Аман со знаменцава, ништо ново. Значи тврдам дека со години е така. Сум била многу пати во едно од нашиве минстерства што е со години веќе дадено на Албански министри, и многу нормално дека ќе си стават нивно знаменце, а и на крај краишта не гледам ништо лошо во тоа. А страшно ме нервираат генерализирачките муабети за Албанците. Прво ќе нагласам не сум Албанка, чиста Македонка сум, ама ми пречи генерализирањето. Мислите дека свесните и интелигентни Албанци се горди со теророт што го направија УЧК во 2001? Исто е како што дел од нас Македонците не сме горди на ова што се случи во собранието. Јас сум во допир со албанска популација конкретно на факултет. Колку културни и интелигентни луѓе се, нема ни потреба да објаснувам. Имам разговарано за ситуацијава во Македонија со нив и нормално дека не ги оправдуваат дел од постапките на нивните политичари. Исто како и ние. А муабетите дека за последниве 10 години се смениле многу работи додека било ВМРО на власт, um hello?! Сигурно нештата немаше да стојат во едно место па макар и која и да е партија. Нормално дека за сето тоа време мора да ги вложат (читај најмал дел од) парите во нешто за државава колку да се рече дека направиле нешто. А во однос на тоа дека најмногу ај да речам поволности им дадоа на пензионерите, и тоа е очекувано. Нормално дека ќе направат се за да ги гласаат, плус старите се страшно под нивно влијание. Оди прелажи млада и свесна личност да ти гласа за ваква диктатура па макар и слободни и театри и патувања со воз и какви не чуда! Плус младите бегаат од државата, па и тука губат на гласови нали, па ајде пензионериве ќе ги финансираат, пошто најлесни им се за манипулација. Зини земјо голтни ме, брука од држава!
Тоа што го збореше и сигурно пак ќе го збори не е во ред. И многу македонци зборат..знаеш она мртов шиптар,добар шиптар и еден куп такви навредливи зборови. Па ајде од сега натаму секој што ќе збори она што не ни се допаѓа да го претепаме било македонец,албанец,турчин,ром... Ова треба да се осуди и напаѓачите да скапат во затвор. Бидете луѓе не дивјаци.
Не сум опседната со Грујо, опседната сум со тоа што како високо интелигентна личност многу пати сум се нашла во ситуација да заглавам со некој државен службеник со IQ колку температурата надвор. Бомбите не ги слушавте? За ВМРО ќе гласам било кога, ама за ново и подмладено ВМРО, никогаш за ВМРО со Груевски на чело. П.С. Имам членска на ВМРО. Ми ја извадиле без да ме прашаат додуша, никогаш не сум ја погледнала нити знам кај е...
Тој ни е народот, ние можеме да се фалиме дека Македонците се културни, интелигентни, фини, морални али стварноста не е таква. Ајде да го видам Заев од каде ќе ископа Ајнштајни да ги вработи во администрација. Ако потрае на власт доволно да почне со вработување.
Работата е да се реагира за да се сопре таа практика на хард кор национализам кој некој си мисли дека може да си го тера и некој друг (СДСМ) да му дозволува, бидејќи го држи во рака. Кога ќе се научиме да реагираме и да се бунтуваме....и кога е во прашање твоја, моја, нивна партија... ќе се менуваат работите. Самите ќе си се корегираат. Ко што вчера почнаа да се корегираат интелегенцијата на СДСМ.До пред тоа молчеа и оправдуваа. Не може се' да ви е во ред, така правеле и порано, со ВМРО било онака.. „нова Македонија“ не се прави така.
Imame i mnogu intelegenten i obrazovan narod samo sto ne go gledas bidejki ne se vrabotuva partiski. Najcesto se iseluva tokmu poradi taa pricina.
Македонија имаше златна шанса во 2001 година да се подели ако го послушаа Љубчо Георгиевски. Човекот е визионер. Сега е веќе доцна. Македонија тогаш можеше да добие поголема територија. Сега Кичево, Струга, Куманово тотално се албанизирани, а Крушево и Чашка ќе паднат во иднина. Во Скопје и околината на Скопје Албанците се во уште поголема експанзија. Се населуваат во Карпош 4 и 3, Гази Баба, ги има веќе и по Аеродром, селото Лисиче. Северо западна Македонија требаше да се даде на Албанците, а остатокот да се приклучеше на Бугарија. Тоа ќе беше идеално решение и како Македонија ќе успееше колку толку да опстане.
