Кој сакаш да се огласи за химната?! Трајко Вељановски седеше на спикерсото место и не стори ништо ! Имаше опција 1: да го исклучи микрофонот Имаше опција2:да викне обезбедување Ама ништо од тоа не се случи...
И после пак ќе ги прикажуваат албанците како жртви. Или ако изразиш став дека не е во ред ова со дуи, одма контра реплика “а со вмро кога беа не се буневте?“ Крај краева, кој не прашал нас обичните граѓани што ни смета, а што не. После долгогодишен brainwashing од двете партии, успеаа да си создадат хибридна маса, на која можат да и продадат било каква идеа. Токму поради ова јас не се радувам предвреме дека ќе има промени. Ако сакаа тие вистински промени за македонија, ќе ставеа интелектуален кадар во партијата, не излитени политичари. И да, за сдсм зборувам.
Не е на арно ова инатењето на сите, очи ќе си извадиме ни криви ни должни ние македонскиот народ. Со сила убавина не бива, ни власт ни ништо.
А добро, пак се враќаме на старото. Кој ти рече дека јас ги сакам вмро? Или пак одиме по истото, не смееш да напишеш критика за сдсм, одма си поддржувач на режимот. Ништо не правиме вака, ништо!
Погрешно ме протолкува не кажав дека ги сакаш или ги подржуваш, не сакам ни дате критикувам, ниту пак навредам проти тоа сум да навредувам некој од форумџиките тука сме да си ги кажеме мислењата.Но дека е премногу,премногу е што мислиш зашто во европскине земјине се замараат многу со политика и баш им е гајле кој е кој и што е што затоа што џебот им е полн со пари и имаат садисвакција за животот.Е и ние кога ќе ги имаме истите примања како во словенија на пример би размислувале поинаку а вака работиме за 300 евра од кој половина ги враќаме во банка за што сме земале кредит да завршиме некоја работа.
Или едните, или другите, или третите. Било кој. Ама нема никој, штама Срамота е, навистина! Ако дозволуваме нешто вакво да помине незабележително, утре којзнае што ќе ни сервираат и ќе си го голтнеме тивко, како овци Трајкота го знаеме што мустра е, ами овие од СДСМ? Некој да се јавеше да искритикуваше. Збор да кажеа, еј! Туѓа химна во македонско собрание. Никој ништо! Нит МВРО, нит СДСМ, нит па албанциве... никој.
СДС влегува во коалиција со нив...нормално дека ќе ги ,,галат,, своите партнери, па макар и на штета на цела Држава, знаеме и на сите ни е јасно дека е тоа е така, па колку и да одрекуваме. Ме зачуди што Трајко не реагираше...нели тие жолчно докажуваа пред народот баш за химна, за знаме....и сега ПРЕМОЛЧА...баш кога ТРЕБАШЕ, тој ќутеше
Да срцка,како погоди На тие што им давате,е тие кажуваат. Кога имаше гласање пред еден штаб на вмро имаше двајца кои чекаа и во сите кои се сомневаа ке им прошепотеа нешто и оп илјадарче Ова е со сигурност,зошто кажуваше човек што земал
Пола македонија се исели заради вмро-сдсм препирања. Младиот македонец не верува повеќе на партии. Пензионерите се тука останати, да кројат судбина. И да точно е, сиромаштијата не ги сплотува луѓето, ги дели. Значи 25 годишниот процес на вмро/сдсм партиско едноумие си вродил со плод. Јас само сакав да потенцирам, дека пратениците во наредниве четири години, нема да се борат за нас. Ќе се борат за платата од 1300 евра, плус огромни бенефиции. На крај испаѓа, трпи сиротињо!
Абе седи... Само сдсм и Господ се безгрешни. хаха... јас сум неопределена, илјадарче немам земено. Дај така ако фрчат илјадарки да одам пред штабови... Абе ви лета умот, ама ај
@Црна Ружа Можеш да ми кажеш барем еден издржан правен факт, по кој Талат е легитимен и е легитимно избран, освен теоријата сендвич ?! Имаш ли основно познавање од правото и начинот на кој се бира Претседател ?! Според таквата логика, сега и пратениците на Вмро можат од ракав да си изгласаат Претседател. Не мора во Собрание. Може и пред зграда, на куќен совет. @kukla21 Немам јас ништо против да се смени власт. Имам против Талат, против неговиот не легитимен избор. Бев против и кога беше амнестиран и кога беше поставен на министерско место. Бев против влегувањето во Собрание, на почитуваните политичари ака почитувани борци на ОВК во 2002 чинам беше. Иако амнестијата влече корени од далечната 2001, од Охридскиот договор, кој го потпишаа сите тогашни партии. Не ги коментирам бомбите, туку сегашната ситуација. За бомбите еднаш се изјаснив. Нека одговара секој пред Закон, заедно со Заев, кој не е ништо подобар од другите. Во друга држава, за такво театрално објавување на не законски и не легално стекнати снимки, се одговара кривично. Јас не го гледам тука режимот, само слободата на секој да прави како му одговара. Во парламент има мнозинство, кое не легитимно избра Претседател и претендира не легитимен избор на Влада. Има мнозинство, без мандат за Влада, со собрани потписи надвор од уставен рок. Каде го гледате тука правото и правната држава ?! Како некој очекува народот да не реагира, кога овој, кажи речи, уште на фотелја не седнал, а веќе крши закони и Устав.
Јавно кажувам дека гласав за СДСМ и не кријам. Гласав за промени, всушност лицемерно е да се правам неопределена, ама од кога имам право на глас гласам за нив. Но, никогаш бема да го предџвакам изборот на Талат. Не дека е Албанец, туку дека е Талат Џафери. Коалиција со албанска партија мора да има, и само со нив се обезбедуваше мнозинство, ама ДУИ има и други членови, било кој од нив би бил подобар избор. Нека прават Влада со нови лица, а не првите луѓе кои беа дел од Владата на Грујо, сега пак да ги стават со сменети функции. Не ми е оправдување дека Вмро го амнестирале и го поставија за Министер за Одбрана!!! Овие треба да бидат подобри, затоа и ги гласавме, за промени.
И кое беше решението? Трајко свесно го кршеше деловникот и никому ништо? Како тоа уставот е прекршен? Мнозинство може да носи одлуки. Може да се дебатира за деловникот, ама не гледам ништо против Устав кога мнозинство пратеници гласале.
Мене ништо не ми е јасно, нормално, ниту пак оправдувам. Нема што да ги галат. Ај ако не да зборуваме албански во собрание? Да ја смениме хинмата? Оти нели, партнери им се па да им удоволат, нели? Не. Не треба така. Се разочарав. Не сум сигурна дека пак ќе ги гласам. Може за локалниве за да не го гледам веќе ова ѓубрево залижано, меѓутоа ако има парламентарни избори не би ги гласала како што сега стојат работите. Да се разбереме, немам јас ништо против албанциве, ама претераа. Исто би реагирала доколку се пееше српска, турска или било која химна во македонско собрание. Не може така. Еднострано гледаш на работиве. Си се фатила Трајко, та Трајко. Тоа што Трајко не реагираше ги оправдува ли другиве? Нели ги гласавме за да бидат подобри од МВРО? Се ми се чини дека стануваат како нив, а нас не ни треба нов Николае. Барем мене не.
Џабе ни е третата опција @kukla21 барем со сегашниов изборен модел. Логично решение беше СДСМ. Имаат гласачко тело кое заедно со придобиените независни гласачи му се спротивстави на МВРО, нешто што Левица не можеше да го направи. Барем не сеуште. А штета што не добија барем еден пратеник.