Дол и Маја, немаше да се меша политика во случајов ако убиството уредно беше пријавено, ако МВР не се обидеа да го кријат убиството цели 3 дена, раскажувајќи секој ден различни приказни, и ако Гордана Јанкуловска како министерка за внатрешни работи уште на 6-ти јуни излезеше со жесток говор дека специјалецот ќе биде праведно казнет, дека жали за тоа што се случило и што тоа го сторил некој од нејзините вработени и дека ќе се направи се за да уште еднаш се преиспитаат специјалните единици за да се одлучи кој е психички во ред за да си остане на работното место. Е тогаш ќе беше во ред...И случајот немаше да се меша со политика...Ама вака е неизбежно да се вмеша и политика, впрочем, тие сами си го направија тоа... Размислувајте малку со здрав разум, оставете ја вашата политичка определба сега, сега веќе не е муабетот ВМРО и СДСМ, сега муабетот е изгубениот живот на момчето од страна на СПЕЦИЈАЛЕЦ, како и односот на ВЛАДАТА во врска со убиството... Признајте дека не беше во ред тоа што криеја толку време и тоа што Гордана Јанкуловска рече дека не чувствува одговорност за убиството, а таа им е фактички ШЕФ на СПЕЦИЈАЛЦИТЕ, така? Како може толку да бидете заслепени и да не сакате да ја видете реалноста... Никој не го обвини Груевски или Јанкуловска за убиството...Тие се обвинети за тоа што со криењето на случајот се обидеа да си го задржат белиот образ и честа на партијата, притоа не водејќи сметка дека 23 годишно момче е убиено и дека тие всушност го прикриваат неговиот убиец...
Се тоа и е јасно на Јанкуловска како ден..меѓутоа не сме да избрза со изјава без дозвола на Мијалков и Грујо...ако се гони под став 2 (најмалку 10 години) па кој после ќе извршува "валкани" работи на власта, затоа и постојат тие алфи.
Еве нешто напишано од девојка која била на протестот http://www.facebook.com/notes/blagica-s ... 9004947907
А со самото прикривање на убиство и пробување да се сокрие и префрли одговорноста автоматски стануваш соучесник во тоа убиство.
Може ќе бидам ван темава малку ама да кажам ... За Сител (што и да е веќе не знам ) ... Моја ќе кажам блиска роднина работеше таму краток период. Значи покрај тоа што не и беше исплатено ништо, кажа како е најдолно нешто од тв тука. Толку лицемерие, толку его трипање на сељачана како Латас, Ивона посебно и Тања не видела. Нејзин близок кој се уште работи таму и со години фактички е крајно изреволтиран и си кажа дека тешки милиони се вртат таму, а завршуваат само кај одредени г*о лижачи. Едноставно другиот кадар таму е само колку да извршува функција. Кажа да би имал шанса да замине одма би заминал од таму. А за одредени испрани и ограничени мозоци кои само иритираат со постови тука веќе немам коментар.
Женски јас не ги разбирам многу правните работи па да ве прашам околу ова. Имаше некои изјави дека убиецот боледувал од пост воен синдром, бил во војната во 2001 година и од тогаш бил агресивен, неможел да се контролира, демек психички проблеми. Знам дека ова е трчи лажи, не велам дека не било трауматично во војната ама од тогаш поминале 10години и ако имал вакви проблеми не требало да му биде доделена таква работа, туку да се лечи со психијатри. И сега ме интересира дали може да го извлечат некако на оваа карта? тие што се разбираат по прави работи ако не име тешко да објаснат како би идело ова и дали би било можно
Нека се извлече он на таа карта, па после нека се бара одговорност од негов претпоставен и Јанкуловска што такво лице е примено да работи таму и нека си загрмат медиумите колку такви лица „психички“ нестабилно поради пост-воен синдром работат кај нив. И алелуја, ете им Јанкуловска дупло да и се закачат на брк. Адиос, аста луего.
Во РМ се е возможно. Ќе излезе така, да. Ама типацов кој бил телохранител на Коле, не можел да го добие синдромот постпремиерскотелохранителско, зашто ја имал таа функција во 2008. Освен ако не му текнало на синдромот да профункционира после 7 и повеќе години. Инаку да, има опции да се извади од затвор поради непресметливост или делумна непресметливост, ама такво лице не смее да работи во специјални сили. Не е логично, м?
