Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Сите држави во Европската унија се марионетски држави или држави контролирани од европското собрание. Сите тие имаат договори и правила на функционирање. Исто имаат и услови за примање на нови членки. Со самиот факт дека поднесовме барање за прием во ЕУ, треба да се придржуваме до тие правила, и да не потпаѓаме под влијание на други држави како што се САД, Русија, Англија во блиска иднина.
    Владата на ВМРО ДПМНЕ секаде бара помош освен кај ЕУ. А токму ЕУ ја поддржа јавно шарената револуција и ни даде јасно до знаење дека ЕУ се грижи за нас и да престанеме да си го продаваме гзот на други држави.
    ЕУ вложува многу пари иако сме само потенцијален кандидат. Колку нам ни треба ЕУ толку ние и требаме нејзе. САД доаѓа кај нас како поддржувач на политиките на Еу, но со самото тоа САД има одврзани раце да делува онака како неа и одговара кај нас.
     
    На Zlatna12345 и Rama им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.575
    Допаѓања:
    55.568
    Пол:
    Женски
    Сите вие што не ви е гајле дали е Џафери претседател,што ви изгледа сосема во ред да се пее туѓа химна во собрание,туку се залагате само Грујо да оди во затвор сериозни сте???
    Што се однесува до мене не само Груевски абе цела фела од политичари нека скапат во затвор.
    Ама тоа не го занемарува бесот во мене,да бесна сум и немоќна.
    Не си го препознавам веќе народот сопствен,од преголема желба да го турнеме в зандана диктаторот и фамилијата ние на изволте ја дадовме државата на Албанците.
    Фино.
     
    На christinnn, Borealis, okcenzi и 16 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.209
    Допаѓања:
    38.243
    Пол:
    Женски
  5. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Го прочитав и не е баш така - немаме банани!
     
  6. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Па добро до некаде е така. Освен суперсилите другите се зависни. Само немој да ми кажеш дека некој на Холандија да речеме и наметнува директно како ќе решава некои внатрешни прашања како кај нас. Што се однесува до правилата на ЕУ тие се измислица. Ако не беа измислица како влегоа Бугарија, Хрватска и многу други земји во ЕУ? Да не ги почитуваа сите правила? Албанија е во НАТО а погледни ги изјавите на нивниот премиер не само изјавите туку нивното делување. Нашиот проблем е што не сме се договориле меѓу себе што всушност сакаме од нашата држава, за што се залагаме?
     
    На Rama, Aleksandar1212 и ADOKI им се допаѓа ова.
  7. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со тебе. но цената за да созрееме како држава е да ги надминеме меѓуетничките проблеми кои ги имаме. Ова важи и за Македонците и за Албанците. Мора да покажеме пред ЕУ пред се но и на светот дека сме зрела држава да функционира како целина како Македонија. Секој Албанец да каже дека е Македонец и секој Македонец да нема против Албанецот да му биде комшија. Цената на мултиетничка Македонија ја плаќаат подеднакво и Албанците и Македонците. ВМРО ДПМНЕ се залага за етничка Македонија во која останатите граѓани ќе бидат граѓани од втор ред, коешто во ниедна демократска држава е нормално.
    Зоран Заев го почна првиот чекор за просперитетна и мултиетничка Македонија на сите кои живеат во неа. Да му посакаме среќа слушнав претседателот на собранието нему му го доверил мандатот.

    Ни нам нема никој да ни се меша во внатрешните работи кога ќе ги надминеме критериумите за влез во ЕУ. Тука спаѓаат меѓуетничките односи и спорот со Грција. Според мене излезот на Македонија е само со Европската унија која ги поддржува политиките на Зоран Заев. ЕУ не го сака Груевски и неговата политика, направија се за да го тргнат од власт. Доколку ги надминеме меѓуетничките проблеми, ЕУ експресно ќе ни го реши спорот со Грција. Знаеме колку пари истресе ЕУ да ја извади Грција од кризата. ЕУ ни е тикетот за подобар живот во Македонија.
    Can Eu become a superpower?
     
    Последна измена од модератор: 4 мај 2017
    На Zlatna12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Скоро ја одследив. Смараше ептен - се она знае, слушајте ме што јас ви кажувам, креваше тензии, потпалува атносфера и е невиден егоиста! Па и напна за човекон со кучето и толку и беше кај мене.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.575
    Допаѓања:
    55.568
    Пол:
    Женски
    Аце,во ред е,и јас се сложувам со тебе дека ни треба соживот,факт е тоа значи Албанците се тука и нема кај да ги носиме :D
    Ама прашањето е колку може еден Албанец да се чувствува како Македонец според тебе?
    На истиот тој Албанец му смета државната химна,знаме,грб и јавно изјавува дека не се чувствува убаво под тоа наше државно знаме!
    Спомнуваш соживот,ама се сеќаваш што се случи Куманово лани? Нели Албанците "наши" им ги отстапуваа куќите на терористите нивни за да убиваат наши полицајци ;)
    За права колку добија и да не правиме муабет,права имаат рамноправни со нас,и малку им е?!
    Ете се потпиша рамковен 2001 ама не,тука не престанаја нивните апетити,бараат се повеќе и повеќе.
    Слободно провери во која држава малцинствата имаат права колку ние што им дадовме ;)
    Се додека сонуваат за голема Албанија,и се додека на секој чекор ставаат орли и узурпираат наша химна кај ќе стигнат за мене лицемерен е соживотот.
     
