Живеам. Ако си ми ги читала мислењата предходно, против сум што е избран терорист за претседател на собрание. Оние што гласаа за сдсм знаат само да кажат дека на вмровците не им сметало кога бил министер ама сметало сега. А јас мислев дека Сдсм ги гласаа затоа што мислеа дека ќе бидат подобри од Вмро ама испаѓа дека исти се,ако не и бетер.
Воопшто не ми се чини смешно и надежно Талат за претседател на собрание. СДСМ требаше да дојдат на власт и да пресечат тоа што го започнале претходните, не да биде бетер.
И мене ме интересира... Да лапнеме некое евро, ко се делат така, за партиски неопределените. И ние корист да видиме нешто
А тоа што е Талат претседател на собрание или министер за одбрана ми е единствен трн во око и најголем проблем во животот. Пошо се друго во владеењето на вмро беше совршено под конец, само Талат Џафери остана да се опраи.
Јас колку што се секавам СДСМ се бореа за промени и 3 години блокираа држава за да дојдат до т.н.промени. Имаат и од Беса и од Алијанса луге, не е проблем што е шиптар, за мене проблем е што е ДУИ и што е Талат. Ова не се промени, ова е гола борба за власт. Ако ја пратевте кампањата на СДСМ ќе видевте дека и ВМРО и ДУИ ги ставаа во ист кош. Со самото тоа што без ДУИ неможат да имаат мнозинство, треба да се оди или на нови избори или нека праат широка коалиција со сите партии
Сигурно Талат си вика, во 2001 година се приклучив на учките. Вршевме воени злосторства, не за рамноправност на сите албанци, тука за власт и позиција. Македонците ме амнестираа, си бев министер за одбрана, сега му станав и спикер. Оп, албанското знаменце до мене, уште да си прогласам Илирида. Не знам, ама мене ова смешно ми стана.
Ние всушност од сеирџии си патиме. Не ни требаат албанците да не докрајчат, сами ќе си го направиме тоа, само дајте ни малку време
Епа Дурловски си го бранеше своето работно место како директор на МОБ е сега '' тражили сте гледајте''
Не ми кажувај Орхидеја, си имав работа со тоа. Постојано диктирање, децата ги фаќа нервоза од пишување (дури некои помалку заинтересирани мислат дека премногу ги замараш, па и јавно ти го кажуваат тоа), ти не знаеш како да правиш, како да не правиш... Што се научиле ПРОЕКТИ, ПРОЕКТИ...Абе што дека ќе прави детето проект кога не знае што значи тоа што ќе го извади од интернет за тој меретен проект... Истражување, ИКТ... ајде нека штрапаат децата по компјутер, ќе истражуваат... немој само многу да не истражат! Очајна програма, очајни учебници, очајни методи на оценување! Ама еве, убаво ни било образованието некои викаат. Јас ништо убаво не видов... Видов неписмени деца кои не знаат никако да се изразат во осмо и деветто одделение, а тоа се веќе големи деца и треба да се способни за такво нешто. Ама треба начитаност за изразување, а не од штури, поштури учебници. Ни тие не се криви. Ама Кембриџ, еве Кембриџ. Ај што се празни па и многу квалитетни ... не смееш да ја допреш книгата, се распаѓа лист по лист. Лепени, сечени, монтирани, исто како и снимките нивни. Реформирано образование, модерен е зборот за на микрофон да се кажува по митинзи, не за друго.
I da ne podelat i da ne izbrkaat od nasa drzava, jas zasekogas ke gi obvinuvam VMRO.Rezultatot od 10 godisnoto nivno vladeenje go dovede narodot da bira pomegu apsolutna diktatura ili federalizacii, kantonizacii (dokolku pretpostavime deka toa e mozno). Taka da sekoj od vas/nas neka si ja prevzeme odgovornosta za celava ovaa situacija i neka si znee toa sto si seel. Ne znam za vas no apsolutnata diktatura jas uste ednas ne bi ja prifatila.
Нели ВМРО и ДУИ беа криминален режим?! Е сега одеднаш ДУИ се реформска партија, зашто Заев сака да дојде само на власт па се заборави што збореше 3 години! И плус изборов на Таљо беше како еци пеци пец - ни Устав ни деловник ни кворум ни Закони! Ние не сме ни банана држава - кај нас everything goes! Џабе 3 години не малтретираа и излажаа да гласаме против режим кога тие не само што го продолжуваат режимот туку и разнебитуваат се што остана Македонско...
Ве молам само немојте со пофалби за образованието... Луѓе, извадоци од учебници од таа фамозна Кембриџ програма служат за потсмев низ нетов, не треба ли тоа да е доволна слика за реалноста? Ви текнува ли само на она дека по граѓанска култура онака експлицитно ги учат дека децата на високата класа, посебно политичарите, не треба да се трудат толку да учат?! Циркусот наречен екстерно си го продолжија со години, не рецнаа ни 2% општо мислење на повозрасни и веќе зрели ученици, квалитетни професори и родители... Или пак околу реформите во смисла на реновирање на објектите – најдобро влезете еднаш само на Филолошки да видите каде застанало времето
Па и оние преводите на 1000 стручни книги, дома ја имав преведена на македонски и пак симнував пиратски копии од интернет, на англиски да учам. Полесно ми беше отколку преводот нивни... Стручни поими погрешно преведени, работи целосно извадени од контекст, кој ги преведувал и кој ги лекторирал овие книги
Парламентот не е мој, ниту твој. Наш, ваш. Парламентот е на македонскиот народ. Ваљда спаѓаш тука и ти. М ?! Факт е оти се направени правни преседани, неколку пати прекршувања на Устав. Ако едните не почитуваат Закон, еве им шанса на другите да бидат подобри. Не гледам дека се. Впрочем, за подобро и се "бореа" нели ?! Лошо, многу лошо почнаа. Јас не оспорувам дека нам ни требаат многу реформи на речиси сите општествени полиња. Ама види ваму, ако сум искрена, иако сум симпатизер на една од партиите, не значи дека нема да критикувам за негативностите, а по мене, ако едните не се кадарни, овие на чело со Заев со таков интелектуален капацитет (паламудење) и историско познавање (геноцид) па ич не се. Јас гласав за Вмро. Не негирам. Оти јас од двете зла, го бирав ете, според мене помалото. Сдсш не направија ништо, а крадеа се што имаше да се краде, продадоа се што имаше да се продаде, вклучувајќи и национални интереси. Сега, не одат на поразличен пат, од тој тогаш. И тие сега, ми зборуваат за криминал ?! За промена, и така сме нели многу фини како народ, па уместо прст рака даваме, нека сега ги постават знамињата и на другите националности. Иначе, не зависам од партија, никој никогаш не ми се заканил, уште помалку ги имам пробано сендвичите. Баш штета. Знаеш кога треба да ќутиме и да трпиме ?! Тогаш кога македонец во Албанија ќе испее македонска химна во нивниот Парламент и од таму жив ќе излезе. Тогаш кога таму македонец ќе биде Претседател на Собрание и ќе постави македонско знаме во кабинетот. Кога на нашите таму ќе им ги дадат правата кои тие тука ги уживаат. Кога тие, албанците, на нивните државни симболи, ќе ги постават и нашите. До тогаш, ќе бидам против. Особено против крвникот од Вејце. Почнува почетокот на крајот. Вовед во бинационална држава.