Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Честито новиот премиер !! :party:


    Бруки светски. Срам ми е што сум Македонец, одлучив од сега натака ќе бидам барем Бугарин.
     
    На samovila.red., faye, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    За кој пастир зборуваш побогу? Секој пат кога ќе видеш критика насочена кон сдсм, вреѓаш. Што е најжално не разбираш дека тие луѓе се разочарани од двете партии.
    -Си ја гледала ли Мерсила Дода, како се удира во гради и бара Заев да го исполни ветеното? Па дури и закани, ако не го исполнеле ќе им ги викнела од планините.
    -Си го гледала ли Села што изјавува. Еве јас ќе те потсетам. Тврди дека македонската историја била долга само 100 години. Во српски учебници се тврди дека македонците се најстари словени на балканот.
    -Ја прими ли информацијата дека од јужна српска граница е заплененто оружје, кое требало да оди кон македонија.
    Ниеден од македонските политичари не го коментира настанот. Знаеш зошто? Оти им тече низ ногавици на сите подеднакво. Да, Грујо го запали огнот ама овие немаат поим како да го смират.
    Искрено, ви се восхитувам на незаинтересираноста. Можи мене и нема толку да ме боли. Јас имам и друга држава која со гордост ја нарекувам моја. Ама вие што планирате овде да останете, би требало да престанете да си вадите очи меѓусебно. Ваша е државата, а полека станувате второкласни граѓани во неа.
     
    На YoungandBeautiful, christinnn, Little-one и 11 други им се допаѓа ова.
  4. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Se nadevam nema navistina da gi ukine fakultetite vo drugite gradovi novata vlada.Jas nemam pari za vo Skopje.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Кај студираш?
     
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    За пастирот Никола зборувам.
    Кои се разочарани од двете пратии? Тие што насекаде го величат пастирот, а го критикуваат Заев?
    Мене ми изгледа дека се разочарани дека изгубија, и не можат да се помират дека некој во затвор ќе оди.

    Ете погоре оставаат некои снимки од 1990тите, а имаат милиони снимки од прислкушкувани разговори како цела држава ја испокрадоа вмро.

    Ако не живееш овде, тогаш гледај си го патот и уживај.
    Нема што да се мешаш кај што не ти е место.
    Адиос.
     
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    И како е живеачката во Парагвај, отсекогаш сум сакал да го посетам :inlove:

    Една ствар е што иднината на РМ е во распон од сомнителна до непостоечка, сосема друга е тоа што нема друга опција да се смени власта освен коалиција со учк. А дали ќе биде новата власт помало зло, останува да се види, вака на невидено да се кажува исти се...не е баш убаво.
    Ако не оди робија пастирот во рок од една година тоа ќе биде сигнал дека се е по старо.

    Нема никакво запленето оружје, тоа се пропагандни срања на четничката верзија на пастирот кој е на власт во Србија. Пази мајката, илјадници парчиња оружје и не ги шверцнале преку косовска или албанска страна него ќе оделе преку српско-македонска граница, мислам полека малку, не е тешко :)

    На еден портал видов дека мајчица Русија ќе извршела инвазија за 48 часа, никој тоа пак не го коментира :party:
     
    На Zlatna12345, sweet-cherry и LollySky им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Му помогнеш ли на злобниот во зло, ќе го добиеш за непријател.
    Ај честито!
    IMG_5472.PNG
    Која дрскост?
     
    На H.VAGA, Rama и Tinnka2 им се допаѓа ова.
  9. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Не ми е мене пастир, не му е ни на многу други. Баш напротив, одвај чекаат во затвор да оди, ама нема да оди така брзо како што ве учат во партија. Жал ми е да кажам, ама по се ми се чини дека заменивте режим со режим. Снимките ми се одамна преслушани, а и без тоа знам што се правеше.
    Колку си дрска човече, која си ти да ми кажеш дали да се мешам или не. Јас си го најдов патот, гледај ти да не си го загиниш. Чао, пријатно.
     
    На realGirl, samovila.red. и Rama им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Не коментираш, за големите работи, како изјавите што ги цитирав погоре. Упорно даваш контра реплики надвор од контекстот. Прави си што сакаш.
    Не се сомневам дека сакаш да го посетиш Парагвај, ама сигурна сум дека немаш пари ни за Свирипичино.
     