Да, да тоа баш и им го зборев на моите деновиве. ПТСП е застапен кај сите кои биле дел од воениот конфликт. А со сигурност знам дека цела единица Тигри беа во жариштата на конфликтот. Ама тоа плус помешано со друг психолошки проблем е гадно, нема кочници кај дотичниот и така се создава насилник - убиец. Требаше одма после конфликтот сите да се на рехабилитација, значи цело време да бидат пратени од психијатар, ама кој да знае. Тука како функционираат работите површно знаеме. И сега нема они што да го вадат на таа карта. Во овој случај е убиец и треба да си ја добие заслужената казна. леле бе детектив изигравам ..најдов на ФБ Спојлер Игор Спасов Тој ќе да е
Без разлика на психичката состојба на убиецот, и без разлика дали ќе биде осуден на 10 години или 20 жално е за семејството. Јас случајов најмалце го гледам од политичка страна, дали бил специјалец, дали бил вмровец, од сдсм, дуи или било кој друга партија тој убил човек, односно одзел млад живот, убил нечие дете, за мене ниту една казна за вакво дело не е довлно висока. Зошто? Затоа што ќе си го одлежи своето и ќе излезе кога-тогаш од затвор, но дали откако тој ќе ги одлежи своите 10 години во затвор мајката ќе го врати своето дете назад- нема. Нејзината болка ќе ја прати цел живот, ниту една казна нема да го врати назад нејзиниот син. Утре некој да го удри моето дете има очи да му ископам,а па не дај Боже да го убие, се ужаснувам од вакви работи и од таа причина ја избегнував темава. Незнам дали Мвр сакаше намерно да го задскрие случајов но како и да е жално е. Толку од мене.
Еве еден мој другар што изјави јавно на фб - срцка е и многу го почитувам... Му прати полицијата на Брат Љубе финансиска помош преку Јуда и го пикнаа в затвор. За исто дело некој може да помине со парична казна, а некој може да оди пет години в затвор. А ако во името на народот позајмите 220 милиони евра и злоупотребите дел од тие пари за изборна кампања, тогаш тоа е демократија. А несреќен случај е кога ќе убиете 22-годишно момче до бината каде што славите изборна победа и два дена ќе молчите и ќе ја лажете и јавноста и неговите родители и ќе се обидете да го скриете убиството.
Браво за другар ти. Треба да сме малку похрабри. Инаку текстов е извадок од колумната кој ја постирав некоја страна поназади. И е чиста вистина
Можда е срцка другар ти ама не ќе да е ова негово. Ова е последниот пасус од денешната колумна на Ерол во Утрински. Почитувај го него. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2D2B ... 2887ADD0CA
^^^ Значи овој извадок јас го копирав од фб профилот на мојот другар...Дали он го презел од колумната во Утрински весник или го измислил он самиот , не е толку битно, колку што ми е битна аргументираната содржина на истиот пост... Иначе истата таа колумна ја постирав во спојлер, неколку страни понапред во темата, ама ете не сум приметила дека е изваден дел, бидејќи обемна е колумната... Нема потреба од превртување очи...
очигледно во нашава државичка е незаконски да се пренесуваат пари у ќеса (у случајов Zara), ама затоа е сосема законски истите да се пренесуваат во шишиња според А1 живееме во времето на Чаушеску, а според Сител Скопје equals Monte Carlo а што се однесува до покојниот Мартин, само ќе кажам дека ми е многу криво што во Мк не постои смртна казна како судска пресуда!
