Моментот со Собранието, демек го предвидела. Предвидуваше и немири, па ете нема таква работа. Изиграна е, па плука. Вчера читам за Тарчуловски, за неа бил херој. Сите може да се херои, но овој не. И она како новинарка треба да го знае тоа. Па не сите што учествуваа во конфликтот во 2001 се херои. И доста со таа 2001 година. Болна и тешка тема, и после 16 години се спомнува и се вадат од контекст работите. Никој не пишува за предавствата на нашите, за местењата, за автобусите од Арачиново. Како се тепаше и албанскиот цивилен народ. Да не се повтори, оти беше игра и конфликт создаден за да се исперат нечии интерси. Многу луѓе загинаа, колку семејства останаа без своите. Лажен патриотизам не ни треба. После ова, прашајте еден учесник од 2001 дали доколку настане воена состојба,би излегол и би ја бранел државата. Нема! И оправдано е. И да се вратам на Јоци. Самата по себе е контрадикторна, баш егоист и самобендисана. И изиграна.Па сега ќе пишува. Да се разбереме, и јас сум за критика, и јас велам не за Талат, ама не може сеуште ни Влада нема формирано да ширеме вакав омраза кон некој кој сеуште не почнал ни да работи. Ако Заев стане втор Грујо, како велат они-Че си лежи! Го плукаше што чекал што не гласале за спикер, гласаа, па зошто гласале. Добри извори од СДСМ зборуваат дека во периодот кога сите молчеа, Грујо молел за амнестија. А Јоци и нејзе сличните, како ЗЗ договара коалиција со Вмро. Јас гласав и давам шанса. Во спротивно, се знае. Кучето и е врвот. Напна.
Гвујо веќе проба да предизвика немири откако граѓаните ја сватија неговата игра и не направија да ескалира ситуацијата гвујо си ја свитка опашката и полека се спрема за затвор.
Синоќа пратеникот Бочварски од СДСМ на 24 вести кажа „Нека тепаат колку сакаат, ама Македонија мора да ја биде“. И од ДУИ, Реџаил Исамили кажа дека државата ќе си остане унитарна. Јас сум најгласна против Албанците, затоа што ми пречи тој нивен екстремизам, национализам, непочитување на државата која им дала многу. Меѓутоа, Заев прави потег за обединување и дај боже да успее, и да не спаси и од војни и од поделби, и од долгови. Му посакувам среќа од срце, за доброто на сите над и се надевам дека работите ќе се средат.
Она што упаѓа во очи утрово на некои провладини медиуми веќе Џафери се нареува председател на собранието најавувајки ја неговата средба со могерини, се прашувам како преку ноќ од нелегален стана легалел без додавки такатаречен и сл? Изгледа како и секогаш народот ќе биде најголемата холатерална штета кој верувајки од она што го слуша од политичарите секојдневно шета по улиците додека оној што треба да шета седи дома во папучи и им се смее.
Мирен седи... да да да... http://fokus.mk/gruevski-se-stopi-nikola-kazhi-ja-dietata/ Кога сме кај провокациите... http://mkd-news.com/dui-napisha-uchk-na-chelo-na-arm-foto/
^Да не се лажеме, има и Албанци што се полни со омраза спрема нас, како што има и Македонци што осеќат омраза спрема вас. Меѓуетничка нетрпеливост и омраза е имало и секогаш ќе има.
http://ako.mk/вознемирувачка-снимка-од-полумртвио/ Не можам да го сфатам менталниот склоп на кој било што го поддржува ова. Или не мора да го поддржува, доволно е да не го осудува. Па кога ќе слушнам: "Не сум јас за насилство, не поддржувам насилство, ама..." Нема ама, или си човек или не си! А за мене не е човек секој што наоѓа и најмала причина за да го оправда гнасниот чин на 27 Април. Но верувам дека сега треба да се радуваме, ќе вдишеме слобода по 11 години. И да, верувам дека ќе биде подобро, неспоредливо подобро!