    На samovila.red. и Rama им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Збори ми за патриотизмот во Македонија. (постов се однесува за патриотиве наши, не за обичните смртници)

    - Грција плука по Македонија и Македонците секој ден. Не ја признава Македонија ,го покриваат Македонското знаме на колите , Фиром фиром , прави све што е во нејзина моќ да направи Македонците да исчезнат, и како е наградена , патриотите секое лето таму им даваат пари , им го јачаат бизнисот.
    - Бугарија, исто , не толку екстримно како Грција ама пак не понижуваат и не не сакаат , како се наградени , Златни Пјасци врие Македонци. Илјадници бугарски пасоши.
    - Србија , ете проблемите со црквите , дел од србите не викаат Јужна Македонија (или според логиката на некои овде , ако 1000 срби не ја сакаат Македонија исто ко сите срби да не ја сакаат, нели така е со албанците) и како се они наградени?, Со редовни посети, ее браќа срби , веење нивни знаменца на секој вмро митинг , слушање на сите нивни пејачи кога ќе имаат концерт тука.
    Ништо од ова не е страшно , не викам дека утре не треба да идете во Грција, Бугарија ,Србија , само се обидувам да потенцирам дека патриотизмот тука е селективен и насочен само кон Албанското население.
    А сите соседи плукаат по Македонија.
    А да и најдобриот патриотизам доаѓа од странство. Избегале од Македонија, слушнале од дома или сител дека се албанците сите крволочни сушстества кои имаат цел да убиваат Македонци и решиле да превземат нешто со :
    1. Филозофирање глупости.
    2. К*рчење од странство.
    Селективен , лажен ,само кога ќе им текне , патриотизам. Вистинскиот патриотизам изумре.

    Е сега за Џафар. Денес, благодарение на амнестирањето , не е тој терорист него граѓанин на Р.М.
    Кој е крив за ова, за ова се криви тие 400-500 илјади народ , што гласале за Вмро пред многу години и што му овозможиле да Грујо да амнестира терористи. Кога дојде денот за амнестирање, кога беше Грујо да дава све и сешто на албанците права , зашто немаше 200 илјади народ на улица , да се побуни да влага во собрание итн ... Каде бевте тогаш?. Никаде. Повеќе луѓе се бунеа за човекот што утепа со секира куче него за ова. А сега после еб*ење нема каење , пардон на израз.
    Сега Џафар ќе си седи на висока позиција како граѓанин на Р.М , сето тоа благодарение на вмровците што го избраа Грујо и дозволија со нивните гласови све ова да биде како што е. И тие неутралните се криви , не направија ништо , не кампуваа пред собрание , не протестираа секој ден , ништо никој не направи за да го спречи ова, може пишале статус ова не чини и толку . Кога се дозна за криминалот на Грујо имаше и кампување имаше и протести секој ден. За Амнестирањето и двојазичност и што знам што имаше минимални побунуња колку да се каже. Е толку.
    Едиствено жално е што има некои што стварно се бунеа (не овие патриотиве денешни) тогаш, и сега тие ќе ги боли и ќе гледаат што се случува.
    Исто и Заев утре да заебе работа, да амнестира Грујовци , јас ќе бидам одговорен бидејќи сум го гласал во Декември. И јас нема да се бунам и да викам ама (инсерт некој вмровски нов политичар, бидејќи старите у затвор ќе скапат) вака и вака им дозволува или прави.

    А друго ако толку го болеше и му сметаше народов , ќе имаше сега 200+ илјади луѓе пред собрание , а не 2 илјади од кој пола насилници , убијци , усташи , дел од нив се дојдени со закани, друг дел се затоа што знаат дека ќе немаат утре работа оти се партиски вработени. Можеби има 100 души кои се дојдени патриотски еве да кажеме...
    Гајле му е на народот, преку глава му е од лажниот патриотизам , на народот му е да се спаси од Грујо , неговите следбеници и мрсници.

    Затоа не ми се бунете сега , т.е џабе се буните де , кога се викало , кога требало не сте правеле. Сега ќе гледате и уживате во грешките од минатото. А памет у глава за идните гласања што ќе дојдат. Можеби конечно наместо Сдсм и Вмро ќе му текне на народов да бираат трета опција.
     
