, платата е доволна за прилично добар живот. Здравството збор да нема. Дно дна.
Дa, верувaм. Нa рaбoтa никoгaш и никoј не дoшoл спремен дa седне и дa рaбoти. Зa тoa требa прaксa. Пoсле х гoдини стaж, сегa дa oдaм дa рaбoтaм вo другa фирмa, ќе ми требa време дa се снaјдaм. И не декa нa интервју зa рaбoтa не дoaѓaле млaди кoи не знaaт кoлку кг имa вo 1 тoн, oд штo е крaтенкa нбрм, штo е среден курс...нo декa бaш тие зеленики ќе ми јa срушaт претстaвaтa зa млaдинaтa, не. И не требa дa гo зaмислувaм екстернoтo...гo пoминaвме, фaлa бoгу. Нo, вo 1 oдд. екстернo немa...дa не преувеличувaме. И дa ти кaжaм, децaтa се мaчaт, aмa се тaтa-мaтa. Сo нaшиве децa требa дa се гoрдееме.
Си била во образование Сања па да го кажеш ова??? Или само по своето дете дома си ја донесе оваа одлука дека децата се тата-мата? Чест на исклучоци, ама децата се неписмени паразити! Дете во осмо одд не знае да раскажува! Одвај бекнува по некоја проста реченица и те гледа во очи да му помогнеш оти не знае ни да тргне, ни да заврши! Самите деца се жалат од учебниците! Самите се свесни колку НИШТО нема во книгите! Баш тие тата-мата деца што ти ги викаш се најсвесни за катастрофа учебниците кои ги имаат и ако тоа дете оди на натпревар мора да тарашка по учебници од кои јас сум учела ако сака да сврзе 2 и 2 и нешто да направи таму кај што оди! Со неговиот Кембриџ учебник може само да се слика, а дали и толку! НЕМА наставникот што да предава и како да си го пополни часот, ако се базира само на двата реда во Кембриџ учебникот! Мора значи стално од таму, од ваму да придодаваш за часот да ти добие смисла! Ако го кажеш само тоа што таму го има, децата треба 20мин од часот слободно да си гракаат, а ти да си дремеш! Иначе, сега слушам дека напаѓачите во Собранието билe платени по 10-15000Е ... А ново задолжување не чека деновиве (или веќе се задолживме?). Еднаш се живее!
Да, значи ние на факултет не учиме што е нбрм. Конкретно за мојов ќе зборувам.. Учам работи кои што воопшто не ми се потребни во мојата понатамошна работа. Мене ми требаат машини и призводство, а учам физика што е сосема небитно. Ми требаат процеси на храна а учам како се прави кафе и како да проценам која жолчка е добра и свежа која не. Сигурно утре на работа кога ќе отидам нема да ми каже, колешле ај молим те демонстрирај ми како се прави кафе. И правам јас кафе. Браво, супер. Ја доби работата. Не, значи не. Учам за застарени методи и машини уште од кога ги измислиле, а такви сега и не постојат во производство. Одам утре на работа и не знам да работам со таа машина. Па фала богу дека нема да знам кога и сам професор ти вика дека така му е по програма и дека тоа не е битно. Бев и на пракса, кога им кажав што учам ми се изнасмеаа. И? Јас сум крива што нема да знам? И што сите работи што ќе ми требаат ќе ги учам во последен семестар од моето студирање. Грешка си, многу. Ќе дојде и твоето дете на факс, па ќе видиш за што зборувам.
Абе СДСМ сами се тепаа, овие улетаа да ги спасат од нив самите *смајлиштосекрсти* Како може да е смислено од СДСМ, сиве овие тепачиве се криминалци амнестирани од Хорхе или директори избрани од дпмне. Кога Тарчуловски се симна да ги отвори портите, заедно со уште двајца и ги одведоа до прес центарот. Полицајците изгледаа како да се издрогирани. Никако не реагираа. Заев ги виде како улетуваат во собрание, знаеше што може да се случи, може не се надевал дека до толку ќе отвори некој врата. Цело време кажуваше дека знаат дека власта нема лесно да падне, само не сакаат човечки жртви. Ама како што кажа на интервју, подобро ние да го изедевме ќотекот, отколку народот да излезеше да се тепа на улиците. Еве засега е мирно и не изби војна. Ама до средината на Мај не се знае што се ќе се случува. А се укажува на тоа дека ќе има и жртви. @Emy867 Денес ново задолжување од 50 милиони. Мора плата да се даде сега. Деновиве уште кредити ќе земаат
Јaс oдaмнa зaвршив фaкултет, нo и сум студент нa втoр...имaм уште 2-3 испитa. Тaкa дa, пoзнaтa ми е темaвa. Вo екoнoмскo уште учaт oд истa книгa,..еве aкo имa некoј oд Бoрис, некa кaже дaли имaлo ученик кoј не нaучил екoнoмијa кaј Ветерoвa? СДК книгaтa мoже дa имa илјaдници пoдaтoци, нo гoлеминaтa нa прoфесoрoт е истaтa дa јa нaпрaви рaциoнaлнa и кoриснa. Имa дoбри прoфесoри кoи си јa знaaт рaбoтaтa. Нo дa, имa и никaкви. Мoетo дете не учеше пo Кембриџ. Метoдите ни се дaлечни и не рaзбирливи. Нo сестрa ми, нaстaвник, вели декa имa децa кoи мнoгу пoлеснo рaзбирaaт преку тие некoи "чудни" метoди. @galapce. пa не гледaш сиител Се шaлaм...имaше еднa дебaтнa емисијa, ќе се пoтрудaм дa јa нaјдaм и дa стaвaм линк. Дa не кaжувaм имињa, ќе ги згрешaм.