Сега го изгледав видеото како го влечеа Села и се згрозив. Свесен човек такво нешто не би можел ни на животно да направи, а не па на друг човек. До кај оди омразата и садизмот кај некој луѓе тоа е просто невероватно и почнува да ме плаши. Видеото нека ни биде доказ дека не е битно дали сме македонци, албанци, турци, роми. Битно е да сме луѓе. А овие што влечеа на снимкава, не се луѓе! Олош, џган, дното во државата. До кај не донесе политичката заслепеност, со голи раце да убиваат жив човек во собрание?!? Зашто бре народот е толку глупав и прост и дозволува политичарите со сила да му всадуваат национализам и омраза кон се што не е од нашата етничка заедница? Па нели ги отворат тоа очите да видат дека тој национализам е само маска за да некој си криминалци да си го извлечат газот од криминалиите?!? Еве сега и за знамето на Талат се запнаа. Ок, и мене ми смета, сметам дека имајќи ја во предвид моменталната ситуација и Џафери претера, ама бре овие од ДПМНЕ што пак го подбуцнуваат народот имаат ли мозок? Каде ќе им оди совеста ако некој што излегол на ,,мирен,, протест настрада?!? Па видовме како за секунда ситуацијата излегува од контрола. И кога сме кај знамињата, еве ви го Филип Петровски, големиот патриот, што толку народ сака да фрли во оган као демек за знаме, а он како Директор на државен архив сам си ставил знаменце.
@Rose96 го спомна инцидентот со Села но јас би зборувала пошироко за последиците од тој непромислен напад кој верувам дека е смислен и реализиран од неколкумина од досегашната власт, одбивам да верувам дека сите во таа портија се до толку монструозни. Само прибраноста и свесноста на раководствата на сегашното парламентарно мнозинство ја спаси Македонија од катастрофа. Не сакам ниту да помислам што ќе се случеше ако пред собранието дојдеа и приврзаници на нападнатите, тоа ќе имаше последици од невидени размери. Добро е што и во таа ситуација успејаа да ги одвратат своите приврзаници да не дојде до посериозни последици. Без оглед колку ме иритираат Изјавите на села во последно време кои се со цел да го приграби оној радикален гласачки дел во никој случај не требаше да се случи она што се случи. Сега некои луге ликуваат и велат, така им треба и разно разни изјави од тој тип, но несвесни дека со ова само си прават лоша услуга на себе. Замислете ако некој може да се дрзне да нападне пратеници што останува со нас обичните луге? Свесни ли сте дека доколку нема владеење на правото и доколку во собрание може некој да тепа пратеници зошто утре да не може да тепаат било кој од нас само затоа што не сме им симпатични? Зарем така треба да се решаваат работите, отвори ги вратите и сокри се зад народот? Воспоставуваме една лоша праса да утре недај боже некој друг ги отвори вратите а гневен народ во оваа држава можеш да најдеш колку сакаш па да се направи поголема беља. Само да напоменам, граѓаните не ја пробија вратата на собранието туку тие беа пуштени, не беше таму некоја толпа која ќе можеше сама да пробие туку тие беа пуштени а насилниците беа измешани во еден куп заведени пензионери кои мислеа дека прават нешто многу битно за државата. Јас лично бев потресена од глетката и просто не ми се верува дека има такви луге кои со умисла ќе ги изложат своите колеги на линч, само затоа што ги смениле од власт што е демократси чин.
ПРЕД Села: Македонците ги имаат зафатено вашите работни места, ќе ги избркаме и ќе вработиме Албанци! Села: Македонскиот идентитет не постои, пред 100 години немало Македонци Села: Села: Не се сликам со знамето и никогаш не сум станал на македонската химна ПОТОА
На сите ли досегашни министри од коалицијата ДУИ/ДПМНЕ сликиве се од Тирана? Поентата е дека секад имало, зашто сега да го подбуцнуват народот баш во ваква ситуација?
Da jas mislam deka ke se smeni nesto. Da ostanea VMRO na vlast barem sum SIGURNA deka nemase nisto da se smeni. A toj sto misli deka na Mk ne i trebaat promine e tipicna, zaslepena, vmrovska ofca! Covek bez mozok!
Ситуација во која народот се пушта како живо месо за да одбрани политичари. Ги тргам настрана осудените убици, силувачи и насилници. Таму имаше и обичен народ кој излегол на мирен протест зашто некој го убедил дека некој друг ќе му ја продаде државата.
@BoaVista Не. Не се сите. Ама реакцијата, барем мојата, да не генерализирам, е ради македонското Собрание, законодавен дом, кој припаѓа на една држава. На Македонија. Не го делиме со Албанија, туку му припаѓа на народот, без разлика на националноста. Секако, ова важи и за останатите државни институции. Реагирав за сликата на Филип, оти се фејк вести. Се согласувам дека има подбуцнувања (сликата е мал пример за тоа ) и оти од толкава политичка заслепеност, на арно не е.
Од опсесија со Грујо како да е единствениот лопов и олош од 91ва досега наваму, станавте многу смешни со вакви глупости, „леле види го каков е ослабен“ како тетки кога немаат за што да прават муабет. И татко ми качува и спушта килца на два месеца па не го гонат за затвор да оди. @Tanjamm како може националистка што ги мрази Албанците најако на форумот да гласа за сдсш?