    На butterfly6223, elimkd, Linnea и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Две овци разговараат:
    – Знаеш, се ми се чини дека луѓето не хранат и не пасат само за да го молзат нашето млеко, да ни ги земаат јагнињата, а потоа да не заколат и да не изедат.
    – Лелеее, мори ти пак почна?! Преку глава ми е веќе од твоите глупави песимистички теории на заговор. Види, целото стадо ти се смее.

    Еве вака вие од Сдс звучите кога објаснувате за теориите на заговор кои низ вода ги пуштиле нели од Вмро, за да се срчне народ.

    Јас сум разочарана од двете партии Џоли. И тоа многу. Не зборувај за крадење или криминал. Не доаѓаат сега светци на власт, него прочитана криминогена банда.
     
    На H.VAGA, samovila.red., faye и 2 други им се допаѓа ова.
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    32.491
    Пол:
    Женски
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Ама, ова ќе му дојде после ова со Могерини.... :D ќе се оправат. Ако сакаат да се гради таква, мултиетничка држава и да на луѓето не им е гајле утре кога ќе гласаат на нови парлементарни избори... на кои, можеби потоа премиерот што ќе го избереме ќе биде Албанец:)... ќе си излезат од тоа. Фокусот нема да им е она што вели Могерини:D туку ќе се издигнат над. ^_^ (y) Живи били па видели.:) Мада, живи луѓе... што градиме денес, утре ќе уништиме и обратно. :)
     
    На BoaVista, Rama и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.005
    Допаѓања:
    14.654
    Од ова што го пиша, 90% од Македонците практикуваат некоја форма на лажен патриотизам. Полнат туѓи џебови, а дома се се распаѓа од негрижа.
     
  16. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Кукавичлукот има име. Се вика насилство. Патриотизмот има име. Се вика љубов, а не омраза. Вандализмот има име. Се вика крв и тупаници. А крвта не е боја. Млекото ни го сотревте со вашата омраза. Кои мајки ве доеле што ве задоиле со толку омраза и агресија? И мирот има име. Се вика правда и слобода.
     
    На realGirl, Rama, prominent и 4 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.405
    Пол:
    Женски
    Во моментов интервју со Талат Џафери на 24вести
     
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не разбираш. Изјави има по десетици секој ден. Ако ти си замислуваш дека треба некој да реагира за секоја изјава тогаш имаш некаков проблем. Обично тој проблем се нарекува незнаење :)
    Замисли, нема никој да прави ништо туку само ќе реагира на изјави по цел ден. Некое србијанско порталче објавило нешто и сега што?
    Не треба толку емотивно да реагираш, тоа е лошо како за тебе така и општо бидејќи само ги подгрева погрешните стереотипи околу жените.

    И прво научи што значи некој поим, во случајов контекст, вака го употребуваш оанму каде што не му е место.:)
     
  19. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Си имаш оформено мислење дека си експерт на форумов и тоа те прави смешен. Кружиш како мачка околу врела каша. И да претпоставиме дека веста со оружјето не била точна, макар што најискрено не гледам зошто би лажеле. Немаат ни корист, ни загуба од тоа. Сеуште не даде никаков коментар за контоверзните изјави на албанските политичари. Зошто? Не треба за тоа да зборуваме? И те молам, објасни ми кои се според тебе погрешните стереотипи за жените, во средновековната доба во која очигледно живееш? Се обидуваш да навредиш некој член на форумот со иронични изјави, а не ти одговара ако тој/таа возврати со иста мера. Мал совет до тебе, читај ги целосно коментарите, а не само делот кој тебе ти одговара за да развиваш непотребни дискусии. Кога ќе снемаш аргументи, нема потреба од прикриено исмејување. Поздрав до тебе.
     
    На elimkd и Rama им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.005
    Допаѓања:
    14.654
    Талат синоќа на 24 кажа дека ќе ги води седниците на јазикот на кој законот му дозволува. Значи на албански. Тоа не знам на што ќе личи, на Албанија ако така прави, а впрочем кој гарантира дека нема и нему да му дојде Ќосето од Велес?
     
    На samovila.red. и Rama им се допаѓа ова.