Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Се гледа. :D ;)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna, веома, врло занимљиво е сево.:D Баш да видиме како ќе се растеме и ќе се развиваме под овие, нови и непланирани околности. :) Дефинитивно некој ич не мислел и се' е на брзака.
    Сега ќе го пуштам да ги чујам со Мрѓа,што си муабетеле:)
     
    На Rama, Tanjamm, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Мене само едно не ми е јасно. Факт е дека ВМРО ја заеба работата, и ја уништија државата. Ама зошто ви е ок другиве исто така да ја доуништат.
    Мислам, го казнил народот вмро за нечесното владеење и не гласаше за нив. Ама зошто е во ред другиве да пустошат сега, со изговор дека вмро праеше исто?
    Еден пример е со албанскиов... Ај вмро дозволи премногу, и тоа им е огромен минус, ама зошто сега се дозволува уште бетер да е, со изговор дека вмро им даваше да збораат на албански во собрание. Та нели требаше да се средуваат работите.
    Секогаш глупостите на една партија се покриваат со муабетот, ама другите што правеа.
    Како и да е, само здравје и Господ на помош. Толку ќе речам
     
    На Bitter-Sweet, YoungandBeautiful, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Точно така. Ако вмро го ставија министер за одбрана, не мораше овие од сдсм веднаш да прифаќаат да биде претседател на собрание. И во Грција живеат албанци, ги уживаат сите права таму, ама во никој случај не им се дозволува да отвораат дебата дали се осеќале непријатно кога слушале химна на грчки и дали државните симболи им сметаат такви како што се. Се знае кој е мнозинство, кој малцинство. Ама кај нас поради раскараноста на македонскиве партии, албанските си најдоја плодна почва да се пазарат за што сакаат. Пред извесен период прочитав некоја постара изјава од Ермира Мехмети, (на јавноста и стана најмногу позната по компромитирачкиот телефонски разговор), како дава идеја дека македонските партии биле толку разединети, што најдобро би било да им се остави на албанските да одлучуваат. Си викам браво, кој кредибилитет го има она за да дава такви идеи.
     
    На Rama, jacqueline.s, samovila.red. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    На Телма пред два дена чув нешто заговараат враќање на дневната евтина тарифа за струја комуњарите :D
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Како бе не е голема работа ако седниците ги води на албански јазик :?:
    За тие што уште летаат во облаци, вака ќе биде:
    - Ќе го департизира судството од ВМРО-вските кадри - ќе си стават нивни.
    - Ако се надевате дека овие нема да крадат... да, да, сигурно...
    Се на се, секако сме во гомна... Бев да се исфри Груевски од улогата премиер затоа што ми се гади од него, ама да се водат седници на албански :?: никаква логика ми нема. Ајде ќе видиме, јас се надевам дека Талат само си збори колку да потпали страсти и да им каже на другите дека ако сака ќе води седници на албански, ама на крај сепак ќе ги води на македонски,
     
    На Rama, duffi, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.005
    Допаѓања:
    14.654
    Јас мислам дека ако води на албански, ќе има многу реакции, бојкот на Собрание сигурно, а во крајна линија ќе дојде и некое ново Ќосе и ќе му го скрши носот. Ако можеа на Села, зошто не и на него?Видоа барем дека не се сите Македонци мирни и културни, дека има и лудаци кои ќе убијат и пред камери без да се кријат. Села нека си мисли отсега што ќе збори, баш ќе видиме дали ќе има промена. Тој ќе бркал Македонци од работа, ма немој?Сите ќутиме и затоа така прави. да му отидеше некој и досега во општина Струга или на некој јавен настан да му удри ќотек, ќе го видам дали ќе се сили. Инаку и јас сакав Груевски да се тргне веќе, да осамне и во Македонија, ама ќе видиме, да не се лажеме сите ние? Заев не бил премиер, па ќе видиме што ќе направи, ама по ќотекот што го доби треба да стави прст на чело. Не може бре да става спикер терорист, па уште и химна албанска да се пее во Собрание и што уште не и да нема реакции. Нека ги го разбуди македонското во себе, затоа што може да биде доцна. Сепак се радувам ако укинат такса за МТВ, и така фрламе пари за тв што лаже.
     
    На Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    За тоа нека си чукнат глава тие што вееле партиски знамиња за работа. Мене мојата воопшто не ме загрижува ;)
    Очигледно е дека најмногу од се мразам вработени во државна администрација :D
     
    На Rama и Donatela.W им се допаѓа ова.
  9. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Како што ја мразевме цела армија на вмро која се вработи во државна администрација и го поминуваше работното време во пиење кафе и по некој трач муабет. А имам такви многу примери: полицијаци, инспектори, педагози и психолози по училишта. Така ќе ги мразиме и новите кои ќе дојдат да ги заменат. И така се во круг, се дури системот колабира од тие огромни кредити кои се земаат секој месец за да се исплатат плати. :)
     
    На Rama, samovila.red. и Donatela.W им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Мислам дека доста ќе се намали бројот на вработени во државната администрација. И мора да се намали. Давам пример од лично искуство, таму секој има една работа и не знае ништо друго па доаѓа до сценарио каде еден е шеф на 10 луѓе кои имаат по една должност во целиот процес, па за да завршиш нешто треба со 5 од тие 10 луѓе да се сретнеш и да ги бараш да направат нешто кое на нив им е потребно а ти си платен да им го овозможиш а од одредена причина не можеш без нивна соработка (треба нешто да се одобри на пример, а секој човек во одделот е одговорен за одобрување различни нешта). И така ти си заглавен 4-5 месеци со 10тина луѓе да завршиш една работа која би можеле да ја завршат двајца за еден ден.
    Па ти фино си наплатиш за сето изгубено време затоа што ти си трошел време на нив, и се собере едно добри работни месец-два, а да се ангажирал вработениот ќе биле работни 4-5 часа, ама кога плаќа буџетот лесно е. Да треба од нивни џеб да платат, да видиме дали така ќе се однесуваат.
     
