Ме интересира какво е вашето мислење за да се реши овој случај? Што би требало да се направи? Да нема Тигри? Да нема Полиција? Да се направат психолошки тестови некој спомна... Незнам какви се тие тестови, ама мислам дека нема никаква гаранција дека некој кој да речеме ке помине на тој тест, нема утре „да го прифатат будалите “ и да го направи истото. Што сметате дека треба да направи владата за да нема вакви случаи во иднина?
Дали гледате А1 вести? Има изјава од братот и чичкото на Мартин. Бараат оставка од министерката Јанкуловска, згрозени се од тоа што одредени медиуми го претставувале Мартин како деликвент, и повикуваат протестите да бидат мирни и да не се користат за политички цели. Чичкото на Мартин изрази згрозеност од некоја новинарка на Сител зошто пишувала дека Мартин бил деликвент, дека имал извршено кражби итн и негираат дека тоа е вистина. Исто така бараат максимална казна за сторителот и сите вмешани. Кажаа дека ќе поднесат и приватна тужба, но и дека правдата ќе ја бараат во меѓународните институции.
Прво, за ова болдираново коментарот е излишен и ќе го изоставам. Верувам дека секој кој ќе ја прочита болдиранава реченица слатко ќе се изнасмеее со пропратното "ц ц ц". Не ќе се смее од што е интересно, ами од што е глупаво. Според мене, (давам субјективно мислење), очекував искрено дека министерката ќе си поднесе оставка, ако не од нешто друго-од морални причини. Ама гледај што зборувам, веднаш ќе испаднам дека сум од оние другите па ги мразам ВМРО. Не бе сестро, СИТЕ ги мразам! Мора да се воведе ред и дисциплина, барем во тој сектор вакви куршлуси како што видовме можат да бидат фатални. За да нема вакви случаи во иднина потребно е да се ставаат вистински луѓе на вистинската функција, без никакви врски или протекции, психички здрави луѓе а не дивјаци кои претепуваат до смрт. Го пишувам ова и се смеам. Ние никогаш нема да бидеме тоа. Не знаеме никако поинаку. А најмногу ми е жал што се' ќе стивне и ќе биде како ништо да не било. Се' додека не се случи и повторно, и повторно, и повторно... Па кај ни' е крајот..?!?!
Да ви позавидат политичариве како ги извртувате работите. Значи, Маја праша дали можеме без полиција? и што е СПОРЕД ВАС исправно да направи владата? ..болдираното ... неможе да има гаранција!!! сите полицајци одат на редовни прегледи...па еве што се случи - дали тоа значи дека сите полицајци се исти? п.с. и додека тие дивјаци ( читај полиција) ви ги чуваше г****** , арно беше, нели? тогаш некои други беа дивјаци, а некои па и тогаш и сега се лепезани способни само да шмрчкаат и да лигават џусче по цел ден .... на колку може повидно масиче во градов СДК не е фер сега етикета да се стави на цела полиција
Каде прочита дека ставив етикета на цела полиција?!?! Зборувам за оние кои крвнички претепуваат, мене дури и ми е жал за таквиот профил на луѓе кои не ја добиваат потребната помош. Затоа реков дека нивните надредени се виновни. Ако внимателно ме читаше реков дека ова не е индивидуална одговорност. А за психолошкиот тест секако дека не може да гарантира ништо, ама па не постои за џабе, нели?! А дека кај нас редовно се прават такви тестови никој не може да ме убеди.
^^А најмногу виновна е државата зошто сака да ги заташка повеќето случаи во кои учествуваат полицајци. Од тука е револтот кон полицијата. А никој не вика дека сите се такви, секако дека има чесни и меѓу нив
Буквално истото мислење го делам. Само штета што заради ваквите примери на насилници меѓу нив, невините полицајци своевидно се колатерална штета. Искрено ми е жал зошто сигурна сум дека не им е сеедно и дека меѓу нив владее незадоволство за настаниве.
Стварно ли некои од фамилијата на починатиот давале изјава на А1 а братот не можел да се возджи и плачел
Се согласувам Нелче со она што ти го велиш за министерката од проста причина што и во моите очи министерката доби огромен минус, бидејќи ја немаше, бидејќи МВР цело го немаше и особено поради лошата изјава што ја даде. Ова е значи лоша оценка за нејзиниот тим кој се грижи за PR и за нејзе, бидејќи сепак таа и него го вработила да се грижи за нејзините настапи. Ама за ова болдираното на Маја го прочитав, и прости ми ама воопшто не реков ццц воопшто не се насмеав, а сосема е во право. Денеска сум здрава утре може нешто да ми се случи и да скроз одлепам, без никој да чуе и разбере... смртен случај, нервоза некаква од нешто, притисоци некакви си. Тоа го имаше во предвид девојката која според тебе кажала нешто толку глупаво. Ич не гледам глупаво, а напротив добра поента. Значи како ќе се гарантира некаков континуитет во следење на психичката состојба на лицата кои работат во специјалните служби би било првото што би требало да ти текне од постот, а не да се насмееш. Бар мене ми текна е, ама ок јас сум од нискоинтелегентните во политика тука јавно ми го рекоа и го потврдија. Пак вие поинтелегентните бујрум сетете се. Јас бар малку ви раскрив. На протести утре кога ќе одите и кога ќе застанете од влада да барате нешто одете бар со пакет што барате и сакате. Изборете се за во оваа диктаторска држава, фашистичка, како некои љубат да ја нарекуваат како да се заштитите. Е ова е добар старт, а не ццц на она што некој дури ви наговестил дека е добро да го обмислите.
