Позиција,полна државна каса охохо фршти дебела пара поткуп,другиве кај можат со нив и народов почна на п......и на дебело,не прифаќаат ситно
Да исто е финансирање од Сорос и државна каса,Сорос е на Татко му од Заев а државнана каса ја користат како да се дома, колку сака си зема,кој е народот да му полага сметки ? Во право си.
Грујо никој не го чепка да оди во затвор, наскоро ќе има нови избори и Заев ќе се врати на почеток каде што беше.
Се декларира она како "шарена". Некогаш непотребно пумпа атмосфера. Во последно време забегува. И читај ја, стара гарда на Сдсм е.
Знам, ја читам редовно. Мислам дека баш добро ги знае работите одвнатре во сдсм па затоа пишува тоа што пишува. Јас сите ги читам инаку, од Филип Петровски преку Петрит Сарачини до Боби Илиевски (Затоа и сметам дека имам објективни ставови и сознанија затоа што ги гледам двете страни на нештата )
Јас не читам до толку. Бетменот да, ама Филип не. Тежок ми е за варење. Јоци, ми стои како изиграна малце.
@Jacques Па нели Заев се залагаше за правна држава и како ќе направеле департизација?? Па уште не седнати покажаа дека се бетер и од ВМРО! За тоа ли гласавме ЗА ЖИВОТ кога животот значи дај им се на Шиптарите и помочај се на Устав, правен ред и поредок... па во 2. одделение кога се бирало претседател имало ред и сме гласале со ливчиња а овие бетер и од Зимбабве.. Има многу разочарани и меѓу шарените и меѓу вмровци... имам пријатели и таму и таму на сите им е боктисано од неодговорни малоумни политичари кои се грижат само за својот џеб и како да дојдат (останат) на власт
Уште кога влезе Филипчо во дпмне знаев дека ќе се распадне партијата, малер невиден е, сите партии му се распаднаа. Сега е веројатно еден од најголемите буцкачи на вмровските народни маси. Не ми е толку тој интересен за читање колку што ми се 200те коментари на секој негов пост, абе таму им го мерам паметот на вмровците и ич не ме чуди до кај ни дојде државава со толку невозможно ептен проста полтронска користољубива маса. Веројатно истите ќе се прешалтаат сега да се гребат на шанк кај ЗЗ.
не се сеќавам кој го постираше линков но нешто што ми го привлече вниманието: in other words Македонија си го исполни својот дел од договорот со тоа што го сменивме знамето и дозволивме ЕУ да не вика FYROM, а Грците не само што не беа доследни во однос на тоа што го потпишале, туку дури го прават спротивното од тоа што МОРААТ да го прават т.е. веќе 2 децении го прекршуваат договорот. ЕУ не ја гајле за нас и не ја гајлело, ќе си стои на страната на своите (Грција, Бугарија) дури и кога прекршуваат договори, така да да не се многу надеваме дека нешто ќе се смени со тоа што повторно ќе почнеме да се залагаме да влеземе.
Што толку запна колку години имам? Да не сакаш да те оженам? Ама ако сакаш да те оженам кај мене во семејство мора првин да поминеш на детектор за соросоиди, па после се дава амин Се зезам.
Не претеруј сеа..кочница имајте малце..Оваа политикава за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ни ја подели поише него Букурешкиот договор '14та.
Правам истражување за корелација на возраста со степенот на вмроидна затапеност, па ми треба ради статистичка релевантност. И јас се зезам. Прашав заради тоа што за да зборуваш од прва рака за се што се случувало од кога се осамостоила Македонија па навака треба да имаш околу 50 години.
Добро никој тука не примети.... 2 години блокираа нешто вмровциве , се вадеа на лажен патриотизам , не даваа клучеви од кабинет ова она. Дојде Хојт ји или како и да се вика. Другиот ден и клучеви и свети клучеви дадоа и Трајко си отиде и нема веќе шуш буш блокади. Значи како да ви се објасни , толку од Грујо толку од неговите Руски преговори ниедна држава не го сака , нема бегање , Америка вика Вмро мрш и Вмро ќе си идат . Крај. До утре може реферати да пишувате и да ми дрндате Грујо крадел ама гради, џабе, крај , следните месеци ќе гледаме циркуз наречен кој попрво ќе избега , кој попрво ќе предаде друг вмровец и ќе го турне во пеколот за да се спаси , кој од администрација у приватен сектор, кој ќе се удави во кофа со вода и остало....
Забораваат дека се почна со прислушкуваните разговори од страна на ''странски служби со жолти комбиња'' кога се откри целиот криминал на дпмне. Западот се замеша кога им дадоа снимки на амбасадорите на странските држави од нивни разговори. Ним не им е гајле за народот. Ама да прислушкуваш амбасадори... Пастирот сакал да се прави многу паметен. Секако дека нема да извршат воен напад за да го сменат. Ама го поддржаа Заев. Тој си кажуваше цело време дека имаат поддршка од западот. Ама на овие не им се веруваше дека пада влада. Скоро две ипол години паѓаа. Во наредните месеци можно е и начисто да згаснат како партија. Кој во чаша вода, кој со три истрели во глава ќе се самоубие... Да го надмине Крпач со двата. Абе овој Хојт Ли изгледа Брус Ли ќе да е. Со неколку удари ѓи прати во опозиција. Најискрено мене ми е жал за пензионериве што беа изманипулирани да влезат во собрание. Ги пуштија низ вода. На стари години ќе лежат затвор. Сега го чекаме Ќосето на сцена. Ќе оди еден за курбан. До наредната епизода... Поздрав
Туку Дурловски шо се откажа, нели Македонија и ништо друго? Па не очекувал насилство не знам шо. А за шо влезе он у Собрание?
ВМРО ипак освои мнозинство, настрана што не успеа да формира влада ради Албанци и странски фактор. СДСМ е партија втора по добиени гласови од Македонците, мандатот не му припаѓа на Заев, без разлика како се доцепа до него. Ви кажувам ова да не се радувате напразно, ќе има нови избори многу брзо пак ќе ви дојде Грујо.