Овој има морален интегритет бескрајно помал отколку оној циганот од клиповите што "работи" зад МТВ...
Па по секоја правна логика МНОЗИНСТВОТО во праламентот има право да изгласа претседател на собрание. Како мислиш пратениците на ВМРО ќе си се соберат и ќе изберат Претседател на собрание кога немаат потребно мнозинство?!? За да избереш претседател на Собрание мора да го изгласаат 61 пратеник. Колку што знам ДПМНЕ има само 51 пратеник. И да, мнозинството пратеници имаат суверенитет даден од народот на избори и можат да изберат и Претседател и Влада. Во ненормални услови како нашите, кога малцинството од 51 пратеник во спрега со Претседателот фикус ги узурпираа сите институции и сите нормални процедури, работите мора да течат овака како што е сега. Не може малцинството што неќе да напушти фотеља да ја узурпира државата. Останатите 69 пратеници имаат суверенитет и легитимитет даден од народот да изберат и претседател и влада. И крај на приказната.
Мене ми текнува на Јанко како интелектуална величина и морален столб на општеството. Таа елоквенција, таа појава, таква харизма и информираност, тој имиџ...тоа е неверојатно Мирка е на далечното второ место...
зошто тога имаше избори?мислам дека народот избра.какво е тоа мнозинство кога сдс и албаниците се обединиле.јас мислам дека сепак мнозинството се народот.зошто се плашат пак избори да има?знаат кој пак ќе победи.
Кој тоа почна, што зборуваш? Тек допрва треба да почнат, сеуште се конститутира власта. Не спаѓам во категоријата "македонскиот народ". А пред да ме цитираш со очекуваната реакција "aha! ti si shiptar znaci", скраја било не сум ни тоа А зошто да не се даде на албанец или дури и на торбеш? Па и на циган? Пошто 25 години имавте собраниски спикери македонци гледам процветавте скроз Е сега тоа што е екс-министер за одбрана и веројатен социопат веројатно го прави подобар избор отколку некој друг. По министерски места се прошетаа тешки дебили кои експресно од факултетска клупа скокнаа на министерски места со по 26-28 години возраст и искуство од секторот во кој министруваат - нула. Имаше и пратеник на 19.години, една бедна креатура од мвро Така што, да сум на твое место не би се разочарувал од некаков си екс-агресор од ОВК...
Требало повеќе од странство да ургираш, колку што знам јас вие во страство немате пратеник... така да, ќути си...
Za da se formira parlamentarnoto mnozinstvo kako sto e i slucajot. Zad tie 61/69 (kolku i da se) pratenici stoi narod, vo pogolema brojka od narodot na onie 51 pratenik na VMRO.
Мнозинство се 61 пратеник. Постизборно коалицирање секад имало. Па Груевски во 2006 коалицираше со албанска партија и со НСДП зашто освои само 45 пратеника. Со 45 пратеника тогаш направи влада, па никој не дигаше џева и не се тепаше во Собрание. Во 2011 година Груевски освои 56 пратеника и пак после избори коалицираше со ДУИ. Ја не знам што се праите ко од Марс паднати. Па речиси во сите изборни циклуси во РМ постизборно се коалицира. Тоа е сосем нормално и демократски.
Ова што го пишуваш е како демек беше лошо, неадекватни луѓе ставаа на функции. Зошто да не продолжиме со исто темпо?! Реков јас, од оваа држава не бидува држава. Толку.
Албанија има 2.8 милиони Од овие, Македонци според попис се околу 5 000 Или само 0.16% Ако можеш со толкаво малцинство да закачиш знаме, бујрум. Еве грци има 15 000. Зошто тие пак не закачат грчко знаме? Како што веќе реков, Албанците се факт во Македонија. Ги има многу. Без разлика дали тоа ви се свиѓа или не, тие се тука и никаде нема да идат. Ама затоа дпмне со своите политики успеа пола Источна Македонија да ја натера да земе Бугарски пасош и да се исели. Според пописот од 2002 сме 1,297,981 Македонци. Според пропаднатиот попис, немало ни 1 милион, затоа што сме иселени. Привремено или трајно. Младите не сакаат да стапуваат во брак заради немање на финансии. За дваесетина години ќе бидете 50-50 со Албанците. Се ова заради дпмне. Не го чув Груевски, а ни никој од дпмне да се изјасни за бугарските пасоши и масовното иселување. Ајде еве вие поддржувачите изјаснете се. Зошто младите си одат од државава???
може сум од марс падната.затоа сега џафери си стави албанско знаменце.да се знае од каде сме паднати де.како и да е не вреди веке да се дискутира на темава.
