па тоа ти кажувам во македонија е очигледен изборниот инжењеринг, луѓето гласаа за сдсм по диктат, не е првпат ова во македонија, со купени гласови и 150 000 тука така дадени државјанства и порано се носеле сдсм на власт.
Знаеме што е инжењеринг...го гледаме на секои избори...пензионерите во редица сабајле...кон 12..13 часот администрација...кон 18 часот тврдокорните попуштаат... Кога ке ти признае активист поинаку ке гледаш на раб...
за тебе пензионерите не се луѓе ? тврдокорните ако мислиш за тие што се сретнаа со заев се чист проект на сдсм, не ги спомунувај, не треба никој да ми признава, јас верувам во македонците, на македонците не им е потребна идеологија за македонија. Македонците имаат чуство на припадност и така се израснати. Баба и Дедо ме израснале и ми рекле внучко ова е твоја земја, аманет од сите македонци паднати за оваа грутка црна земја, ако некој во македонија се обиде да ги чепне овие чуства, тој благо речено не е свесен за последиците.
Јас не спомнав никаде кој не се луѓе а кои се..ти тоа го спомнуваш..јас само пример за докажана инженерија ти кажав. Мене ни сдсм ни вмро ни лдп ни дуи не ми донесле подобар живот.Кај нас или сам ќе се снајдеш или кој да е ќе те влече за нос.
докажана инженерија не е образованието ? на пример факултети некои... универзитетски професори, тоа не е докажано за тебе ? јас лично се залагам за македонско образование а не државно. тие еу усаид проекти за тебе не се докажан инжењеринг ?
Како може да се гласа под диктат за сдсм, кога 1000 години на власт се вмро? Со што ќе се закануваат сдсм? Еве во лице ќе им речам дека не гласам за сдсм и што? Ќе ме избркаат од работа? А на вмро да им речеш дека не гласаш за нив, ќе те избрка пошто е на ВЛАСТ...има моќ, разбираш? Како може да купат гласови сдсм, кога 10000000 години на власт се вмро? Ако успеале сдсм да купат гласови, додека владееше вмро, значи не ги бива вмровците за владеење......додека вмро ја има власта, сдсм купувала гласови и се заканувала? ХАХА. Зошто еднаш не се помирите дека победи сдсм чесно и поштено, и да не се нервирате толку? Во која земја на власт е само една партија? Зошто толку не сфаќате дека веќе преку глава им дојде вмро на сите луѓе што се со памет? Опуштете се и помирете се. За се има крај.
сдсм владее финансиски и со теренот претежно скопје, и по социалните мрежи, кој не го гледа тој инжењеринг се лаже себе и сите што имаме барем едно функционално око.
Многу си смешен.. те читам те читам и сфатив сега кој трол си.Може да ми кажеш колку години имаш?Со овој начин на размислување нема далеку да дотераш.
Нормално дека е докажано образованието..водечките луѓе во струга и охрид од вмро за 1 месец земаа диплома... Или факултетот од вмро за 1 саат диплома.. Порано не се купувало диплома така.
кажете еден десно ориентиран форум во македонија, ако не е тешко, еве чекам линкови, тролов како што ме нарекувате ќе си оди, ако вистината е на ваша страна.
Подобро прашај го што работи па му гори толку под нозе. Според никот ми е генерација, срам ми е да кажам. 25-26 години и да се плаши од промени... Едит: Не е овој што раскина на женската заради партијата?
Тој е истиот. Раскина со неа и другиот ден веќе си најде вемеровка Имаше пишано дека не е толку по партија ама си одел на протести
Па за кило з`јтин тко не би..чим дошол на степен јас да му солам памет.Пола од неговите години скоро.Ужас
па не сум по партија, немам членска книшка, јас си работам поштено за 14 000, ама за мене не е муабетот тука, еве чекам да ми одговорите на моето последно прашање
па и не морате не постои такво нешто, јас не сум трол, јас сум тука, да го искажам моето мислење, не се надевам вас да ве убедам, јас сум тука за тие што гледаат, да ги поттикнам да почнат да размилуваат со своја глава, тие што се моја генерација млади, затоа што сум ужаснат од мојата генерација особено оние што се по факултетите.