Секако дека пред вработување на овие лица би требало да има некои тестирања за менталниот капацитет, нивото на трпение на провокации и реакции при опасност и препознавање на истите... Пример убиецов бил специјалец обучен за тешко антитерористички акции со огромен ризик и опасност. Е сеа што да си претпоставиме додека го бркал кутриот невооружен граѓанин кој буквално го издишил од мавање... Дека ја заштитува државата од бомбаш самоубиец Па дај свестете се и доста со инаетења во корист на партијата бар на оваа чуствителна тема... За срамови
Викторија ништо јас тука не читам на странава за некој да се засрами, напротив добар старт за размисла. Некој треба значи да бара да тие луѓе имаат постојано разговори со психијатри, постојано да бидат следени, како што се прават проверки за физичка активност, да се прават и други проверки психо проверки... после секој грд настан да им се препорачува извесен период одење кај чика доктор за разговор, извесно време суспендирање од терен.... е погледај некој од серијалите од типот CSI Кој да се засрами за што? Дека поставила прашање како да гарантираш, ако помине првичен тест за влез не е доволно, тоа ти вели Маја. Значи прашање е кое бара одговор, а не е констатација не е за одговор засрамете се!
Гледам дедо ми пуштил вести тамо град испопагало насекаде и сите бараат оштета од државата грујо сеа го пцуе господ
хахаха Калимеро нема правда хахаха и јас тоа се смеев, богами ич не му оди на човекот секој ден се нешто против него. Туку што град ќе беше толкави зрна.
100% Некој ке каже дека вмро или сдсм се криви што пага град на лугето , а не дека е резултат на глобалното затоплување
Жапче многу јасно е напишан мојот одговор и мислење на тоа што да се превземе како мерка за понатаму мојот и став за овие "тестови", а констатацијата која е достојна за срамови се однесува на некои членови кои сеуште се препукуваат дали владеачката партија има и треба да сноси одговорност...Прелистај наназад ќе видиш, постот немаше никаква врска со Маја8 Еве го
Од Судска медицина, за А1 изнесоа скандалозни информации за убиството на Мартин. Директорот Алексеј Дума потврди дека додека траела обдукцијата, во понеделникот, од 10.30 до 12.30 часот, присутни биле и претставници од МВР. Во 13 часот тие усмено биле известени дека момчето починало од крварење во мозокот, поради удари во главата. Портпаролот на МВР, во понеделникот, неколку часа по известувањето од Судска медицина, еве што изјави: „Таков настан воопшто не е пријавен во МВР и доколку имате било какви сознанија и информации ви стоиме на располагање за да го пријавите настанот“, изјави Иво Котевски. (06.06.2011) Ова отвора сомнеж, дали државата се обиде да го премолчи бруталното убиство на момчето. Освен што не даваа информации за она што се случило ноќта, дури се обиделе да извршат притисок врз семејството Нешкоски, да молчи. (преземено од а1) Само ќе кажам дека е срамота ова што се случува, се срамам и ми се гади од сопствената држава ! Само еден грам МОРАЛ да имаа шупциве ке поднесоа оставка ! Нека гледа целиот свет во каква дупка живееме,диктатура,на улица се убиваат лица !Па плаче Европа за вакви како нас !Само сме за таму ! Да се случеше ова во Кина министрите самоубиство ке направеа, а не како брклава што го прикрива случајот и се плаши да не ја загуби фотељата ! Се надевам дека ке го стигне правдата убиецов мада чисто сумљам . Греота за детето и за неговото семејство ..
Може и со ова да се оправдаат кај нас а, за да се обели образот на работодавците Заклетвата е дека ќе работат за доброто на граѓаните, мирот и стабилноста на државата ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ А лекарите не се лекари кога не се работа, исто ќе да е Во секој случај пред закон ќе одговара за сторено кривично дело свирепо убијство на лице кое било во безсознание и не одговара за постапките (ако бил во алкохолизирана состојба убиениот како што слушнав) и врз лице кое не пружело отпор на ударите и песпомошно лежел-според очевидците
Луѓе ова е страшно, видете колкав град паѓало во велес http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=76244
Еееее и ти па, се знае тоа, Бранко е крив намерно предизвикал град и сега ги праќа кај Грујо да бараат оштета Шала настрана, јас само за случајот со Мартин ќе им порачам на родителите и неговите блиски да бидат храбри и да го истераат случајов до крај. Тоа нема да им го врати Мартин, нема да им ја ублажи болката, нема ниту да направи да се чувствуваат подобро. Ама можеме барем да спречиме да се повтори ова пак, не дај Боже некој друг да ја доживее истава приказна. Само силно и борете се до крај, не се откажувајте
Разлика на цивилка и униформирано лице. Кога е цивилка, се третира ко обичен смртник, инаку во униформа може и да му пресуди на некриви и недолжни па да се смета за вршење на должност. Инаку се злоупотребува не ретко. Само оние што ги сметаат за инспектори (голем дел од нив поранешни АЛФИ, бидејќи официјално АЛФИ-те не постојат) може да функционираат во цивилка, но со задолжително носење на легитимација. Инаку не е ни важно тоа, детето се качувало на бината, а овој го растуркал како да е на должност. Јанкуловска ја трга вината од себе посочувајќи дека не бил на должност убиецов, односно дека неговите активности за време на неговото слободно време (цивил) не се под нејзина надлежност, или дека не е вработен во МВР, а со тоа и не е под нејзина капа и таа нема зошто да сноси одговорност.