    На *Amethyst* и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  11. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Да кажам нешто и јас за катастрофалната политика во Р.М
    Факт е дека никогаш нема да гласам за дпмне , поголеми психопати немам видено , мене и не ми е галје кој на кој јазик ке зборува , галје ми е за сметкиве што треба да ги платам , за нискиов стандарт што едвај ПРЕЖИВУВАМЕ , тоа што државава се празни, во училиштата има повеке наставници од деца , тоа што нема кој да ја истера правдата бидејки судовите се корумпирани и партиски определени ,народот станува понервозен и позлобен бидејки се допре дното , ма и пребушено е дното .... И уште многу работи што си велам да баталам , политиката не е за мене , за јас да расправам ....
    Инаку до сите :Почитувајте го тугото мислење за и другите да го почитуваат вашето мислење ...
     
    На CoCoGiiiRL, Tanjamm, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    За било какви промени треба да има 3та опција во македонскиот блок. До тогаш ќе си го штитат грбот едни со други. вмро цело време кажува како сдсм биле лопови, приватизации и сл и во 10 години со такво партизирано судство никој од главните ѕверки не отиде апсаана. Исто и сдсм кога беше на власт. Логично, ќе фрлат по некоја жртва колку да се каже (Бучковски, Ламбе, оној од старо вмро штп беше за одбрана министер, не ми текнува име), а крупните риби грб си штитат.
    Кога нешто е дадено - не се зема. И Милошевиќ проба да укине независност на покраина Косово и ете кој е резултатот. Џабе веземе. Може многу да ни смета употреба на албански во собрание, ама ако почнало - не прекинува, макар и 1 пратеник албанец останал во парламент.
     
    На Rama, *Amethyst* и anaja1 им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Нешто многу исплашено ми делуваат за најавените реформи во судството.
    А,што си мислеа,дека ,,Сваровски''судството ќе остане исто,ќе ги штити партиските интереси?

    Реформи итно ни се потребни,на секое поле.
     
    На BoaVista, LollySky и anaja1 им се допаѓа ова.
  14. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Може ова не е темата за тоа, а имам и пишувано за истото во соодветната тема ама пак ќе спомнам. Само во Македонија и некоја централно африканска република се чека по 6-9 месеци за да се земе возачка дозвола. Исто и за легализација на имот, ги имаш сите потребни документи, пак те шетаат од врата на врата. Имам и други примери, ама да не бегам од темава. Мислам дека не е само до политиката, можно е да е таква менталната свест на некои луѓе кога ќе допрат до позиција. Се менуваат 360 степени.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тешко некогаш да заживее трета опција во мкд, евентуално расформирање на мвро под притисок од разни правци би довело до можност за такво нешто. Без тоа шансата да се појави трета опција е слична со онаа мкд да се пласира на СП во фудбал :)
    Премногу е...како да кажам...скромна рајата во сите аспекти за такво нешто...
     
    На ninja35 и DAngel им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Им кажа некој на тврдокорните дека 61 пратеник гласале за Талат или уште си мислат дека 59 биле присутни?
    :D со математиките ги гледав пред некој ден :rofl:
    Комедии.

    Сега ги боли дека на албански ќе зборувале во собрание. Пошто ние обичниот народ секој ден седиме во собрание и слушаме седници, па сега како ќе разбираме? :|

    Инаку пратениците имаат слушалки во уши и им преведуваат :o веќе 20 години :o замислете :o
     
    На deliza, CoCoGiiiRL, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.317
    Пол:
    Машки
    Камо да седевме и ние во Собрание и да зимаме 1500 евра плата,со плус дополнителни саатнини 2000 евра,не на Албански ако сакаат и на кинески нека зборат :)
     
    На sweet-cherry, galapce, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Па ќе бидеме и ние што се секираш 8)
    Вакви експерти не се испуштаат :rofl: секој се си знае во темава.
     
    На Someonespecial, LollySky, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.005
    Допаѓања:
    14.654
    Знаеме сите дека има превод и слушалки, ама проблем е што со тоа се уриваат темели на една држава, директно или индиректно, и плус не е ова Албанија. Јас како граѓанка не сакам 100 пратеници да ги гледам со слушалки, а 20 да слушаат без нив. Проблемот е што тоа ќе биде директно негирање на македонската држава како таква и албанизација уште посилна од она што досега сме го виделе. Ама пак ќе кажам, на крајот од денот не е крив Заев или Груевски или било кој, кривите се сите Македонци што продаваа имоти со години на косовари и овдешни Албанци и еве го резултатот. Нема политичар што ќе не спаси кога сами си ја продаваме државата.
     
    На Nalayan, samovila.red., Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.005
    Допаѓања:
    14.654
    И да земам толкава плата, ова е Македонија и не ми е сеедно дали ќе се зборува на мојот мајчин јазик или не. Некои работи не се купуваат со пари, а тоа е државата и иднината на идните поколенија. Треба да се мисли каде ќе живееат нашите деца, внуци или ќе бидат народ без држава.
     
    На ЕденЧлен, samovila.red., Rama и 2 други им се допаѓа ова.