    На christinnn, okcenzi, faye и 9 други им се допаѓа ова.
  10. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Напротив. Тие специјални критериуми за нас се намерно поставено за да не може да ги исполниме. Кои се тие меѓуетнички односи? Што треба да направиме освен ако не мислиш на федерализација или двонационална држава? Смешното е што после милион глупости сега некој уште обвинува за национализам затоа што некој коментирал за знамето на Талат на масата. Еј, во 2017 тоа стана национализам во Македонија.
    Дали треба да заборавиме дека Албанците 16 години гласаат за иста партија која произлезе од терористичка организација и која во водството има т.н. команданти? Дали ги тера некој на тоа? Најстрашното е што опозиционите партии нивни се секогаш бетер од владеачките. Слушате што зборуваат Села и БЕСА. А кај нас ВМРО изиграваат патриоти и од време на време само нешто симболично ќе направат за демек еве ние сме патриоти а СДС не ни пробуваат да изиграваат патриоти. Еве ти го пример Талат. 2013 го изгласа ВМРО за министер, СДС ништо не писна немаше протест немаше ништо напротив се ситеа и буцкаа анонимно на социјални мрежи. 2017 СДС го изгласа за уште поважна функција. ВМРО демек се буни и си легна на брашно после некој ден. Тешко на нас.
     
    На ceca-1, MilaP, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.523
    Пол:
    Женски
    Незнам како можев да го заборавам Миленко Неделковски,како една од нај интелегентните личности на планетава ''Е сега се комплетна тројка'' цело е кога има се
     
    Последна измена: 4 мај 2017
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Барем тргнавме однекаде после конфликтот во 2001 во која и самиот бев учесник како редовен војник. Тогаш и сега се сменија многу работи, тогаш не можевме да замислиме Албанец да гласа за Македонска партија, или да замислиме да тераме држава заедно со нив.
    Албанците покажаа дека се спремни да живеат со нас, во мал број ае сеуште но како што кажав почнавме да функционираме заедно. Го симнаа Али Ахмети, и гласаа за Зоран Заев. Добро е ова, има излез барем некаков. Инаку ни беше неизбежна нова војна во Македонија. Македонија секогаш била и ќе биде на Македонците.
     
    На LollySky, Zlatna12345 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Пријателе да не имаш кратка меморија? Албанска партија имаше на власт од 1992 со секоја македонска партија. Дури и со "националистите" од ВМРО во 1998. Според твоите зборови конфликтот во 2001 беше оправдан затоа што албанците беа репресирани? Тогаш зошто воопшто си учествувал или беше принуден? Еве ти еден пример Штуловиот Универзитет на кој за првпат се учеше на албански јазик (за студенти зборам) започна со градба во март 2001 неколку дена пред започнувањето на конфликтот увезен од Косово поддржан од некои структури тука. Мислењето на Македонците за Албанците е горе доле исто разликата е што сега повеќе Македонци земаат пари од Албанци па некои омекнаа во своите ставови барем јавно искажани а по дома они си знаат што зборуваат за Албанците. И уште нешто СДС не е македонска партија. Ова не го зборувам како навреда туку како факт. Во своето претседателство имаат двајца албанци имаат и двајца албанци пратеници. кампањата за изборите 2016 ја почнаа во Швајцарија пред албанската дијаспора. Тоа е нов пристап во македонската политика и ќе видиме до каде ќе не одведе.
     
    На Rama, ADOKI, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Баш така, тоа е нов пристап во македонската политика и јас тотално ја поддржувам. Кога се ќе соберам на едно место, подобро ќе биде за мојата фамилија да има мир и благосостојба, отколку етнички тензии.
     
    На Zlatna12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Па нормално дека е подобро но која е цената, тоа е прашањето? А второто прашање е дали нашите сограѓани албанци не го сакаат истото? Еве зошто не речат па добро бе што тука ни фали во Македонија? Кој стигна се вработи во државна инситутиција, зборуваме албански насекаде, знамиња насекаде е и тоа не е доволно. Сега сакаме и знамето да им го смениме, и химната не чини, па мора и устав да не стават дека сме рамни со Македонците и името да им го смениме за да влеземе во ЕУ и НАТО. Дали си спремен да преминеш преку ова за твојата фамилија да има мир и благосостојба? Според некоја логика попрво треба да се откаже другата страна од бесмислени барања за мир в куќи ама не е така. Голем дел од Македонците размислуваат како тебе. Не те обвинувам не ме разбирај погрешно тоа е последица на историски процеси и колективна свест.
     