Како ли само наставник ќе направи книга во која нема НИШТО рационална и корисна?! Така се гледала големината на наставникот, како па да не. Абе излагањево... Компир гледаш, месо вадиш работава. ''Чудни методи''... Да, чудна земја, чудни луѓе, уште почудни методи. Апсолутно се сложувам.
@sanjaeva Ја чекаме епизодата (видеото) каде што СДСМ сами го организираат напад на своите пратеници за да дојдат на власт. Нема смисла 1 саат е кај мене, треба да спијам. А баш ме интересира како го извеле тоа. Во врска со Кембриџ Имa децa кoи мнoгу пoлеснo рaзбирaaт преку тие некoи "чудни" метoди не е исто со сите деца. И јас ко бев у школо, имаше деца што беа татамата и се знаеја, дури повеќе од наставниците и професорите. Образованието е за сите да се едуцираат што е можно повеќе за да можат да го продолжат животот. Кембриџ е катастрофа.
А што бараш тогаш во штаб? Ако мислиш со своја глава не мора да одиш во штаб. Неутралните си мислат сосвоја глава и гласаат за тој што мислат. Не трчаат во штаб. Или и ти си за вработување тамо? Еве мене до сега никој глас не ми поткупил со пари, а пред избори се случувало едните да дојдат со локум, другите со кафе и фино клтурно и со едни и со други. Ке кажат набрзина што имаат и толку. Пак си гласам за тој што сметам. Што фино така, си одиш во штаб, ти даваат книшка, урлаш на митинзи, корнеш коси против другите, те запослуваат и на крај ги напаѓаш неутралните дека биле поткупени. Интересно. Утре ако отидам во штаб на сдсм ке мислам тие се во право, а задутре ако отидам во вмро ке мислам тие се во право. За тоа дома си седам и шекер ако донесат ке го земам, ама нема да ме натераат за нив да гласам.
Ме интересира се огласи ли некој жив во државава во врска со химнава? Било кој, некој, да каже збор, два? М? Срамота е ваков настан да помине ко ништо да не било. Срамота!
Јас стварно не ги разбирам луѓево кои тврдат дека ние неутралните сме биле поддржувачи на режимот. Зарем толку успееа да ве поделат и раскараат, што во оној момент кога ќе слушнете независно критичко мислење, одма се фрлате на поединецот како најголем непријател да ви е. Зошто? Затоа што кажав нешто за партијата што не ви одговара, не сакате да слушнете? Вака значи, без критичко мислење и отворени погледи нема проспер во државата. Цело време симпатизерите на вмро беа обвинувани дека се слепи послушници, прости, користољубиви. Се согласувам, ама ако сдсм сакаат да прикажат дека се подобри, треба да ви дозволат независност во размислување. Никогаш, на никој политичар не му се верува безрезервно. Јас сум горда на тоа што не зависам од ниедна партија, никој мене не ми го оформува мислењето во најблискиот партиски штаб.
После овие, драмиве околу Талат во последниве два-три дена.. те влегол - те не... во кабинетот; те ВМРО му го запоседнале кабинетот, - те не... колку само фокусот на дискусија се изместува. Од дискусија за криминал, за тендер-коалицијата... од дискусија за Ахмети кој и во снимките се слушаше како си прави муабет со оние,бунтовниците во Куманово,нели..намештаљка беше тоа на ВМРО? фејсбук е преплавен од интелектуалци, умни луѓе кои, му се радуваат на Талат (и ДУИ) кој денеска си седнал во фотељата и ја имал првата посета - амбасадорот на ЕУ, Жбогар. Не можам да се изначудам на тоа, со каква леснотија ДУИ се амнестира во земјава, over and over, со каква претпазливост, политичка коректност се зборува за обични криминалци, силувачи....исти онакви ко оние со качулките на ВМРО... за, да недајбоже се навредат Албанците. Чиниш, ДУИ се Албанците, чиниш, јас ако бев Албанка, а не Македонка...ќе требаше да се радувам што, првиот Албанец што седнува на таква позиција е Талат Како и да е. Убаво е да си ДУИ,изгледами.