Македониja ke ja биде кога ке престанеме да се занимаваме со апстрактни теми и ке се фокусираме на конкретните, како здравство, образование, економиja и слично. Сега сдсм треба да избегнат реваншизам и да вработуваат исклучиво врз база на квалификации а не партиски книшки. Ако прават како што правеле и другите ке покажат дека не се ништо подобри и ке изгубат уште на следните избори.
Македонија нема да ја биде. Не си правате филмови. Ќе се распадне. Сдсм нема да вработува според класификации, туку исклучиво партиски ко што работеше ВМРО. Нема да изгубат на следните избори, затоа што ќе ја имаат лојалноста на Албанците поради отстапките што ќе ги направат. Плус, ќе си ги присвојат сите телевизии и ќе почне масовно перење мозок за големиот препород. Исто ко што ВМРО работеше.
Ајде честито нова влада Чао Никола. Мило ми е што се запознавме. Или конечно се помири Николче или допрва војна ќе почне.
Ајде полека малку со говорот на омраза. И тоа е против правилата на форумов. Има членки албанки со кои комуницирате тука, па размислете пред да напишете. И темава е Актуелни настани, споделете вест, линк, новост, актуелно нешто, веќе сите сто пати за истото се имате изјаснето, па само во круг се врти темава. Не е лошо на насловот малку да се вратиме.
Мора да бидеме оптимисти Jac навистина се надевам дека сдсм научил нешто од грешките на дпмне и нема да ги повтори, ако ги повтори, тука сме да ги казниме. За дпмне се надевам дека ке се исчисти од криминалците, полтроните и клиентелистите во своите редови.
Е баш тогаш, 2001 год.беше пресудно.Населба Бутел масовно се исчисти.Кога еден ни влезе во двор и ни рече дека ќе не заколиТогаш беше крајот А како мислиш, да се приклучеше на Бугарија?
Го делам мислењето. Само што јас имам надеж дека СдсА нема да опстане долго на власт. Ако остане, се што пишуваш ќе стане сурова реалност.
Sega gi gledav snimkite kako go vlecat Sela. Koga slusnav deka SDSM izjasnuvase kako "patriotite" bile tamu da gi ubijat, mi bese nekako dramatiziranje... Sega vekje im veruvam. Veruvam deka del od "patriotite" mislele deka Sela e mrtov dur go vlecele niz hodnicite.
Не бе. Да имавме интелигентен народ ќе имавме наука, култура, претприемништво, славна историја цел свет да ја знае не само ние по дома.
http://ako.mk/вознемирувачка-снимка-од-полумртвио/ Нормално е Албанецот - албанец да брани. Нас нема никој да не брани, ние ќе си ископаме очи. Почнувајќи на чело со една членка погоре, се утепа од ширење омраза меѓу нас. Инаку дури и Баба Ванѓа предвиде поделба на една земја ама не наведе која, сега ќе видиме. А инаку да ве прашам кога сменија неколку имиња на средни и основни школи во неколку општини тогаш не ви сметаше?
Оптимизмот е само недостаток на информации. Македонија нема да опстане. Во тоа биди сигурна. Како ќе заврши и колку ќе трае распадот не знам, но со сигурност ти тврдам дека нема да опстане каква што ја гледаш денес. Јас и целото мое семејство имаме хрватски пасош. Гајле ни е, можеме да ја збришеме, но со сигурност ти тврдам дека целата хрватска заедница во Скопје е 15 пати повеќе лојална и ја сака Македонија од 80% Македонци. Вие самите не си ја сакате државата и нацијата, а очекувате друг да ве сака и почитува.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/mak...vanov-da-mu-odgovori-za-deset-dena-video.nspx Браво реално!Ова се бара според мене, брза акција.Мора влада да се формира немаме време да трошиме на непотребни работи.Секоја чест имам надеж дека ќе оди угоре земјава.