    На Rama и samovila.red. им се допаѓа ова.
  16. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Никој не смее да ни менува устав и знаме, како не е јасно тоа. Македонскиот јазик секогаш бил и ќе биде официјален јазик. Добивање на втор или трет официјален јазик не е забранет во ниедна демократска држава. Ако има кој да го покрене тоа како во Швајцарија. Едноставно тоа е што е, и треба да се носиме со тоа.
     
    На Zlatna12345 и elimkd им се допаѓа ова.
  17. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Зошто да не смее? Ако во една држава има друг официјален јазик а има знаме, химна и други обележја кои не се прифатени од други заедници тогаш зошто да не може да се смени? На Албанците им пречи тоа и сто пати го кажале. Треба да се носиме со тоа и да им излеземе во пресрет. Ме разбираш што сакам да ти кажам - една работа води кон друга и додека да се свртиш ти ја нема ни државата ни благосостојбата која си ја барал.
     
    На Rama и samovila.red. им се допаѓа ова.
  18. Балотели

    Балотели Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Незнам какви дроги ви даваат во дпмне па така да зборуваш, зоран заев легитимно и со мнозинство во собрание состави парламентарно мнозинство кое доби огромна бројка на гласови од народот и затоа мандатот му припаѓа баш нему. Избори никогаш не се знае кога ќе има можеби за 3 месеци година дена, или четири години но сигурно е дека гвујо нема да се врати бидеќи тој ќе биди во затвор.
     
    На LollySky, Zlatna12345 и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  19. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    хахаха како си ме насмеало. Груевски да го спремаа за затвор немаше да седи мирен неколку дена, досега ќе предизвикаше немири. Само стрпи се и ќе видиш дека се што напишав ќе се реализира. Заев нема мандат од никое мнозинство народ. Заев е Заев, Беса, ДУИ, ДПА се башка политички субјекти.
     
    На samovila.red. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа
    За дезертерот мене не ми објаснувај, оти мојот сопруг беше таму. Ме боли 2001. Бев и ќе бидам против него, како и против сите политичари симнати од планина. Немам против ниту една националност. Нивните права се гарантирани со Закон и се повеќе од доволно. Во ниту една друга држава националностите немаат повеќе права, од овие кај нас. И еве ги, бараат пак преку леб погача. Денес ова, утре друго. Не знам само како не ги боли крвта наша пролеана, крвта која падна, за да ја парчосуваат и продаваат државата. Се надевам само дека во она што ќе се изроди, ќе ги задржиме барем основните права како граѓани од прв ред.
    @malerozna
    Јас сум за попис во најбрзо можно време, ама не фалсификуван, како последниот од времето на Бранко. Претставени се повеќе од реалната бројка.
    @BoaVista
    За мнозинството знаеш што мислам. Да не се повторувам. Логиката е проста, а се вика кршење Устав. Гласовите не се утврдија, условите беа хаотични, а седницата завршена. Меѓу другото, се одзеде и правото да се предложат други кандидати. Каде ја гледаш тука уставноста ?! Сите овие услови по тебе се регуларни?! Оној циркус беше деловнички и личеше на избор за Претседател ?! Доста е веќе со амнестиите. Доста е веќе со оправдувања од претходниците и криење зад нивниот криминал. Бидете подобри и дејствувајте во рамките на Уставот. Ама не можете. Ние гинеме тука за партии, јаки по форуми и пред телевизија, а никако да сме сплотени сите и да застанеме на браникот на државата, како оние другите кои цврсто одлучиле да ја формираат и третата држава.

    Најголемиот проблем од се, го гледам во легитимитетот на Талат, втор по функција во државата. Ако Иванов нема можност, тогаш социопатот, психопатот, станува негова замена. Со далеку поголема функција од министер за одбрана. Зарем стигнавме до тоа тој да биде врховен командат на Арм ?! Иронично ама вистинито, по Устав со право за тоа. Како ќе го изведе тоа ?! Ќе се претвори во командант Форина, крвникот и предавникот од Вејце. Епа ме боли. А останатите нека затвараат очи и понатаму пред фактите. Не глумам патриотизам. Разочарана сум од двете партии, особено од онаа која ја симпатизирам, оти за овие од Сдсш, јавна тајна беше на што претендираат. Очекував повеќе од Вмро. Ама тоа не значи дека некогаш ќе гласам за СдсШ. Никогаш за такви предавници.
    Негде прочитав дека му се заканувале на Иванов за да им додели мандат. Не знам дали е вистина. Ако одиме по логиката оти претходно со закани постигнаа се што сакаа, не ме чуди и ова да е вистина. Ама, тоа тие по Устав го смеат, нели ?! Заев, е политички мртов. Нему други Влада му кројат.
     
    На Rama, okcenzi, faye и 2 други им се допаѓа ова.