Еве изјава на Стојанче Ангелов во врска со случајов и за тој поствоен синдром. Пишува и за сличен случај кој се случил во Виница и како насилниците биле казнети. Припадникот на полициската специјална единица “Тигар“, Игор Спасов, кој до смрт го претепа дваесет и двегодишниот скопјанец, Мартин Нешковски, боледува од т.н. поствоен синдром, тврди некогашниот заменик командант на оваа елитна единица на МВР, генералот Стојанче Ангелов. Во изјава за Нетпрес, Ангелов, вели дека долго време го познава Спасов. “Игор Спасов е штипјанец, исто како и јас. Во единицата се вклучи во 1998 година. Беше одличен војник, интелегентен, агресивен во извршување на вежбите и задачите, но одмерен и присебен во однесувањето. Вистински професионалец. И како човек беше голем другар и пријател. Тој учествуваше во воениот конфликт во 2001 година, и тоа од првиот до последниот ден. Одамна говорам дека сите припадници на единицата ’Тигар’, кои учествуваа во борбите во земјава пред 10 години, боледуваат од поствоен синдром. Потребна им е професионална помош. Едноставно тие се темпирани бомби. Ценам дека ако не биде нешто сторено за да им се помогне, тогаш ова можно е да не биде последен инцидент “, вели за Нетпрес полицискиот генерал. Според него, оправдување за тешкиот инцидент кој го предизвика Спасов воопшто нема, но Ангелов вели дека е убеден оти Спасов за време на злосторството бил во тешка афектна состојба поради поствоениот синдром. Да потсетиме, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, Игор Спасов, припадник на полициската единица за специјални задачи “Тигар“, крвнички до смрт го претепа дваеет и двегодишниот Мартин Нешковски, во центарот на Скопје, пред голем број очевидци. МВР, наводно, немаше никакви информации за овој случај, и првично тврдеше дека момчето било најдено мртво во тревникот пред зградата на МЕПСО, на скопскиот плоштад. Откако сведоци на злосторството раскажаа што всушност навистина се случило кобната ноќ, и откако обдукцијата во скопскиот Институт за судска медицина утврди дека Мартин починал од насилна смрт, полицијата објави дека го расчистила случајот и оти убиецот е приведен, односно дека припадникот на специјалната единица самиот се пријавил кај својот старешина откако наводно чул преку медиумите дека момчето е мртво. Што се однесува, пак, до починатиот скопјанец, МВР првично тврдеше дека наводно не може да го утврди неговиот идентитет и оти никој не го барал, ниту пак дека некој пријавил во полиција дека го нема. При пласирањето на информациите во јавноста за случајот МВР објави и дека Мартин бил 3видентиран во кримиевиденциите на полицијата. Според македонскиот Кривичен законик затворската казна за убиство е најмалку пет години. Сличен ваков инцидент, во кој исто така беше убиено едно лице, се случи во јули, 2002 година, во масовна тепачка во ноќен клуб во Виница, кога петнаесетина припадници на “Тигрите“ предизвикале инцидент. До смрт беше претепан Алберто Стојановски (21), а тројца негови другари беа неколку денови во кома како последица од крвничкото тепање на “Тигрите“. Со повреди од инцидентот беа уште дванаесет момчиња од Виница. Тогаш МВР првично тврдеше дека Стојановски починал на пат кон болница, но потоа се испостави оти тој починал додека полициските специјалци го тепале. По инцидентот двајца припадници на “Тигрите“ беа осудени на по две години затворска казна, која потоа се обидуваат да ја обжалат со тврдење дека старешина од единицата им наредил да го направат инцидентот.
A ако го осудат на некоја голема казна затвор, може на овој ќе му текне да пропее и да ги уценува, да им го извади прљавиот веш во јавност. Видиш и оваа ситуација е можна Нема да ме чуди да помине со поблага казна, па после поради “добро поведение“ и условно да го пуштат
епа мисли, а не е сигурна бидејќи немале вакво нешто досега во пркаса ова е севте па треба допрва да научи. Ова е прв случај каде се суди на специјалец, затоа госпоѓата нема појма што ќе прави и ако треба.
Во изјавата на Јанкуловска беше нагласено дека ТОЈ не бил на службена должност... Ме интересира што мислите, Дали заклетвата која ја положуваат полицајците може да важи само за работното време?
Значи, поседувам дозвола за пиштол, имам партиска книшка, сум била учесник во војната во 2001 и имам пост трауматски последици од истата. Ме примаат во специјална единица "Тигар". Одам и убивам човек... ЈАС сум виновна или мојот надреден кој во таква состојба ме примил на работа?! Дај бре, па како е можно ова да е индивидуална одговорност?!?!?!?!? Да беше еден единствен случај, можеби некако би се сложила, мада тешко веројатно. Не е само ЕДЕН и не е само СЕГА! Дај отворете го хоризонтот и размислувајте луѓе. 90% од учесниците во војната имаат трауми и им е потребна психолошка помош. Никој не се грижи за тоа прашање. Кога работите систематски би биле подредени, никогаш не би дошло до вакво нешто. Ама кај нас се е каша-попара...