Вo дебaтaтa немa еден учесник. Зa кoгo збoрувaш? Спoредбaтa ти беше сo Рoм, нели? Според донтовиот модел, ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ освојува 51 пратеник, наспротив СДСМ кои освојуваат 49. Покрај нив, во собранието влегува и ДУИ со 10, ДПА со 2, БЕСА со 5 и Алијансата на Зијадин Села со 3. Дaли и ДПА нa Тaчи е вo кoaлицијa сo СДСМ? Мислaм не. Нa квaзи глaсaњетo не биле присутни сите прaтеници. Oк..ќе се преглaсa. Ќе дoбие пaк Тaлaт Џaфери...aмa не ли ве бoли дa aлбaнец биде претседaтел? Зoштo Зaев немaл мoќ дa пoстaви некoј oд сoпствените редoви? Дaли зa се ќе пoтклекнувa?
@BoaVista Ако имаат 69 пратеници како што викаш што не го гласаа регуларно туку го шверцаа вон сите деловнички и уставни правила?? Нели Заев бешр за правна држава а уште не седнат се помоча и на правото и на државата!
Како мислиш ќе бидиме? Ти нема да бидеш, не живееш во Македонија? Па и да не живееш, го изгуби националниот идентитет? А за иселувањето. Да, вмро ја исели пола држава ама за жал не почна само со нив. Во македонија имало егзодус од 1970 кога квалификуваните работници со средно образование, не можеле да најдат работа. Масовно се селеле во австралија, нов зеланд и канада. И албанците се селеле и продолжуваат да се селат. Не ти држи место муабетот. Државата се празни од сите етнички групи, не само македонци. Македонците можеби не биле 1 милион, ама затоа албанците се далеку од 450 000. И двете страни лажат од страв.
Епа еве жив доказ, форумот е олицетворение на реалната политичка ситуација во државата. Кога веќе се нема издржан аргумент, се фаќаат за Талат Џафери. Исто и во државата, на ДПМНЕ му е јасно дека нема никаква правна пречка СДСМ да формира влада и оп Џафери и платформа. Ама бар да се фатевте за некој што не сте го амнестирале, па ај ќе падневме на лажниот патриотизам. Вака, прикаска за мали деца. Што не прокоментиравте за тоа дека пратеници што сте ги гласале, организирале и отварале врати на осудени криминалци?!? Ејјј осуден криминалец за две убиства од кои едното и на 4 годишно дете влага ко шериф у Собрание и тепа пратеници? И на вас како гласачи тоа ви е ок? Се пронаоѓате ли во тоа најголемиот џган во државава да ве претставува вас како народот што гласал за ДПМНЕ?
Ќе видиме де, може дезертерот ќе биде подобар него претходните... Зошто не бидува, си бидува држаа ама зависи за кој. За огромна армија буџетари и нишачи на врати, за кримоси вработени во МВР, за пропали прилепски студенти, за партиска проституција...за една добра петтина од население, државата е одлична !
Да си се самоцитирам, напишано на 12 Декември. Читајте на твитер #каковкрај ставаат принтскрин од коментари на разочарани тврдокорни. Еве дури денес сфатиле дека се пуштени низ вода. Дали ќе заигра ножот во дпмне??? Ми прокрвареа ушите додека да ислушам цела емисија. Седнале четворица и коментираат, сите на една страна, со некакви квази оправдувања. Овој па што бил внатре, како објасува, како скока цели делови, дешавка од скоро 2 саати, тој ја опишува како да било 5 до 10 минути максимум. Не знае ни да раскажува милиот. Дали така ми се чини, или Солзето пак ќе менува дрес? Едно време им идеше да ја фатат за коса, им го вртеше муабетот на друга страна.
Нема преглаување штом те аминува ЕУ, НАТО и САД тоа е готово, за жал така функционураат помалите држави. Ако беше искрена борбата на вмро, тогаш зошто така лесно Трајко си ги спакувал работите и му го предаде кабинетот а „аналитичарите кои до вчера беа против оваа коалиција и Талат беше нелегален сега тврдат дека што побргу треба да биде објавена одлуката во службен весник? Според мене по фер ќе беше како и во секој нормален парламент пратениците да се степаа отколку кукавички да се кријат зад народот а кабинетот денес го предадоа „без испукан куршум“ демек бил нелегален а всушност изгледа како да е се договорено. И како по стариот добар обичај народот е холатерална штета а нив утре за година две нема да им смета тој истиот Џафери да остане на функцијата како што не им сметаше да го стават за министер за одбрана. Сега гледам некои луге повторно ги злоупотребуваат загинатите од 2001 објавувајки ги нивните имиџа алудирајќи дека тогаш Џафери бил командант на она, а истите тие луге ги заборавија загинатите кога го ставаа џафери за министер за одбрана. Ама тоа е мојата чудесна земја се се води од интересот ако ни е во интерес е ангел акко не гавол.
Кoгa дoјде ред тaквите дa кaжaт декa Албaнијa ни влaгa вo држaвaтa, не сме ни зa жaлење веќе. Техничкo прaшaње- Дaли aкo не јa oтвoреше некoј врaтaтa, истaтa немaше дa биде скршенa? Бoa те земaм зa пoзитивен пример oд oпштествoтo...рaбoтиш, oбрaзувaнa си, ситуирaнa си, прoшетaнa, дoтерaнa... Штo ти фaли/ше вo држaвaвa?